Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Силен пожар проследен со експлозија ја потресе фабриката за муниција во Колеферо, јужно од Рим. Детонацијата била толку силна што се слушнала и во околните места. Италијанската агенција AНСA објави дека нема повредени. Сите дваесетина работници кои биле во фабриката се евидентирани. На снимките од местото се гледа огромен облак густ чад кој се издигнува над индустрискиот комплекс. View this post on Instagram A post shared by @osintdefender ...
Големата евакуација на Халкидики се префрли и на море. Туристите и жителите се извлекуваат со бродови од подрачјето погодено од пожарот кај Сивири и Фурка. Повеќе од 347 лица веќе се безбедно пренесени до марината Сани, објавија грчките медиуми. Уште околу 92 лица се качиле на бродот „Спидранер џет“.Во поморската операција се вклучени два брода на крајбрежната стража и два на противпожарната служба. Помагаат и приватни пловила, три рибарски и ...
Основниот кривичен суд Скопје информира дека предметот е распределен преку автоматскиот систем. Ќе го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, а првото рочиште е закажано во 10 часот. Основното јавно обвинителство Скопје претходно поднесе обвинение против Груби и уште седум лица. На товар им се става злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, со дејствијата во текот на 2023 и во 2024 година на „Државна лотарија“ ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија реагираше на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската црква е секаде иста“ притоа спомнувајќи го и Скопје. Синодот порача дека МПЦ-ОА ја извршува својата духовна и пастирска мисија на сопствената канонска територија и дека ги отфрла сите политички и идеолошки платформи, од каде и да доаѓаат. Синодот потсетува дека како наследничка на Јустинијана Прва и на ...
Сосед спречил 61-годишен маж да го нападне својот син со остар предмет пред семејната куќа во пробиштипско село. Инцидентот се случил на 12 август околу 18.30 часот. Според пријавеното, О.Н. се обидел да го нападне синот, но соседот интервенирал и го спречил. Половина час подоцна, околу 19 часот, полицијата го лишила од слобода 61-годишниот жител на Пробиштип. При преземањето на мерките, полициските службеници утврдиле дека мажот бил под ...
ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор, реагира партијата ВРЕДИ во соопштение. „Зошто молчеа досега? Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон „своите луѓе“, ги користат како топовско месо за своите ...
Македонскиот композитор и музички продуцент Дарко Димитров се наоѓа во Сивири, каде што туристите добиле наредба да се евакуираат поради големиот пожар на Халкидики. Димитров за порталот Црнобело раскажа дека огнот сè уште не стигнал до самото место. Сепак, пожарот е блиску, а евакуацијата создала големи гужви на патиштата. – Ни рекоа да се евакуираме, ама гужва е по патиштата. Пожарот сè уште не е стигнат баш во местото Сивири, но блиску е. ...
Албанскиот премиер Еди Рама застана во одбрана на поддршката за Украина. Реакцијата следуваше по новите тензии предизвикани од ставот на Володимир Зеленски за Косово. Неодамна, Зеленски во Белград повтори дека Киев нема да ја признае независноста на Косово. Изјавата предизвика реакции и во Приштина и во Тирана. Рама денеска порача дека Украина може да греши за Косово. Сепак, според него, тоа не го менува нејзиното право да се брани од руската ...
Кошаркарот на Портланд трејл блејзерс, Џа Морант, повторно привлече внимание надвор од теренот. За својот 27. роденден избрал подарок вреден 215.000 долари. Станува збор за дијамантски забен накит кој се поставува врз природните заби. Сетот може да се отстранува и не бара трајно вградување дијаманти. Накитот практично ја покрива целата насмевка на НБА-ѕвездата. Дијаманти вредни 215.000 долари Скапоцениот сет го изработил јувелирот Хозе Мата, ...
Најмалку 52 пожари на отворен простор биле регистрирани во средата, 12 август, низ Македонија, најмногу од почетокот на летото. Пожарникарите изгаснале 46, додека 6 жаришта останале активни, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Покрај старите жаришта, денеска избувнале и нови пожари. Најголем предизвик, според Ангелов, остануваат Студеничани и Македонски Брод. – Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...
Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека организирал бомбашки напад пред домот на познатиот истражувачки новинар Сигфридо Ранучи. Но, според неговиот адвокат, Лавитола не сакал да му наштети на Ранучи. Адвокатот тврди дека со нападот Лавитола сакал да му помогне на својот пријател. Самиот Лавитола го признал тоа пред истражителите по апсењето претходно оваа недела, објави британски „Гардијан“. Импровизирана, но моќна бомба ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на цела држава лишиле од слобода 14 лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Од МВР информираат дека десет од лицата управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив имало и тројца малолетници. Кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја, додека три лица биле ...
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека градежните активности течат ...
Против 52-годишна жена од Словенија е поднесена кривична пријава за неовластено користење банкарска картичка Против 52-годишна жена од Словенија е поднесена кривична пријава поради сомнение дека неовластено користела туѓа банкарска картичка и направила 47 интернет-трансакции, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево е поднесена кривична пријава против В.Г. (52) од Словенија ...
СДСМ денес повторно се обиде да произведе изјава што министерот Муцунски никогаш не ја дал, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во реакција насоопштение на СДСМ. „СДСМ тврди дека Муцунски рекол дека разговорите се водат ‘под радарот’. Има само еден мал проблем: таква изјава нема“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со гостувањето на министерстов за надворешни работи Тимчо Муцунски на ТВ Сител. „Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме ...
Кожата на бебињата е значително потенка и почувствителна од кожата на возрасните, па затоа бара производи создадени со особено внимание и внимателно одбрани состојки. Токму затоа, dm марката babylove ја разви Ultra Sensitive колекцијата – линија производи наменета за секојдневна нега на сува, чувствителна и кожа склона кон алергии. Со формули без додадени мириси и состојки кои ја поддржуваат природната заштитна функција на кожата, колекцијата ...
Шеесет и петгодишен скопјанец починал во трагичен инцидент на работното место во скопската општина Аеродром, откако бил прегазен од виљушкар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 12 август 2026 година околу 12:25 часот во СВР Скопје од екипа на Итната медицинска помош. Според пријавеното, В.Н. (65) од Скопје бил прегазен од виљушкар додека ги извршувал работните задачи во кругот на фирма на ...
Шеесет и двегодишен маж од Кавадарци починал откако врз него паднало дрво додека работел на сеча на дрва на планината Кожуф. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 12 август 2026 година во 10:47 часот во СВР Струмица. Несреќата ја пријавиле од Шумското стопанство Гевгелија. Според пријавеното, Д.Т. (62) од Кавадарци, кој бил вработен во шумското стопанство, сечел дрва на Кожуф кога едно од исечените ...
Сем Смит денес е еден од најпрепознатливите вокали во современата поп-музика, но самиот пејач открива дека со години воопшто не се доживувал онака како што го доживувала публиката. Во разговор за „The New Yorker Radio Hour“, Смит отворено зборува за детството, музиката, својот глас, идентитетот, љубовта и новиот албум „Hazel Eyes“, кој треба да излезе на 21 август. Смит се присети на моментот кога првпат сфатил дека неговото пеење навистина ...
Сопружници од скопската населба Драчево меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад и закани, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, 35-годишната жена на 13 август во 04:00 часот пријавила дека претходната вечер, околу 21:00 часот, во семејниот дом на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг. Но, само половина час подоцна, во 04:30 часот, во полиција се јавил и ...
Четириесетгодишен маж од Делчевско е лишен од слобода поради сомнение дека во повеќе наврати физички ја напаѓал и ѝ се заканувал на својата 59-годишна мајка. Од ОВР Делчево информираат дека А.З. (40) бил лишен од слобода на 12 август 2026 година во 21:10 часот. Според пријавеното, во последниот период тој неколкупати во семејниот дом во едно село во Делчевско физички ја напаѓал мајка му и ѝ се заканувал. Случајот дополнително ескалирал во ...
Со рекорден буџет над 1 милијарда евра и 300 нови специјализанти вложуваме во квалитетно и достапно здравство, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков. – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем, со јасен фокус на јакнење на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита и обезбедување поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните. Како потврда за оваа ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије Јакупи од кичевското село Зајас, која 17,5 години поминала во затвор за убиство на сопругот, заслужува остатокот од животот да го помине на слобода. Одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на НУ „Струшки вечери на поезијата“, претседателката го образложи своето решение за помилување на Јакупи во траење од една и пол година. Сиљановска-Давкова посочи дека ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И. (44) од Тетово, поради сомнение дека физички нападнал полициски службеник додека тој извршувал службени дејствија. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 20 мај 2026 година, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Од СВР Тетово информираат дека пријавениот физички го нападнал полицискиот службеник додека тој постапувал во рамките на своите службени овластувања. Против ...
Шумски пожар во вашиот регион. Ако се наоѓате во Сивири, во регионалната единица Халкидики, упатете се кон Мола Калива, е пораката од бројот за итни случаи 112 што кусо по 15 часот по локално време беше испратена до жителите и оние кои се во околината на Сивири на првиот крак на Халкидики, поради пожарот што избувна денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот интервенираат 122 пожарникари со три пешадиски тима и 41 возило, меѓу кои ...
СДСМ е како бунар без дно за ширење паника, што станува опасно за граѓаните, порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. – Таман човек ќе помисли дека СДСМ го допрел дното, оттаму повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа дотаму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните, велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење. Оваа дезинформација не е само гола политичка критика, туку е опасна ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик во случајот „Државна лотарија“. Станува збор за предметот во кој обвинети се поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби. Според обвинението, обвинетите, во ...
Аријана Гранде и нејзиниот поранешен партнер Рики Алварез повторно се заедно, а овојпат повеќе не се обидуваат да ја скријат својата романса. Пејачката објави серија фотографии на Инстаграм меѓу кои и две на кои се гледа со Алварез, кого го означи во објавата. Со тоа, по неколку недели шпекулации, нивната обновена врска практично стана официјална на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) ...