Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, покажа едно сосема поинакво лице за време на летниот одмор во Црна Гора. Наместо на тениски терен, српскиот ас заврши на сцената на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови, каде што запеа, играше и заедно со Георгиев и Нигор го изведе познатиот хит „Тропски бар“. Малкумина од присутните на концертот очекувале меѓу публиката да го видат еден од најпознатите спортисти во светот. Ѓоковиќ, кој ...

Најмалку 12 луѓе загинаа, а 39 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз индустриски и цивилни цели во Нижнекамск, град во руската република Татарстан, објави градоначалникот Радмир Белјаев. Рафинеријата за нафта таму, која е една од технолошки најнапредните во Русија, исто така беше погодена во нападот, објавија руските медиуми. Станува збор за рафинеријата ТАНЕКО на руската компанија Татнефт, која беше погодена и на почетокот ...

Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Портпаролот Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“. – По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени кон гостиварската болница на ...

Повеќето луѓе без многу размислување ги чуваат јајцата во фрижидер, често во пластичните држачи на вратата, бидејќи токму таму производителите предвидуваат место за нив. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто во продавниците јајцата најчесто стојат надвор од фрижидерите? Дали тоа значи дека и дома можеме да ги чуваме на собна температура? Подолга свежина Општото правило е дека јајцата остануваат свежи подолго кога се чуваат во фрижидер. Во ...

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе нѐ обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...

Облеката на глумицата Ен Хатавеј за премиерата на филмот „The End Of Oak Street“ во Лос Анџелес предизвика дебата на социјалните мрежи. 43-годишната актерка, која го очекува своето трето дете, позираше за фотографите во студијата на Ворнер Брос во комбинација што го откри нејзиниот труднички стомак. Хатавеј избра светло син топ без ракави кој беше скратен напред, додека од задната страна имаше долга „опашка“ и се спушташе до долу. Внатрешниот ...

Американската сајбер-команда покрена истрага по серијата од пет смртни случаи на нејзини припадници и лица кои тесно соработувале со таа воена единица. Петте смртни случаи регистрирани во периодот од почетокот на јуни до почетокот на јули предизвикаа загриженост во воениот врв и во Конгресот, а раководството на Сајбер-командата ситуацијата ја третира како таканаречен „кластер на самоубиства“, што подразбира примена на посебни процедури за ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека светот е на почетокот на голема војна што би можела значително да се прошири. Тој ја презентираше својата проценка во поткастот „MD MEETS“ на извршниот директор на германската компанија Axel Springer, Матијас Депфнер. Вучиќ одговараше на прашањето дали светот е на работ на значително поголем конфликт или „војна меѓу Европа и автократи како Русија“. – Ако ме прашате што лично мислам, а нема ...

Северна Кореја почна да распоредува специјална ракетна единица во западниот дел на Русија, која би можела да располага со до 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина. Според украинското воено разузнавање, околу 90 севернокорејски војници треба да бидат стационирани во регионот Воронеж и вклучени во руската 112. ракетна бригада. Станува збор за ракетите KN-23 и KN-24, оружје што Русија веќе го користи во нападите врз ...

Фудбалерот на Коритиба, Јаси Марањао, доживеа неверојатен пех во бразилското првенство – откако постигна гол, скокна преку рекламните панели за да го прослави, но пропадна во отворен тунел кон соблекувалните. Како капак на сè, ВАР утврди дека бил во офсајд и го поништи голот, а Марањао по падот се повреди и беше заменет во второто полувреме. Неверојатна сцена го одбележа натпреварот од бразилското првенство меѓу Коритиба и Шапекоенсе, откако ...

Грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) открила и запленила вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција на граничните премини Дојран/Дојрани меѓу Македонија и Грција и Кипи меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во камион со ...

Ниското ниво на водата може да доведе до прекин на товарниот сообраќај на клучен дел од реката Рајна и да ја подели таа витална европска речна артерија на два дела, предупреди денеска Германската федерална асоцијација за речна пловидба. Јенс Шванен, извршниот директор на Асоцијацијата вели дека се очекува нивото на водата кај Кауб поради недостигот од врнежи да падне под едноцифрена вредност. Мерната станицата во Кауб се наоѓа јужно од ...

Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и кон Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела ...

Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...

Никита Равал се најде во центарот на вниманието по непријатниот момент на црвениот тепих, кога женска обожавателка ненадејно ја бакна во уста. Актерката позираше пред фотографите кога жената ѝ пријде и побара да направат селфи. Никита се согласи, но наместо фотографирањето да заврши вообичаено, обожавателката неочекувано се приближи и ја бакна во уста. Снимката од моментот се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормускиот Теснец, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал Аксиос. – Не ѝ придаваме преголемо значење. САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека нема пари – вели Трамп за Аксиос. Трамп истакна дека ...

Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната сè повеќе ќе се чувствува и на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Постојат целосно праведни одговори. На секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна сè повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија – нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на Вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека ...

Обри Плаза и Кристофер Абот станаа родители за првпат. Актерската двојка ја доби својата прва ќерка, а веста беше објавена откако Плаза неодамна беше фотографирана во Њујорк со новороденчето во рацете. Според извори цитирани од американските медиуми, бебето се родило во последната недела од јули. Името на девојчето, како и точниот датум на раѓање, засега не се познати. Веста за бременоста на 42-годишната Плаза беше објавена во април, кога ...

Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, на пријатели и познаници од Јужна Африка кои размислуваат да се иселат од земјата им препорачал, меѓу другите можности, да размислат за преселување во Русија. Како што пренесува српскиот весник „Политика“ Маск во интервју за руски агенции изјавил дека Русија ја смета за земја во која, според неговото мислење, многу луѓе би можеле да најдат добро место за живеење. – Им советував на ...

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија, но состојбата утрово е стабилна. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 7:30 часот нема активни пожари, 25 се целосно изгаснати, а еден пожар останува под контрола. Единствениот пожар кој сè уште се следи е во Општина Крива Паланка, на излезот од градот, во близина на депонијата. Пожарот е ставен под контрола и нема ...

Род Стјуарт (81) има голема причина за славење – неговата ќерка Руби Стјуарт (39) го роди своето второ дете и по шести пат го направи славниот британски рокер дедо. Руби и нејзиниот свршеник Џејк Калик добија син, кој го нарекоа Леви Родс Калик. Бебето се родило на 4 август, било тешко околу 4,1 килограми и долго 50 сантиметри. Руби радосната вест ја објави на Инстаграм, споделувајќи низа фотографии од новороденчето и семејството. Во ...

Град Скопје информира дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во населбата Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период се очекува отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница. Од Град Скопје апелираат до жителите и сите учесници во сообраќајот да имаат трпение и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. „Ги известуваме ...

Европските геолози ја поздравија идејата на Унијата да создаде единствен Центар за критични минерали. Од Асоцијацијата на европски геолошки заводи (EuroGeoSurveys) соопштија дека е потребно да се има хармонизиран систем за наоѓалиштата на критичните минерали, ресурсите, резервите и истражувачките активности низ цела Европа, вклучувајќи ги и соседните и земјите-кандидатки за членство во ЕУ. Според достапните информации, Македонија нема голем ...

Очигледно во Левица ги заболела метафората „талог“, употребена од Драган Ковачки, повеќе отколку луѓето од врхушката на СДСМ на кои се однесуваше, па веднаш се впуштија во нивна одбрана, вели на Фејсбук, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Ама кога веќе решиле да делат лекции за тоа кој што работел пред да влезе во политика, ајде да ја примениме нивната логика и кај нив. По истата логика, нивниот ...

Времето в понеделник, 10 август, ќе биде снчево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 15 до 39 степени. Продолжува периодот на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп засега е подготвен да го засилува економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива. Шефот на САД денеска за „Аксиос“ рече дека преговорите со Техеран се водат „со половина сили“. Трамп не упати нови воени закани по новите ирански барања за морскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. – Не правиме голема работа од тоа – рече Трамп во краткиот телефонски разговор. Иран го одложува ...

Познатиот холивудски актер Антонио Бандерас вели дека срцевиот удар од 2017 година бил пресвртница која целосно му ги сменила приоритетите. Славниот актер престанал да пуши, се вратил во родната Шпанија и почнал поинаку да гледа на времето што го има. Во интервју за „Пипл“, Бандерас отворено зборувал за искуството кое денес го опишува со неочекувани зборови. – Мојот срцев удар беше најдоброто нешто што ми се случило во животот – изјавил ...

Почина познатата ромска пејачка Џансевер Далипова со потекло од Македонија. Џансевер ја загуби битката со тешката болест на 8 август во болница во Есен, по долга борба. Само месец претходно, на 8 јули, го прослави 59. роденден и остави порака во која неколкупати повтори колку била среќна, пишуваат медиумите. „Прославивме мал роденден. Самара ме изненади, ѝ благодарам, бев многу среќна, а дојдоа и моите најблиски. Беше прекрасно и бев многу ...

Фудбалерите на Вардар и на Шкендија влегоа во конфликт веднаш по последниот судиски свиреж на дербито во Скопје. На теренот прво избувнаа турканица и вербална расправија, по што дел од играчите се степаа. Соиграчите, членовите на стручните штабови и службените лица веднаш реагираа. Тие ги раздвојуваа фудбалерите и спречија поголема ескалација. Инцидентот дојде по победата на Шкендија од 2:0 на Националната арена „Тодор Проески“. Прво Тамба го ...

Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Еуроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на Кина. Во ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
70%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.97
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32