Европската комисија ја демантира реториката на СДС за реформите. Европската комисија уште еднаш потврди дека Македонија е една од земјите што предничат во спроведувањето на реформите од Реформската агенда. Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати, стои во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите. Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, упати честитка до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј – 250 години од Денот на независноста. Во честитката испратена во негово лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Минчев нагласува дека овој ден претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок ...

Опозициската СДСМ преку соопштение упати сериозни критики до актуелната власт, тврдејќи дека државата се наоѓа во сериозна економска и политичка криза која води кон предвремени избори. Од партијата обвинуваат дека Владата на Христијан Мицкоски, составена од како што ја нарекуваат „тендер коалицијата“ на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ја довела Македонија во економски ќор-сокак, каде економијата е во слободен пад, инфлацијата ги изела платите, а јавниот ...

Од 10 до 27 јуни анкетарите на агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спроведоа истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата на гласачите. Интересен е и податокот дека лидерите на новата политичка партија Влен се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ. На прашањето за која политичка партија ќе гласате на ...

Голема меѓународна полициска операција идентификуваше десетици сторители кои ги дрогирале и силувале своите партнерки, користејќи затворени групи за интернет-разговор за поттикнување на нападите. Како што соопштија Европол и британската Национална агенција за криминал (НЦА), а пренесе Си-ен-ен, жртвите во повеќето случаи биле успивани со седативи пред злоупотребата. Во прекуграничната соработка наречена „Проект Медуза“, која започна во април, ...

Безживотно тело доцна вечерва е извлечено од водите на Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи за Пресс24. „РЦУК – Велес, не известува дека исчезнато лице во водите на река Вардар во с.Црвени Брегови-општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20.20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е безживотно тело и истото е предадено на обдукција“, велат ...

Македонската научна јавност остана без истакнат историчар и долгогодишен научен работник. По кратко боледување, денес почина проф. д-р Катерина Мирчевска, соопшти Институтот за национална историја. Таа имаше 54 години. Од Институтот изразија длабока жалост, нагласувајќи дека Мирчевска беше долгогодишен научен советник, посветен истражувач и врвен професионалец. Во соопштението се истакнува дека нејзиниот богат научен опус, професионалниот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција – еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти за државата и регионот. На работните средби одржани во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на кои присуствуваа ...

,,Отворениот дијалог за клучните теми е единствениот начин за градење доверба” – порача министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, по завршувањето на денешната јавна расправа за обнова на А-интегрираната дозвола за цементарницата Титан-УСЈЕ. Министерот упати благодарност до граѓаните, еколошките активисти, експертите, медиумите, претставниците на институциите и на компанијата за нивното активно учество во процесот. „За ...

Евакуирани села, изгорени куќи, блокирани патишта, сообраќајни застои. Пожари на повеќе точки во пробиштипскиот регион направија хаос и предизвикаа страв меѓу локалното население. На пладне, во село Неокази избувна голем пожар. Поради ветрот, пламенот брзо се прошири кон соседните села Бучиште и Ратавица. Надлежните на терен дејствувале со сите сили. На терен дејстуваа и ер тракторите. Поради сериозноста на ситуацијата евакуирани се три села. ...

При претрес на стан во Скопје пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин, поголема количина ЛСД и други видови дрога, поднесена кривична пријава против две лица. На 02/03.07.2026 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. При претресот ...

Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се фали дека со ребалансот на Буџетот обезбедуваат „рекордни“ 46 милијарди денари за капитални инвестиции. Ова е уште една пропагандна изјава која нема допир со реалноста, алармираат од СДСМ. Фактите се следи: • Ребалансот не е направен затоа што „одговорно управуваат со јавните финансии“, туку затоа што приходите значително заостануваат зад планираното. • Капиталните инвестиции во реалноста се ...

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден на 12 години затвор, и ја потврди изречената пресуда од Кривичниот суд. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди ...

Лошото време во Романија предизвика десетици поплавени куќи, дворови и подруми, паднати дрвја и електрични столбови, како и оштетени возила во вкупно 61 населено место во 20 окрузи. Романската новинска агенција Аџерпрес, повикувајќи се на утринските актуелни податоци, јави дека нема пријави за заглавени лица. Според Департманот за вонредни состојби на Романија, регистрирани се поплави во 23 куќи, 47 дворови, 44 подруми, две јавни институции и ...

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена за в понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба. На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата. Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на Игор ...

Општина Струга го продаде фамозното службено ауди кое го купи поранешниот градоначалник, Рамиз Мерко. 22.000 евра, колку што општината успеала да добие за автомобилот ќе бидат искористени за намалување на долговите на општината. Локалната самоуправа наведува дека станува збор за возило кое, според нив, било симбол на прекумерниот луксуз на претходното општинско раководство. „Возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се ...

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата официјално пристигна во законодавниот дом, со што и формално започнува собраниската процедура за големата владина реконструкција. Собранискиот спикер веќе ја закажа клучната седница за 13 јули (понеделник) со почеток во 11:00 часот, каде пратениците ќе треба да го изгласаат новиот кадровски пакет доставен од премиерот. Со оваа реконструкција, ресорите во Илинденска се целосно ...

По неколкучасовна исцрпувачка битка, противпожарните екипи успеаја целосно да изгаснат пет од вкупно шест големи пожари на отворен простор кои денеска сериозно се закануваа да направат огромна штета низ државата. Најкритично во текот на денот беше во Штип и Тетово, каде пламените јазици избувнаа во непосредна близина на индустриски капацитети, стратешки објекти и во самото централно градско подрачје. Пожарникарите извојуваа победа кај ...

Максимален и вонреден надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат ќе биде спроведен врз буквално сите маркети, дистрибутери, добавувачи и производители на храна низ целата држава. Целта на оваа масовна акција е будно да се провери каде точно се пресметуваат поголеми и неосновани трговски маржи, со цел истите експресно да се намалат и да се спречи вештачкото зголемување на цените. Властите уверуваат дека ваквиот чекор е неопходен за итна ...

Панична евакуација на десетици работници со заштитни маски на лицата и густ црн чад кој целосно го обви просторот беа денешната драматична слика од Штип, каде избувна и трет голем пожар во близина на штипската млекара. Поради непосредната опасност од огнената стихија, надлежните служби беа принудени итно да ги повлечат и евакуираат сите вработени од блиската фабрика „Албатрос“, додека пламенот брзо се ширеше на отворениот простор. „Пеколен ...

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик. Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул.„Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди. Од страна ...

Трет пожар попладнево изби на територијата на Општина Штип, со што дополнително се засили борбата со огнената стихија во овој регион. Новиот оган е лоциран помеѓу објектите на Штипската млекара и текстилната конфекција „Албатрос“, каде што гори сува трева. Поради сериозноста на состојбата и ширењето на пламенот, пред половина час беше извршена итна евакуација на текстилните работнички од конфекцијата „Албатрос“. На терен во моментов ...

Четириесет и четиригодишниот Кајо Роча Агујар Арабал трагично почина откако паднал од висина од околу 150 метри при искачување на карпа на планинската патека Педра до Макако во Бразил. Неговите последни моменти пред фаталниот пад биле снимени на камера од друг член на групата со која се искачувал. Арабал се искачувал на нестабилна карпа на врвот на патеката во Марика, во близина на Рио де Жанеиро, а медиумот LADBible објави дека ова живописно ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, порача дека Владата нема никакво право да зборува за реформски успеси, кога државата е целосно закочена на европскиот пат, а граѓаните ги трпат последиците од антиевропските политики на ВМРО. Филипче посочи дека е жално што Владата се фали со 50 милиони евра, а Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, додавајќи дека вистински успех е отворањето на преговарачките поглавја и ...

18-годишна девојка од Свети Николе ќе одговара кривично затоа што се заканувала со остар предмет на својата мајка. Како што се наведува во полицискиот билтен, надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против И.П. (18) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Пријавената на 16.06.2026 во дворно место од ...

Ребалансот на Буџетот отвора сериозни ризици, дупките владата не ги пополнува, во ризик е исплатата на пензиите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Кај пензиите. Парите што се исплаќаат од МТСП кон ПИОМ не се зголемени, а фалат 10 милијарди денари за до крај на годината. Значи, исплатата на пензиите е практично доведена во прашање“, истакна Филипче. Тој посочи дека проблемите не се ограничени само на ...

Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип-Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента. Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело во таа коловозна лента. Во несреќата повредени се повеќе лица, кои веднаш се ...

Две лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и ...

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1020
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
6.5
45%
1022
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1023
weather icon

Софија

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
40%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.45
45%
1020
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
0.33
78%
1024
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
28%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
29%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
27%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
8.75
47%
1022
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
5.14
38%
1025
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
7.2
94%
1017
Currency

61.5217

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Рутениум

53852.50

Сребро

2099.49

Платина

56263.81

Иридиум

252383.36

Злато

141562.95

Калај

55.56

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Бакар

13.39