Со вкупен промет од 3,72 милијарди денари што претставува раст од 21,21 отсто, компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна година со што дополнително ја зацврсти позицијата меѓу водечките малопродажни синџири на македонскиот пазар. Вкупните инвестиции во изминатата година изнесуваа 133 милиони денари, што сведочи за континуиран развој на продажната мрежа, воведување нови технолошки решенија и континуирано одржливо работење. dm ...

Роботот за ѕидање наречен WLTR успешно ги изгради ѕидовите на станбена зграда од 100 квадратни метри во 18-от округ на Будимпешта за помалку од три дена. Зградата, како што пишуваат тамошните медиуми, е изградена во септември годинава и е првата станбена зграда во Унгарија изградена од робот. – Од гледна точка на изведувачот, ова не е само технолошка куриозитет, туку и добро испланирано, економично и висококвалитетно решение – изјави Тихамер ...

Венко Филипче го доведе СДСМ до тотален распад поради неговата лојалност кон Зоран Заев, а од друга страна од СДСМ си одат или се дистанцираат поранешни партиски функционери и членови, рече денеска Ванетин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. – Филипче во СДСМ гледа само корист, а не партија со која треба да понуди програма, визија или стратегија за тоа како ја гледаат државата во иднина. Филипче работи исклучиво по насока на Заев, а доказ за сето ова е ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „се распаѓа златната илузија на Украина“ и дека Унгарија нема да ја финансира „мрежата на воената мафија“, по случајот со корупција во енергетскиот сектор во Украина и оставката на министрите. „Разоткриена е воената мафијашка мрежа со безброј врски со претседателот (на Украиона) Володимир Зеленски. Министерот за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата. Ова е хаос ...

Српската јавност е заинтригира поради информациите што беа објавени во врска со новиот закон за безбедност во сообраќајот, со кој драстично ќе се зголемат казните. Прекршоците што порано изнесуваа 10.000 динари, наскоро ќе изнесуваат 20.000, а за одредени „благи прекршоци“ се планирани санкции и до 50.000 динари. Законот е во нацрт-форма и се очекува да биде готов до крајот на оваа година. Како што се приближува рокот, новите законски одредби и ...

Првата Еко-трампа „На ти го, дај ми го“, посветена на одржливост, заедништво и креативна размена ќе се одржи на 22 ноември во Собрание Бистро, на улицата Даме Груев, позади Собранието, со почеток од 12 часот. Настанот е отворен за сите кои сакаат да им дадат нов живот на старите предмети што веќе не ги користат, а го организира здружението Еко-свест. Концептот е едноставен – секој учесник може да донесе до пет предмети (облека, книги, модни ...

Генетичарите од Британија тврдат дека конечно го дешифрирале ДНК-профилот на Адолф Хитлер, осумдесет години по неговата смрт. Примерокот бил извлечен од локва крв на фотелјата во бункерот каде што нацистичкиот лидер извршил самоубиство. Анализата, прикажана во документарниот филм „ДНК на Хитлер: Нацрт на диктаторот“, открила изненадувачки детали што отвораат нова страница во разбирањето на неговата биологија и психа, јави британски „Телеграф“. ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против осум физички лица – поранешни функционери и службеници во Општина Сарај и во Град Скопје, како и надзорен инженер, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување или уништување на деловни книги. Како што информираат од Управата, кривична пријава е поднесена против лицата ...

Буџетот за 2026 година е документ којшто е реален и нуди решенија за проблемите на граѓаните и со кои што ние ја даваме конкретната слика за нашата економска филозофија, а тоа е реализација на капитални инвестиции, повеќе пари за плати, повеќе пари за пензии, нови училишта, спортски игралишта нови болници, развивање на инфраструктурата. И тоа што сметаме ние дека е важно е секако финансиска консолидација, нешто што и беше клучно потребно на ...

Царинската управа во октомври ја надмина наплатата на приходи – во Буџетот се слеале 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, информира Управата. Од почетокот на годинава, заклучно со октомври наплатените приходи од Царинската управа изнесуваат 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе од истиот период лани. ...

За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, кој беше од 1 до 5 ноември, Министерството за образование и наука овозможи дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември. МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk и при пријавувањето да ги пополнат обрасците „Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк“ и ...

Жесток судир на легендите во студиото на ЕСПН ја разниша НБА сцената. Шдкил О’Нил и Чарлс Баркли, двајца поранешни џинови под обрачите, влегоа во бурна расправија околу тоа кој е најдобар играч во лигата – Србинот Никола Јокиќ или француското чудо Виктор Вембањама, јави ЕСПН. Баркли, познат по директност, го пофали српскиот ас: – Оно што го прави Јокиќ во моментов е неверојатно. Тој е најдобриот кошаркар во светот. Лесно постигнува трипл-дабл, и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го потпиша клучниот буџетски закон, со што официјално заврши 43-дневната блокада на федералната влада. Ова беше најдолгото „затворање“ на владата во историјата на САД, надминувајќи ги сите претходни застои. Блокадата произлезе од длабок спор околу буџетските приоритети меѓу администрацијата на Трамп и Конгресот. Иако деталите за конкретните барања не се целосно објавени, претседателот Трамп успеа да ...

Во октомври, додека во Македонија во полн ек беше кампањата за локалните избори, медиумите го отворија мега скандалот со нелегално обложување во Турција. Имено, 371 од вкупно 571 фудбалски судии имале налози за обложување, од нив 149 биле суспендирани од нивната фудбалска федерација. Истовремено, Централната банка на Турција ѝ ја одзела лиценцата за работа на најпопуларната тамошна платформа за трансфер на пари „Папара“, поради сомневања за ...

Турција се стреми да биде еден од петте најголеми производители во светот на ретки земјени елементи и е на пат да отвори десетици рудници. Овие минерали се неопходни во голем број индустрии, а засега примат во производството има Кина. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, направени се геолошки истражувања на повеќе од 310 локации и се откриени најмалку 10 од ретките елементи. Освен ископ, Ердоган најави и центар за преработка на рудата ...

Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во бездна длабока околу 200 метри по судир со друго возило. Несреќата се случила во раните утрински часови на тешка делница од Пан-американскиот автопат, што ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јави Би-Би-Си. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во бездната до брегот на реката Окоња. Според локалните медиуми, во ...

Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и на Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“, кога првпат бил предупреден пред 14 години дека британски таблоид ќе објави статија за нив тројцата, објави Би-Би-Си. Неговата електронска преписка со американската двојка е објавена вчера, меѓу документите од оставштината на осудениот сексуален престапник Епштајн, во кои, исто така, се споменува и ...

Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди врши проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска вчера го посети ова тело, чија работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата ...

Британско австралиската рударската компанија Рио Тинто го одложи проектот за експлоатација на литиум во долината на реката Јадар во западна Србија, пишува Блумберг кој тврди дека имал увид во текстот на меморандумот испратен од компанијата до српската влада. Според меморандумот испратен оваа недела, проектот Јадар ќе биде ставен во статус на „грижа и одржување“ (конзервиран). „Со оглед на недостатокот на напредок со дозволите, не сме во позиција ...

Креаторот на сите проблеми и коруптивни дејанија во времето додека беа на власт, не можат да бидат дел од решенијата кои што ги нудат, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Трипуновски изјави дека има процесуирано постапки до ОЈО за незаконското работење на Љупчо Николовски, но нема никаква реакција. – Гледам дека во изминатите денови е многу ...

Македонскиот лекар Ненад Цоневски, кој во Софија, Бугарија прегази куче кое било маалски миленк, е обвинет за „екстремна суровост кон ‘рбетно животно, што резултирало со сериозни повреди“, објавија бугарските медиуми. Окружното обвинителство на Софија, по испрашувањето на сведоците и спроведувањето на видео-технички преглед информирало дека собраните докази покажуваат намера. Откако ќе биде објавен ветеринарно-медицинскиот преглед, обвинението ...

„Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 %, а растот на услуги по транспорт е 6,1 % и тоа е далеку над растот кој го има државата“. Вака објасни вицепремиерот Николоски во интервјуто на „Топ Тема“. Николоски истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот во следниот период треба да ...

Во стан на осми кат во источен Киев, Оксана Зинковска-Бојарска седи во мрак. Свеќите го осветлуваат лицето на нејзината двегодишна ќерка, додека надвор сирените завиваат. Лифтот не работи, батериите се празнат, а студот веќе се чувствува во ѕидовите. – Ова ќе биде најлошата зима во нашата историја – рече таа, пренесе Би-Би-Си. Меѓу честите прекини на струја и стравот од ракетни напади, секој ден во Киев е борба за преживување. Украинските власти ...

Група земји, Хрватска, Германија, Белгија, Бугарија, Естонија, Франција, Финска, Ирска, Литванија, Латвија, Холандија и Полска, можат да побараат до крајот на 2026 година, во рамките на новиот механизам за солидарност на ЕУ, да не мора да прифаќаат дополнителни мигранти од други земји-членки. Ова произлегува од анализата на комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Магнус Брунер, за таканаречениот „фонд за солидарност“, кој треба да им олесни на ...

Транспортниот хаос во Скопје, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, може да се реши само со паралелна реализација на три клучни проекти – Градскиот воз, новите електрични автобуси и системот за брз автобуски превоз (БРТ). – За да го решиме транспортот, треба да се направат трите работи паралелно. Едно е возобновувањето на возниот парк на ЈСП со електрични автобуси, второто е поврзувањето на приградските населби со ...

Десетици пациенти беа изложени на непотребен ризик бидејќи два од водечките центри за трансплантација во Велика Британија со години имплантираа срцев уред и покрај внатрешните предупредувања дека има значително повисока стапка на смртност од конкурентскиот производ. Иако британскиот здравствен систем (NHS) изрази загриженост уште во 2018 година, половина од пациентите на кои подоцна им беше поставена контроверзната механичка пумпа починаа во рок ...

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја најави денес официјално потпишаната одлука за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во главниот град. Проектот ќе се реализира на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода. – По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа. Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го ...

Голем скандал избувна во Турција откако безбедносна камера на училиштето сними незамислив инцидент во кој директор се гледа како турка ученик по скали. За да биде уште поалармантно, момчето било со посебни потреби, објави порталот Бенгтурк. Инцидентот се случил во средното училиште „Ирламаз Рефик Пинар“ во населбата Тургутлу и предизвикал широко јавно негодување. Според извештаите, директорот на училиштето, чии иницијали се Б.Г., се сретнал со ...

Борхан Ел-К, осомничен член на палестинската милитантна организација Хамас, е уапсен во Германија при обид да влезе во земјата преку Чешка, соопштија германските безбедносни служби. Според извештаите, Ел-К. бил приведен на автопатот А17 од истражители на Федералната канцеларија за криминална полиција (БКА) и федералната полиција. Германските власти го обвинија за набавка на оружје со цел подготовка на терористички напади врз еврејски и израелски ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1033
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1034
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.99
79%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
99%
1028
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
72%
1029
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1030
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
71%
1031
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 1ᴼ
4.12
76%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.89
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1031
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Паладиум

52470.02

Калај

42.35

Родиум

258009.74

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.90

Сребро

2128.87

Бакар

10.93

Злато

139470.53

Платина

61733.50

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60