Илинден нека продолжи да нè обединува преку спортот, заедништвото и позитивниот натпреварувачки дух, порача министерот за спорт Борко Ристовски кој денеска присуствуваше на Спортскиот фестивал „Илинден“ во Струга, каде што ги додели медалите на учесниците кои со својата посветеност, спортски дух и фер-плеј го одбележаа овогодишното јубилејно издание на фестивалот. Ристовски истакна дека Спортскиот фестивал „Илинден“ претставува прекрасен ...

Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер синоќа почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран во 21:54 часот, а според информациите од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер синоќа почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран ...

Потребен е политички консензус за националните прашања, но опозицијата мора да се соочи со реалноста дека токму нејзините грешки и попустливост од минатото нè доведоа во оваа незавидна позиција, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА. Тој потсети дека во јули 2021 година во Собранието со речиси целосна поддршка беше изгласана Резолуција за заштита на идентитетските и историските прашања, но тогашната власт ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот ...

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев. „Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Руското Министерство за ...

На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари. Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа. Гувернерот ...

Големиот пожар што избувна во петокот во централна Грција и веќе е проширен во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во кој загинаа две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, сè уште не е ставен под контрола и четврти ден, нешто помалку од 500 пожарникари се борат со огнената стихија, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење од ...

Македонската културна и книжевна јавност добива ново значајно дело со објавувањето на 25-та драма на проф. д-р Зоран Пејковски – писател, драмски автор, универзитетски професор, културен деец и дипломат, кој со своето најново остварување внесува нова вредност во современата македонска драматургија. Станува збор за првата литургиска драма во стих во единаесет сцени, посветена на Свети Климент Охридски – дело што претставува исклучителен спој ...

На 4 август (вторник), со почеток од 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков свечено ќе го отвори меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ и ќе ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на ...

Со впечатлива музичка вечер посветена на камерната музика, фестивалот „Охридско лето“ ја продолжи својата богата концертна програма. Под наслов „Внатрешен глас на виолончелото и виолината“, пред фестивалската публика настапија НУ Камерниот оркестар на Битола, австрискиот виолончелист Емил Ровнер и македонскиот виолинист Симон Поповски. Концертот се одржа под диригентската палка на композиторот, диригент и педагог Евгениј Шчербаков од Канада. ...

Многу луѓе се будат среде ноќ, најчесто меѓу 2 и 4 часот наутро, а според стручњаците, причини за тоа може да бидат стресот, лошите навики за спиење, хормоните или здравствените проблеми. Податоците од британските истражувања покажуваат дека 88 отсто од испитаниците се будат барем еднаш во текот на ноќта, додека 69 отсто од нив најчесто се будат меѓу 2 и 4 часот. Дополнителен проблем е што 61 отсто од луѓето имаат тешкотии повторно да ...

– Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Керим Алајбеговиќ (18 години) пристигна во Торино и се упати на лекарски прегледи за официјализирање на трансфер во Јувентус. Доаѓањето на младиот фудбалер привлече големо внимание особено по неговите добри настапи во дресот на БиХ во бараж дуелите (пред сè со Италија) како и на Светското првенство, каде постигна и еден гол. Заедно со него допатува и поранешниот играч на БиХ и Јувентус Миралем ...

Уште од дамнина постоело верување дека името што го добива детето може да влијае на неговиот карактер, животниот пат и судбината. Иако за ова нема научни докази, на Балканот изборот на имиња отсекогаш имал посебно значење. Родителите често избирале имиња што симболизираат здравје, среќа, љубов, сила или благосостојба, верувајќи дека ќе му донесат на своето дете прекрасен и исполнет живот. Некои женски имиња со векови се сметаат за симболи на ...

Повеќе воени и цивилни разузнавачки неименувании извори тврдат дека владата на Шпанија со денови била предупредувана на ризик од масовно доаѓање на мигранти во северноафриканската енклава Сеута, објави „Евроњуз“. Разузнавачките служби алармирале дека кралот на Мароко, Мухамед VI, по повод Денот на тронот би можел да биде „великодушен“. Веднаш потоа пристигнале извештаи дека луѓе со автобуси се превезуваат до границата, а мигранти пливаат од ...

„Востанието е моќно средство на Организацијата, но само додека тоа е идеал кон којшто се стремиме. Бев убеден дека, ако тоа сега стане „реалност“, веднаш по востанието ќе се појави разочарување. И навистина така излезе. Оваа програма сакавме јас и Делчев да ја разгласиме внатре (во Македонија) и не верувавме дека „гарвановци“ ќе успеат. Но Гарванов, кога дојде овде, со Матов, Татарчев и нивните приврзаници тајно се советувале без нас и ...

Србија се се соочува со сериозни проблеми поради екстремната топлина и ниското ниво на водата во Дунав, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ниш ТВ, предупредувајќи дека понатамошното намалување на нивото на реката може да предизвика големи тешкотии. Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е. Во земјите што имаат нуклеарни централи што зависат од нивото на водата, проблемот е уште поголем. Во секој случај, има безброј ...

Вчера во 08:05 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на автопатот А1, во близина на Граничниот премин Богородица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.З.(57) од Скопје, патничко возило „пасат“ со српски регистарски ознаки, управувано од С.М.(44) од Србија и патничко возило „шкода октавија“, управувано од А.Д.К.(43) од Романија. Во несреќата со тешки телесни ...

Во вториот квартал годинава најголемата постигната цена на стан продаден од инвеститор по метар квадратен изнесува 206.640 денари (3.360 евра) односно за 50 метри квадратни стран во Центар платени се 168.000 евра, покажува денеска објавениот Извештај од Регистарот на цени и закупнини за периодот април – јуни годинава. Од продажбите на стари станови, најголемата постигната цена по метар квадратен е во Охрид и изнесува 197.408 денари (3.200 ...

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа А.К.(35) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден, околу 16:00 часот упатувал закани кон вработени во Итната медицинска помош Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. Во македонското законодавство, со законските измени на Кривичниот законик, нападот, физичкото насилство, сериозните ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, порача дека секоја генерација има свој Илинден, со своја мисија и задача, а сегашната има задача да ја зачува државата силна, да ја направи просперитетна, да ја направи праведна и повторно да ја направи земја во која луѓето ќе веруваат дека вреди да се ...

Три лица се поредени во несреќата што синоќа се случила на патарината кај Глумово, а во која учествуваа двајца моторџии и автомобил. Во 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на наплатна рампа Глумово, во правец кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(35) од с.Порој, тетовско, мотоцикл „дукати“ со скопски ...

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа. Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го ...

Седумдесет и тригодишен охриѓанец е приведен откако со пиштол му се заканлувал на сосед за паркинг место. Во неговиот дом пронајдени се пиштол „застава“, пушка „застава“, куршуми и резервни делови. На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано ...

Вчера во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти денеска МВР. Вчера во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош ...

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во бизина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а ...

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на ...

Двајца малолетници на возраст од 13 и 14 години се повредиле откако нивниот четирикл се превртел во близина на основното училиште во село Дебреше, гостиварско. На 01.08.2026 во 22:06 часот, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека кај нив биле донесени две повредени лица од сообраќајна несреќа. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. ...

Свети Илија во народната традиција се смета за „господар на громовите и дождовите“. Тој е светецот кој управува со небесните води и одлучува кога ќе врне, а кога ќе биде суша. Според македонските народни верувања и обичаи поврзани со празникот Илинден, дождот на овој ден има посебно значење. Се верува дека ако врне дожд на Илинден, тоа е знак дека светецот ја благословува земјата и посевите. Илинден се смета и за пресвртница во годишните ...

Одбојкарската репрезентација на Полска ја одбрани титулата во Светската Лига на Нации откако во финалето денеска ја совлада селекцијата на САД со 3-2 во сетови (25:21; 23:25; 25:27; 25:23 и 15:10). Ова за Полска е третата титула во ова натпреварување, а Американците по четврти пат во финалето се совладани. Полските одбојкари се најуспешните со три титули, додека Русија и Франција имаат по 2, а Бразил една титула. Во финалето Полска поведе со ...

Идејата на претседателот на ФИФА Џани Инфантино не доби поддршка, па така нема да има ништо од планот за продажба на делот од Светското првенство на приватни инвеститори. Оваа негова идеја наиде на сериозен отпор од неколку конфедерации пред сè од УЕФА. Но, како минуваат деновите и Инфантино се откажа од идејата. Новинарските истражувања дојдоа до неверојатна информација дека ако се реализирал овој негов план, платата на Инфантино би ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Калај

46.54

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32