Во јуни во Македонија допатувале 6.400 бугарски државјани повеќе отколку што македонски државјани отпатувале за Бугарија, покажуваат податоците на Националниот статистички институт во Софија, објави порталот Експрес. Околу 33.900 државјани на Бугарија минатиот месец ја посетиле Македонија, , наспроти 27.500 македонски граѓани што заминале кај источниот сосед. Македонија е седма дестинација за Бугарија по бројот на посети, а Бугарија е на 10. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата на пратенички прашања, одговарајќи на прашање на пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, се осврна и на економските показатели во државата, нагласувајќи дека економски споредбени параметри покажале дека растот на БДП и растот на пензиите е за три пати поголем сега отколку за време на владата на СДСМ и ДУИ. Тој рече дека побрзо растат и платите, цените на горивата се најевтини во регионот во ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на продолжениот викенд и во текот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени Целзиусови, а во одделни места ќе достигне и ќе надмине 40 степени. Од УХМР предупредуваат дека високите температури ќе се задржат и во ...

Холивудската актерка Натали Портман сподели ретка фотографија од својата бременост и ги воодушеви обожавателите ширум светот. На фотографијата објавена на Инстаграм, 45-годишната актерка позира на балкон во Париз, држејќи ги рацете на трудничкиот стомак. Таа носи широка сина кошула, а во описот на објавата напиша: – Ги броиме деновите додека да те запознаеме. View this post on Instagram A post shared by Natalie Portman (@natalieportman) ...

Економијата на Саудиска Арабија се намали во вториот квартал под влијание на големиот пад на активноста во нафтениот сектор, погоден од воените настани на Блискиот Исток, покажаа прелиминарните проценки од статистичкиот завод. Во периодот од април до јуни, саудискиот БДП се намали за 4,8% во споредба со истиот период минатата година, според податоците од Општата администрација за статистика (ГАСТАТ). Во првиот квартал од оваа година, ...

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е пожарот во општина ...

Стотици туристи се евакуирани додека пожарникарите се борат со големи шумски и пожари на отворен простор во Лондон и во англиската грофовија Сафок. Речиси половина од Англија е погодена од пожари, а властите предупредуваат и на исклучително сериозна суша што дополнително ја влошува состојбата. Пожарот во областа Данвич Хит избувнал вчера околу 17:30 часот и брзо се шири кон нуклеарната електрана „Сајзвел Б“, која се наоѓа на околу четири ...

Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор за продолжување на соработката засега не одат според очекувањата, откако бразилскиот ас поставил финансиски барања кои би можеле да го искомплицираат договорот. Според шпанскиот новинар Пепе Алварез, 26-годишниот фудбалер бара бонус од 80 милиони евра за потпишување нов договор со „кралскиот клуб“. Освен тоа, Винисиус сака да добие и поголем удел од правата за користење на неговиот имиџ. Наместо ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска најави дека се размислува да се воведе Регистар на авторизации кој ќе биде достапен на Националниот портал „uslugi.gov.mk“. Андоновски вели дека со тоа ќе се овозможи, покрај управителите и други овластени лица од фирмите да имаат пристап на порталот во име на компанијата и да ја добијат услугата што им е потребна. -Размислуваме да се подобри порталот за компаниите, да можат ...

Бројот на случаи на семејно насилство кои биле процесуирани по брза постапка и за кои биле изречени мерки на претпазливост е зголемен повеќе од петпати во споредба со 2022 година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделението за семејно насилство при СВР Скопје, каде се запозна со работата на службениците, предизвиците со кои се соочуваат и резултатите од нивното ...

Според Деловникот, оставено е на претседателот на Собранието да одлучи кога, по исцрпената расправа, може да го повика пленумот на гласање. Јас ќе го искористам тоа право да проценам и да одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање, истакна на денешниот месечен брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши, прашан за Законот за правичната застапеност за кој се завршени сите предвидени процедури. – Сакам да знаат ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(25) и Р.Ј.(27) од Кочани и Н.А.(22) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 30.05.2026 на наплатната рампа кај Кадрифаково, пријавените забележале полициска патрола, при што третопријавената голтнала поголема количина хероин, а при испитување на ...

Зендаја уште еднаш покажа дека знае како да ја претвори филмската промоција во моден спектакл. На лондонската премиера на „Spider-Man: Brand New Day“, актерката се појави во впечатлива бела тоалета инспирирана од светот на Спајдермен. Ова не е првпат 29-годишната ѕвезда да избере стајлинг поврзан со славниот суперхерој. И на претходните премиери во Рим и Шангај таа носеше креации со мотиви на пајакова мрежа, со што создаде препознатлива модна ...

Едносменска настава за учениците од VI до IX одделение ќе се воведе од 1 септември во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови. Според новата организација на наставата, ...

Нема да дозволиме ниеден негативен ефект врз животната средина за да се градат дата-центри. Нема да се сечат дрвја, ниту ќе се дозволат какви било други штетни влијанија врз природата – водата, воздухот, за да добиеме некаков бенефит. Мислам дека тоа беа глуви, назадни зборови и желби на одредени поединци да создадат еден вид лажна хистерија – рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Се размислува, информира ...

Во првата половина на 2026 година Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) спроведе речиси 22.000 инспекциски надзори, во чии рамки, во делот на откупот, се издадени 409 решенија (наредби, опомени и задолженија) – рече денеска директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски. Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, тој истакна дека ДИЗ моментно се соочува со недостиг на кадар поради одливот на инспектори, кои одат во пензија. ...

Во СВР Битола вчера попладне е пријавено дека на крстосница од улицата Филип Втори Македонски, булеварот 1 Мај и улицата Јане Сандански во Битола, патничко возило „киа“ со холандски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната У.А. од Украина, со привремен престој во Битола, удрило во 55-годишниот Д.В. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во болницата во Битола. Во СВР Битола вчера попладне е ...

Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки, како и уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино, се двете нови електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство, наменети за компаниите што од денеска ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. Како што рекоа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и директорот на Инспекторатот, Ивица ...

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез наводно подготвуваат посебен настан кој би можел да ја круниса нивната долгогодишна врска. Според информациите на португалските медиуми, славниот фудбалер и неговата партнерка во сабота ќе направат голем чекор во нивниот заеднички живот. Иако веста сè уште не е официјално потврдена, ниту Роналдо ниту Георгина не ја демантирале. Наводно, Георгина сакала прославата да биде далеку од очите на јавноста, со ...

Возач од Кавадарци, на 52-годишна возраст, тешко е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето во Прилеп на крстосницата меѓу улиците Тризла, Горан Миноски и 11 Октомври, информира СВР Битола. Во судирот учествувале патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б. од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Т. (39) од селото Мало Коњари, како ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога Филипче беше министер за здравство. – Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центарот за јавно здравје во Прилеп од 01 февруари 2019 до 28 февруари 2019 и се однесува за градовите Прилеп, ...

Ирскиот музичар, актер и добитник на Оскар, Глен Хансард, загина во сообраќајна несреќа со мотор во близина на Даблин. Имаше 56 години. Веста за неговата смрт предизвика голема тага во Ирска и низ светот, а бројни јавни личности, музичари и политичари му оддадоа почит на уметникот кој остави длабока трага во современата музика. Ирскиот премиер Михол Мартин изјави дека е длабоко потресен од загубата на талентираниот музичар и актер, кој со ...

Пожарникарите во Франција и во Шпанија и денеска продолжуваат со интензивната борба против шумските пожари, при што дел од огнените стихии се ставени под контрола, но властите и понатаму се во состојба на висока подготвеност поради екстремните температури, најавеното засилување на ветерот и ризикот од повторно разгорување на огнот, додека Европа се подготвува за нов топлотен бран. Според информациите на телевизијата БФМТВ, активни пожари сè ...

Судскиот совет на денешната седница го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје, откако досегашната претседателка Мери Дика вчера беше избрана за судија на Уставниот суд. За в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје беа предложени Тања Милева и Зоран Герасимовски, а Советот одлучи функцијата привремено да ја извршува Герасимовски. Истовремено, беше донесена одлука за распишување оглас ...

Анализите на водата од градскиот водовод во Гостивар продолжуваат и во текот на викендот, а надлежните сè уште не можат да кажат кога граѓаните ќе можат повторно да ја користат водата за пиење. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Штип изјави дека секојдневно се земаат примероци од повеќе кориснички места и дека водоводот ќе биде пуштен за пиење дури откако ќе бидат добиени три последователни исправни анализи. – Се следат ...

Во раните утрински часови денеска беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје соопштија од Град Скопје. Активностите продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје. Наредната недела ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на ...

Јато китови убијци повторно потопи едрилица во близина на северозападниот брег на Шпанија, продолжувајќи ја необичната серија напади врз пловила што на Пиринејскиот Полуостров трае веќе повеќе од шест години. Последниот инцидент се случил во петокот, 24 јули, кога орките го уништиле кормилото на 14-метарска едрилица под шведско знаме во водите кај Галиција. Двете лица кои биле на бродот испратиле повик за помош, по што шпанската крајбрежна ...

Жељко Керум, поранешен градоначалник на Сплит, беше уапсен синоќа по наредба на УСКОК, објави порталот „Индекс.хр“. Апсењето е поврзано со истрагата за таканаречената афера „Коноба пршут“, која се однесува на угостителски објект во сопственост на Керум во Каштел. Во случајот се вклучени и неколку други лица блиски до Керум. Сè уште не е познато за кои конкретни кривични дела се товарат. Керум бил уапсен во Вела Лука на Корчула, каде што ...

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) објави анализа за тековните корисници кои остваруваат исплата на пензија од вториот пензиски столб, заклучно со 30.06.2026 година. Вториот пензиски столб е дел од пензискиот систем во Република Северна Македонија и се заснова на индивидуални сметки на осигурениците на кои се акумулираат и инвестираат средства за остварување на пензиските права. Со постепеното ...

Летните денови се создадени за уживање на сонце, но за лицата со чувствителна кожа тие често носат и дополнителни предизвици. Црвенило, чувство на затегнатост и иритации се само дел од реакциите што може да се појават при изложување на сончевите зраци. Затоа, изборот на соодветна заштита не е само прашање на удобност, туку и на правилна нега. Со цел секој да може безгрижно да ужива во летото, dm ја издвојува SUNDANCE Sensitiv линијата – ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35