
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2.8 %. Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија од 2.0 %, а во секторот ...
Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 %, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е ...
На денешната седница во Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар за актуелните позиции во меѓународните односи, особено во делот на негаторските позиции кои соседна Бугарија ги искажа при гласањето на извештајот за државата во Европскиот парламент. Премиерот Мицкоски при одговорот на пратеничкото прашање поставено од страна на пратеникот Трајчулевски од СДСМ, потсети дека ...
Како што Европа сѐ повеќе се фокусира на интернетските ризици по децата, носителите на политики сѐ повеќе се залагаат за построги правила за проверка на возраста за да се заштитат децата онлајн. Почнувајќи од препораките на ниво на ЕУ па сѐ до националните пилот-програми за дигитална потврда на возраста, расправата околу ваквите мерки – какви и колку драстични да бидат – се разгорува. Најдрастичниот предлог за кој се залагаат неколку земји ...
25-годишна Србинка со иницијали Т.С. вчера со нож го нападнала Г.М. (49) од Охрид, при физичка пресметка што се случила во угостителски објект во строгиот центар на градот. Инцидентот се случил во објект лоциран на плоштадот „Св. Климент Охридски“, а и двајцата учесници во тепачката се приведени од страна на полицијата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот бил извршен со остар предмет – нож, при што полицијата ...
Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Доколку Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска донесе предлог одлука за избор на Народен правобранител и се постигне договор имајќи предвид дека за оваа функција е потребено гласање и со ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска. Претседателката на Антикорупциската комисија Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше, откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за две кривични дела – ...
Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Никола Јокиќ во 2022 година сакал да ја заврши кариерата. Ова со јавноста го сподели Демаркус Казинс кој му беше соиграч на Јокиќ во Далас маверикс во сезоната 2021/22. – Она што најмногу ми се допаѓа кај Јокиќ е неговиот карактер. Ако ви кажува нешто за себе, тоа е сосема вистина. Не го интересираат глупости. НБА можеби му е втора, трета, четврта омилена работа во животот. Во многу од ...
Така, по основ на одредби од ЗБСП, односно заради неприлагодена брзина на движење изречени беа 447 санкции, за неправилно паркирање 519, додека пак 186 учесници во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола. Исто така, за 115 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 117 лица се казнети за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 99 лица заради неносење ...
Самиот Зоран Заев призна дека потпалувачот на пожари бил шофер кај него во општината, СДС да се извини и огради од Заев. Зоран Заев во изјава за еден пишан медиум кажа: ,,Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило”, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Миле Лефков,. Лицето А.Н. кое било шофер кај Заев е потпалувач на ...
Собните растенија се внесуваат во домот како украс, но и да го подобрат квалитетот на воздухот, создавајќи така попријатна средина за престој. Сепак, одредени видови цвеќиња не се погодни за во спалната соба, на пр., бидејќи лошо влијаат на спиењето, дишењето, безбедноста и, воошто – на здравјето. Некои растенија, имено, иако се корисни во други делови од куќата, може да предизвикаат непријатност, алергиски реакции, па и потешко дишење при ...
Граѓаните кои летово се на одмор во Грција, омилената летна дестинација, ќе имаат придобивки од новите правила што стапуваат на сила од 11 август и се однесуваат на користењето на банкомати. Со овие измени, значително се намалуваат трошоците за провизии при подигање готовина. Измените, предложени од министерот за национална економија и финансии на Грција, Киријакос Пјеракакис, предвидуваат укинување на одредени надоместоци и поставување горни ...
Шест натпревари од регуларната сезона на НБА-лигата ќе се одржат во Европа во следните три години. Во првиот натпревар, кој ќе се одржи на 15 јануари 2026 година во Берлин, Орландо ќе игра против Мемфис. Истите тимови ќе се сретнат на 18 јануари во Лондон. Во 2027 година, натпреварите ќе се одржат во Манчестер и Париз, а во 2028 година – во Берлин и Париз. Во моментов, учесниците на овие натпревари не се одредени. Последните НБА натпревари во ...
Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, рече денеска министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува вина за случајот со пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, за кој се води истрага во која и тој е опфатен. – Не ...
Шкендија направи сензација го елиминираше романскиот ФЦСБ во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. За споредба за важноста, капитенот на ФЦСБ, Дариус Олару, вреди 7,5 милиони евра, два повеќе од целиот тим на Шкендија. Најскапиот играч на Шкендија вреди 600 илјади евра. Тоа е дефанзивецот Клисман Кејк. Македонскиот фудбалски клуб Шкендија од Тетово е основан на 27 август 1979 година од македонски Албанци, со цел зајакнување на ...
Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од Франција, Германија и Велика Британија, соопшти Министерството за култура и туризам кое ги анализирало најновите податоци за движењето на странските туристи во државава за првите пет месеци од 2025 во однос на истиот период во 2024 година. -Забележан е пораст од 23,6 отсто кај странските туристи и раст ...
Долготрајните врнежи кои вчера ја зафатија Македонија донесоа значителни количини дожд. Нестабилно време со повремени врнежи се очекува и денес и утре, особено во Скопје и околината. Преодно стабилизирање на времето се најавува од петок. Температурите и натаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, со дневни вредности околу 25 степени во повеќето делови од земјата. Во наредните денови „Од петок ќе започне разведрување и постепен ...
Пет лица, меѓу кои и петгодишно дете се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 21:50 часот била пријавена на регионален пат Струмица-Берово, во правец од с.Дабиле кон с. Петралинци, струмичко. Во несреќата учествувале патничко возило „форд “ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.А.(32) од село Хамзали, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.С.(49) од село Свидовица, струмичко. ...
Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ при влез во РМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка. Пронајдената дрога со потврда за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе го посети граничниот премин „Табановце“ и со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) Горан Ангеловски ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Безбедно во лето – Вози одморен“. Кампањата за побезбеден сообраќај во текот на летото минатиот месец беше промовирана на граничниот премин „Богородица“, каде присуствуваа министерот Тошковски и ...
На денешниот брифинг со новинари, кој се одржа во организација на Министерство за култура / Ministria e Kulturës заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се дискутираа повеќе прашања поврзани со состојбата, заштитата и перспективите на културното наследство во државата, вели Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство. Бев дел од брифингот и се вклучив со одговор на едно од новинарските прашања, кое се ...
Посебно музичко доживување на годинашното издание на „Охридско лето“ ќе донесе вечерашниот концерт на охридскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиновски, во придружба на Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, перкусионистот Зоран Јасгоридовски, Горан Гешовски на бас-гитара и Гордан Спасовски на пијано. Дамјан Пејчиноски, роден во 1984 година во Охрид, е македонски гитарист, кој свири електрична и акустична гитара и специјализира повеќе музички ...
Светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска во придружба на битолскиот Камерен оркестар, синоќа во амфитеатарот на Хераклеја Линкестис одржа спектакуларен концерт. На првиот настап во земјава, Руцнер како специјална гостинка на Камерниот оркестар на Битола, на концертот насловен „Flowers Symphony“, го презентираше својот талент, хармонија со публиката и исклучително впечатливиот сценски настап. – Големо е задоволството што Ана ...
Владата донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, во насока на унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици. Со Програмата се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани, соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. ...
Вкупно 17 случаи на вирусот Западен Нил се потврдени во Грција, од кои десет се регистрирани во текот на изминатата седмица, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека 14 случаи покажале симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а три случаи благи или никакви симптоми поврзани со централниот нервен ...
Покрај снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“) на Милчо Манчевски, до крајот на годината ќе се снимаат уште два, а можеби и три долгометражни филма – „Тајната на голиот рид“ на Игор Алексов и „Мравките го спасуваат светот“ на Марјан Гавриловски. Три филма, на режисерите Теона Стругар Митевска, Тамара Котевска и Георги М. Унковски, се завршени и ќе имаат фестивалски претставувања, соопшти директорот на Агенцијата за филм ...
Oвогодишното 46-то издание на фестивалот „Скопско лето“ свечено се затвори синоќа со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ во Сули ан. Магични моменти од вчерашниот спектакуларен концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар” со кој свечено се затвори 46. „Скопско лето”. Диригент: Иван Еминовиќ Програма: А. Вивалди – Четири годишни времиња А. Пјацола – ...
Институции со ограничени ресурси, многу започнати, но со години нереализирани капитални проекти, заглавени во административни лавиринти или нефункционално планирани – затекнал министерот за култура и туризам Зоран Љутков при преземањето на функцијата. На средба со новинарите на која информираше за работата на Министерството во изминатата година, Љутков кажа дека се фокусирале на стабилизирање на работата на културните установи, ревизија на ...
Анализата на туристичкиот тренд во првите пет месеци од 2025 година покажува дека Македонија бележи интензивирање на туристичкиот промет и зголемување на интересот на странските туристи од западноевропските земји, пред сè, од: Франција, Германија и Велика Британија. Министерството за култура и туризам ги анализираше најновите податоци за движењето на странските туристи во Македонија за првите пет месеци од 2025 година, во однос на истиот период ...
Шеесет и шест годишниот Љ.С. од Богданци го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера околу 16.00 часот се случила на обиколница Богданци. Љ.С. управувал со патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, по што излетал од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на ...