Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата, Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да бидат сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Според директорот на НУ Струшки вечери на поеизјата, Никола ...
Русија и Украина денеска ги разменија телата на загинатите војници, што претставува прва ваква размена меѓу двете земји од минатиот месец. Пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев за медиумот РБК изјави дека Москва ги предала телата на 261 украински војник, додека Киев ги предал телата на 24 загинати руски војници. Украинскиот Координативен штаб за третман навоените заробеници подоцна ја потврди размената, наведувајќи во соопштение ...
Државјанин на Србија, С.К. (25), е уапсен под сомнение дека од плажите во Будва им крадел чанти на туристи. Како што соопшти црногорската полиција, тој се сомничи дека во текот на летото на подрачјето на Будва украл поголем број чанти во кои имало вредни предмети и лични документи. „Полициските службеници од Одделението за безбедност Будва, постапувајќи по пријави од граѓани дека им биле одземени предмети, пари и лични документи, спроведоа ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од парите да бидат обезбедени од даночните обврзници, објави „Вашингтон пост“. Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и од приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од ...
Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на Македонија до 13 часот денеска, од кои девет се активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Најголем број од активните пожари се на ниска вегетација, но има и пожари кои зафатиле шума, багреми, а во еден случај е пријавено и зафатено викенд-објект. Најсериозна е состојбата во општина Студеничани, каде пожарот ...
Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, ...
Полицијата ја пронајде 15-годишната К.Ј. од Охрид, која вчера се оддалечила од својот дом и за која беше пријавено исчезнување. Од МВР информираат дека малолетничката била пронајдена денеска (13 август) во 12:20 часот на крстосницата на улиците АСНОМ и Никола Карев во Охрид, по преземени мерки и активности. Во содејство со Центарот за социјални работи, девојката била предадена на нејзините родители. Нејзиното исчезнување било пријавено ...
46-годишен турист од Грузија вчера починал во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информира СВР Охрид. Случајот бил пријавен во полицијата околу 14:32 часот, кога било известено дека од водите на езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира мажот. Сепак, и покрај укажаната помош, лекарите набргу констатирале смрт. Според првичните информации, на ...
Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, порача претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на 25-годишнината од договорот. „Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се потсетуваме на еден од ...
Мајка и ќерка од Тетово се приведени откако, според пријавеното, агресивно се однесувале кон две вработени во Центарот за социјални работи и се обиделе физички да ги нападнат. Станува збор за М.Н. (63) и С.Н. (32), двете од Тетово, кои биле лишени од слобода вчера, 12 август, од полициски службеници на СВР Тетово. Според информациите од полицијата, С.Н. претходно била повикана во Центарот за социјални работи во врска со пријавен случај на ...
На подрачјето на Скопје во вторник, 18 август 2026 година, ќе започне терестична дезинсекција против ларви и возрасни комарци. Третирањето ќе се спроведува во текот на денот, како дел од активностите за намалување на популацијата на комарци на подрачјето на градот. Надлежните упатија известување до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите и пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата. ...
На Дунав во близина на Прахово продолжува извлекувањето на 21 потонат брод на германската воена флота од Втората светска војна. Десетици германски воени бродови потопени пред крајот на Втората светска војна се наоѓаат во делот на Дунав во близина на Ѓердап, од кои голем број се во областа на пристаништето Прахово. Главно станува збор за бродови на германската Црноморска флотила кои беа намерно потопени во близина на Прахово во есента 1944 ...
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите. Охридскиот рамковен ...
Групна физичка пресметка во скопската населба Драчево синоќа завршила со повеќе приведени лица, повреден малолетник и напад врз полициски службеник. Инцидентот се случил околу 22:30 часот, кога во Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале лица на различна возраст. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во тепачката биле употребувани и тврди предмети. Во пресметката учествувале лица на ...
Елизабет Тејлор беше една од најголемите холивудски ѕвезди на сите времиња, жена чиј приватен живот со децении беше под будното око на јавноста. Осум бракови, огромна слава, милионски хонорари, скандали и љубови – сето тоа стана дел од нејзината јавна приказна. Но, кога зборувала за својот живот, Тејлор често најголемото значење им го давала на своите четири деца – Мајкл Вајлдинг Џуниор, Кристофер Вајлдинг, Лиза Тод и Марија МекКиун, кои ги ...
Долго најавуваниот европски систем за електронска авторизација за патување ЕТИАС повторно нема да започне според досегашните најави. Европската Унија засега не објави нов конкретен датум за неговото активирање, а патниците од земјите чии граѓани можат да патуваат без виза во Шенген-зоната сè уште не треба да поднесуваат барања или да плаќаат такса. ЕТИАС, односно Европскиот систем за информации и авторизација за патување, ќе се однесува на ...
По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска Архиепископија, МПЦ – ...
Догодина Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“. Според одлуката, двете полуфиналиња во градот на брегот на Црното Море ќе се одржат на 11. и 13 мај, а финалето ќе биде на 15 мај. Ова е објавено на заедничката прес-конференција на Бугарската национална телевизија (БНТ) и Европската радиодифузна унија (ЕБУ). На почетокот на јуни, БНТ објави дека Софија, Пловдив, Варна и Бургас ја продолжуваат трката за домаќин на натпреварот „Евросонг“. ...
Единствениот македонски претставник на Европското првенство во пливање во Париз, Никола Ѓуретановиќ денес го имаше својот прв настап. Македонецот во квалификациите на 200 метри слободно постави нов државен рекорд со време 1:52.59 минута и за 15 стотинки го собори 30 години стариот рекорд на Александар Маленко од Копенхаген. Ѓуретановиќ за 27 стотинки пливаше побрзо од своето најдобро време постигнато во јуни годинава. Македонскиот пливач во ...
81-годишен маж починал во Бразил откако бил нападнат со нож додека возел велосипед на улица. За нападот е осомничена 24-годишна жена, која според снимките му пришла без очигледна причина и го прободела. Инцидентот се случил во понеделникот во градот Формига, во бразилската сојузна држава Минас Жераис. Снимките од надзорните камери покажуваат како младата жена оди по улицата со торба. Во моментот кога 81-годишниот маж поминува покрај неа со ...
Рок легендата Мик Џегер, осврнувајќи се на својот живот и повеќедецениската кариера, откри кои пет луѓе му значеле најмногу. Тој вели дека со текот на годините сè повеќе размислува за луѓето, а сè помалку за настапите и плочите. – Луѓето ги паметат концертите. Јас паметам кој стоеше покрај мене пред да излеземе на сцената – вели Џегер, објаснувајќи дека најдолго остануваат малите моменти – разговорите, смеата и времето поминато со блиските ...
Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен чинител во дигиталните и безготовинските ...
Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов во близина на трговскиот центар „Мавровка“. Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта.. Хајредини повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“. Беше познат како долгогодишен менаџер со искуство во телевизиска продукција, маркетинг и деловно ...
Во вторник и во среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. На 23-те факултети на најголемиот универзитет во Македонија се слободни вкупно 8.851 место за идни студенти во академската 2026/2027 година, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4.395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава, сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците, соопшти ВЛЕН. „Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но, она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење. ...
Тројца државјани на Судан биле пронајдени скриени во товарен камион при детална царинска контрола на стока пријавена за увозно царинење, информира Царинската управа. Мигрантите биле откриени од царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје. Според информациите од Царината, станувало збор за стока со потекло од Кина, која била натоварена во пристаништето во Солун. По натоварувањето, камионот бил пломбиран со грчка ...
Воената помош за Украина во јуни достигна 7,2 милијарди евра, што е највисоко месечно ниво од април 2024 година, но на подолг рок финансиската поддршка и натаму се намалува, покажува истражување на Институтот за светска економија од Кил. Во април 2024 година биле издвоени 9,04 милијарди евра воена помош за Украина, пред САД да ја прекинат својата финансиска поддршка во февруари 2025 година. Според податоците на Институтот од Кил, јунскиот ...
Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и ...
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила кај селото Тајмиште, кичевско, во која учествувале патничко и товарно возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена денеска, 13 август 2026 година, околу 8 часот во ОВР Кичево. Според првичните информации, во сообраќајката со повреди се здобиле едно машко и едно женско лице, кои се наоѓале во патничкото возило. Двајцата биле пренесени ...
Гитаристот Ричи Блекмор повторно застана на сцената со „Дип Парпл“ по пауза од неверојатни 33 години. Легендарниот 81-годишен гитарист му се придружи на својот поранешен бенд на концертот во „Northwell at Jones Beach Theater“ во Вантаг, Њујорк, на 12 август. Блекмор, кој е еден од основачите на групата, со „Дип Парпл“ настапи за првпат откако го напушти бендот во 1993 година. Неговото појавување беше особено емотивно бидејќи претходно ...