Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, на Фејсбук објави дека Скопје го гради својот најголем еколошки штит. -Проектот кој со децении беше само неопходност и надеж, денес забрзано се гради и станува реалност. Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, комплексен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти кој ќе донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето ...

Силно невреме вчера ја зафати југозападна Србија, проследено со силен дожд, ветер, град и грмотевици кои направија големи штети. Најмногу погодени од градот се селата Божетичи и Штитково над Нова Варош, како и селото Куќани, кое се наоѓа од другата страна на реката Увац. Како што раскажал еден жител, ова е вторпат годинава да паѓа град. Првпат земјоделските посеви некако „преживеале“, но денешното невреме целосно ги уништило. – Удираше многу ...

Поранешниот британски премиер Кир Стармер оставката му ја предаде на кралот Чарлс III, кој потоа го именува новиот лидер на лабуристите Ендру Барнам за премиер. Како што соопшти Бакингемската палата, кралот Чарлс III побара од Барнам да формира нова влада. На Барнам за неговото именување му честитаа претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, ирскиот премиер Михаел Мартин и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Поранешниот британски ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа побара целосно расчистување на случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар и утврдување одговорност за сите кои со своето дејствување или непостапување придонеле за состојбата. „Ова е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и кривична и морална одговорност за сите ...

Поминаа седум дена од незаконското именување на заменик-директорот на Македонската радио-телевизија, а веќе седум дена продолжува молкот на Програмскиот совет на МРТ. Нема образложение. Нема одговор. Нема ниту обид да се оправда одлука која е спротивна на законот и на основните стандарди за управување со јавна институција, наведува ДУИ во соопштение. -Именуваното лице не ги исполнува законските услови за извршување на функцијата. Работното ...

Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека водата е безбедна, информира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. „Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го ...

Кратко невреме ја зафати територијата на Општина Крива Паланка, предизвикувајќи проблеми на повеќе патни правци и улици. По стивнувањето на невремето, до Територијалната противпожарна единица Крива Паланка пристигнале повеќе дојави за паднати дрвја. Штети и блокирани сообраќајници биле регистрирани во селото Конопница, селото Мождивњак и на улицата „Св. Јоаким Осоговски“. Дежурните екипи на ТППЕ Крива Паланка веднаш излегле на терен за ...

Поради официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре ќе бидат засилени безбедносните мерки и ќе се воведе посебен сообраќаен режим. Мерките се однесуваат на физичко и сообраќајно обезбедување на улиците, објектите и локациите предвидени со протоколот за посетата. Од СВР Охрид информираат дека е воспоставена координација со Општина Охрид, службите задолжени за одржување на патиштата и ...

Органите не работат според чувствата на СДС и Филипче, туку според факти и докази, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „А фактите говорат тројца приведени за труењето со водата, детална анализа за тоа како и што е загадена, и целосна мобилизација на институциите. А кога последен пат работеа чувствата на Филипче за профит, 14 живи изгореа во модуларната болница, направена од вицепремиерот во неговата влада и десетици ...

Невреме вчера зафати делови на Македонија, а погодена беше и Струмица. Невремето предизвика повеќе штети при што пожарникарите-спасители интервенираа во поширокиот Струмички регион. -Силниот ветер и неповолните временски услови предизвикаа неколку настани на кои интервенираа екипите на ТППЕ Струмица. Регистрирани се: пожар на штала во с. Висока Маала, пожар на сува трева во с. Муртино, отстранување на паднато дрво на коловоз во с. Ново Село. ...

Деновиве организираната криминалната група ВМРО повторно ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот, со лажни обвинувања, врз СДСМ и претседателот проф. д-р Венко Филипче, се вели во соопштението од СДСМ. „Ова е срамно. Да се играш со чувствата на семејствата на настраданите, само за да се нападне политичкиот противник, покажува дека оваа група нема ни најмала капка морал и емпатија. Сега, по истиот рецепт, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, дека САД повторно ќе побараат да бидат домаќини на Светско фудбалско првенство и тоа „веднаш“, истакнувајќи ја успешната организација на мундијалскиот турнир што заврши во неделата вечер со победа на Шпанија во финалето над Аргентина. Останува нејасно на што мислеше Трамп кога рече „веднаш“ во интервјуто за Фокс Спорт, бидејќи ФИФА веќе ги одреди ...

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер. Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови ...

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека кога треба да се поддржат реформи во интерес на државата, тие избираат блокади и теснопартиски калкулации. Неподдржувањето на новиот Изборен законик, претставува уште една пропуштена можност Македонија да исполни значајна реформска обврска и да го продолжи позитивниот реформски процес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека Владата посветено работи на спроведување на реформите и на исполнување ...

ВРЕДИ ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се случувало многупати во ...

На 19 јули 2026 година во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода О.С. (47) од Тетово, по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани кон својот 76-годишен татко и оштетил дел од покуќнината. По приведувањето, на О.С. му било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека во крвта има 3,22 промили алкохол. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...

На 20 јули 2026 година во 03:15 часот во СВР Тетово била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Јажинце–Тетово, во близина на село Порој. Во несреќата учествувале патничко возило „Сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (55) од село Слатино, и патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н. (39) од село Порој. Од несреќата, двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди, ...

Четири случаи на семејно насилство биле пријавени во Виница, Кочани и Гевгелија, при што полицијата презела мерки против пријавените лица. На 19 јули 2026 година во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода И.Н. (39), постапувајќи по пријава дека претходната вечер околу 23:00 часот во семејниот дом се обидел физички да ја нападне својата 35-годишна сопруга, но бил спречен од нивните деца. За случајот бил известен ...

ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал, се вели во соопштението од СДСМ. -Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш ...

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Канада, соопштија сеизмолошките служби. Според првичните географски податоци, епицентарот на овој силен потрес бил лоциран во регионот на Ванкувер. Официјалните мерења покажуваат дека земјотресот се случил на координати со 49.5364 северна географска ширина и -129.1445 западна географска должина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека ...

Силно невреме со пороен дожд, силен ветер, грмежи и град синоќа го зафати Стар Дојран, при што беа откорнати десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации во градот. Паднати јавори, борови, багреми и црници предизвикаа материјална штета, оштетувајќи настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и покрив на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа локалните власти. Од Доброволното противпожарно друштво „Дојран“ соопштија ...

УХМР ги измери температурите низ Македонија во осум часот наутро. Според податоците, ова утро е најсвежо во Берово со 15 степени. УХМР измери највисока утринска температура во Гевгелија – 25 степени. Утрово во Скопје се измерени 21 степени. Објавено е и колку наврнало изминатото деноноќие: Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии, кои ќе разгледуваат повеќе предлог-закони од областа на енергетиката, транспортот, високото образование, меѓународната и привремената заштита, како и осигурувањето. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. На седницата на Комисијата за транспорт, дигитална ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. За индиската претседателка ќе бидат организирани највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидени се тет-а-тет средба меѓу двете претседателки, пленарен состанок на македонската и индиската ...

Основното јавно обвинителство Гостивар ги објави резултатите од анализите на водата за пиење, кои покажуваат сериозно загадување поради што таа е оценета како небезбедна и неупотреблива за каква било намена. Во врска со случајот е отворена истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар и уште двајца раководители, кои се приведени. Обвинителството соопшти дека против тројцата е поведена истражна постапка за кривичното дело ...

Планирани работи на електродистрибутивната мрежа денеска ќе предизвикаат привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Центар и Карпош. Во Општина Центар, без струја од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од делови на улиците „Истарска“, „83“, „Битолска“, „42“, „Светозар Марковиќ“ и „47“, како и делови од булеварите „Моша Пијаде“ и „Крушевска Република“. Во Општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот прекин ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој повремено на одделни места ќе биде засилен. Утринските температури ќе се движат од ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. -Вечерва, на скопскиот аеродром, ја пречекав претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на земјава, објави Мицунски. Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за ...

Силниот ветер што вечерва го зафати Скопје предизвика повеќе проблеми, меѓу кои паднати дрвја на улици и јавни површини, како и скинат електричен кабел. Од општината потврдија дека при еден од инцидентите е повредена граѓанка, на која ѝ е укажана соодветна помош. -Во тек сме со случувањата и нејзината здравствена состојба преку надлежните служби, додаваат од Општина Карпош. Екипите на Општина Карпош веднаш излегоа на терен и успешно ...

Без струја во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од страна на „ЕВН Македонија“ АД. Без струја во текот на утрешниот ден ќе останат делови од општините Центар и Карпош, соопштија попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информации добиени од страна на „ЕВН Македонија“ АД. Без ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87