
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Турските медиуми објавија информација според која Украина се подготвува за скора посета на турскиот претседател, Реџеп Таип ердоган, чија главна тема ќе биде ратификацијата на договорот за слободна трговија меѓу двете земји. Украинскиот амбасадор во Турција, Нариман Џељалов, им изјавил на новинарите дека украинската страна активно работи на организирање на посетата, но оваа посета „бара значителни напори, бидејќи има многу проблеми што го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно нема да се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа, иако би сакал. Трамп претходно се пофали со својата победа на изборите во 2024 година, тврдејќи дека бројките во Тексас поставиле рекорд што нема да биде урнат освен ако тој повторно не се кандидира. Кога во интервју за Си-Ен-Би-Си беше прашан дали би се кандидирал за уште еден мандат, Трамп одговори: Не. Веројатно не. Би сакал. ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево. За уште еден мандат довербата од граѓаните на Општина Липково ќе ја бара и Еркан Арифи. Кандидат за ...
Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ пишува дека Русија почнала масовно да користи нови беспилотни летала „Геран“ со млазен мотор, кои ја парализираат украинската воздушна одбрана и предизвикуваат паника во редовите на украинските вооружени сили. Според авторите на анализата, улогата на овие беспилотни летала би можела да стане исто толку значајна за конфликтот како и легендарниот тенк Т-34 во Втората светска војна. Новите млазни беспилотни ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека планираните царини за фармацевтски производи увезени во земјата би можеле да достигнат 250 проценти, пренесе Си-Ен-Би-Си. Ова е највисоката стапка со која Трамп се заканил досега. Ќе почнеме со мала ставка, но за една година, година и пол, ќе се искачиме на 150 проценти, а потоа на 250“, најави Трамп во телевизиско интервју. Тој прецизираше дека крајната цел е да се врати производството на лекови во ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија рано утре заминува за Унгарија и Романија, каде што ќе ги игра следните два натпревара од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп 2027 година во Катар. По стартниот пораз од Романија во Куманово за селекторот Марјан Илиевски и за играчите победите ќе бидат императив. Селекторот Илиевски не направи никакви проемени и за Унгарија (Шолнок 9.август) и за Романија (Орадеа 13.август) ќе патуваат 15-те ...
Што се случува во моментот на мозочниот удар што го натерало да не ја заврши турата и какви се симптомите? Докторите укажуваат на овие симптоми по мозочниот удар на српскиот министер Дарко Глишиќ. Главен предизвикувач на мозочен удар е хипертензијата Се верува дека главната причина е хипертензијата, еден од факторите што придонесува за појава на болеста на помлада возраст, но исто така и пушењето, дебелината, намалената физичка активност, ...
Во италијанските затвори казни издржуваат 1.922 албанските државјани, меѓу кои 23 жени. Тие сочинуваат 9,7 отсто од вкупниот број затвореници-странци, стои во последниот извештај на италијанското Министерство за правда, на кое се повикуваат албанските медиуми. Вкупниот број затвореници-странци изнесува 19.732, а Албанците се трети по бројност по Мароканците и Тунижаните. Најголем број албански затвореници кои издржуваат казни има во регионите ...
На 05.08.2025 година, Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднел кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“ по чл.251-б од Кривичниот законик. А.Х. во периодот од 04.04.2025 до 13.06.2025 како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб страница за продавање на билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да ...
Нова трагедија го погоди португалскиот фудбал. Хорхе Коста, менаџерот на Порто и поранешен славен фудбалер, почина на 53-годишна возраст откако доживеал срцев удар додека бил во тренинг-центарот на „Змејовите“ во Оливал, објавуваат португалски медиуми. Откако се онесвестил, тој бил итно префрлен во болницата Сао Жоао во сериозна состојба, но ништо не можело да се направи за да му се спаси животот. Jorge Costa deixou-nos. Um de nós, um líder, ...
Во првите два месеца од годинава од Македонија се извезени стоки во вкупна вредност од 75.650,4 милиони денари или 1,229 милијарди евра што е за 1,6 отсто повеќе отколку во истиот период во 2024 година. Во јануари и февруари годинава во земјава, пак, вкупно се увезени стоки во вредност од 112.862,3 милиони денари или 1,834 милијарди евра, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Со тоа трговскиот дефицит во ...
Апликациите за престижните стипендии Чивнинг за едногодишни постдипломски студии во Обединетото Кралство се отворени од денеска до 7 октомври 2025 година. Заинтересираните кандидати апликациите можат да ги поднесат преку онлајн формуларот за аплицирање на www.chevening.org/apply. Како што информираат од Британската амбасада, програмата нуди целосно финансирани магистерски студии на универзитети во Обединетото Кралство за поединци кои се ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во куќа во која е пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж, информираат од Јавното обвинителство. Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело. Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам, појаснуваат од Обвинителството. Со ...
Почна дводневната обука на кандидатите кои се пријавија на владиниот јавен повик за превенција на пожари. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, веќе во текот на наредната недела дел од нив ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарите со помал ризик ширум земјава. Ангелов соопшти дека обуката ја почнале вкупно 364 кандидати во 13 градови во државата, со што се очекува пополнување на места во 28 ...
Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз во натпревар од Европското првенство во Црна Гора. Поуспешни беа ракометарките од Шведска, кои постигнаа висока победа со 42:23. По денешниот пораз Македонија ќе разигрува за пласман од 17-24.место. Нерешен резултат имаше само на почетокот на натпреварот 1:1 и 2:2, а потоа шведските ракометарки беа во постојано водство, кое во финишот на првиот дел беше и девет ...
Шведска, Норвешка и Данска ќе се вклучат заедно со околу пет милијарди норвешки круни, односно 486,16 милиони американски долари, во новата иницијатива на НАТО за снабдување на Украина со американско оружје, jaвија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од норвешката Влада. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД ќе обезбедат оружје за Украина, кое ќе го платат европските сојузници, но не даде детали за тоа како ...
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот. Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во ...
Во трката за нов градоначалник на Дебар на претстојните локални избори силите ќе ги одмерат тројца кандидати, двајца предложени од партии и еден независен кандидат. Станува збор за Фисник Меља, од коалицијата „ВРЕДИ“ (член на Алтернатива), актуелен заменик-директор на УЈП, Илиријан Фетаху од Европскиот фронт (член на на крилото на АА на Зијадин Сеља), професор во дебарската гимназија „28 ноември“ и Рамадан Имери, независен кандидат, директор на ...
Љутков и ВМРО-ДПМНЕ ја оставаат спомен-куќата на Петре М. Андреевски да скапува – тоа е нивниот патриотизам! Срамно е, болно и понижувачки за целата држава кога синот на Петре М. Андреевски, еден од најголемите великани на македонската книжевност, мора да бара поддршка за да се спаси спомен-куќата на неговиот татко од влага, заборав и молк, се наведува во партиско соопштение на СДСМ. Оттаму велат дела тоа е резултатот кога министерот Љутков ја ...
Според податоците од полицијата во Хелсинки, немало жртви во сообраќајни несреќи од јули 2024 година. Градските власти го објаснуваат таквиот успех со воведување драстични ограничувања на брзината и поголема безбедност за пешаците на улиците. Во изминатата година, во Хелсинки се случиле 277 сообраќајни несреќи во кои имало повредени, но ова е далеку помалку од приближно 1.000 несреќи и просек од 30 смртни случаи регистрирани кон крајот на ...
Без вода во моментов се корисниците на дел од улиците „Брсјачка Буна“, „Злетовска“, „Демирхисарска“, „Слан Дол“, „Овчеполска“ и „Јован Хаџи Шишко“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што појаснуваат, причината е скината цевка на крстосницата од улиците „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“. Од претпријатието нагласуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. ...
До неодамна, многу слушаме за важноста од внесување доволно протеини, но многу луѓе сè уште се прашуваат дали ги задоволуваат своите дневни потреби. Протеините се неопходни за обновување на клетките, одржување на мускулите, хормонска функција и имунитет. Недоволното внесување може да доведе до различни симптоми кои често се занемаруваат или се припишуваат на други причини. Препорачаниот дневен внес е 0,8 грама на килограм телесна тежина, но ...
Пиењето три шолји мелено кафе дневно, наместо инстант кафе, го намалува ризикот од смрт, покажа нова студија. Речиси половина милион Британци беа вклучени во студијата на UK Biobank. Тие беа поделени според нивниот внес на кафе: оние кои не пиеле, оние кои пиеле до три шолји дневно и оние кои пиеле повеќе од три шолји дневно. Студијата покажа дека оние кои пиеле кафе умерено, до три шолји дневно, имале 12 проценти помала веројатност да умрат во ...
Ако се прашувате кога треба да почнете да јадете во текот на денот ако сакате да ослабете, лекарите, како и истражувањата, препорачуваат тоа да биде во рок од еден или два часа по будењето. На интернет има многу збунувачки совети кога станува збор за слабеење, некои велат дека треба да го прескокнете појадокот во корист на повремен пост, други велат да јадете три големи оброци, а некои препорачуваат пет помали оброци дневно. Сепак, американската ...
Љупчо Коцевски е делегитимиран и нема интегритет да биде повеќе на позицијата обвинител бидејќи наместо да ја брани правдата и да го гони криминалот тој ги штити политичките интереси на СДС и ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Коцевски избра да биде заштитник на СДС и ДУИ и по секоја цена да ги штити партиските функционери на СДС и ДУИ да не одговараат за бројните криминали за коишто постои сомнение дека ги направиле изминатите 7 ...
Јужниот дел од полуостровот Камчатка се помести за речиси два метра кон југоисток по земјотресот на 30 јули, објави регионалниот огранок на Федералниот истражувачки центар на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките. Направивме прелиминарна пресметка врз основа на резултатите од геодинамичките набљудувања. Се покажа дека сите се снајдовме доста добро кон југоисток. Максималните косеизмички поместувања по земјотресот на 30 ...
НАТО почна со координирање на редовните големи испораки на оружје за Украина во рамки на својот нов финансиски план „Список со приоритетните барања на Украина“, откако Холандија синоќа ја објави првата пратка во вредност од 500 милиони евра (578 милиони долари), пренесе Асошиетед Прес. Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека неговата земја ќе достави опрема за системи за противвоздушна одбрана, муниција и друга воена помош, ...
Двајца млади битолчани биле фатени при купопродажба на дрога, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во градот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Битола ги лишиле од слобода М.Д. и В.М., на возраст од 24 и 29 години, двајцата битолчани. Околу 19 часот, тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, што била пронајдена и одземена, ...
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, денес споделуваме со граѓаните една од најдобрите вести од овој мандат, не само буџетска статистика или градежен проект, туку човечка победа, цивилизациски чекор и длабок морален чин кон регион кој со години беше заборавен: Кичево ќе има нова, целосно модерна болница, достојна за 21 век и за граѓаните кои живеат со гордост, достоинство и доверба во оваа земја, изјави Беким Сали од ВЛЕН. Благодарение на ...
Богатството на Марк Цукенберг се зголеми за речиси 27 милијарди долари за само еден ден, со што тој стана третиот најбогат човек на светот. Овој вртоглав скок го искачи основачот на „Мета“ на високото трето место на Блумберговиот индекс на милијардери, веднаш зад Илон Маск и Лари Елисон. Неговата вкупна нето вредност сега се проценува на 263 милијарди долари. Резултатите што ги „запалија“ берзите Причината за овој раст се извонредните деловни ...