Во мај или во јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго, изјави премиерот Христијан Мицкоски. – Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или во јуни ќе имаме реконструкција во ...

Фудбалска Франција конечно го добива тоа што долго го очекуваше. Зинедин Зидан постигна устен договор со Француската фудбалска федерација и е на чекор од селекторската функција. Веста доаѓа од „Le Parisien“. Договорот е веќе усогласен, но официјалната потврда ќе почека. Еден од клучните услови на Зидан е проширување на стручниот штаб. Тој сака поширок и модерен тим околу себе, сличен на моделот што го применуваше во Реал Мадрид, каде што со ...

Канадската актерка Кери Ен Флеминг, најпозната по своите улоги во телевизиските серии како „Јас зомби“ и „Натприродно“, починала на 26 февруари, на 51-годишна возраст откако ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Џим Бивер, кој го играше нејзиниот сопруг во „Натприродно“, сподели на Фејсбук емотивна објава. Бивер, чија сопруга Сесили почина од рак во 2024 година, ја нарече Флеминг своја „сродна душа“ и откри дека тие „се сакале“, но растојанието ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска присуствуваше на настан организиран по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, кој се одржа во Скопската Зоолошка градина. Настанот беше реализиран во соработка со здруженијата „Видлива поддршка” и „Трисомија 21″, при што беа засадени дрвца како симбол на животот, растот и надежта. „Со оваа симболична активност се испрати порака за важноста на прифаќањето, еднаквоста и поддршката за ...

Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни. Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизел и безоловното гориво споредено со која било ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) доби уште двајца обучени пилоти за гаснење пожари од воздух, со што вкупниот број сега се искачи на пет. Станува збор за пилотите Роберт Малезански и Горан Блажески, кои успешно ја завршија тринеделната специјализирана обука во Шпанија и се вратија со сертификати за летање во сите услови со противпожарни авиони. Тие беа обучувани во еден од водечките европски центри за воздушно гаснење пожари, каде ...

Еврото падна на европските пазари во понеделникот во однос на кошницата светски валути, продолжувајќи го падот втор ден по ред во однос на американскиот долар, бидејќи инвеститорите продолжуваат да го купуваат доларот како сигурно прибежиште поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток. Тензиите меѓу САД и Иран се интензивираа околу Ормускиот теснец, што во моментов ги турка нагоре глобалните цени на енергенсите, создавајќи криза што ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) спроведе опсежна контрола на боледувањата на 80 лица, на барање на Министерството за внатрешни работи (МВР). Во период од последната година и пол, овие лица регистрирале вкупно 514 боледувања, од кои 258 траеле до 7 дена, 171 до 15 дена, а 83 над 30 дена. Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, појасни дека најголемо внимание се обрнува на боледувања над 15 дена, бидејќи тие се упатуваат на комисија за ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска апелираше до сите јавни здравствени установи што имаат магнетна резонанца да ја проверат снабденоста со хелиум, бидејќи тоа е една од суровините што поскапува и ќе биде тешко да се набавува поради војната во Иран. Цената на овој гас веќе скокна за 30 отсто на европскиот пазар. – Без хелиум не можат да работат магнетните резонанци. Побаравме да се направат навремени проверки на состојбите на ...

Американскиот претседател ги одложи најавените напади врз енергетските постројки на Иран и отвори простор за нови разговори. Доналд Трамп соопшти дека воената операција ќе се одложи за 5 дена. Одлуката доаѓа по, како што наведе, „добри и продуктивни разговори“ со Техеран. По одлукатата глобалниот репер падна за повеќе од 14 отсто на 96 долари за барел нафта, пишува Блумберг. Се спуштија цените за идните преддоговени испораки на нафтата Брент, ...

Граѓаните на Босна и Херцеговина располагаат со повеќе од 370.000 легално регистрирани парчиња оружје, додека бројот на нелегалното оружје, според проценките, надминува еден милион, што според експертите укажува на тоа дека населението е „вооружено до заби“. Според претходните истражувања, бројот на нелегално оружје се движел меѓу 750.000 и 800.000 парчиња, а некои понови анализи покажуваат дека тој број веќе надминува 800.000. ...

Претставници на ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора денеска одржаа официјален состанок, каде главна тема беше формирањето на регионална ракометна лига за машка и женска конкуренција. На состанокот беа разгледани различни варијанти и решенија за тоа како и на кој начин би функционирале лигите во обете конкуренции. Сите учесници изразија единствен став дека заедничките натпреварувања треба да започнат веќе од септември 2026 ...

Општина Аеродром вчера по трет пат пулсираше во ритамот на хуманоста и спортскиот дух. Повеќе од 2.000 граѓани истрчаа километри полни љубов и разбирање, а децата уште еднаш покажаа дека овој настан е во вистинска смисла на зборот „Трка на херои во сите бои“ и храбро истрчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите. Од третото издание на трката „Зегин Спектратон – Трка на херои во сите бои“ која е во организација на компанијата ...

Иако постои можност да бидат погодени од иранска ракета, авионите од аеродромот во Дубаи ќе полетуваат и ќе слетуваат на аеродромот во Дубаи. Авиокомпанијата „Емирејтс“ лета со речиси празни авиони во воената зона – некои авиони се само пет до 10% полни – бидејќи алтернативата е полоша. Секој час додека аеродромот во Дубаи е затворен чини стотици милиони долари. Според студија на „Оксфорд економикс“, повеќе од 5.000 летови беа откажани во ...

Актерката Дениз Ричардс (55) со години е позната како една од ретките холивудски ѕвезди која отворено зборува за козметичките процедури и не го крие фактот дека е подготвена да инвестира во својот изглед. Наместо да ги крие промените, таа често јавно ги коментира и ги споделува со обожавателите, нагласувајќи дека најважно за неа е да одржува природен изглед. Овој викенд, Ричардс, заедно со нејзиниот пластичен хирург д-р Бен Талеи, објави на ...

Јавното претпријатие за хуман третман на бездомни кучиња Лајка почнува нова програма за привремено згрижување, со цел подобрување на благосостојбата на кучињата и зголемување на стапката на вдомување. Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека следењето на членот на владата Петер Сјартo е сериозен напад врз Унгарија и дека му наложил на министерот за правда веднаш да ги истражи информациите поврзани со шпионирањето на унгарскиот министер за надворешни работи. На Фејсбук Орбан сподели линк од статија на порталот „Mandiner.hu“ под наслов: „Странските служби ја пресретнаа комуникацијата на министерот за надворешни работи Петер Сијарто ...

СДСМ да одговори, дали еден ипол милион евра од аферата „Рекет” завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ, бара Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција. Според Манасиевски освен овие еден и пол милион евра, постојат сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви, нешто што, како што вели, правосудните органи кои ги штитат Заеви ова никогаш не го истражиле. „За куќниот пријател на Зоран Заев и ...

Италијанскиот регулатор изрече казна од 4 милиони евра на данската платформа за оценување на компании „Trustpilot“ и нејзините подружници за неправилна проверка на автентичноста на оценките и заведување на потрошувачите во врска со механизмот на услугите. Регулаторот откри дека системот за собирање прегледи на „Trustpilot“ им овозможува на компаниите да изберат кои потрошувачи да ги поканат да ги оценат. Ова, истакнуваат тие, ја поткопува ...

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20-22 март 2026), полицијата регистрира 1.699 сообраќајни прекршоци низ целата земја. Од нив, 476 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина. Лишени од слобода биле 60 лица поради безобѕирно управување со возило. Меѓу нив, 11 возеле под дејство на алкохол, 17 без возачка дозвола, шест управувале возило и покрај претходна забрана, а еден возел во забранет правец. Во истиот период, ...

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Кавалиере, во саботата објави на X дека 28-годишната американска пејачка Чапел Роан никогаш нема да настапи на Todo Mundo no Rio додека е тој на оваа функција. Todo Mundo no Rio се серија бесплатни меѓународни музички настани што се одржуваат на плажата Копакабана, а во која главни ѕвезди биле големи ѕвезди како Мадона и Лејди Гага. Шакира е главна ѕвезда во мај. Кавалиере напиша: „Мислам дека сè ...

Три лица загинаа, а четири се повредени во пожар што избувна во станбена зграда во центарот на Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Пожарот, кој избувнал во ходник на деветкатна зграда, е изгаснат, пренесе агенцијата ТАСС. Противпожарно-спасувачките екипи евакуирале 19 лица, меѓу кои и пет деца. Во интервенцијата учествувале 86 припадници на службите и 23 единици опрема. Надлежните најавија дека ќе биде спроведена ...

На ракети се појави ликот на шпанскиот премиер Педро Санчез, придружен со порака на благодарност. Иранската агенција Тасним, поврзана со Револуционерната гарда, објави фотографии и снимки од налепници залепени на ракети. На нив стои ликот на Санчез и пораката „Ви благодарам, премиере“, заедно со негова изјава за војната. Налепниците содржат и цитат од Санчез: „Секако, оваа војна не е само нелегална, туку и нехумана“. Изјавата шпанскиот ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде список на директиви во кои се наведени задачите и целите на иранските вооружени сили во тековната војна со САД и со Израел. Првото од списокот на барања на ајатолахот Моџтаба е да се одржи континуирано затворање на Ормускиот теснец, а второто е да се продолжат нападите врз американските воени бази во регионот на Персискиот Залив, објави иранската новинска агенција ВАНА. Третото барање ...

„Фанатикс Студиос“ беше домаќин на публика од А-листата на својата ВИП забава во Лос Анџелес во четврток вечерта. Том Брејди, Кендал Џенер, Хејли Бибер, а меѓу нив и 82-годишниот Мик Џегер и други, сите беа на забавата за отворање на „Фанатикс Флег Фудбал Класик“ во Алба, Лос Анџелес. Легендарниот рок пејач е фотографиран и по големата забава, а медиумите коментираат дека легендарниот музичар изгледал видливо исцрпен додека ја напуштал ...

Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми. Медиумите потсетуваат дека социјалистот Жоспен беше премиер од 1997 до 2002 година, а дека се пензионираше од политичкиот живот на 21 април 2002 година. Жоспен ја предводеше владата на „Плуралистичката левица“ (коалиција на социјалисти, комунисти и зелени) додека претседател беше конзервативецот Жак Ширак. Неговата влада воведе ...

На вчерашната седница на Врховното народно собрание на Северна Кореја, Ким Џонг-ун повторно беше именуван за претседател на Комисијата за државни работи, објави денеска државната новинска агенција КЦНА. Седницата, која е прва по деветтиот партиски конгрес на Работничката партија во февруари, се фокусираше на дебати за измени и дополнувања на Уставот, како и на петгодишниот економски план на земјата. Парламентот, кој ја одобрува државната ...

Битолчанецот Н.С. ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 5.537.950 денари. Џекпотот беше освоен на 17.03.2026 година со играта „20 Супер Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип“ во Битола. – Искрено му честитаме на нашиот добитник и му посакуваме многу среќа и во иднина. Среќата на нашите играчи е најголемата награда за нас, а овие големи добивки ја покажуваат возбудата и ...

Кралицата Камила (78), очигледно, не се плаши да прифати нов третман за убавина – дури и ако некои би рекле дека е малку необичен. Веѓите на Камила неодамна добија трајна преобразба. Според „Пипл“, во обид да ги направи нејзините веѓи да изгледаат пополни и подефинирани, кралицата се обратила кај Сузан Мартин, позната како лондонската „Кралица на веѓите“. Третманот – кој чини 1.870 долари или околу 1720 евра, вклучува тетовирање на веѓите за ...

На 3 април 2026 година, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, едно од најпознатите и најомилените дела од оперскиот репертоар, кое со својата духовитост, динамика и препознатливи музички моменти со децении ја воодушевува публиката. Изведбата е под диригентската палка на Бисера Чадловска, режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
7.2
35%
1017
weather icon

Загреб

15ᴼ / 12ᴼ
7.2
37%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
50%
1015
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.72
58%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
37%
1020
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.14
65%
1011
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
52%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
45%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
58%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
4.12
30%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
85%
1016
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Сребро

2508.22

Калај

51.07

Злато

153002.26

Платина

66584.20

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.62

Паладиум

50026.56

Родиум

326330.08

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

12.18

Рутениум

53788.20