Цените на нафтата забележаа пад од речиси пет отсто откако Израел и Иран постигнаа договор за прекин на огнот, по речиси две недели од почетокот на конфликтот. Ова го пренесе Би-би-си, истакнувајќи дека суровата нафта од типот Брент, меѓународната референтна вредност, се спушти на 68 долари за барел. Ова е значително под нивото од 13 јуни, кога Израел лансираше ракети врз иранските нуклеарни постројки. Во претходните денови, цените на нафтата ...

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година. Извештајот, подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава, Томас Вајц, беше изгласан со широко политичко мнозинство. Вајц изрази задоволство од постигнатиот консензус, истакнувајќи ја големата работа вложена во изнаоѓањето компромиси за да се донесе добро избалансиран извештај. ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава со автомобил, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја усмрти пешачката Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“. Зоран Јованов се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според обвинението на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, тој во периодот од ноември ...

Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во вторник, 24 јуни 2025 година, во 06:09 часот наутро, во централна Турција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 38,0272 и географска должина 36,1792. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека сè уште не смета дека е можно да ја напушти функцијата украински претседател пред крајот на војната. – Јас сум најискусен. Можеби не и најдобар, секогаш има подобри луѓе, но најискусен – рече тој во интервју за „Скај њуз“. Во исто време, тој истакна дека е подготвен да ја напушти владата врз основа на резултатите од изборите, но не прецизираше кога би можеле да се одржат. Претседателските ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран, пренесуваат медиумите во регионот. „Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението. Иран, од друга страна, сè уште не потврдил ...

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата, што го објави Јавното обвинителство. Во текот на 2024 година, основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени беа пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични дела. Споредбата на податоците покажува дека во извештајната година се ...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. • Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава ...

По Духовден и одморот на 6 јуни, граѓаните на Македонија ќе треба да почекаат подолго за следниот неработен ден. Иако 2 август е државен празник, тој се паѓа во сабота, што значи дека повеќето нема да имаат дополнителен слободен ден. Следниот неработен ден е 28 август. За сите граѓани на РСМ 2 август (сабота), Ден на Републиката, 8 септември (понеделник), Ден на независноста, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 23 октомври ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се ...

Некои хороскопски знаци имаат поголем број на неуспешни врски од различни причини Тие често завршуваат во неуспешни врски и покрај сите нивни напори Ако вашата врска не трае подолго од неколку месеци и често се прашувате зошто не функционира, иако сè изгледаше во ред на почетокот, можеби одговорот е во ѕвездите. Иако врските зависат од луѓето во нив и нивната желба да бидат заедно, понекогаш астрологијата може да игра улога. Овие хороскопски ...

По долг и исцрпувачки период полн со предизвици, страдање и неизвесност, Универзумот конечно одлучува да ги награди упорните. Астролошките прогнози за јули носат одлични вести - еден хороскопски знак влегува во фаза на просперитет што не ја доживеал со години. Тие се – Скорпиите. Овој знак конечно влегува во период на финансиско закрепнување и ненадејни добивки. Некои суми што беа блокирани со месеци, за кои веќе заборавиле, конечно им доаѓаат ...

Либанскиот премиер Наваф Салам бил на лет за Катар кога земјата го затворила својот воздушен простор пред иранскиот ракетен напад врз американската воена база, потврдил советник за Би-би-си. Функционерот, кој побарал да не биде именуван, рекол дека Салам сега е во Бахреин. Катар привремено го затворил својот воздушен простор пред иранскиот напад врз базата Ал-Удеид. Денешниот ирански напад врз американската база Ал-Удеид во Катар е директна ...

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид. „Благодарение на Бога, будноста на вооружените сили и превентивните мерки, инцидентот не доведе до губење на животи или повреди“, се вели во соопштението на министерството, како што објави „Ал Џезира“. Катарското Министерство за одбрана потврди дека воздушниот простор и територијата на Државата Катар се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи со многу лут статус на социјалната мрежа TruthSocial. Трамп е многу вознемирен од начинот на кој се известува за воздушните напади на САД врз иранските нуклеарни објекти. Го објавуваме статусот на претседателот на САД во целост: „Локациите што ги погодивме во Иран беа целосно уништени, и сите го знаат тоа.“ „Само лажните вести би тврделе поинаку, обидувајќи се да го обезвреднат она што е направено - ...

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. МНР уште еднаш ...

Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од 18:18 часот повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот. Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, попладнево повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа. Сомнежот за саботажа во ...

Вечерва, Иран одлучи да ја спроведе операцијата „Башарат ал-Фат“, односно напад врз американската база Ал Удеид во Катар. Иран лансираше ракети врз американска база во Катар и уште една ракета врз американска база во Ирак како одговор на нападите на Вашингтон врз нуклеарните постројки на земјата, објавија државните медиуми. Како што анализираат медиумите, Катар е дом на најголемата американска воена база на Блискиот Исток. Според Стејт ...

Иран потврди дека започнал напади врз американски воени бази во Катар и Ирак, како одмазда за американскиот напад врз нуклеарните објекти на Иран за време на викендот, пренесуваат светските медиуми. САД следат повеќе ракети испукани од Иран кон американските воени бази во Катар и Ирак, објави Cи-ен-ен од двајца функционери. Министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн се во Кризната соба, според официјален ...

Пожарникарите продолжија денеска да се борат со три големи пожари што избувнаа речиси истовремено на грчкиот остров Хиос втор ден по ред Островските власти прогласија вонредна состојба, овозможувајќи централна координација на операциите за гаснење пожари и повикување на специјални единици од грчкото копно. Досега, 17 села и центар за прием на мигранти се евакуирани на егејскиот остров во близина на турскиот брег. Стотици луѓе се донесени на ...

Иран ги нападна американските воени бази во Катар, пренесува „Аксиос“. Американските претставници претходно денес изјавија дека се очекува напад врз американските воени бази на Блискиот Исток во рок од 48 часа. Иранската државна телевизија го објави почетокот на операцијата на Иран „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар, објави „Иран Интернешнл“. „Скај њуз“ објави дека експлозии во моментов се ...

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денес изјави дека Иран е „непосредна закана“ и дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, е „првиот претседател кој има храброст всушност да преземе нешто во врска со тоа“. Ливит изјави за ABC News дека американските напади му ја одзеле способноста на Иран да направи нуклеарна бомба, објави АП. Замолена да ги коментира изјавите на Трамп синоќа во врска со промената на режимот ...

Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. Ваквото предупредување доаѓа поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни 2025 година. Од ИЈЗ појаснуваат дека за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни ...

Постои „веродостојна закана“ за американскиот Коалициски центар за воздушни операции во Ал-Удеид во Катар, дознава Би-Би-Си. Катар привремено го затвори својот воздушен простор, а се наведува дека воздухопловната база е во состојба на висока готовност. Се верува дека заканата е во форма на можен ирански ракетен напад. Ал-Удеид е огромна база надвор од главниот град на Катар, Доха, и е дом на Централната команда на САД (Centcom) за сите воздушни ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Хаг изјави дека 32-те членки на алијансата ќе донесат „смели одлуки“ на самитот оваа недела, вклучително и усвојување на нов инвестициски план што ќе ги зголеми трошоците за одбрана на пет проценти од бруто домашниот производ (БДП). На прес-конференцијата еден ден пред почетокот на самитот на НАТО, Руте рече дека сите членки на алијансата ќе ја исполнат целта за издвојување на два проценти од БДП ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран од Советскиот Сојуз, објави шефот на безбедносната и разузнавачка служба на Украина. Генерал-потполковник Васил Маљук, директор на Безбедносната служба на Украина (СБУ), на затворен брифинг за домашните медиуми, детално го објасни планот што заеднички го осуетија украинската СБУ и ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неоправданите американски напади врз иранските нуклеарни постројки го ставаат светот во голема опасност и вети дека ќе се обиде да им помогне на луѓето од Исламската Република. Американскиот претседател Доналд Трамп и Израел јавно изнесоа шпекулации за атентатот врз врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и промената на режимот, чекори за кои Русија се плаши дека би можеле да го втурнат целиот регион ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, и го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. „Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Јас ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите е во корист на непријателот. Не го правете тоа“, напиша Трамп на мрежата Truth Social, со големи букви. Во ...

Градската плажа во Палма де Мајорка остана празна во текот на викендот бидејќи беше на сила предупредување дека на сите капачи им е забрането да влегуваат во вода. Што се криеше зад тоа, никој немаше поим... Како што беше наведено во предупредувањето, имало туѓи предмети што лебделе во водата, само за подоцна да откријат дека тие не биле ништо повеќе, ни помалку, туку измет! Спасувачите беа првите што ја забележаа „опасноста на плажата“ Кан Пере ...

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“. Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. -Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1025
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
67%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.88
75%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
73%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
62%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
47%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1024
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
78%
1027
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
7.2
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225