Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Бездомник пронашол куфер со тело на 38-годишна Британка во напуштена зграда во Атина. На 18 јули тој ја известил полицијата дека во напуштената зграда во атинската населба Кипсели забележал куфер од кој штрчел дел од човечко тело. Подоцна било утврдено дека жената била 38-годишната Елизабет Џејн Рос од Шкотска. Таа пристигнала во Грција на 29 јуни од САД, преку Кипар, и престојувала кај пријатели во Атина. Последен пат била видена на 15 јули, ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави планираните карактеристики за пристапност на апликацијата за дигиталното евро, што би им овозможило на корисниците пристап до основните услуги на оваа дигитална валута, доколку се донесе одлука за нејзино воведување. ЕЦБ наведува дека дигиталните плаќања ќе бидат достапни за граѓаните без оглед на нивните способности, потреби или ниво на дигитални вештини. Апликацијата треба да има подобрена ...
Алкалоид објави раст на консолидираната добивка од 4%, консолидирани продажби од 168 милиони евра и инвестиции од 13,6 милиони евра во периодот јануари – јуни 2026 година. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2026 година продажбите достигнуваат 6.870.366.274 денари, што претставува раст од 2 % во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат ...
Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава против двајца сопственици и управители на компанија, како и против самото правно лице, поради сомнение за даночно затајување, со кое, според наводите, Буџетот на државата бил оштетен за повеќе од 12,6 милиони денари. Од Финансиската полиција информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство Скопје, а се однесуваат на сомнителни финансиски активности во периодот од ...
Една од љубовните приказни што ги одбележа деведесеттите години беше четиригодишната приказна на Синди Крафорд и Ричард Гир, чии деца сега се соработници и пријатели. Нивната врска се врати во сеќавањата на многумина овие денови откако нејзината ќерка Каја Гербер и неговиот син Хомер Гир, снимија серија и позираа заедно на црвениот тепих. Каја, која е манекенка, неколку пати се обидуваше како актерка, а сега е една од главните ѕвезди на ...
Во полициска акција спроведена во текот на ноќта во два угостителски објекти на гостиварското подрачје, приведени се 15 странски државјанки, а уапсени се и две лица, меѓу кои и сопственик на локал кој, според полицијата, се обидел да им овозможи бегство на жените откако ја забележал контролата. Акцијата била спроведена помеѓу 02:00 и 04:00 часот од полициски службеници на ОВР Гостивар. Според информациите од Министерството за внатрешни ...
Геополитичките настани и трговските војни го покажаа вистинското значење на синџирот на снабдување со критични минерали, оценува Меѓународната агенција за енергетика. Во последниот извештај насловен „Глобални перспективи за критични минерали 2026“ се истакнува дека глобалните економии зависат од отпорно снабдување со руди. Македонија активно не е вклучена во ископот на критични минерали и создавањето залихи, иако геолошките истражувања ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. – Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата, не само во Македонија, туку ...
Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако бил фатен како вози со дури 204 километри на час на автопатот А1, на делницата кај клучката Смоквица, каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот со иницијали Ж.Д. бил запрен во средата околу 21:26 часот од полициски службеници од ОВР Гевгелија, кои при сообраќајна контрола со радар утврдиле ...
Актерот и музичар Џаред Лето остро ги отфрли обвинувањата за сексуално злоставување што против него ги изнесоа неколку жени во документарниот филм на Би-би-си „Џаред Лето: Холивудската мрачна тајна“. Добитникот на Оскар во изјава за „Пипл“ ги нарече обвинувањата целосно невистинити. – Никогаш во животот не сум нападнал никого сексуално. Овие тврдења се апсолутно и категорично неточни – изјавил Лето. Според наводите во документарецот, четири ...
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик беа уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по повеќе од 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација. Во рамките на ...
Четири лица заразени со вирусот западен нил починаа во Грција, а во земјата се потврдени вкупно 42 случаи заклучно со вчера, од кои половина се регистрирани во изминатата седмица, во согласност со податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 37 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа), а кај ...
Тинејџер од Франција, кој студира во Сингапур е казнет со 600 сингапурски долари (околу 405 евра) за нарушување на јавниот ред. Дидие Гаспар Овен Максимилијан (19) зел сламка од автомат за сок, ја употребил и ја вратил помеѓу чистите. Тој тоа го снимал и го објавил на Инстаграм со опис „Градот не е безбеден“. Видеоснимката предизвикала осуда од голем број корисници на социјалните мрежи. По инцидентот, тој ја признал вината. Singapour: un ...
Полскиот премиер, Доналд Туск, ја обвини Русија дека го нарушила воздушниот простор на Полска за време на масовниот напад врз Украина извршен во текот на ноќта. „Русија за време на масовниот напад врз Украина го наруши нашиот воздушен простор“, објави Туск на платформата „Икс“. Тој додаде дека свикал координативен тим, во кој се вклучени министерот за одбрана, Владислав Косиниак-Камиш и претставници на надлежните служби, кои го истражуваат ...
Џорџ и Амал Клуни биле принудени да го напуштат својот дом во Франција поради големите пожари што во моментов зафаќаат делови од Франција, Шпанија, Италија и Грција. Славниот брачен пар живее со своите деветгодишни близнаци, Александар и Ела, во местото Брњол, во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во југоисточна Франција. Нивниот имот се наоѓа во една од областите погодени од пожарите кои деновиве се шират низ јужна Европа. За евакуацијата ...
Графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи, е објавен на македонски јазик, во превод на Владо Ефтимов, во издание на издавачката куќа Антолог. „Персеполис“ на Сатрапи, која почина на 4 јуни оваа година (родена 1969), е еден од најпродаваните и меѓународно најуспешни мемоари во форма на стрип и претставува скапоцено сведоштво за животот во Иран од крајот на седумдесеттите до средината на ...
Германија го отвори прашањето дали треба да се укине недела како неработен ден воведен пред повеќе од 100 години. Неделниот одмор во Германија е заштитен со уставот, а оваа одредба датира од Вајмарскиот устав од 1919 година и е пренесена во Основниот закон од 1949 година. Деталните правила за работното време ги донесуваат федералните покраини, па продавниците генерално се затворени во недела. Само одредени објекти имаат право да работат, како ...
На 30 јули, кога светот го одбележува Светскиот ден против трговија со луѓе, вниманието повторно е насочено кон еден од најтешките облици на организиран криминал. Годинашната порака на Обединетите нации „Заробени зад измамата“ предупредува дека криминалните мрежи сè почесто ги намамуваат луѓето со лажни ветувања за добро платена работа во странство, по што тие завршуваат во современо ропство, принудени да работат, да учествуваат во ...
Хиларија Болдвин (42), сопругата на холивудскиот актер Алек Болдвин, откри детали од долгогодишната борба со нарушувањата во исхраната, признавајќи дека првите проблеми со доживувањето на сопственото тело ги почувствувала уште како дете. Во интервју за „Пејџ сикс“, таа раскажа дека повеќе од две децении се борела со анорексија, булимија, прејадување и изгладнување. – Поминав низ сè – анорексија, булимија, прејадување и изгладнување – вели ...
Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во масовните руски ракетни и беспилотни напади врз повеќе региони на Украина во текот на ноќта, додека украинските сили возвратија со удари врз руски рафинерии и воени цели. Според украинските власти, во нападите загинале најмалку девет лица, а десетици се повредени. Сирени за воздушна опасност се огласувале низ целата земја, а меѓу погодените градови се Киев, Лавов, Днипро, Полтава, Харков, ...
Украинските воздухопловни сили вчера изгубија контакт со борбен авион Ф-16 за време на борбена мисија, откако се случила вонредна ситуација на авионот, потврди војската. „Пилотот е безбеден. Тој беше успешно евакуиран и пренесен во медицинска установа за преглед и дијагностички тестови“, објавија украинските воздухопловни сили. Според војската, пилотот учествувал во мисија за пресретнување на руски воздушни цели на еден дел од линијата на ...
Профилот „Цандо Големиот“ на мрежата Икс, поранешен Твитер, е згаснат по бурните реакции во јавноста за контроверзната објава со која му посака смрт на македонскиот блогер и водител Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит. Профилот, кој е близок на врвот на СДСМ, според претходно објавените фотографии, во навредливата објава се ситеше на смртта на бардовите на македонското глумиште Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, а таква судбина му посака и ...
Повеќе од 30.000 луѓе се собраа во Вела Лука на традиционалниот концерт „Траг во бескрајот“, посветен на незаборавниот хрватски музичар Оливер Драгојевиќ. Меѓу илјадниците посетители посебно внимание привлекуваше неговото семејство, кое од првите редови ја следеше музичката вечер исполнета со емоции и спомени. Во публиката беа сопругата на Оливер, Весна Драгојевиќ, нивните синови, снаите и внуците. Тие со внимание ги слушаа изведбите на ...
Словенија прогласи портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради екстремно високите температури што се очекуваат до крајот на неделата. Највисокото ниво на опасност – црвена фаза – е прогласено за подрачјата Копер, Сежана, Дивача, Хрпелје-Козина, Комен, Нова Горица, Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Во останатиот дел од земјата е на сила портокалова фаза, што означува висок ризик од избувнување пожари. Поради опасноста, во цела ...
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, го коментираше своето враќање на клупата на „аѕурите“, истакнувајќи дека добил шанса да ја исправи грешката од пред три години. Шеесет и едногодишниот стратег претходно ја предводеше Италија од 2018 до 2023 година. Под негово водство, „аѕурите“ ја освоија европската титула на Европското првенство во 2020 година (одиграно во 2021 година), а двапати го освоија третото место ...
Српската пејачка Марија Шерифовиќ летува во Хрватска со мајка ѝ Верица и синот Марио, а дел од авантурите од семејното крстарење сподели со своите следбеници преку новиот влог на Јутјуб. Таа ова лето ги замени концертите и сценските настапи со мирен одмор на едрилица со која пловат долж хрватскиот брег. Но, освен целосно мирно уживање во сонцето, морето и скриените заливи, семејството доживеа и неколку возбудливи моменти. Еден од нив е и оној ...
Американската армија соопшти дека ноќеска извела напади врз цели во Иран како одговор на ракетните напади што иранските вооружени сили во вторникот ги извршија врз американски воени единици на Блискиот Исток. Централната команда на вооружените сили на САД на социјалните мрежи објави дека воздушните напади претставуваат „силен одговор на обидот за ирански напад“ од вторникот. Последните напади за светските агенции претставуваат дополнителна ...
Неидентификуван објект рано утринава паднал во близина на селото Тарнава-Колонија во источна Полска, предизвикувајќи силна експлозија, соопштија полските власти. Местото се наоѓа во Лублинското Војводство, на околу 95 километри од украинската граница. По пријавите од жителите за силна детонација, армијата, полицијата и другите надлежни служби го обезбедиле теренот и започнале истрага. Полските вооружени сили засега не соопштуваат за каков ...
Новиот бран воздушни напади на САД врз Иран како одговор на нападите врз американските сили низ Блискиот Исток утрово ги зголемија цените на нафтата. Цената на Брентот се искачи над 93,2 долара за барел продолжувајќи го растот од претходната сесија, а цената на американската сурова нафта WTI скокна на 85,7 долари за барел. Скокот на цената и овој пат е резултат на новите напади на САД врз Иран и ескалацијата на нападите на Хутите врз бодовите ...
На граничниот премин „Богородица“ утрово се чека околу 20 минути за излез од државата поради зголемената фреквенција на возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на возила на патните правци ...