Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија нема да го користи правото на вето против Македонија доколку стане членка на Европската Унија пред неа, нагласувајќи дека блокирањето на земјите кандидати не е во согласност со европската идеја. Рама ја даде изјавата на 11 јули, одговарајќи на прашање на студент од Скопје за време на младински камп во албанското туристичко место Јала. Тој порача дека Албанија нема да поставува вето на ниту една ...
Повеќе од 12.000 пораки со навредлива содржина биле испратени до тенисерки преку социјалните мрежи во текот на минатата година, објавија ВТА и Меѓународната тениска федерација (ИТФ) во својот заеднички годишен извештај за онлајн злоупотреба и закани. Во 2025 година биле анализирани повеќе од 1,2 милиони објави и коментари на социјалните мрежи. Од нив, повеќе од 12.000 биле категоризирани како навредливи, а 3.726 како сериозна злоупотреба, ...
Шест мостови, железничка станица и аеродром се меѓу објектите што биле погодени во последниот бран американски воздушни напади врз Иран, тврдат иранските власти. Техеран го обвини Вашингтон дека директно нападнал цивилна инфраструктура, додека американската војска соопшти дека цел на операцијата биле иранските воени капацитети. Според иранските медиуми, нападите биле изведени во покраината Хормозган, а локалните власти соопштија дека загинале ...
Мајмун со црно крзно и со портокалови усни првпат бил фотографиран во 2008 година. Научниците сега потврдија дека станува збор за посебен вид, познат само на мал простор во дождовната шума. На социјалните мрежи се коментира чудниот израз на неговото лице. Заматена фотографија од непознат црн мајмун ја почнала научната потрага која траела 18 години. Меѓународен тим сега потврди дека животното од конгоанската дождовна шума е нов вид, официјално ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 јули 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 156,65 евра/mwh, додека на MEMO цената е 141,76 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 114,04 евра за мегават час, а на MEMO 86,59 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Кога Хари на 10 јули се сретнал со својот татко во Хајгроув Хаус, заедно со своето комплетно семејство, Меган и децата, принцот Арчи и принцезата Лилибет, Бакингемската палата потврдила дека на приватната семејна средба присуствувала и кралицата Камила. Според кралската авторка Кетрин Мајер, нејзиното присуство ја одразува едноставната реалност според која таа е неодминлив дел од животот на Чарлс. – Нема помирување со принцот Хари без неа – ...
Доколку САД и Иран наскоро не овозможат поголем проток на нафта низ Ормускиот Проток, светот треба да биде загрижен за енергетската безбедност, предупреди денеска извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ), Фатих Бирол. -Безбедноста на снабдувањето со нафта останува клучно прашање. Треба да бидеме загрижени, и јас сум, ако ситуацијата не се подобри во следните неколку недели- рече Бирол на состанокот на Советот за ...
Два локомотиви се судриле рано утринава пред Железничката станица во Велес, при што е повреден 27-годишен машиновозач. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година, околу 04:00 часот, во СВР Велес од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р. (27) од Велес. Според првичните информации, несреќата се случила околу 03:00 часот пред ...
Починат мигрант од Пакистан бил пронајден вчера на локацијата „Мрзенско поле“ во атарот на селото Мрзенци кај Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, околу 11:52 часот група мигранти преку мобилен телефон побарала помош. По пристигнувањето на терен, полициските службеници затекнале тројца мигранти без лични документи, кои изјавиле дека се од Пакистан, како и тело на маж за кого рекле дека патувал заедно со ...
Додека ФИФА го подготвува за најголемиот натпревар во кариерата, дел од светските медиуми повторно потсетуваат на настанот од 2020 година кога Славко Винчиќ беше приведен во полициска рација во БиХ, но подоцна беше ослободен без обвинение. Славко Винчиќ в недела ќе ја дели правдата на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но англиските медиуми деновиве не пишуваат само за неговата судиска кариера. „Дејли мејл“ потсети на ...
Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 41-годишен британски државјанин, осомничен дека со камења нападнал даночни инспектори кои вршеле службена контрола на туристичкиот локалитет „Камени Кукли“ во селото Куклица, кај Кратово. Според Обвинителството, против осомничениот е поведена постапка за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво според член 382 став 3 од Кривичниот законик. ...
Жителка на неготинското село Долни Дисан останала без 49.087 денари, откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјална мрежа, верувајќи дека ќе добие кредит. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 јули 2026 година во 13:15 часот, 44-годишната жена го пријавила случајот во ОВР Неготино. Според нејзината пријава, таа стапила во контакт со лице преку социјална мрежа со намера да подигне кредит. Во текот ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) забрани употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека таа е загадена и небезбедна за употреба. Повеќе од 1.200 жители на Гостивар побарале медицинска помош во Градската болница жалејќи се на стомачни тегоби и повраќање. Забраната доаѓа по добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна ...
Општествено-политичката саможивост и историското слепило кај еден минорен дел од „актерите“ на македонската политичка сцена – оние трансформирани во безнадежни политикантски секти! – свесно и континуирано го разгоруваат пожарот на политичкото безумие и националното предавство. Наспроти сите културни и цивилизациски аргументи, наспроти неподмитливите историски докази, тие се подготвени да збришат сѐ што генерации и генерации пред нив ...
Фронтменот на „Beartooth“, Кејлеб Шомо, и неговата сопруга со која е во брак 14 години, Флер Шомо, законски се разделуваат речиси два месеци откако тој се изјасни како хомосексуалец. Според PageSix двојката заеднички поднела барање за развод во Вишиот суд во Лос Анџелес претходно оваа недела. Тие немаат деца. Меткалкор рокерот, кој се ожени со Флер во април 2012 година, објави дека е „горд геј маж“ во ранлива изјава објавена на Инстаграм на ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека на 15 јули до Европската Унија е доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, како што вели, уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. „Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ќе бидеме далеку пред многу други и покрај обидите процесот да биде забавен преку блокирањето на ...
Дваесет и тригодишен жител на Велес е приведен откако ноќеска управувал мотоцикл без регистарски ознаки на игралиште во градот, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот најпрво бил пријавен во полиција, а снимка од настанот била објавена и на социјалните мрежи. По преземените мерки и проверки, полициски службеници од СВР Велес утврдиле дека станува збор за С.Ќ. (23) од Велес. При контролата било констатирано дека тој го ...
Годишната инфлација во Европската Унија изнесуваше 2,9% во јуни 2026 година, што е намалување од 3,3% во мај. Една година претходно, стапката беше 2,3%., објави Евростат. Според пресметките на Европстат инфлација во еврозоната во јуни изнесуваше 2,8%, што е намалување од 3,2% во мај. Една година претходно, стапката на инвлација во еврозоната беше 2,0%. Најниски годишни стапки се регистрирани во Шведска (1,0%), Чешка (1,1%) и Данска (1,8%). ...
Четириесет и едногодишен жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки во близина на селото, информираат од Секторот за внатрешни работи Битола. Според пријавата, нападот се случил вчера вечерта, а во 19:50 часот случајот бил евидентиран во СВР Битола. Од полицијата посочуваат дека Н.И. (41) од Курбиново, додека се движел низ шумски предел и собирал печурки, бил нападнат од мечка. По нападот, повредениот ...
Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откога ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука. – Не ...
Педесет и четиригодишен жител на прилепското село Канатларци го загубил животот во тешка несреќа со трактор што се случила во атарот на селото Подмол. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера околу 20 часот во СВР Битола. При увидот бил пронајден превртен трактор, кој претходно го управувал М.Т. (54) од селото Канатларци. Лекар од Итната медицинска помош во Прилеп констатирал смрт на местото на ...
Лекарите му рекле дека му остануваат само неколку месеци живот, но Стаматис Мораитис живеел уште речиси 40 години. Гркот се вратил на родната Икарија за таму да ги помине последните денови, а островскиот живот му донел сосема поинаква приказна. Мораитис тогаш имал околу 60 години и со децении живеел во Соединетите Американски Држави. Проблемите со дишењето првично ги поврзувал со срцето, но прегледите покажале терминален рак на белите ...
Актерот Мет Дејмон (55) кој го толкува Одисеј – кралот на Итака, кој се обидува да се врати дома по Тројанската војна, откри дека при снимањето на новиот филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“ (The Odyssey), морал да го прекрши нивното семејно правило. Во новото интервју глумецот зборуваше и за напорното снимање на филмот, за коешто вели дека било едно од најисцрпувачките искуства во неговата кариера, нарекувајќи го најтешкиот филм што го ...
Македонија е најбрзорастечкиот авио-пазар во поранешна Југославија во првите пет месеци од годинава, а скопскиот аеродром е апсолутен лидер во регионот според растот на бројот на патници, објави специјализираниот портал „Екс-Ју Авиејшн“. Според анализата, 21 комерцијален аеродром во земјите од поранешна Југославија од јануари до мај опслужиле повеќе од 13,1 милиони патници, што е за над еден милион повеќе во однос на истиот период лани. ...
Четириесет и едногодишен жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки во близина на селото, информираат од Секторот за внатрешни работи Битола. Според пријавата, нападот се случил вчера вечерта, а во 19:50 часот случајот бил евидентиран во СВР Битола. Од полицијата посочуваат дека Н.И. (41) од Курбиново, додека се движел низ шумски предел и собирал печурки, бил нападнат од мечка. По нападот, повредениот ...
Под површината на една држава се наоѓа дел од нејзината најмалку видлива, но стратешки најважна природна инфраструктура. Таму се подземните води, геотермалниот потенцијал, различните геолошки формации и минералните суровини што се користат во градежништвото, индустријата, енергетиката и современите технологии. Но да се претпоставува дека одреден ресурс постои и да се располага со научно потврдени податоци за него се две сосема различни ...
Буенос Аирес не живее само за финалето со Шпанија. Деновиве низ Аргентина повторно оживеаја старите фудбалски ритуали, од претседателски суеверија до навивачи кои веруваат дека читањето на Библијата носи среќа за „гаучосите“. Претседателот на Аргентина Хавиер Милеи потврди дека нема да отпатува во Њу Џерси за да го следи финалето на Светското првенство. Наместо на стадион, натпреварот ќе го гледа од претседателската резиденција во Оливос, ...
Најголемата голема бела ајкула некогаш регистрирана во Атлантскиот Океан повторно ги заинтригира научниците. По неколкумесечно отсуство од системите за следење, „Контендер“ повторно испратила сигнал од својот сателитски уред. Станува збор за импресивен примерок долг повеќе од четири метри и тежок околу 770 килограми, поради што истражувачите ја сметаат за една од најголемите бели ајкули следени во Атлантикот. Мистериозно исчезнала од радарите ...
Од почетокот на јули Националната установа Музеј на тетовски крај почна со истражувања на нов локалитет во близина на Стенче. Под Брегови Долна Цеста село Стенче е именувано местото од мештаните каде на една нива во септември 2025 година се најдени керамички остатоци при копање за градежни работи. Се наоѓа на околу километар и половина од центарот на селото во правец кон запад, односно во близина на крстосницата што води кон Волковија и ...
Со исплатата на јулската плата почнува примената на новите стапки на придонеси за задолжително социјално осигурување, донесени на почетокот на месецов. Овие промени ги засегаат работодавачите кои треба да извршат прераспределба на уплатата на придонесите, но не влијае на износот на платите на работниците и на вкупниот процент на зафаќањата за плати. Според измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување вкупниот износ ...