Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.С.(36) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Пријавениот, неовластено набавил марихуана, ја препакувал и ја продал на едно лице од Охрид, која му била пронајдена при преглед во неговото патничко возило. СВР Охрид поднесе кривична пријава против ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија. Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана ...
Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани во оваа институција овој период, информира „ТетоваСот“. Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. Од надлежните институции се очекува да потврдат дали се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски. – Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. ...
Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО, каде што таа ѝ беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на Ленче Ристоска. – Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите што ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики по повод апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор, нарекувајќи го целиот настан „срам“ и „многу тажен“ за британското кралско семејство. Во изјава за новинарите за време на неговото патување кон државата Џорџија, Трамп изрази жалење за ситуацијата во која се наоѓа братот на британскиот монарх. Претседателот на САД искористи прилика да го пофали кралот Чарлс Трети, опишувајќи го како ...
Силно невреме проследено со поројни дождови, грмотевици и олуен јужен ветер повторно го зафати далматинскиот брег. Под влијание на циклонот над Јадранското Море, регистрирана е силна циклонска плима која предизвика морето забрзано да се крева и да навлегува во крајбрежните населени места. Најкритична е состојбата во Каштела, Сплит и Трогир, каде нивото на морето е за околу 60 сантиметри над просекот. Најголемиот бран на невремето се случи во ...
Ендру Маунтбатен-Виндзор е ослободен од притвор по речиси 12-часовно испитување во полициската станица во Норфолк. Поранешниот принц беше приведен под сомнение за недолично однесување на јавна функција и злоупотреба на службената должност, поврзани со неговите релации со покојниот финансиер Џефри Епстин. Иако е пуштен на слобода, полицијата потврди дека истрагата против него продолжува со полн интензитет. Обвинувањата се однесуваат на ...
Откако претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, вчера при готвување во Канал 5 изјави дека Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител, со реакција се јави и обвинителката. -“Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да ...
Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и Обвинителството. Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминирашЛенче Ристовска, независната кандидатка за државен јавен обвинител, се посочува во соопштението од СДСМ. -Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавните ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода четворица, од кои двајца за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија, а едно лице затоа што управувало нерегистрирано возило без дозвола. По еден возач во Кичево и Свети Николе управувале возило без воачка дозвола, едно лице во Скопје управувало нерегистрирано возило без возачка дозвола, а еден возач во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави радикален потег кој со децении го бранува јавното мислење – објавување на сите тајни досиеја поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Преку својата платформа „Трут Сошал“, тој објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи за кои постои огромен интерес кај американските граѓани. 🚨President Trump says he may ...
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица. Ова денеска го објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. -Со завршувањето на зафатот е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално движење за возилата и пешаците. Инвестицијата од 29.320.330 ...
Ерик Дејн, актерот најпознат како доктор Слоун во хит-серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy) почина на 53-годишна возраст, откако пред една година објави дека боледува од амиотрофична латерална склероза. – „Со тешко срце споделуваме дека Ерик Дејн почина во вторник попладне, по храбра битка со амиотрофична латерална склероза. Ги помина последните денови опкружен со драгите пријатели, неговата посветена сопруга и неговите две прекрасни ...
Британската монархија се соочува со досега невидена криза. Поранешниот принц Ендру, кој веќе подолго време е во центарот на скандалите поврзани со Џефри Епстин, стана првиот висок член на кралското семејство во модерната историја кој е уапсен. Паралелно со правните проблеми, медиумите пренесуваат дека тој е и првиот член кој бил целосно изоставен од тестаментот на неговата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора. Кралското семејство се ...
Речиси половина милион овци и кози, односно точно 479.821 грла добиток, се умртвени во Грција во периодот од август 2024 до 15 февруари годинава поради ширење на сипаницата. Според официјалните податоци од грчкото Министерство за земјоделство и Националната научна комисија, во овој период биле потврдени вкупно 2.015 случаи во 2.610 сточарски фарми. Само во последната недела од извештајот се регистрирани 11 нови случаи во седум различни ...
Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во 19:00 часот ќе се обрати на свеченото отворање на меѓународната конференција „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“. Настанот го организира Паневропска унија на Македонија во партнерство со Паневропска унија на Австрија, Фондација Ото фон Хабсбург и Институт на регионите на Европа од Салцбург. Покрај ...
Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници? Што се крие од јавноста?, се наведува во соопштението од СДСМ испратено до јавноста. -Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се чини дека повторно се откажал од портокаловата шминка, што го докажува неговата нова фотографија без засилувачи на тен, која привлече големо внимание на социјалните мрежи. Фотографијата ја објави Лиз Трас, поранешната премиерка на Обединетото Кралство, објави Баз Фид. На 15 февруари, Лиз Трас сподели фотографија со Трамп со натпис: „Во право сум за сè“. Следниот ден, таа објави епизода од подкаст за ...
Пред неколку дена, застрашувачка лавина се урна од еден од врвовите на Алпите, директно на шините, додека возот минуваше покрај нив. Се појави и видео од овој инцидент, оставајќи ги патниците во неверица. Да потсетиме дека 5 лица, вклучувајќи го и машиновозачот, беа повредени кога лавина удри воз во Швајцарија. Во возот имаше околу 80 патници. Во спасувачката операција беа вклучени и хеликоптери. Нема официјални информации за степенот на ...
Од 9:00 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, информираат од ЈП Македонијапат. Претходно, поради интензивни снежни врнежи, од 6:50 часот беше воведена забрана за движење на камиони на делниците Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку Стража. Надлежните апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја приспособат брзината според состојбата на ...
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани. Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му постави нов десетдневен ултиматум на Иран да постигне мировен договор или во спротивно ќе започне разорно бомбардирање! Трамп ги предупреди светските лидери дека САД би можеле да го нападнат Иран ако не се постигне договор во следните 10 дена. Ова се случи денес за време на првиот состанок на Советот за мир во Вашингтон, каде што претседателот се пожали на високите трошоци за војна, објави Дејли Меил. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека е горд на имплементацијата на новиот систем „Сејф Сити“, посочувајќи дека бројот на сообраќајни прекршоци е драстично намален. Според него, на почетокот од тест-периодот биле евидентирани околу 120.000 прекршоци, додека сега таа бројка се движи меѓу 500 и 800 дневно, што, како што нагласи, претставува значително намалување. ...
Премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 вели дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител. Мицкоски посочи дека конечниот став ќе биде соопштен откако Владата ќе ги разгледа официјалните документи. – „Не можам да изнесувам лични ставови без увид во записникот“, рече тој. Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против И.П.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26/27.12.2025 на своето работно место како благајник во приватна фирма од Скопје, пријавената одзела дел од парите од касата, кои и биле доверени, при што се стекнала со противправна имотна корист од 212.000 денари. СВР Штип поднесе кривична пријава против И.П.(35) од Велес поради постоење основи на ...
На 18.02.2026 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.З.(38) од Косово. При гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 18.02.2026 во 16:20 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од ...
На 17 февруари 2026 година, во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за физички напад. Според пријавеното, во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Кисела Вода, малолетникот заедно со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б. (18) и Б.Ј. (18), двајцата од Скопје. Надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот. На ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Р. (25) од струшката населба Тефериќ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ“. Според пријавата, тој во Отсекот за управни работи лажно пријавил дека ја изгубил возачката дозвола, иако во тој период имал активна забрана за управување со моторно возило. Притоа, поднел и барање за издавање нова возачка дозвола. ОВР Струга поднесе кривична пријава против ...
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, додека на повисоките места се очекуваат врнежи од дожд и снег, а на планините претежно снег. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат поинтензивни во западните делови на земјата. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој повремено ќе засилува. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, проследени со ...