Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кривична пријава против четири правни и пет физички лица од Пробиштип, го оштетиле буџетот на Агенцијата за вработување за сума од над 3,5 милиони денари Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и управители Г.Д.(60) од Штип, Т.А.(63) од Пробиштип, Н.И.(50) од Пробиштип, О.„Ч.”(58) од Пробиштип, како и И.П. од Пробиштип, вработен во ...
Во два од четирите испитани примероци од водата во Гостивар пронајдени фекални колиформни бактерии, во еден примерок и зголемено присуство на хлор, неофицијално дознава Press24. Доколку овие наоди бидат потврдени, тие отвораат сериозни прашања за начинот на кој се управувало со водоводниот систем во Гостивар под надлежност на општината. Според информациите со кои располагаме, една од насоките што ја испитуваат надлежните институции е можноста ...
Мицкоски вели дека локалната власт во Гостивар треба да поднесе морална одговорност за труењето, велат од СДСМ. „Ова е уште еден обид за бегство од одговорност. Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето во Гостивар од толку голем обем. Информацијата за труењето и ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) излезе со најновиот пресек за состојбата со пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот. Според официјалните податоци, во овој бран се регистрирани вкупно 3 пожари, од кои 2 се сè уште активни, а 1 е ставен под целосна контрола. Првиот активен пожар е лоциран на територијата на Општина Новаци, каде гори ниска вегетација. Овој пожар е пријавен покрај локалниот пат кој води од ...
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Според информациите од полицијата, на 03.07.2026 пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка, со закани и потреба на електрошок во два наврати изнудил вкупно 110.000 денари. Надворешна канцеларија за криминалистички работи ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање даде осврт за економијата до сега и што се најавува за наредниот период: „Па ние продолжуваме да ги реализираме приоритетите коишто ги имаме зацртано како Влада. Наша стратешка цел е да успееме да го консолидираме системот онака како што мислиме дека треба да функционира, посебно зборам македонската економија. Во делот на ...
Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со ...
Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава. Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција. ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на општина Велес, истакна дека покрај надворешните предизвици, македонската економија успешно се консолидира. Премиерот предупреди дека воените дејства во Персискиот Залив предизвикуваат повторен раст на цените на нафтата на светските берзи, поради што Владата веднаш презема заштитни мерки. „Денеска, на владина седница, на вонредна ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави: „Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. УХМР најави дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Велес најави реализација на неколку значајни капитални проекти за градот во претстојниот период. Како приоритет беше посочено обезбедувањето средства за довршување на клучниот цевковод во рамките на водоснабдителниот систем. Премиерот детално ја објасни процедурата за финансирање на овој инфраструктурен зафат кој со години беше во застој. „Добар ден и од мене. Би сакал да ...
Поради реализација на планирани технички интервенции во системот, утре (вторник, 21 јули) неколку реони во Скопје ќе останат без снабдување, соопштуваат надлежните служби. Најголем дел од прекините ќе бидат концентрирани во централното градско подрачје, како и во периферните делови. Во општина Центар, во период од 09:00 до 12:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од следниве локации: Дел од улицата „Истарска“ Дел од улицата „83“ Дел ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ преку прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски упати остри критики до опозициските партии за блокада на реформските процеси во земјата. Манасиевски истакна дека неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврди политиката на опозицијата водена од принципот „колку полошо за Македонија, толку подобро за нив“. Според него, во моментите кога државата има реална можност да исполни клучна ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска преку прес-конференција упати сериозни критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој нема легитимитет да коментира теми поврзани со здравствениот систем. Петрушевски истакна дека синоним за дејствувањето на Филипче во минатото е целосен хаос во здравствениот сектор. Според пратеникот, јавноста сè уште се сеќава на трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде ...
Најмалку 930 луѓе починаа во епидемијата на ебола во Конго, а до саботата се потврдени вкупно 2.344 случаи на инфекција. Министерството за здравство на земјата објави дека само во последните 24 часа се регистрирани 37 нови смртни случаи. Ова претставува една од највисоките дневни бројки од почетокот на епидемијата, пренесува новинската агенција АП. Епидемијата, која беше прогласена на 15 мај во источен Конго, официјално се смета за најбрзо ...
УХМР ги измери температурите во 11 часот низ Македонија. Ова претпладне најтопло е во Гевгелија со 34 степени, по што следат Демир Капија со 33, Кавадарци, Велес и Струмица со 32 степени. Со 20 степени, најниска температура е измерена на Попова Шапка. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекува локална ...
Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 ...
Опозициската партија СДСМ преку прес-конференција на Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор, побара итна политичка и институционална одговорност од министерот за здравство, Сашо Клековски, поради состојбата во Гостивар. Од партијата соопштуваат дека здравствената криза во Гостивар е алармантна и дека над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми на загадена вода за пиење. Според СДСМ, надлежните институции задоцниле со ...
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици се случи изминатиот викенд на автопатот во близина на Загреб, во која загина 18-годишна девојка. Станува збор за млада припадничка на Доброволната противпожарна служба од местото Крашиќ. Несреќата се случила на патот меѓу местата Јастребарско и Доњи Зденчин по серија грешки во возењето. Управувајќи со патнички автомобил „БМВ“, девојката не одржувала безбедно растојание од возилото кое се наоѓало ...
Бројот на загинатите во двата силни земјотреси со интензитет од 7,2 и 7,5 степени што пред речиси еден месец ја потресоа северна Венецуела достигна 5.208 лица. Новиот црн биланс следи откако тамошните власти во официјалната статистика додадоа уште 89 новооткриени жртви. Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес, соопшти дека бројот на повредени граѓани останува 16.740, додека без покрив над главата останале 17.907 лица. Според ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањето и фалсификување исправа. Од УФП информираат дека пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 ...
ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство. Затоа, доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го минира процесот. Власт која сака ...
УХМР објави метео аларм за овој понеделник, поради високи температури и грмежи. Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а на поедини места се можни услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 ...
На 19.07.2026 во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и неговата сопруга Џ.К. се исчезнати, односно не можел да стапи во контакт со нив откако на 18.07.2026 во 22:15 часот заминале со возило од Меѓународниот аеродром Скопје. – Веднаш по пријавата за исчезнати, екипи од СВР Скопје од ЕВР Чаир, Центар, и Единицата за интервентна полиција извршија пребарување ...
Меѓународниот аеродром и пристаништето во јужниот јордански град Акаба се итно евакуирани поради проценка за сериозна опасност. Како причина за оваа вонредна мерка се наведува „конкретна и веродостојна закана“, за која официјално соопшти Американската амбасада во Аман. Дипломатското претставништво веднаш упати итно предупредување до своите државјани кои се наоѓаат во овој регион. „Им советуваме на сите Американци да се воздржат од патување до ...
Откриен е идентитетот на лицата кои беа пронајдени мртви во возило марка Мерцедес на Граничниот премин Блаце. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, кои претходно беа пријавени за исчезнати од нивните семејства. -„На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено возило ‘мерцедес’ со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на ...
Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, едно работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот ...
Ферибот во кој се превезувале вкупно 116 патници и членови на екипажот потона во текот на изминатата ноќ во близина на брегот на Гвајана. Досегашните спасувачки екипи успеале да пронајдат и да извлечат од водата само осум преживеани лица, потврдија тамошните власти. Министерот за јавни работи на оваа земја, Хуан Едгил, излезе со официјални детали за текот на патувањето и моментот кога бродот почнал да тоне. „Околу 15:15 часот по локално време ...
Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции кои треба да ја утврдат причината за појавата на зголемен број лица со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби започна дистрибуција на вода за пиење, а во акцијата се вклучија и поединци и компании. Според директорот на СОЗР, Ивица Томовски, на дневно ниво во Гостивар ќе се доставуваат 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера прогласија епидемија ...