Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во контекст на уставните измени и почетокот на преговори за влез во ЕУ, вечерва повтори дека за нас се значајни суштински две работи – првата е да имаме јасни гаранции што или ќе бидат проточени во нашиот правен систем — уставни измени со одложена примена или ќе има гаранции од европските институции. – И исто така, за нас е значаен концептот на меѓународно-правен ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли. На социјалните мрежи утрово молскавично се проширија информации дека скопската вода е загадена, поради што мораа да реагираат и властите, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма на ...

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем. За среќа, детето е пронајдено и е заедно со своите родители. Четиргодишниот Богдан од ...

„Денес, во голема и координирана акција, се отстранува површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша, локација околу која изминативе денови се создаде непотребна паника и се пласираа тврдења дека наводно е загрозена водата од изворот Рашче“. Вака изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објавувајќи снимка од работите. „Уште еднаш јасно да потенцирам: Депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на ...

Скопското астрономско друштво објави линк во живо за следење на помрачувањето на Сонцето над познатата тврдинаш Гормаз во регионот Кастиља и Леон во Шпанија. Друштвото претходно најави дека ќе отпатува за Шпанија за да го проследи овој небески феномен. Шпанија, уште пред затемнувањето се соочи со огромен прилив на луѓе. Милиони жители и туристи се подготвуваа за феноменот, а властите распоредија десетици илјади полицајци. Помрачувањето на ...

Помрачувањето на Сонцето почна над Исланд, со што стартуваше долгоочекуваниот небесен спектакл над Европа. Месечината почна да минува пред сончевиот диск, а сенката потоа продолжува преку Атлантикот кон Пиринејскиот Полуостров. Небесната претстава нема да заврши со Сонцето, веднаш потоа сцената ја преземаат Персеидите, кои вечерва го достигнуваат својот максимум. Западниот дел на Исланд се наоѓа во патеката на целосното затемнување. Облаците ...

Спасувачите засега претпоставуваат дека четиричлената група Португалци која исчезна кај Сењ била изненадена од силниот ветер и од големите бранови. Пронајдената Португалка поминала меѓу 8 и 10 часа во морето, а лекарка ја нарече нејзината состојба исклучителна, пишува хрватски Индекс во најновите ажурирања на веста. Групата исчезна откако со мал гумен чамец излегла на море во близина на Сењ. Нивниот празен чамец подоцна беше пронајден кај ...

Осумгодишниот Шејмус Кофи мислел дека фатил обична риба додека ловел со татко му во езеро во близина на Филаделфија. Изненадувањето дошло на брегот, на јадицата имало пирана. Момчето ловело со својот татко Мајкл минатата сабота, 5 август. Додека ја влечело рибата, најпрво помислило дека станува збор за голем бас. – Го извлеков и мислев дека е бас – рекол Шејмус. Таткото немал претстава што уловиле. Неговиот син, сепак, ја препознал рибата. – ...

Четиригодишно дете од Македонија исчезнало во областа Алто Маре во Албанија, објави албанскиот медиум ЈОК Албанија. Семејството алармирало во полицијата и апелира до сите што се во близина да помогнат во потрагата. Според објавените информации, детето го нема подолго време и досега нема трага од него. Случајот бил пријавен во полицијата во Голем, но потрагата сè уште не дала резултат. Детето во моментот на исчезнувањето носело зелен костим за ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска има рекорден број на пожари за ова лето. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар. – Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар – информира директорот на ЦУК Мухамед Али. Пожари има во: 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, ...

Фудбалерот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, објави прв пост по смртта на неговиот татко, Хорхе Меси. Постариот Меси почина во петок во 22 часот по локално време во болница во Росарио. Имаше 68 години. Погребот беше одржан на 9 август. „Тато, сè уште не можам да верувам дека си заминат. Не можам да го сфатам тоа, или поточно, не сакам да го сфатам. Толку ми е тешко да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево најостро ги демантираше информациите што се шират во јавноста за наводно присуство на бактеријата Escherichia coli во водата за пиење во Скопје. Направени се дополнителни анализи и водата во Скопје е безбедна и исправна за пиење и употреба. Јавното претпријатие најави дека ќе поднесе соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи за субјектите и центрите кои шират лажни информации и ...

Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (МРЦЦ Риека) соопшти дека се пронајдени живи двајца млади Португалци, маж и жена, по кои се трагаше откако во силно невреме тие заедно со уште две лица синоќа исчезнаа во морето. Сѐ уште се трага по другите двајца португалски државјани, пренесува Индекс. Поради исклучително лошите временски услови на море, со силни налети на бранови високи до три метри, МРЦЦ ...

Итната потреба од оружје ја прави соработката со српскиот претседател Александар Вучиќ поважна за Украина од косовското прашање, оценува балканскиот експерт Флоријан Бибер. Зад приближувањето на Вучиќ кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, тој гледа и политичка пресметка со Брисел. Анализата доаѓа по посетата на Зеленски на Белград и неговото повторување дека Украина нема да ја признае независноста на Косово. Бриселски ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. „Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, ...

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. – Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен – наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезбедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. Како одговорна институција ја информираме јевноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...

Бразилскиот фудбалски гигант Сао Паоло се најде во центарот на полициска истрага во Боливија, откако во автобусот со кој патувал клубот биле пронајдени дури 86,5 килограми марихуана. Автобусот бил запрен од боливиската полиција за време на рутинска контрола, а при претресот во возилото била откриена големата количина дрога. Во автобусот во тој момент се превезувале фудбалерите на Сао Паоло, кои престојувале во Боливија поради натпреварот ...

Пораки дека водата во Скопје не е безбедна за пиење преку социјалните мрежи биле праќани од активисти на СДСМ кон граѓаните, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна. Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, ...

Венко Филипче, лидерот на СДСМ, е виден како со мотор оди во Грција на одмор, а во Скопје преку активисти шири дезинформации и создава паника меѓу граѓаните, објави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Од свиркачи дознаваме дека на 06.08 во 16:40 часот, Филипче со својот мотор е виден на граничниот премин Богородица, по што се упатил кај неговиот ментор Заев во Паљури, 6 дена на одмор. Не му требаше многу на предавникот Филипче за ...

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ смета дека е неосновано да се користи Меѓународниот ден на младите за да продолжи кампањата за оцрнување на легалните игри на среќа и да се врши притисок врз институциите, со истражување од пред две години. „Со внимание ги имаме анализирано овие податоците од истражувањето ЕСПАД 2024, кои ги реобјави ХЕРА Млади. Се согласуваме дека е загрижувачки што се јавуваат податоци ...

Вкупно 115 возачи биле санкционирани за непрописно престигнување во акциска контрола спроведена на територијата на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи. Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при МВР во текот на вчерашниот ден, во периодот од 16 до 21 часот, со цел санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат и со тоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Најголем број прекршоци се регистрирани ...

Вкупно 115 возачи биле санкционирани за непрописно престигнување во акциска контрола спроведена на територијата на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи. Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при МВР во текот на вчерашниот ден, во периодот од 16 до 21 часот, со цел санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат и со тоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Најголем број прекршоци се регистрирани ...

Министерството за здравство информира дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент во Скопје чија здравствена состојба е поврзана со консумирање загадена вода. Ова го потврдил директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство. Информацијата ја потврдиле и одговорните лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје. Оттаму посочуваат дека ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...

Бред Пит има интересна идеја за својата следна „кариера“ – да држи часови по глума за фудбалери, а како прв ученик го избра Нејмар. Холивудскиот актер се пошегува на сметка на симулирањето прекршоци во фудбалот во интервју за магазинот „Esquire Brazil“. – Ќе започнам курс за да ги научам на симулација, бидејќи овие момци се ужасни – се пошегувал Пит, па дури и станал за да му покаже на новинарот како изгледа претераниот пад. Потоа додал дека ...

Не е точно дека е пронајдена ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје. Скопјани да бидат спокојни, рече денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма. Ѓорѓиевски одржа вонредна прес-конфференција по гласините кои масовно почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи дека водата од скопскиот водовод е наводно загадена со ешериххија коли и дека веќе има заболени пациенти на Инфективната ...

68-годишен маж од прилепското село Беровци е пронајден мртов со прострелна рана во пределот на градниот кош, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 11 август во 07:33 часот во СВР Битола. Според пријавеното, А.В. од село Беровци го пронашол својот татко С.В. (68) починат во нива во атарот на селото. Лекар од Итната медицинска помош од Прилеп констатирал смрт. Во возилото била пронајдена ловечка пушка, со ...

Род Стјуарт (81) мораше да ги откаже сите преостанати концерти од својата турнеја откако неодамна беше подложен на рутинска процедура при која му е поставен коронарен стент. Неговиот тим соопшти дека тој добро се опоравува и веќе ги продолжил секојдневните активности. Сепак, лекарите му препорачале четиринеделен одмор за целосно да закрепне. Стјуарт лично им се обрати на обожавателите и призна дека е разочаран што мора да ги откаже настапите. ...

Физичка пресметка меѓу четири лица се случила во Кисела Вода, откако, според пријавеното во полицијата, претходно 32-годишен скопјанец физички ја нападнал малолетната ќерка на двајца од учесниците во пресметката. Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 август 2026 година во 20:55 часот. Според пријавеното, во физичката пресметка учествувале Н.Ѓ. (43) и Р.Ѓ. (42) од една страна, и А.С. (32) и С.З. (34) од друга страна. Сите се од Скопје. Од ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
69%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.57
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
91%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.45
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53