Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Од доставените околу 200 амандмани, дел се разгледани на четирите расправи што се одржаа по завршувањето на општиот претрес. Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно ...
Кристијано Роналдо повторно ја крена публиката на нозе и на свои 40 години, постигнувајќи неверојатен гол со „ножички“ во 96-тата минута од натпреварот меѓу Ал-Наср и Ал-Калеја. Португалецот ја доби топката во шеснаесетникот, се намести со акробатски потег и со прецизен волеј ја испрати под пречката – удар кој веднаш стана хит на социјалните мрежи и беше поздравен со овации од навивачите. Голот ја заокружи победата на Ал-Наср од 4:1, а Роналдо ...
Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Џејмс Харден, стана првиот кошаркар во НБА-лигата кој постави рекорд во постигнување поени во еден натпревар за два различни тима. Во победата од 131:116 над Шарлот Хорнетс, Харден синоќа постигна 55 поени, најмногу во еден натпревар во историјата на Клиперс. Тој исто така имаше три скока и седум асистенции. Со Хјустон Рокетс во 2019 година, Харден двапати постигна 61 поен во еден натпревар, што е тимски рекорд ...
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, зборуваше за успехот на клубот во последните години. – Треба да бидеме горди на она што овој клуб го постигна во последните 15 сезони. Триесет титули. Но, веќе знаеме колку се високи барањата. Минатата сезона се боревме до самиот крај во секое натпреварување. Беше тешко; поради сериозни повреди, не можевме да сметаме на Карвахал и Милитао речиси цела сезона. Себаљос, Камавинга и Менди поголемиот ...
Словенечките гласачи со огромно мнозинство го отфрлија законот за асистирано доброволно прекинување на животот на референдумот одржан денес, со што ќе се поништи законот усвоен од парламентот во јули оваа година. Според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, со преброени 99,8 проценти од гласовите, повеќе од 368.000 гласачи гласаа против законот, или 53,4 проценти од оние што излегоа на гласање. Малку повеќе од 321.000 гласачи, ...
Академијата за филмска уметност и наука ја објави целосната листа на филмови што се квалификуваат за Оскар 2026 во категориите документарен филм, меѓународен филм и анимиран филм. На листата од повеќе од 300 наслови се најде и македонското остварување „The Tale of Silyan“, односно „Приказната за Силјан“, пријавено од Македонија во категоријата за најдобар меѓународен филм. Во конкуренцијата за меѓународен Оскар годинава учествуваат 86 државни ...
Гласачките места во Република Српска, каде што граѓаните избрираа нов претседател на предвремени избори беа затворени во 19 часот. Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) објави дека вечерва во 23 часот ќе ги објави првите неофицијални резултати од изборите. Според првичните информации од владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД), врз основа на 14,65 проценти од преброените гласови, нејзиниот кандидат Синиша ...
Почина проф. д-р Илија Џонов. Тој беше невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а потоа во Скопје дипломирал на Медицинскиот факултет во 1967 година, додека специјалистички испит положил во 1973 година. Докторирал во Белград во ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро му рекол на судијата денеска дека го скршил електронскиот уред за следење на глуждот, што го носел додека бил во домашен притвор поради нервен слом и халуцинации предизвикани од промена на лековите. Ова довело до неговото испраќање во затвор вчера. Судијата на Врховниот суд, Александар де Мораес, нареди 70-годишниот политичар да биде ставен во превентивен притвор вчера, бидејќи се смета за ризик ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не само дома, туку и во европски и светски рамки, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина. Сиљановска-Давкова, на доделувањето на орденот вечерва во Македонската филхармонија, порача ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер се согласија во телефонски разговор денеска дека треба да работат заедно во овој критичен момент за воспоставување праведен и траен мир во Украина. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска се сретна со делегација од Киев во Женева со надеж дека ќе го унапреди планот на американскиот претседател откако Зеленски го отфрли во петокот и вети „алтернатива“. Рускиот ...
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот. Кедев, изрази длабока ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја им се заблагодарува на Соединетите Американски Држави и на нивниот претседател Доналд Трамп за нивните напори да го поддржат Киев. „Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи со ракетите „Џавелин“, спасува украински животи“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм ...
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, ја критикуваше играта на тимот, и покрај високиот пласман на табелата. По поразот од Сакраменто ноќеска на домашен терен со 123:128, тој ги повика своите соиграчи итно да се подобрат. -Кингс беа поагресивни во нападот. Ние немавме помош во одбраната. Постојано бевме чекор зад нив. Билансот од 12-4 не ја одразува реалноста. Не сме толку добри. Треба значително да се подобриме ако сакаме да постигнеме нешто ...
Во денешниот израелски воздушен напад во јужните предградија на Бејрут, упориште на проиранскиот Хезболах, загинаа пет лица, а 28 се повредени, објави либанското Министерство за здравство. Како што објавија повеќе израелски медиуми, началникот на штабот на Хезболах, Али Табатабаи, е убиен во нападот денеска. Нападот погодил деветкатна зграда во густо населен дел од предградието. Либанскиот претседател Џозеф Аун ја повика меѓународната заедница ...
Во Женева завршија преговорите меѓу високо рангирана американска делегација и претставници на Украина, Германија, Франција и Велика Британија за мировниот план за Украина предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека денешните состаноци биле „најпродуктивните и најзначајните“ во мировниот процес досега. По овие разговори, Рубио изјави дека американскиот тим работи на „одредени измени“ ...
Оперскиот пејач Игор Дурловски, во реакција по последните случувања во Кавадарци повика да се воспостават јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работата и јавните настапи на странските изведувачи, како и да се формира стручно и компетентно тело кое ќе ја уреди оваа област. – Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера се’ почесто се сведува на навивачки трибини за ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и очекува руско-украинската војна наскоро да заврши. Келлог е уверен дека Трамп ќе ја заврши војната, која ја опиша како „најдолгата војна во Европа од Втората светска војна“. „Ние во војската секогаш велиме дека најтешкиот дел е да се стигне до последните 10 метри. Ние сме оддалечени околу два метра. Речиси сме ...
Кога во 2009 година кардиологот и алпинист, академик Сашко Кедев го искачил Монт Еверст, не размислувал дека 16 години подоцна ќе стане единствениот Македонец кој ги има освоено сите 14 врвови над 8.000 метри надморска височина и сите највисоки врвови на сите седум континенти. Интересно е што тој успеа 13 врвови да ги искачи за помалку од четири години. По освојување на секој врв се враќа со нова лекција, а искуствата ги споделува со јавноста, ...
Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30 ноември со постепено проширување до 5 декември на различни локации во земјата одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во близина на Лариса, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади присуствувале претставници на земјоделски здруженија од цела Грција со цел да го финализираат временскиот план на протестите и начинот на дејствување и ...
Поранешниот помошник заменик-министер за одбрана во Пентагон, Стивен Брајан, предупредува дека вастите во Киев сакаат да икористат акт на саботажа во Европа за да ги принудат земјите членки на ЕУ да распоредат свои трупи во Украина. Проблемот за полскиот премиер Доналд Туск и другите претставници на полските разузнавачки служби е што луѓето што ги заробија и уапсија не беа Руси, туку Украинци. За да ја прикрие својата грешка, Туск се обиде, без ...
Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на распоредот беа две средби, на двете убедливи победи забележаа домашните екипи. Постигнати резултати: Арсими – Шкендија 3:0 Тиквеш – Башкими 3:0. Вчера Вардар ја победи АП Брера на гости со 2:0, во петокот Македонија ЃП – Силекс 1:2. Утре играат Работнички и Струга ТЛ, колото ќе се комплетира во вторник со натпреварот Шкупи – Пелистер. Лидер на табелата е Вардар со 36, Струга ТЛ има 32, Шкендија ...
Предлогот на САД за запирање на војната во Украина може да вклучува делови што се засноваат на украинските перспективи и се од клучно значење за украинските национални интереси, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски. „Веќе имаме кратка информација од членовите на делегацијата за резултатите од првиот состанок и првите преговори“, напиша Зеленски на „Х“ за разговорите со ЕУ и САД во Женева. -Работата продолжува за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Украина не изразила никаква благодарност за напорите на САД. -„Лидерството“ на Украина изрази нулта благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија. САД продолжуваат да продаваат огромни количини оружје на НАТО, за дистрибуција во Украина (измамникот Џо даде сè, бесплатно, вклучително и „големи“ пари), напиша Трамп на платформата „Truth social“. Тој ја даде ...
Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според директорот Ивановски, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на ...
-Со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, Судот цени дека не се загрозува уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство. Јавните обвинители земаат плата којашто одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба и сигурност не се загрозени како што се тврди во иницијативите бидејќи тие влегуваат во групата ...
Аца Лукас кој е актуелен со апсењето во Кавадарци раскажа дека имал лош период во животот кога дознал дека неговиот син се дрогира. Многу е тешко да се објасни дека тој не го прави тоа и дека тоа не е добро, а вие го правите или сте го направиле. Дознав и тој почна да се грчи, а јас му реков: „Јас сум твој татко. Те поддржувам во сè. Ќе ти најдам работа, ти купив кола и ќе ти платам за станот… Ништо не е проблем, но ти ги измешал работите Аца ...
Убиството, кое се случи вчера околу 11:45 часот во Нов Белград, ги вознемири жителите на главниот град на Србија.Убиен е навивач на Партизан кој покрај со навивање се занимавал и со криминал. Очевидци рекле дека претходно слушнале истрели, поради што се сомнева дека жртвата е застрелана во главата. Форензичарите извадиле некои работи од џебовите на убиениот и ги ставиле во кеси, па ги однеле на анализа. Се сомнева дека кон младиот човек биле ...
Железничката станица Скопје ќе добие изглед на модерна железничка станица, архитектонско решение на спој на стариот изглед од Кензо Танге со додадени нови модерни елементи, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според директорот Ивановски, проектот се работи во соработка со Градежниот факултет и Архитектонскиот факултет, а во моментов се работи на отстранување на ...
До крајот на годината задолжително најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен одмор. Согласно законот, газдите до 31 декември треба да исплатат К-15, кој изнесува најмалку 40 отсто од просечната плата, а најмногу 100 отсто. К-15 им следува и на административците, кој е помал за 100 евра од оној кој се исплаќа во приватниот сектор. Минималната сума за исплата на регрес за годишен одмор, согласно законот е ...