„Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е притворен утрово на граничниот премин, тука во Македонија. Она за што се товари и осомничи Артан Груби како тогашен прв вицепремиер е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата којашто седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт. Тоа е само еден доказ дека кога говориме за СДС и ДУИ и нивното владеење, тоа е синоним за криминал и корупција“, истакна ...

Вицепремиерот Артан Груби за „Дојче Веле“ во 2020 година потврди дека преведувал за Хашкиот трибунал, но негираше каква и да е поврзаност со „Жолтата куќа“ во близина на албанскиот град Бурел. Тој негира дека е повикан во какво било својство од Хашкото обвинителство во врска со обвиненијата за водачите на ОВК од Косово. „Работев за Хашкиот трибунал од 1999 до 2004 година и во албанскиот град Бурел бев заедно со иследникот на Хашкиот трибунал, ...

Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше спроведен на распит во ...

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети. -Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се ...

Фудбалерот на Бенфика Џанлука Престијани привремено е суспендиран и нема да биде на располагање на Жозе Мурињо за реванш дуелот против Реал Мадрид в среда за дуелот од Лигата на шампионите. Аргентинецот е обвинет дека за време на првиот дуел од 1/16 финалето расистички го навредувал играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор. Од Бенфика реагираа веднаш дека ќе се жалат, иако се сомневаат дека жалбата ќе има некое влијание. Навредите стигнаа кога ...

По убедливиот пораз од 1:4 од Арсенал вчеравечер во 27. коло од англиската Премиер лига, тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, одговори на прашање за шансите на неговиот тим да го задржи местото во елитната лига на крајот од сезоната 2025/26. – Дали сум уверен дека Тотенхем ќе остане во Премиер лигата? Секако, сум уверен, бидејќи верувам дека имаме добри играчи со лоши навики. Тие се квалитетни играчи, никој не може да каже дека им недостасува ...

Европскиот парламент денеска го одложи гласањето за спроведувањето на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД, изјави претседателот на парламентарниот комитет за меѓународна трговија Бернд Ланге. „Сакаме да добиеме јасна порака од САД дека тие го почитуваат договорот“, рече Ланге по консултациите со други пратеници на ЕУ, пренесе ДПА. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот претседател Доналд Трамп минатото лето ...

Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо. Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент обвинител и една жена, наведе Арфуш. Во ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 16.2.2026 година. Од 24.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) -Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – ...

Уште една традиција која велешани со гордост ја негуваат е „Чист понеделник“ со подготовка на бело гравче во месноста Мегдан во високиот стар дел на Велес под црквата „Свети Пантелејмон’,така беше и денеска продолжена традицијата во Велес. Tрадицијата вели дека денеска се чистат сите тенџериња и прибор за јадење за постот кој следи. Уште една традиција која велешани со гордост ја негуваат е „Чист понеделник“ со подготовка на бело гравче во ...

Ракометарите на лидерот во Супер лигата Вардар на стартот од плеј оф дуелите ќе стартува со две гостувања. Првото ќе биде овој викенд во Автокоманда, каде „црвено-црните гостуваа во саботата и победија со 28:25. Во следното коло (второ – плеј оф) Вардар гостува во Битола, кај првакот Еурофарм Пелистер, а термин за одигрување на дуелите од таа рунда е 14 или 15.март. Инаку, во првото коло (28.февруари – 1.март) од плеј офот ќе играат: Тиквеш – ...

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал, од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација. Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите: – Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Мексико, поради влошената безбедносна состојба во државата, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. – Истовремено, се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.(51) од Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана во патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, со кое допатувал А.К.. СВР Куманово ...

Археолошки музеј на Република Македонија, Управа за заштита на културното наследство и Israel Antiquities Authority потпишаа Рамковен договор за воспоставување и унапредување на научната и стручната соработка во областа на археологијата и заштитата на културното наследство. Договорот беше потпишан од страна на м-р Магдалена Манаскова, директор на Археолошкиот музеј на Република Македонија, Весела Честоева, директор на Управата за заштита на ...

Телевизијата Телма објави видео снимка од осомничениот за серија брутални убиства во Кумановскиот Регион, случај што ја потресе јавноста и отвори сомнежи за повеќе нерешени смртни случаи. На видеото што е снимено од камери на една од куќите во близина, се гледа младиот маж од околината на Старо Нагоричане, кој веќе е во притвор поради свирепо убиство на 78 годишна жена, како се обидува да влезе во куќа, но вратата е заклучена. Според изворите ...

ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според МВР, пријавените, како концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1 500 кубни метри ...

Она што најмногу се коментира за Предлог законот за високото образование се условите за напредување во звања. Ако направиме споредба, не се високи како во други европски земји. Но, мора да ги поткренеме, затоа што откако беа укинати со законот од 2018 година, квалитетот на високото образование драстично опадна и тоа мора да го промениме. Го разбирам стравот на академската заедница, разбирам дека од една фаза треба да поминеме во друга, но ...

Во Србија, од денес, 23 февруари, почна тридневна суспензија на работата на адвокатите, објави Адвокатската комора на Србија (AKS), тврдејќи дека суспензијата е гласана на 11 февруари на состанок на Управниот одбор, додека некои адвокати ја оспоруваат таа одлука и најавуваат дека нема да ја почитуваат. Во одлуката објавена на веб-страницата на AKS од 11 февруари, Комората ги повика надлежните органи да преземат „мерки во рамките на нивната ...

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ. Цената на бензините се зголемува за 0,5 денари, додека на дизелот за 1 денар по литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69 денари по литар. Поскапува и екстралесното масло за домаќинство, од 67 на 68 денари по литар. Цената ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс, на која била потврдена заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете држави. Како што информира Перински преку социјалните мрежи, во разговорот биле презентирани клучните приоритети на министерството за наредниот период, со акцент на ...

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството. Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државната лотарија“, Перпарим ...

Во сообраќајната несреќа на автопатот Штип-Скопје, која се случи утринава учествувале осум возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), . -Денеска 23.02.2026, околу 07.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила – соопштуваат од МВР. Во соопштението се вели дека на местото на настанот излезени се ...

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Л.Б.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Имено, пријавениот подолг период нелегално набавувал поголема количина на марихуана, која ја чувал во визба од зградата каде живее во Битола и ја ...

Со зајакнат мониторинг и дигитализација до целосна изборна транспарентност, објави ДИЛ на својот фејсбук профил. Претседателот и членовите на Државната изборна комисија учествуваа на конференцијата организарана од страна на IFES North Macedonia : „Заштита на демократијата и изборниот интегритет“. Главен фокус на дискусиите беа анализите од мониторингот на Локалните избори 2025, во делот на спречување на злоупотребата на административните ...

На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија. На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните ...

Во пресрет на четиригодишнината од почетокот на руската инвазија, европската дипломатија се соочи со нова криза. Унгарија стави вето на 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Киев, повикувајќи се на враќање на транзитот на нафта преку оштетениот нафтовод „Дружба“. Нафтоводот „Дружба“ беше цел на руски напад на 27 јануари, а Будапешта ја обвинува Украина дека попречува неговото враќање во функција. „Не треба да ...

На 22.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал ...

Овој датум се издвојува бидејќи се совпаѓа со голем број напнати аспекти кои ги засилуваат типичните ретроградни проблеми. Во тој момент, Меркур е длабоко ретрограден, т.е. забавен, збунет, дезориентиран, се наоѓа во знакот Риби, што носи зголемени емоции, замаглување на работите и погрешни проценки. Оваа планета прави и напнат аспект со Марс, што ја зголемува нашата импулсивност, конфликти и брзоплети одлуки. Во исто време, Меркур е под ...

Интересна појава е забележана оваа недела крај брегот на хрватскиот остров Црeс, откако човек доставил видеоснимка од голема ајкула што се движи низ Јадранското Море, до Институтот „Син свет“. Иако квалитетот на видеото не е сосема јасен, експертите, врз основа на карактеристичниот облик на грбната перка, заклучија дека најверојатно станува збор за џиновска ајкула од видот Cetorhinus maximus, вториот најголем вид ајкула и риба воопшто во ...

Вера

8 часа - МРТ
weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
10.29
44%
996
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
36%
994
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
14.4
84%
997
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
43%
999
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
4.75
43%
998
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
8.23
54%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
62%
1003
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
41%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
995
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
6.71
34%
1000
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
70%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1005
Currency

61.645

Currency

53.3817

Currency

71.3298

Currency

36.9402

Currency

38.5791

Currency

67.2936

Currency

7.72664

Currency

0.65586

Currency

0.33453

Currency

0.52486

Currency

1.20338

Currency

0.56778

Бакар

11.09

Калај

45.72

Цинк

0.00

Сребро

2192.86

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51

Паладиум

43853.62

Платина

60507.71

Иридиум

256711.96

Кобалт

56.29

Злато

142844.87

Алуминиум

3.29