НАД 1.300 ПРЕКРШОЦИ ЗА ДВА ДЕНА: 32 лица лишени од слобода за безобѕирно управување Полициските службеници во текот на изминатите два дена, 10 и 11 август, констатирале вкупно 1.322 сообраќајни прекршоци на патиштата низ земјава, а 32 лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број прекршоци, 400 се однесувале на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на ...

Дури 67 проценти од Полјаците, според најновата анкета, го поддржуваат барањето на опозицијата за депортирање на Украинците бегалци кои подлежат на воена служба и кои не се легално вработени. Владата го отфрли барањето, бидејќи 80 проценти работат легално, а без нив „цела Полска би запрела за само еден ден“. Според најновите податоци, во Полска моментно живеат и работат помеѓу 1,8 и 1,9 милион Украинци. Според анкетата 67,2 проценти од ...

Денеска, 12 август, љубителите на астрономијата ги очекува исклучително интересен ден – целосно затемнување на Сонцето во делови од светот, делумно затемнување видливо и од Македонија, максимумот на метеорскиот дожд Персеиди, а во утринските часови и планетарна „парада“ со шест планети. Целосното затемнување на Сонцето ќе може да се види само на тесна патека што минува низ делови од Гренланд, Исланд, северна Русија, Атлантскиот Океан, Шпанија ...

По речиси 30 години од смртта на Тупак Шакур, еден од најпознатите нерасчистени случаи во американската музичка историја конечно стигна до судница. Во Лас Вегас на 10 август започна изборот на поротници за судењето на Дуeјн „Кефи Ди“ Дејвис, 63-годишниот поранешен член на бандата „South Side Compton Crips“, кој е обвинет за убиството на раперот во 1996 година. Процесот се очекува да трае околу четири недели. Обвинителството тврди дека Дејвис ...

Народот вели: една фотографија, илјада зборови. А овие фотографии покажуваат илјадници граѓани во Битола кои масовно дадоа поддршка на манифестацијата за прослава на независноста, „Силно светнал ден“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Токму против тој народ работи талогот – Филипче, Жерновски и Заев. Наспроти опструкциите, понижувањата, навредите и критиките од талогот во СДСМ, народот во огромно мнозинство ја поддржа прославата на независноста во Битола. ...

Алесандра Амбросио (45) се сврши со австралискиот дизајнер Бак Палмер (44) после речиси двегодишна врска. Бразилската манекенка ја објави среќната вест на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии и видео од романтичното запросување на нејзиниот партнер Бак Палмер. На снимките се гледа како австралискиот дизајнер клекнува покрај морето, во срце обликувано од црвени тропски цветови и ѝ го дава прстенот, додека таа со возбуда го прифаќа. ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, но зголемен е интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини поради поголемата фреквенција на возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце, за излез од земјава, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на граничниот премин Богородица, исто така за излез од Македонија. На останатите ...

Извештајот на словенечкото Министерство за внатрешни работи за случајот со лажниот полицаец на аеродромот „Брник“ открива низа стручни пропусти и неправилности во полицијата, поради кои цивилно лице година и пол можело да учествува во полициски постапки. Надзорот врз работата на Полициската управа Крањ го наредил поранешниот министер за внатрешни работи Бранко Злобко. Извештајот на Директоратот за полиција и други безбедносни задачи, до кој ...

Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор, иако знаеле за загадената вода во Гостивар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени, а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина. Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да ...

Во Македонија во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 24 пожари на отворен простор, од кои два и натаму се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен останува пожарот во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Огнот активен е и над селото Моране во Општина ...

Талогот на СДСМ со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, но и селективно молчи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за јули 2026 година, инфлацијата е 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување, соопшти партијата. „Движењето низ месеците ...

Европската фудбалска сезона 2026/27 започнува со голем спектакл. Вечерва од 21 часот на „Штадион Салцбург“ во Австрија, актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен ќе се соочи со победникот на Лига Европа, Астон Вила, во борбата за трофејот во УЕФА Суперкупот. ПСЖ во натпреварот влегува како актуелен шампион на Европа, откако минатата сезона го освои трофејот во Лигата на шампионите. Францускиот гигант ќе се обиде да ја продолжи доминацијата ...

Бела Ремзи на само 22 години веќе е сопственик на стан, но наместо да се фали со својот успех, актерката признава дека поради тоа чувствува дури и непријатност. Во неодамнешно интервју за „Гардијан“, Ремзи откри дека живее сама во мал, пријатен стан со една спална соба, но смета дека купувањето сопствен дом го направила „малку прерано“. – Многу е погрешно! Не треба да го правиш тоа додека не бидеш постар – вели таа. Актерката објаснува дека ...

Многу компании во Германија очекуваат платите да се намалат во следните пет години како резултат на употребата на вештачка интелигенција, се вели во најновата студија на Институтот Ифо, со седиште во Минхен. Се очекува работниците со помалку од пет години професионално искуство да бидат особено погодени. Околу половина од компаниите што веќе користат ВИ очекуваат нивните плати да се намалат. За вработените со најмалку пет години професионално ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина им ги предала на американските преговарачи своите предлози за план за завршување на војната со Русија. Изјавата на Зеленски доаѓа во услови на најави од Москва и Киев дека американските преговарачи наскоро би можеле да ги посетат двете земји во рамки на напорите за продолжување на мировниот процес. – Ги предадовме нашите предлози на американската страна. Но, Соединетите ...

Во американските сојузни држави Тенеси, Алабама и Оклахома за во четврток е планирано извршување по една смртна казна. Доколку бидат извршени сите три егзекуции, тоа ќе биде прв таков случај во САД од 2010 година. Совпаѓањето на датумите во голема мера е случајно, но егзекуциите покажуваат дека примената на смртната казна во САД е концентрирана во мал број сојузни држави, изјави извршната директорка на Информативниот центар за смртната казна, ...

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез конечно го направија чекорот што нивните фанови го очекуваа со години. Двојката на 11 август 2026 година стапила во брак на интимна граѓанска церемонија во Каскаиш, Португалија, далеку од очите на јавноста. Веста ја потврдија самите тие со фотографија на која ги покажуваат своите венчални прстени, а покрај објавата стојат само иницијалите „C❤️G“. View this post on Instagram A post shared by Cristiano ...

Британското Радио Каролина по грешка објавило дека кралот Чарлс Трети починал, а потоа ја пуштило и националната химна. Причината била речиси неверојатна, вработен ги активирал однапред подготвените снимки „од љубопитност“. Инцидентот се случил на 19 мај за време на „Шоуто на Бари Марш“. Во етерот биле пуштени 3 снимени известувања за наводната смрт на 77-годишниот британски крал, пишува Офком. Третото дури соопштило дека „медиумите“ ја ...

Времето во среда, 12 август, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Темпеатурите ќе бидат во интервал од 16 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино наводно ја добил поддршката од Мексико со ветување кое може да ја смени фудбалската карта на Америка. Мексиканците би добиле можност да го напуштат КОНКАКАФ и да преминат во јужноамериканскиот КОНМЕБОЛ, пишува реномираниот АС УСА. Таквите тврдења ги пренесуваат спортски медиуми повикувајќи се на новинарот Мартин дел Паласио. Според нив, можноста била понудена во контекст на поддршката за Инфантино. ...

Тенискиот ас Јаник Синер најверојатно ќе биде подготвен за УС Опен, но поголемата непознаница е Карлос Алкарас. Лекарот Џани Даниеле предупредува дека четиримесечната пауза на Шпанецот може да донесе физички и психолошки проблеми при враќањето. Даниеле, претседател на лекарската комисија на Италијанската тениска федерација, не гледа причина за драматизирање на состојбата на Синер. Италијанецот ги откажал настапите во Монтреал и во Синсинати ...

Семејство во западна Колумбија успеало да излезе од својот дом непосредно пред да удри разорниот земјотрес со магнитуда од 7,4. Нивната снимка се шири додека размерите на трагедијата растат. Според најновите бројки загинале најмалку 181 лице, а 1.246 се повредени. Видеото го прикажува моментот кога членовите на семејството ја напуштаат куќата. Само кратко потоа почнува силното тресење. Потресот бил еден од најсилните во Колумбија во ...

Министерот за транспорт Александар Николоски се сомнева дека во грабежот на електровлечната потстаница во Драчево биле вклучени луѓе од ЕВН и од „Железница“. – Јас сум убеден, но секако јас не ја водам истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од „Железница“ ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди – изјави Николоски во гостување на Телма. Министерот го опиша случајот како ...

Општина Бутел добива нова зелена површина од 50.000 квадратни метри, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Она што со години беше депонија и симбол на негрижа, денес го претвораме во огромен, модерен и функционален мега парк, вели Ѓорѓиевски. „Со Дарко Костовски, градоначалникот на Бутел, дадовме збор дека ова место повеќе нема да биде заборавено. Денес, покажуваме што значи кога има визија, волја и вистинска грижа за градот. Долж ...

Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, вклучително и донесување нова законска рамка со која учебникарството е ...

Велосипедската рута на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Крит завршила со пад и со посета на болница. Тој поминал со полесни повреди и по лекарскиот преглед продолжил со планираните активности. Мицотакис ги минувал слободните денови на родниот остров Крит. За време на возење велосипед на планински терен загубил контрола и паднал. Премиерот потоа бил пренесен во Општата болница во Ханја. Лекарите го прегледале и констатирале полесни ...

Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за телевизија Сител. Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на запишани првачиња ќе ги има до ...

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни ...

Полициска контрола во Батинци завршила со лисици на рацете на 34-годишен скопјанец. Кај него полицајците пронашле револвер и куршуми, по што веднаш го привеле. Денеска во 12.40 часот во скопското село Батинци. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го запреле Ф.И. (34) од Скопје. При прегледот кај него бил пронајден револвер. Полицајците пронашле и куршуми за оружјето. Ф.И. бил лишен од слобода, а полицијата ...

Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза. Тендерот за изведувач сè уште трае, по изборот на изведувач ќе започнеме да работиме и очекувам за една година да го санираме лизгањето на земјиштето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32