Американскиот претседател Доналд Трамп ги собра на заедничка маса претставниците на рударската индустрија на САД и најави нови три милијарди долари за серија рударски проекти насочени кон намалување на зависноста од Кина во снабдувањето со критични минерали. Најголемиот дел од колачот го добива инвестиција во проект за ископ на бакар, вкупно една милијарда долари. Додека светот засилено овозможува рударски проекти за експлоатација на т.н. ...

Полската тенисерка Ига Швјонтек е новата шампионка на ВТА 1000 турнирот во Торонто (National Bank Open) откако во големото финале доминантно ја совлада Елена Рибакина со 6-2 и 6-3. Со оваа победа, шесткратната гренд-слем шампионка стигна до својот прв трофеј во 2026 година, прекинувајќи ја сушата која траеше речиси 11 месеци. Мечот кој се очекуваше да биде неизвесна битка меѓу две големи ривалки, целосно помина во предност на Швјонтек, која ...

Повеќе од 45 години по обидот за атентат врз Роналд Реган, Џон Хинкли Jуниор повторно јавно проговори за Џоди Фостер – актерката поради која го направил обидот за атентат. Во ретко интервју за „The Mark Joseph Show“, денес 71-годишниот Хинкли упати кратка порака до Фостер: Само ѝ посакувам сè најдобро на Џоди Фостер… се надевам дека има добар живот. Тој додал дека повеќе не ги гледа нејзините филмови. Хинкли имал само 25 години кога на 30 ...

Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авионот на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...

19-годишна девојка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на селото Турново. Несреќата се случи околу 23:30 часот, а во неа учествуваа патничко возило „Сеат Леон“, управувано од 29-годишниот С.Б. од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал 19-годишниот А.Д. од селото Иловица. Во несреќата, од здобиените повреди на местото на ...

Украински мажи на возраст од 23 до 60 години кои бегаат од војната во Украина, а не се ослободени од воена служба, повеќе нема да можат да добијат привремена заштита во Германија и би можеле да се соочат со депортација, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Министерството соопшти дека ограничувањето се однесува на мажите кои пристигнале во Германија од 31 јули годинава, кога стапила во сила соодветната одредба од ...

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година ...

Никол Кидман повторно е во центарот на вниманието, овојпат поради насловната страница на британскиот „Vogue“. Актерката е ѕвезда на септемвриското издание, фотографирана од Венетиа Скот и стилизирана од Попи Кејн, но обожавателите коментираат дека не можат да ја препознаат. Коментарите на социјалните мрежи се движеа од воодушевување до прашања дали е фотографијата создадена со вештачка интелигенција или е само премногу ретуширана. На ...

Дваесет и пет години се доволно долг период за еден историски и политички договор да престане да се оценува само низ емоциите, стравовите и политичките околности во кои бил создаден и да почне да се оценува според она што навистина го произвел во општеството. Затоа пораките што ги слушнавме по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор заслужуваат внимание. Беким Сали порача дека различноста не треба да ја гледаме како слабост, туку ...

Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа била подобрена, а по морски пат било евакуирано 481 лице, информира директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, зафати и домови и возила, полесно се повредени двајца пожарникари, додека гаснењето продолжи и во текот на ноќта. Противпожарните сили биле дополнително зајакнати и ...

До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица ...

Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во Клиничкиот центар во Сплит поради повреди здобиени во синоќешниот пожар близу Омиш. По лекарска помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата. Седум пациенти се наоѓаат на интензивна нега и нивниот живот е во опасност. Уште тројца пациенти се сместени на интензивна нега, додека другите се хоспитализирани на болничките одделенија. Повеќето од ...

Ако некој може да покаже дека годините се само бројка, тогаш тоа е Хали Бери. Холивудската актерка на 14 август, го слави својот 60. роденден, но фотографиите што ги објавува во последните денови предизвикуваат реакции како да станува збор за нејзин јубилеј од пред две децении. Бери роденденот го одбележала и на тропскиот одмор на Фиџи, каде што уживаше со својот свршеник, музичарот Ван Хант и нејзините деца. Таа во изминатиот период сподели ...

Состојбата со пожарот на Халкидики синоќа била подобрена, а по морски пат било евакуирано 481 лице, информира директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Огнената стихија зад себе остави изгорена шумска површина, зафати и домови и возила, полесно се повредени двајца пожарникари, додека гаснењето продолжи и во текот на ноќта. Противпожарните сили биле дополнително зајакнати и ...

Голем пожар во Хрватска што избувна во Локва Рогозница доцна синоќа се прошири во текот на ноќта кон Омиш, и зафати области над самиот град. Заменик-градоначалникот на Омиш, Иван Пивчевиќ изјави дека има повредени, вклучувајќи пожарникари, додека неколку граѓани се здобиле со изгореници, претежно на рацете. – Според информациите што ги имаме сега, нема загинати или повреди за кои знаеме дека треба да имаат трајни последици – изјави Пивчевиќ ...

Делови од авионски мотор што најверојатно се одвоиле по удар во птици, го скршиле прозорецот на авионот на „Рајанер“ во инцидентот што се случи минатиот месец, при што беше повреден патник од Србија, соопштија американски експерти кои заедно со грчките власти го истражуваат случајот. Лопатка од турбината на моторот се распаднала, го скршила прозорецот и го оштетила трупот на авионот на неколку места, се наведува во извештајот на Националниот ...

Шкендија не најде пат до голот што ѝ беше неопходен за да остане во Европа. Тетовци вечерва одиграа 0-0 против Хибернијан на Националната арена „Тодор Проески“ и испаднаа во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Шкотскиот тим во Скопје ја одбрани предноста од првиот натпревар. Хибернијан дома славеше со 2-1, резултат што на крајот му донесе пласман во плејофот. Шкендија имаше неколку изгледни напади и успеа да го загрози ...

Куќите во Лознани повеќе не се загрозени, информираше доцна вечерва првиот човек на Дирекцијата за спасување Стојанче Ангелов во придружба на првиот човек на битолскте пожарникари Христијан Тодоровски. Ангелов информира дека денеска, четврток, 13 август, во Пелагонискиот реагион имаше повеќе сериозни пожари со долга линија на фронтот. Ангелов и командирот на битолските пожарникари се сомневаат дека се работи за подметнати пожари. – Се ...

Времето во петок, 14 август, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени и ќе биде во интервал од 13 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции. „Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], ...

Сè уште е критично кај битолско Лознани, во Општина Могила. Огнот продолжува да се шири, а пожарникарите и ноќеска ја продолжуваат битката со пожарот. Куќите до кои денеска се доближил огнот биле одбранети. Сепак, опасноста не помина. Пожарот сега се спушта од друг рид, а постои опасност да загрози и друго село. – Опасноста продолжува. Од другата страна, од другиот рид, огнот се спушта повторно. Таму има друга екипа од битолските пожарникари. ...

Сексуална средба договорена преку интернет била мамката во шемата поради која двајца мажи во Велика Британија го загубиле животот. Романците Адина Михај и Мадалин Думитру сега се осудени на по 17 години затвор. Михај, на возраст од 31 година, преку интернет се претставувала како сексуална работничка. Така договарала средби во домовите на мажите. Нејзиниот 30-годишен партнер ѝ помагал во организирањето на шемата. Виното било дел од стапицата ...

Лионел Меси повторно истрча на фудбалскиот терен по смртта на татко му. Аргентинецот влезе во второто полувреме против мексикански Лион, но не успеа да го спаси Интер Мајами од пораз и од елиминација. Неговото појавување предизвика делириум на трибините. Интер Мајами во тој момент се обидуваше да ја зачува предноста стекната во првото полувреме. Од семејната болка повторно меѓу соиграчите Ова беше прв настап на Меси откако почина татко му. ...

Бенјамин Нетанјаху употреби необично остра формулација за Велика Британија, зборувајќи за демографските и за политичките промени во Европа. Израелскиот премиер во телевизиско интервју пренесе забелешка според која земјата би можела да стане „Исламска Република Британија“. – Некој рекол дека првата исламска република со нуклеарно оружје ќе биде Исламска Република Британија – рекол Нетанјаху. JUST IN: 🇬🇧🇮🇱 Netanyahu is mocking Britain by ...

Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. „Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени ...

Четириесет и пет минути кружел авионот над Португалката пронајдена жива во морето кај Крк. Екипажот не ја напуштил позицијата сè додека до неа не стигнал бродот на пристанишните власти. Хрватските власти сè уште трагаат по последниот од четирите лица од Португалија кои исчензаа кај Сиењ со СУП-даски . Засега, се претпоставува дека сончевото време ги намамило во морето, додека брановите ги однеле. Пилотот Домагој Иштвановиќ сега откри како ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека огнот стигнал до куќите, но благодарение на пожарникарите и локалното население е спречена голема катастрофа. Сепак, рече Ангелов, опасноста продолжува. – Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но ...

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак од Халкидики. Информацијата доаѓа во момент кога најновите бројки за евакуирани со пловила се искачи на 446 лица. „Хотелиерите на Халкидики и Солун, во соработка со Министерството за туризам и цивилна заштита, ја активираа платформата на Грчката хотелска комора за сместување на сите погодени од пожарот. Колегите можат да ...

Само неколкумина од најблискиот круг на претседателот на САД Доналд Трамп биле со него кога тајно го напуштил „Ер форс 1“ по самитот на НАТО во Турција. Испливаа нови детали за веќе познатата операција во време кога шефот на САД бил во опасност од можен атентат. Со Трамп биле неговата извршна асистентка Натали Харп и директорот за операции на Овалната канцеларија Волт Наута. Според еден од извештаите, со нив бил и заменик-шефот на кабинетот ...

Секторот за компјутерски криминал и форензика повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. „Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична објава на социјалните мрежи или слушнале од друго лице. Притоа, никој од нив не посочил конкретен, потврден или веродостоен извор кој би ги ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Сребро

1670.34