Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...

Културата е најсилниот мост меѓу народите, а во Тирана тој мост го гради жена со визија и извонреден уметнички сензибилитет- Ема Попивода, директорка на Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Албанија. Како реномирана пијанистка со светска кариера, таа сега својата енергија ја насочува кон афирмација на македонските вредности, јазикот и уметноста во срцето на Тирана. Успева да ги спои музичката прецизност со дипломатската ...

Како што предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Според народните верувања – тоа не е добар знак. Имено, токму на овој ден, кога православните верници го слават Свети Василиј Острошки, временските услови имаат посебно значење. Според народните ...

Во Скопје е уапсен маж (1984), државјанин на Србија, под сомнение дека планира да изврши тешки кривични дела, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Според соопштението, апсењето е извршено „во соработка и врз основа на размена на информации помеѓу Министерството за внатрешни работи на Србија, УКП, Службата за сузбивање на криминалот и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. „При претресот на станот и ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен ...

– Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на покана на својот словачки колега Роберт Калинак, ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. Во рамките на посетата предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак, и со министерот за одбрана на ...

Креативен Ден 2026 успешно ја потврди својата мисија – да биде мост помеѓу образованието, креативноста и бизнис заедницата, во атмосфера исполнета со енергија, достоинство и искрена поддршка. Со сала исполнета со последно седиште, позитивна атмосфера, разиграната публика, дамите кои со својата енергија ги поддржуваа младите учеснички, создаде амбиент кој зрачеше со самодоверба, мотивација и заедништво. Настанот кој веќе прераснува во бренд на ...

Музичка младина на Македонија продолжува со концертната серија „Млади за млади“ во рамки на програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се претстави со со уште два концерти оваа недела во Скопје. На 12 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Салон 19:19 при КИЦ – Скопје, ќе настапат младите музичари Лука Костовски – тромбон (класа доц. м-р Димче Белчовски) и Војдан Алексовски – фагот (класа проф. ...

„Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што не се ...

ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски“. Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно.Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема. Повикуваме на ...

Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб – канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е вечерва, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички ...

Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија 2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...

Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. Погледнете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид – Кичево, кадешто последниве две години изградивме многу и наскоро македонските граѓани ќе возат по овој автопат.Ја градиме Македонија – напиша вицепремиерот ...

Бизнисмените Ратко Карпушевски и Асмир Јахоски, поранешните директори на ЕСМ – пребегнатиот Васко Ковачевски и Адријан Муча, како и останатите осомничени за криминал од над 160 милиони евра од злоупотреба на тендери за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, ќе се спасат од обвиненија бидејќи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не утврдило злоупотреби и го затвора случајот. Како што информираа денеска од ...

Дуелот на Вест Хем и Арсенал, кој заврши со победа на лидерот Арсенал со 1:0 и пред сè поништениот гол на Вест Хем во судиското надополнување на вториот дел привлекува сè уште внимание. Со свој коментар се јави и поранешниот голман Питер Шамјхел, кој е често и стручен коментатор за британските тв канали. – Не знам зошто е фаул, кога Арсенал тоа го прави во текот на целата сезона, беше првиот осврт на Шмајхел. Потоа дополнително анализира за ...

„Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи спроведуваат медицински експерименти кои претходно ги изведувале луѓе, а целта е постепено да се автоматизира речиси целиот процес на научното истражување. Во Центарот за иновации по роботиката се сместени 10 роботи, меѓу кои и хуманоидниот модел наречен Махоло Лабдроид (Maholo LabDroid), без човечко присуство“, пренесоа јапонските медиуми. Универзитетот има намера долготрајно да го ...

денеска во Маедонија почнува продажбата на сликички за Светското првенство во фудбал на албумите на „Панини“. Собирањето сликичи е реликвија и за млади и за стари но сега веќе не е толку едноставно да се пополни целата колекција. Новиот албум има дури 950 сликички. Една кесичка чини евро и половина а ќе има седум сликички внатре. Пресметките покажуваат дека за да се пополни цел албум се потребни минимум 300 евра, и тоа без да се паднат ...

Член на организирана криминална група од Србија е уапсен во реонот на Скопје, , откако полицијата спречила планирано убиство, дознава „Press.rs“. Апсењето е резултат на заедничка акција на српската и на македонската полиција, во која е пронајден осомничен член на Врачарскиот клан, претходно поврзан со тешки кривични дела. Според достапните информации, полициските служби дејствувале превентивно и врз основа на добиените оперативни информации, ...

Православната црква и верниците на 12 мај го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде. Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто ...

Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, упати замерки на своите фудбалери за прикажаната игра синоќа во ремито 1:1 со Лидс на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. – Игравме без страст, многу брзавме. Судијата исто така беше вознемирен денес. Не знам. Не можам да ги разберам поплаките за вчерашниот ВАР на средбата Вест Хем – Арсенал, бидејќи гостинскиот голман Давид Раја не беше фаулиран 100 проценти, туку 200 проценти, ако ...

Се работи на вакцина за Хантавирусот но во моментов не постои лек или вакцина, Светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување. Ова доаѓа во време кога патниците од крузерот погоден од епидемија на Хантавирус предизвикана од сојот на Хантавирусот од андите се вратени во своите домови низ целиот свет. Од друга страна од СЗО смируваат дека е мала можноста од ширење на вирусот во ...

Поради технички зафати, неколку улици во Чаир и дел од булеварот Партизански одреди денеска ќе бидат без вода, соопштуваат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Прекинот на дел од булевар Партизански одреди е поради промена на затварачи на булевар Партизански одреди бр.48а и ќе трае од 9 часот до завршување со активностите. Поради промена на затварачи на улица Коста Арашевиќ бб (кај ОУ „Хасан Приштина“), прекинато водоснабдување ќе имаат ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...

Дека Македонија не треба да очекува промена на политиката од Бугарија и со новата влада покажува вчерашната изјава на новата бугарска министерка за надворешни работи Весислава Петрова Чамова. Таа вчера во рамки на состанокот со колегите од Западен Балкан во Брисел имаше кратко запознавање со нашиот министер Тимчо Муцунски. Таа постијано го користела навредливиот термин „северномакедонци“ кога го ословувала македонскиот народ. На оваа ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за образование, наука и спорт. На дневен ред на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Агенција за администрација за 2025 година и Годишниот извештај за работата на Агенција за заштита на личните податоци за 2025 година. Членовите на Комисијата за образование, наука и ...

Украинските антикорупциски власти открија наводна шема за перење пари во која е вклучен поранешниот шеф на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, јави ДПА. Националното биро за борба против корупција на Украина (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (SAP) вчера соопштија дека организирана група наводно испрала еквивалент на речиси девет милиони евра (10,6 милиони долари) во врска со луксузен градежен проект во ...

Поради планирани технички зафати во електросистемот, делови од скопските населби Волково и Долно Соње утре ќе останат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „95“ во населбата Волково. Подоцна во текот на денот, во интервалот од 12:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и во село Долно Соње, поточно за корисниците од дел на ...

На 13 мај 2026 година, со почеток во 20:30 часот, во МКЦ Скопје, Оркестар DIVA ќе го претстави својот алтернативен концертен проект Industrial Symphony – музичко доживување кое спојува оркестарска изведба, електронска енергија, индустриски звук и моќна сценска атмосфера. По проектите со кои Оркестар DIVA веќе ја освои публиката низ Македонија, овојпат во Скопје доаѓа концерт со поинаква естетика и сосема различна енергија. Industrial Symphony ...

Четири кратки филма од македонската продукција ќе бидат прикажани вечерва во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Бесплатните проекции се дел од програмата на Агенцијата за филм за популаризација на македонскиот филм. Ќе бидат прикажани: „Човекот со чудна навика да ме мава со чадор по глава“ на Вардан Тозија, „Намини бар еднаш“ на Косара Митиќ, „Борба за смрт“ на Елеонора Венинова и „Пепи и Муто“ на Георги Унковски. По проекциите ќе ...

Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма. -Агенцијата за филм во август кончено, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.31
36%
1019
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1020
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.95
44%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
39%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.61
41%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
5.36
58%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.67
36%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.81
36%
1018
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.55
85%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54