Кинеските авиокомпании остро ја засилија својата позиција на пазарот Европа – Кина, зголемувајќи го својот удел кој до летото 2026 година ќе достигне 83%. Ова вклучува и добар дел од многуте рути меѓу Европа и Азија. Причината не е само растечката побарувачка, главниот фактор е геополитиката. Европските превозници сè уште не можат да го користат рускиот воздушен простор, што ги принудува да летаат на подолги рути. Ова го зголемува времето на ...

Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година – објави Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и Производство на машини и уреди, ...

Екипата на Штип УГД како домаќин го совлада велешки ГОК Борец со максимални 3:0 во сетови (25:15, 25:22, 25:17) во воведниот натпревар од финалната серија за титулата во македонското машко одбојкарско првенство. Задмард со 15 и Илиев со 13 поени го предводеа Штип УГД до победата пред своите навивачи во салата „Јордан Мијалков“, додека Оливера реализираше 14 поени во редовите на ГОК Борец. Финалната серија по која ќе биде познат новиот ...

Војната на Блискиот Исток го претвора Иран во светска сила, пишува „Вослтрит џурнал“ (ВСЏ). Како што пишува изданието, во последните години, светскиот поредок се помести кон три центри на моќ: САД, Кина и Русија. Но, Иран брзо станува четврти. ВСЏ пишува дека иранската новооткриена моќ произлегува од контролата врз најважниот енергетски центар на светската економија – Ормутскиот Теснец. На модерната економија ѝ треба повеќе од само нафта; ѝ ...

Американскиот Претставнички дом ја поддржа воената кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран, гласајќи против предлогот на демократите насочен кон суспендирање на војната сè додека Конгресот не одобри продолжување на непријателствата. Гласањето за Законот за овластување за војна заврши со 213-214, речиси целосно по партиски линии, при што републиканците претежно ја поддржаа континуираната воена кампања на Трамп и одбија да ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Архивски документи“ од македонската ликовна уметница Жанета Вангели што претставува сублимација на главните области на интересирање што се во нејзиниот фокус. Со изложбата Вангели не воведува во дел од архивските документи низ визуелна уметност преточена во дигитални слики, фотографии, текст и звучна уметност. Ова е една нејзина мала ретроспектива. Таа е ...

Неопходно е понатамошно унапредување на соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел успешно и ефикасно воведување на електронскиот товарен лист eCMR во државара – е порачано на тркалезната маса на тема „Олеснување на процесот на имплементација на eCMR во секторот Транспорт и логистика“, што се одржа денеска во Скопје во рамките на проектот Empowering Industry Associations for Regulatory Reform in the Transportation and Logistics ...

Цените на гасот во Азија скокнаа за 85% поради блокадата на Ормутскиот Теснец, но некои го гледаат тоа како одличен начин за заработка. Додека Азијците панично купуваат какво било достапно гориво, Кина го намали сопствениот ефективен увоз на течен природен гас на најниско ниво за осум години. Тоа за нив не е преголем проблем затоа што во земјата доаѓа стабилен руски гасовод. Во март, Кинезите поставија историски рекорд со препродажба на 10 ...

Полицијата во Илиноис потврди дека синоќа била примена закана за бомба во домот на Луис Привост, братот на папата Лав 14. По обемно пребарување, во кое биле вклучени кучиња трагачи, било утврдено дека дојавата е лажна. Во инцидентот нема повредени, а евакуираните жители се вратиле во своите домови, објавува „The Hill“. Полициската управа на Њу Ленокс соопшти дека истрагата продолжува за да се утврди изворот на дојавата. Поднесувањето лажни ...

Албанскиот премиерот Еди Рама е во официјална посета на Рим, важна средба во контекст на зајакнување на билатералните односи меѓу Албанија и Италија, каде од неговата колешка, Џорџа Мелони, беше пречекан со сите државнички почести, објави албанската државна агенција АТА. Во моментот на дочек, Рама повторно привлече внимание со својот посебен гест, клекнувајќи пред Мелони. На средбата на двајцата премиери фокус бил ставен на напредокот во ...

На маргините на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија, кое се одржува од 15 до 19 април 2026 година во Истанбул, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари билатерални средби со претставници на парламенти и меѓународни организации. На средбата со претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, и двајцата изразиле задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја нагласија заедничката подготвеност за ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка, информираа попладнево од нејзиниот кабинет. Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште ...

Посетата на американскиот претседател Џеј Ди Венс на Ерменија на почетокот на февруари изгледаше чудно. Италија, Ерменија, Азербејџан – збир на земји и нејасна агенда повеќе како политички сигнал. Сепак, изборот не беше случаен, а патувањето всушност им претходеше на воените операции против Иран, кои почнаа на 28 февруари. Во Милано, Венс се сретна со Џорџа Мелони, а Иран беше директно тема на разговор. Официјален Вашингтон се обидуваше да ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари. Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри услови за живеење и повисок квалитет ...

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката одржана во Катовице. За македонските ракометарки ова ќе биде деветти настап на континенталниот турнир, а трет во низа. Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември. Европската ракометна федерација организацијата им ја додели на Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. ...

Војната на САД со Иран создаде потенцијално неповратен товар врз глобалниот трговски систем. За прв пат по неколку децении, резервите на злато ги надминаа средствата на централните банки во доларски фондови, пишува „Блумберг“. Според изданието, сегашниот колапс на доларот потсетува на тоа како британската фунта го изгуби статусот на резервна валута, што следеше по неколку важни настани и се протегаше во текот на три децении. Падот на доларот ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) дава целосна поддршка на културните работници кои денеска излегоа на протест барајќи достоинствени услови за работа и соодветно вреднување на нивниот труд, се наведува во соопштението од партијата. Фактот што луѓето кои ја создаваат и чуваат културата се принудени да протестираат е јасен показател за негрижата и потценувањето што со години го трпат од институциите. Наместо системска поддршка, сведоци сме ...

Министерот за правда Игор Филков одржа работна средба со претставници на независните граѓански иницијативи, на која во фокусот беа реформите во изборното законодавство и можностите за нивно унапредување преку инклузивен и транспарентен процес на консултации, соопштуваат од Министерството за правда. Средбата била на иницијатива на граѓанските организации, а на состанокот им било посочено да достават конкретни предлози и сугестии за ...

Премиерлигашот Манчестер Сити објави дека Бернардо Силва ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Силва ја потврди информацијата во објава на својот Инстаграм профил. Кога пристигнав пред девет години, го следев сонот на едно момче кое сакаше да успее во животот. Овој град и клубот ми дадоа многу повеќе од тоа. Сè што успеавме да постигнеме заедно е наследство кое ќе го негувам засекогаш“, објави Силва. Силва му се приклучи на Сити во 2017 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „до крајот на април, гасоводот „Дружба“ ќе биде поправен и ќе продолжи со работа“. Ваквата изјава на Зеленски доаѓа непосредно по парламентарните избори во Унгарија, на кои загуби досегашниот премиер Виктор Орбан, за кого, токму испорачувањето гас преку „Дружба“ беше услов Унгарија да стави параф на европскиот заем од 90 милијарди долари за Украина. Така, сега кога Орбан ги загуби ...

Во февруари годинава 48.654 туристи оствариле 94.652 ноќевања, објави Државниот завод за статистика. Од вкупниот број туристи во февруари, 32.6 проценти се домашни, а 67.4 проценти странски. Најмногу странски туристи во февруари имало од Турција, 5.011, по што следуваат Грција, 3.523, Србија, 3.278, Германија, 2.181,… Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94.652, од кои 38.1 проценти се од домашните туристи, а 61.9 процент од ...

Група експерти од Националната агенција за водовод и канализација (AKUK) од Тирана реализираа работна посета во Општина Пустец, во рамки на подготовката на проектот за изградба на канализациска мрежа за сите села на општината. За време на посетата беа извршени теренски проверки и беа разгледани техничките детали на проектот, кој се смета за една од најважните инвестиции за ова подрачје. Целта на овој проект е создавање на модерен ...

Турција стана втора земја во светот со најголем број свои воени бази во сгранств, по Соединетите Американски Држави. Турција има 133 странски бази во споредба со 887 на американската армија, надминувајќи ги традиционалните сили како што се Обединетото Кралство (117), Русија (29) и Индија (20). Ваквиот развој најногу се должи на се поголемото турско воено присуство во Африка, каде што Анкара изгради густа мрежа од стратешки инсталации во ...

„Македонските бајки во светогледот на Димитар Кондовски“, е насловена изложбата на 82 дела што беше отворена денеска во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, во соработка со „Музеум Линк“. Станува збор за изложба која нè враќа во магичниот свет на македонската усна традиција, оживеан преку маестралните илустрации на уметникот. Изложбата претставува редок увид во илустрации инспирирани од македонските бајки, создадени во ...

Америка отсекогаш била земја на измамници – инсајдери, бескрупулозни бизнисмени и политичари. Што е ново денес? Дрскоста. Како со булдожери да се срушени старите норми, пишува американскиот магазин „Њузвик“. Во 6:49 часот наутро на 23 март, непознати лица инвестираа 500 милиони долари во фјучерси за нафта и акции, обложувајќи се дека цените на нафтата ќе паднат, а пазарот ќе се зголеми. Не постоеше никаква информација за какви било претстојни ...

Поранешна вработена во американската воена база Форт Браг, Американката Кортни Вилијамс, се соочува со затворска казна до 40 години и парична казна од најмалку 15.000 долари за пренесување класифицирани информации за единицата „Делта“ на новинар. Според обвинението, помеѓу 2022 и 2025 година, таа на социјалните мрежи ширела и му пренесувала на новинарот Сет Харп од „Политико“ тајни информации, тактиките на единицата, вистинските идентитети на ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски, на социјалните мрежи информира дека почнал процесот на одгасување на Вардариште, што е чекор поблиску до најголемиот мега-парк. -Дадениот збор пред граѓаните е обврска што мора да се исполни. Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денеска почна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови што со години се ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, што треба да почне во четврток во 23 часот по средноевропско време. Како што вели Трамп, целта на договорот е да се постигне траен мир меѓу двете земји. Тукушто имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата ...

Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на граѓаните, преку реализација на конкретни проекти во повеќе делови од градот. Како што информира за МИА градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, во населбата Цинкара, на улицата Церска, во тек е изградба на канализациска мрежа, со што ќе се овозможи приклучување на околу десет домаќинства. Со оваа ...

Поранешниот голман на австриската репрезентација, Александер Манингер (48), загина во сообраќајна несреќа, објави Фудбалската федерација на Австрија (ОФБ). Според австриските медиуми, несреќета се случила во близина на Салцбург кога воз на необележан премин удрил во возилото во кое се наоѓал Манингер. За време на својата кариера, Манингер одигра 33 натпревари за австриската репрезентација, а на клупски план беше дел од Салцбург, ГАК, Арсенал, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1005
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1002
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
71%
1006
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.45
73%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
96%
1000
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
66%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
77%
1006
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
68%
1006
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
48%
1001
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Паладиум

47550.95

Злато

151413.64

Сребро

2812.48

Алуминиум

3.64

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Цинк

0.00

Бакар

13.22

Платина

68577.54

Кобалт

45.39

Калај

55.99

Иридиум

253540.09