Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Синоќа разбојник на територијата на Бит Пазар со пиштол извршил грабеж, а потоа се обидел да ограби уште два објекти, заканувајќи им се на вработени и сопственик. Првиот инцидент се случил околу 21:21 часот, кога напаѓачот влегол во продавница и со закана со пиштол се обидел да го земе дневниот промет. Кога не успеал, физички го нападнал сопственикот, 61-годишниот З.В. Само половина час подоцна, во 21:48 часот, најверојатно истиот разбојник ...
Патничка на лет на „British Airways“ од Хонг Конг до Лондон починала за време на патувањето, а авионот го продолжил летот до крајната дестинација. Според информациите, жената, која била во шеесеттите години, починала околу еден час по полетувањето. И покрај тоа, пилотот донел одлука летот да не се враќа, туку да продолжи кон Лондон, пренесуваат британските медиуми. Екипажот се соочил со тешка одлука како да постапи во ваква ситуација. Првично ...
Најмалку две лица се сериозно повредени, а уште две се повредени во експлозија на плинска боца во римскиот кварт Пијана дел Соле, која предизвика уривање на мала зграда, пренесуваат италијанските медиуми. Според Месаџеро, најмалку 70 лица биле евакуирани од околните објекти. На местото на трагедијата интервенирале бројни противпожарни бригади, полиција и служби за итни случаи. Спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат меѓу урнатините за ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие привела 14 возачи низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот – дел од нив возеле без дозвола, други под дејство на алкохол, а имало и случаи на опасно брзо возење. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, најголем дел од приведените, вкупно осум лица, управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник. Вакви случаи се регистрирани во Кавадарци, Тетово, ...
Тензиите на Блискиот Исток нагло се заоструваат откако Исламска револуционерна гарда се закани со целосно затворање на Ормускиот теснец доколку САД реализираат напад врз иранскиот енергетски сектор. Во официјалното соопштение, иранската гарда предупреди дека стратешкиот морски премин ќе биде блокиран ако американскиот претседател Доналд Трамп ги исполни своите закани за уништување на иранските енергетски објекти. Ова доаѓа само еден ден ...
Електроенергетскиот систем во државата е стабилен и во целост функционален, уверува премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека во погон се клучните капацитети и дека има доволно ресурси за непречено снабдување со електрична енергија. Според него, во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е подготвена да воведе ограничувања при точење гориво доколку се зголеми притисокот врз домашниот пазар, особено поради зголемената потрошувачка од странски државјани. Иако во моментов нема рестрикции, Мицкоски јасно порача дека оваа опција е на маса и ќе се активира ако се појави ризик од нарушување на снабдувањето. – Во овој момент не гледаме причина да го ограничиме точењето гориво, но ...
Три лица се приведени за семејно насилство, а во изминатите 24 часа се евидентирани вкупно седум пријави за напади врз партнери и членови на семејството, информираше Министерството за внатрешни работи. Најтежок случај е пријавен во Скопје, каде 48-годишна жена тврди дека нејзиниот сопруг ја оттурнал по скалите во нивниот дом. Таа завршила на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а за случајот е известен јавен обвинител и се работи на ...
Цените на горивата повторно стануваат една од најчувствителните економски теми во регионот, а Македонија се најде во ситуација типична за мали и увозно зависни пазари – да реагира на глобалниот шок со домашни мерки што само делумно го ублажуваат ударот. Само во последните недели, цените на бензинот и дизелот нагло пораснаа, што ја натера владата да прогласи кризна состојба и да интервенира со намалување на ДДВ за горивата. Брза реакција на ...
Македонската ракометна репрезентација ќе игра против Ракометна репрезентација на Словачка во баражот за пласман на Светско првенство во ракомет 2027, откако Словаците ја елиминираа Украина во драматичен двомеч. Иако Украина славеше со 32-31 во реваншот, Словачка обезбеди пласман понатаму благодарение на победата од 27-24 во првиот натпревар. Украинците имаа одлична шанса да го свртат резултатот, откако во текот на натпреварот водеа и со шест ...
Малите трговци алармираат дека новиот закон за заштита од пушењето може сериозно да ги загрози нивните бизниси, откако нивните забелешки не биле вклучени во најновата верзија на предлог-решението. Сопствениците на тобако продавници, киосци и мини маркети реагираат дека и покрај нивните предупредувања уште од првичната верзија, клучните одредби останале непроменети. Тие стравуваат од финансиски загуби, отпуштања и затворање на дел од ...
Украински воени советници, кои по барање на американската Централна команда престојувале на Блискиот Исток, се вратиле запрепастени од начинот на кој се користат системите за противвоздушна одбрана во Персискиот Залив, објави британскиот весник „Тајмс“. Според нивните сведоштва, некои заливски земји користат пресретнувачки ракети „Патриот“ многу поинтензивно отколку што тоа го прави Украина – понекогаш испукувајќи и до осум ракети кон една ...
Владата донесе две клучни мерки за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и компаниите – намалување на ДДВ за нафтените деривати и ослободување на количини на мазут од државните резерви, информира премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по владината седница. Со цел ефикасно спроведување на мерките, Владата прогласи кризна состојба на целата територија. – Со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, почнувајќи од понеделник ...
Владата донесе две клучни мерки за ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и компаниите – намалување на ДДВ за нафтените деривати и ослободување на количини на мазут од државните резерви, информира премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по владината седница. Со цел ефикасно спроведување на мерките, Владата прогласи кризна состојба на целата територија. – Со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, почнувајќи од понеделник ...
Ормуската теснец останува отворен за сите бродови освен за оние што Иран ги смета за „непријатели“, изјави Али Мусави, претставник на Иран во поморската агенција на ОН. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата за ирански напади во контекст на американско-израелската тензија предизвика повеќето бродови да избегнуваат ...
Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза, со што источниот дел на државата наскоро ќе добие прво рекреативно вештачко езеро. Проектот, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот, истакна денеска при увид во работите заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. – Ова ќе биде прво рекреативно вештачко езеро во источниот ...
Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Плусинфо. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари. Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и со мерки против поскапување на струјата. На денешната вонредна владина седница ќе се донесат мерки, по што премиерот ...
Има случаи што не оставаат простор за релативизирање. Случајот со директор фатен со 50.000 евра во автомобил, како дел од договорено мито од 100.000 евра, е токму таков. Ова не е политичка конструкција, не е медиумска шпекулација, туку акција со обележани пари, документирана од институциите. И токму затоа, проблемот повеќе не е само во поединецот. Проблемот е во реакцијата на институциите на системот. Да, институциите постапиле. Но политиката ...
Осумнаесетгодишен возач синоќа изгубил контрола над автомобил и излетал од коловоз на булеварот Александар Македонски, на влезот во Скопје кај бензинската на Лукоил. Несреќата се случила околу 21 часот, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (18), најпрво удрило во заштитна ограда, а потоа и во објект покрај патот. И покрај силниот удар, во инцидентот нема повредени лица, што, според првичните ...
Повеќе од сто припадници на шпанските безбедносни сили се уапсени или под истрага за прекршоци поврзани со дрога во последните пет години, според најновите податоци од Министерството за внатрешни работи. Според извештајот, 24 полицајци биле уапсени во 2025 година, исто како и во 2023 година, објави веб-страницата 20 минутос. Најмал број апсења е регистриран во 2022 година, кога биле уапсени 16 полицајци. Шпанската влада ги презентираше овие ...
Тензиите на Блискиот Исток дополнително се заоструваат откако иранската армија најави можни напади врз енергетска инфраструктура во регионот, како одговор на заканите од Доналд Трамп. Од оперативната команда на иранската војска соопштија дека секој напад врз нивните енергетски капацитети ќе биде проследен со директен одговор. – Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, цел на нашите операции ќе биде ...
Граѓаните во земјава и натаму активно ја користат мобилната телефонија, но трендот покажува постепено намалување на разговорите. Според најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации, просечен корисник во текот на 2025 година месечно остварувал 104,05 повици и разговарал вкупно 228,03 минути. Најголем дел од разговорите и натаму се одвиваат во рамки на истата мобилна мрежа – дури 143,27 минути или 62,83 проценти од вкупниот ...
ПР агенцијата „Eye Media“ со остра реакција ги демантираше информациите објавени во дел од медиумите дека има соработка со Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) и со Зоран Башановиќ. Од агенцијата велат дека станува збор за целосно неточни и неосновани тврдења, нагласувајќи дека немаат никаков договор, ангажман или било каква форма на соработка со политичката партија или нејзини претставници. Во продолжение интегрално го пренесуваме ...
Пред неколку дена објавеното истражување на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ ни соопшти бројки покрај кои не смееме да поминеме како да станува збор за обична статистика. Истражувањето, спроведено на примерок од 1.040 полнолетни испитаници, покажува дека 37 отсто од граѓаните малку веруваат дека можат да добијат еднаков третман во јавното здравство без познанства, плаќање или друг вид коруптивни практики, а ...
Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава, а попладне на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат во широк интервал – од утрински минусни вредности до пријатни пролетни максимуми. Минималната температура ќе се спушти меѓу -3 и 4 степени, додека дневната ќе достигне од 10 до 17 ...
Доналд Трамп се закани со директни напади врз иранската енергетска инфраструктура, поставувајќи ултиматум до Иран да ја отвори Ормуската Теснина во рок од 48 часа. Американскиот претседател доцна синоќа преку социјалните мрежи порача дека доколку Техеран не овозможи слободен и безбеден поморски сообраќај, САД ќе започнат напади врз електраните. „Доколку Иран не ја отвори целосно, без закани, Ормуската Теснина во рок од 48 часа, САД ќе ги ...
Агенција за храна и ветеринарство спречи влез на околу 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар, откако инспекциските служби открија сериозни неправилности кај две пратки на граничниот премин Ќафасан. Станува збор за 27 тони мелено говедско месо од Парагвај, за кое било утврдено дека потекнува од објект што не е одобрен од Агенцијата. Поради тоа, пратката не ги исполнувала основните безбедносни стандарди за увоз и постоел ризик за ...
Владата денеска напладне ќе одржи седница на која се очекува да донесе вонредни мерки за ублажување на растот на цените на горивата, по новиот бран поскапувања што го зафати и домашниот пазар. Од Владата информираат дека растот на цените на светските нафтени берзи веќе се одразува и во земјава, а се очекува дополнително поскапување на дизелот и бензините веќе од почетокот на неделата. – Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува ...
Редок и впечатлив призор е забележан покрај реката Радика. Мечка со своите две мечиња била снимена како се бања во реката. Сцената ја доловува природата во најчиста форма. Животните уживаат во првите денови од пролетта . „Поглед што ретко се гледа – мечка со своите мали фатени на камера покрај Радика“, се наведува во објавата на „Ривер Радика“. Вакви сцени ретко може да се видат во дивината. Автор на видеото е Един Исмаили. Тој успеал да го ...
Нови воздушни напади ја погодија територијата на Израел. Најмалку 5 лица се мртви, а 100 повредени, велат иранските медиуми. Во градот Арад, на југот од земјата, се повредени околу 30 лица. Службата за итна помош МДА (Маген Дејвид Адом) соопшти дека има голем број жртви. Меѓу нив и петгодишно девојче во сериозна состојба. Паралелно, претходно беа повредени 47 лица во напад врз Димона, тајната постројка во која е центарот на израелската ...