Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од првиот и вториот повик и веќе да размислуваме за третиот повик што мислам дека ќе биде исто ...
Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго од законски предвиденото во летниот период, а за претстојниот продолжен празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Ваквата одлука ја донесе Советот на последната седница, согласно која за викендите и одржувањето на јавни манифестации угостителските објекти наместо до 1, ќе работат до 2 часот по полноќ, додека на 1, 2 и 3 август работното време им е ...
Во албанскиот парламент се случил сериозен инцидент откако пратеник наводно одзел документ поврзан со договор за воена соработка меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Пратеникот го зел документот и се обидел да ја напушти зградата, по што парламентарна службеничка тргнала по него со намера да го запре. Во текот на обидот да го стигне, службеничката паднала по скалите и се здобила со повреди, поради што била пренесена на лекарски ...
Грчката полиција уапси тројца осомничени откако работник вчера загина во силна експлозија која одекна во фабрика за оцет во близина на грчкиот град Коринт, објави „Иефимеридa“. Властите ги уапсиле 47-годишниот сопственик на компанијата, 46-годишниот одговорен за безбедност и 46-годишниот раководител на производството. Според првичните информации, експлозијата се случила додека 67-годишен работник вршел заварување во близина на инсталација за ...
Лидерот на партијата „Можност“ и пратеник во албанскиот парламент, Агрон Шехај, пред вчерашната пленарна седница го украл тајниот документ за договорот со САД за кредит од 302 милиони долари, од канцеларијата на Парламентот и „избегал“ трчајќи. Снимката од безбедносните камери, која ја пренесуваат медиумите, покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа. Вработените во обезбедувањето ...
Филаделфија 76 официјално го потврди доаѓањето на Леброн Џејмс со објава на фотографија на социјалните мрежи и на тој начин нема веќе дилема и кој број на дрес ќе има легендата на НБА лигата. Тој ќе настапува со бројот 23. Џејмс така ќе го носи бројот со кој настапуваше на почетокот на својата кариера во Кливленд, како и подоцна во ЛА Лејкерс. Единствено за време на настапот во Мајами го имаше дресот со број 6. Леброн Џејмс во Филаделфија ќе ...
Одбранбениот фудбалер Марк Кукуреља им се обрати на навивачите на Челзи на социјалните мрежи по неговото преселување во Реал Мадрид. Дваесет и осумгодишниот Шпанец претходно потпиша договор со „Лос Бланкос“ до летото 2032 година. – По четири години заедно, дојде време да се збогувам. Благодарен сум на клубот и на очекувањата што ми дозволија да станам подобра личност. Сега можам со сигурност да кажам дека Лондон секогаш ќе биде мој дом, а вие ...
Комисијата за заштита на конкуренцијата, чија улога е да „лови“ нефер трговски практики и да ја заштитува конкуренцијата, купила три мобилни телефони, со техничката спецификација дефинирана на начин што дадените карактеристики упатувале на конкретен производител и производи, што е спротивно на Законот за јавни набавки. Ова е еден од наодите што ги утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) проверувајќи ги финансиските извештаи заедно со ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер гостува во Летонија во реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. „Црвено-црните“ веруваат дека имаа сили да ја надополнат негативата од еден гол од дуелот во Скопје. Капитенот Азер Омерагиќ најави борбена игра и се надева дека со исполнување на тактичките замисли може да с едојде до поволен резултат. – По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо ...
Вчера во 20:00 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 14- годишен малолетник од Гостивар. При контролата во сообраќајот бил сопрен четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал, при што било констатирано дека го управува без возачка дозвола. Известен е инспектор за малолетници и по консултација со јавен обвинител четирициклот е одземен. По документирање на случајот ќе следува ...
Во Никшиќ, полицијата го уапси Андреј Танасковски (19), член на организирана криминална група од Македонија, врз основа на меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил член на Шкаљарскиот клан. Танасковски е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан, член на соперничка група, кога испукал два куршума во негов правец. Осомничен е за обид за убиство на член на соперничка криминална група. Осомничениот е обвинет и за кривични ...
Дипломатскиот прием што беше организиран во Македонскиот културно-информативен центар во Софија претставуваше уште една значајна потврда за местото и улогата што оваа институција денес ги има во културниот и дипломатскиот живот. Во присуство на претставници на дипломатскиот кор, институциите, академската заедница, културните работници и бројни пријатели на Македонија, Центарот уште еднаш покажа дека претставува важен простор за афирмација на ...
Некои концерти се посетуваат. Некои се паметат. А концертите на Александра Радовиќ се доживуваат. До охридскиот на 30 јули, кога Античкиот театар ќе биде местото каде што музиката, емоциите и публиката ќе пулсираат како едно, остануваат само уште неколку дена. „Со нетрпение ја очекувам нашата средба во Охрид. Сигурна сум дека ќе создадеме вечер што долго ќе ја паметиме“, им порача Александра Радовиќ на своите фанови преку видеопорака. Во ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер гостува во Летонија во реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. „Црвено-црните“ веруваат дека имаа сили да ја надополнат негативата од еден гол од дуелот во Скопје. Капитенот Азер Омерагиќ најави борбена игра и се надева дека со исполнување на тактичките замисли може да с едојде до поволен резултат. – По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо ...
За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатна униформа, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која ...
Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, им се обрати на навивачите по Светското првенство. Во финалето на турнирот, Аргентина загуби со 1:0 од Шпанија по продолженија. Ми останува само едно да кажам: Жал ми е што не можев да ви донесам уште еден трофеј и да ви дадам нова радост, дури и само за неколку дена, за да ви помогнам да ги заборавите сите лоши работи во животот. Но, сакам да се сетите што се обидовме да ...
Веќе пет и пол децении наназад, Фестивалот „Илинденски денови“ претставува вистински простор за промоција на културното наследство во сите појавни форми – музиката, танцот, игрите, обредите, обичаите, традиционалните носии и сите останати формати на уметничкиот израз, рече синоќа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, на отворањето на Фестивалот „Илинденски денови“. Додаде дека секоја година, во пресрет на великиот Илинден, ...
Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“, во режија на познатата македонска режисерка Тамара Котевска, доби две номинации за наградите „Прајмтајм Еми“, кои ќе бидат објавени во септември 2026 година. Филмот е номиниран во категориите „Најдобра кинематографија за документарна програма“ и „Извонредно достигнување во документарно снимање“…… Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“, во режија на познатата македонска режисерка ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за сторено кривично дело – криумчарење. ...
Роберто Манчини и Антонио Конте во моментов се водечки кандидати за позицијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, објави „Спорт Медиасет“. Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго, е за враќање на Манчини, додека клубовите од Серија А вршат притисок врз него да го избере Конте. Двајцата се искусни тренери на националните тимови: Конте го водеше националниот тим од 2014 до 2016 година, додека Манчини ...
Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе напиша отворено писмо до навивачите по Светското првенство во 2026 година. Во натпреварот за третото место, Франција загуби со 4:6 од Англија. – Се вративме дома без трофеј. Боли, но нема да ве лажам. Ќе биде вака уште некое време. Никогаш не нè напуштивте – дури и во најтешките моменти, дури и кога најмалку ја заслужувавме вашата поддршка. Оваа приказна ја напишаа милиони раце, а не само ...
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар 1961 попладнево ги почнаа подготовките за новата сезона, каде ги очекуваат настапите во Лигата на шампионите, како и одбрана на двојната круна во домашните натпреварувања. Тимот предводен од тренерот Иван Чупиќ, го одржа и првиот тренинг во реновираната сала „Расадник“ која ќе претставува тренинг центар на „црвено-црните“, како и терен каде ќе играат дел од лигашките дуели, додека натпреварите од ...
Собранието на Црна Гора вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...
Македонскиот филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, продолжува да освојува меѓународни признанија. На 43. Филмски фестивал во Ерусалим, што се одржуваше деновиве, ја освои наградата за најдобар меѓународен дебитантски филм. Меѓународното жири во Ерусалим беше едногласно во своите оценки. Во образложението филмот го опиша како „суров, бескомпромисен и моќен уметнички удар“, издвојувајќи ја неговата силна емоционална ...
Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година вечер ќе биде претставен во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија, а Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик ...
Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа ...
Тридневен топлотен бран до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од ...
Изложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)” вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од традиционалното црковно сликарство кон ...
– Мицкоски синоќа цело интервју зборуваше за принципи. За какви принципи зборува човек кој лаже цело време? – наведува СДСМ во реакција на интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски Човек чиј принцип беше никогаш „Македонија“. Човек кој принципиелно ветуваше дека прво ќе го укине Преспанскиот договор. Човек кој до вчера ја заговараше теоријата на Вучиќ за членство без право на глас а денес вели дека е само за решение кое води кон полноправно ...
Ансамблот „Алтус“ познат по изведбата, афирмирањето и зачувувањето на класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“. Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката ...