Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Цената на нафтата продолжи да паѓа откако претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД се вклучени во „добри разговори“ со Иран со цел да се стави крај на конфликтот на Блискиот Исток, со што поттикнува оптимизам дека нормалниот проток на нафта од регионот би можел да продолжи. Брентот падна под 87 долари за барел утрово, што е трета последователна сесија на загуби, додека пак американската сурова нафта WTI падна 81 долар за барел САД ...
Халеевата комета почесто се појавува од Венко Филипче во Собранието – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов, во обраќање кон опозицијата од собраниската говорница. – Филипче се однесува како Халеевата комета – на 77 дена доаѓа еднаш на работа, овдека во Собранието. Само него и Али Ахмети ги нема во Собраниево. И не можеме ние да молчиме, а тој, наместо да дојде на Комисијата за финансирање и буџет, на оваа говорница, пред народ од ...
Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе настапи во двојки со првата тенисерка на светот, Арина Сабаленка од Белорусија, на претстојниот УС Опен, објави Би-Би-Си. Последниот Грен слем турнир во сезоната започнува на 25 август во Њујорк, а настапот на Ѓоковиќ и Сабаленка во ист тим веќе предизвикува голем интерес кај љубителите на тенисот. Во изминатиот период двајцата тенисери често беа во центарот на вниманието и поради ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се 5.000 штеки цигари во вредност од 9 милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој се обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, ...
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан. Според полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го посети регионот Жиронд и ги пофали екипите за итни случаи кои се борат со големите пожари во југозападна Франција. Макрон рече дека шумскиот пожар во соседниот департман Ланд е ставен под контрола, додека условите во Жиронд остануваат „многу тешки“. Тој рече дека пожарникари од цела Франција, околу 20 противпожарни оперативни групи, воздушни противпожарни средства и повеќе од 1.500 воени лица се ...
Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе напиша отворено писмо до навивачите по Светското првенство во 2026 година. Во натпреварот за третото место, Франција загуби со 4:6 од Англија. „Се вративме дома без трофеј. Боли, но нема да ве лажам. Ќе биде вака уште некое време. Никогаш не нè напуштивте – дури и во најтешките моменти, дури и кога најмалку ја заслужувавме вашата поддршка. Оваа приказна ја напишаа милиони раце, а не само ...
Дваесетгодишната ќерка на Том Круз и Кејти Холмс законски се откажала од презимето Круз и го променила во Ноел, објави Page Six. Според јавните записи, Сури се регистрирала за гласање во Пенсилванија, каде што моментално живее, во октомври 2024 година, за време на првата година од студиите на Carnegie Mellon University. Таа се регистрирала во округот Алегени под името Сури Ноел, што укажува дека тоа е нејзиното законско име. Од судовите во ...
Демократскиот претставник во Конгресот на САД, Џејми Раскин, најави дека ќе покрене истрага против ФИФА поради сомневање за корупција и можна трговија со влијание помеѓу таа организација и администрацијата на Доналд Трамп. Водечкиот демократ во Комитетот за правосудство, во неделата испрати писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Во него се наведува дека истрагата ќе се занимава со „континуираната кампања“ на ФИФА чија цел беше да се ...
Во албанскиот парламент се случи несекојдневен инцидент кој многумина на социјалните мрежи го споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник Агрон Шехај зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави, по што се обидува да го напушти местото. На снимката се гледа како Шехај ...
Бернар Арно, најбогатиот човек во Европа и претседател на луксузниот конгломерат LVMH, се најде во центарот на жестоки критики откако францускиот истражувачки портал Mediapart објави аудиоснимка на која, наводно, изнесува навредливи коментари за лицата со прекумерна тежина. Како што пренесува „The Telegraph“, милијардерот на снимката наводно порачува дека не сака такви луѓе во својата работна средина. Според Mediapart, станува збор за ...
Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утринава се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот на возила на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Според последните информации, зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 15 минути. На останатите гранични ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и дека постои реална можност да биде постигнат договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, ќе се вратиме на она што го правевме пред два дена – изјави Трамп. Тој предупреди дека, доколку преговорите не дадат резултат, Иран повторно би можел да биде цел на напади. – Или ...
Од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, попладнево околу 40 коњаници, меѓу кои и 5 девојки, тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Првата дестинација вечерва им е Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и кон Велес. На Илинден, на 2 август, ќе пристигнат во Крушево. На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се ...
Надлежните за состојбите со водата во Гостивар се консултираат со експерти, во општината веќе водата може да се користи за технички потреби, а наскоро се очекува и за пиење, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Партиите не треба шират хистерија, потенцира тој. – На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на ...
Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и со замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право се однесува на жените кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други ...
Во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават, најави ппремиерот Христијан Мицкоски. – Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да правиме реформи. И тоа се покажа со декемврискиот извештај од реформската агенда, сега ќе се покаже и во јунскиот, односно на 15 јули ...
Американската телевизиска водителка Савана Гатри објави ново емотивно видео, во кое директно им се обраќа на луѓето кои, според истрагата, ја киднапирале нејзината 84-годишна мајка Ненси. Со солзи во очите, таа ги моли да „го направат вистинскиот чекор“ и да ѝ помогнат на семејството конечно да дознае каде се наоѓа нивната мајка, нагласувајќи дека кошмарот трае веќе речиси шест месеци. Ненси Гатри исчезна на 1 февруари од својот дом во ...
Уставните измени нема да се случат во оваа форма како што сега се бара, категоричен е премиерот Христијан Мицкоски. – Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот – ...
Осумдесет и тригодишната уметница Карли Сајмон јавно откри дека боледува од Паркинсонова болест, објаснувајќи дека долго време се обидувала да разбере што навистина се случува со нејзиното здравје, пред да реши да зборува за тоа. Американската пејачка, текстописец и добитничка на бројни музички награди Карли Сајмон е една од најголемите музички ѕвезди на 1970-тите години. Таа е автор на безвременски хитови како „You’re So Vain“ и „Nobody Does ...
Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а повремено и засилен ветер, наместа долж Повардарието, од северен и северозападен правец. Минималната температура најниско ќе се спушти во берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија, со температура до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална ...
Млад украински пар бил нападнат од тројца мажи во неделата, во населбата Закшув во Вроцлав, Полска. Мајката на девојката тврди дека нападот започнал откако напаѓачите го слушнале нивниот украински акцент. Девојката се обидела да го заштити момчето и притоа добила повеќе удари. Таа има рана на вратот што барала шиење, а за двајцата постои сомнеж за потрес на мозокот. Полицијата во Вроцлав потврдила дека истражува напад и трага по сторителите. ...
Француските пожарникари за прв пат се соочуваат со огромните пирокумулонимбуси, познати како огнени облаци, кои се формираат за време на екстремни шумски пожари, додека се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар во југозападниот дел на земјата. Овие облаци создаваат свои ветрови, па дури и молњи кои можат да предизвикаат нови пожари. Тие се формираат над екстремно моќни пожари и можат дополнително да ги влошат веќе екстремно ...
Сингуларитетот пристигна, тврди извршниот директор на ОпенАИ, Сем Алтман. Тој го објави ова радикално поместување на парадигмата минатиот викенд како гостин во подкастот „Relentless“, каде што изјави: „Сега, да речеме, сме во сингуларитетот“. Неговите тврдења доаѓаат во време кога се поставуваат прашања за можни скриени мотиви за ваквите изјави, пишува Futurism. Иако дефинициите варираат, сингуларитетот генерално се опишува како точка во која ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, пушти видео со иритирачки пискав звук и рече дека така звучи звучен топ, за време на вонредната седница на Парламентот на која се дискутира за доверба на Владата. Потегот предизвика бура меѓу пратениците. Дачиќ рече дека звучниот топ е од американско производство и додаде дека една од неговите функции е да може да се користи за време на немири. Потоа пушти видео со звучен топ од својот ...
Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на Хидросистемот „Ѓавато“ во Богданци и дотурот на вода во езерото ќе продолжи без застој. Од Хидросистемот велат дека во моментот се влеваат 200 литри во секунда, а во текот на денот или утре ќе се пушти дополнителна количина, со што ќе се зголеми дотурот на вода во езерото. – Водата се пушти во саботата, бевме на терен и проверивме дали сè е во ред. Попатно немаме загуби на вода, ...
Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝодреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), Македонката што прегази шарпланинец откако тој го задави нејзиниот миленик. Притворот, според црногорските медиуми, е одреден во саботата, поради основано сомнение дека во петокот таа извршила кривично дело Убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Претходно, Основното државно обвинителство во Улцињ ѝ одреди мерка притвор ...
Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и за реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски, соопшти Министерството за финансии. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека ...