Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Македонија бележи значителен напредок на Националниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 места и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 од можни 100 поени, земјата е меѓу државите со високо ниво на подготвеност во областа на националната сајбер-безбедност. Податоците се од верзијата на индексот ажурирана на 27 февруари 2026 година. Индексот ...
Ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДСМ е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија, вели министерот за надворешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. – Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника – рече Муцунски во гостување на Сител. ...
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, д-р Андон Чибишев, реагираше на вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје, откако на социјалните мрежи се ширеа информации дека водата е загадена со бактеријата „Escherichia coli“. Чибишев вели дека не го разбира мотивот за ширење, како што наведува, дезинформации дека водата што ја користат граѓаните на Скопје е загадена. – Не го разбирам мотивот и потребата да ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што вчера попладне беше демантирано од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП „Водовод и канализација“ и од Министерството за здравство. „Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и тие се ...
Цената на струјата во делови од Југоисточна Европа на почетокот на август достигна повеќе од 700 евра за мегават-час, додека Македонија во истите критични часови имаше значително поевтина електрична енергија. Разликата е голема, но рекордите во соседството се важни и за Македонија, која е поврзана со регионалниот пазар и дел од потребите за струја ги покрива со увоз. Најголемиот скок е забележан на 3 август околу 20 часот. Во Словенија ...
Пари Сен Жермен го освои европскиот Суперкуп, откако вечерва во Салцбург го совлада Астон Вила со 2-1. Францускиот шампион со триумфот продолжува да ја брка историската можност во една сезона да освои шест трофеи. Парижаните поведоа во 20. минута преку Квича Кварацхелија. Грузискиот репрезентативец ја затресе мрежата по асистенцијата на Дезире Дуе. Астон Вила не се предаде и успеа да израмни пред паузата. Во 45. минута Маџо погоди за 1-1 и го ...
Вог Вилијамс, ирска презентерка и модел го критикуваше фронтменот на „Ред хот чили пеперс“, Ентони Кидис, поради неговата некогашна врска со 19-годишна девојка. 63-годишниот рокер има долгогодишна историја на врски со значително помлади жени, вклучувајќи ја и онаа со неговата сегашна девојка Ајлин Кели од која е постар 33 години. Во 2013 година, тој почна да се забавува со австралискиот модел Хелена Вестергард, кога таа имаше 19 години, а тој ...
Утрово е пронајдено телото на еден од исчезнатите Португалци во Хрватска, кој исчезна заедно со уште тројца во среда навечер во Јадранското Море. Потрагата по четвртиот е сè уште во тек. Двајца португалски државјани беа пронајдени живи вчера по неколкучасовно пребарување во Велебитскиот Канал, а екипите продолжија интензивно да ги бараат преостанатите двајца од групата од четири члена. Групата исчезна во среда навечер откако испловија со мал ...
Tалогот во СДСM го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. СДСM да не си поигрува со здравјето на граѓаните водата е чиста и безбедна за консумирање, порача партијата. „Талогот во СДСМ го надмина секое дно. Одредени центри блиски до СДСМ шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана. СДСМ шират паника ...
И покрај зголемениот број барања за лични документи во летниот период, МВР информира дека издавањето пасоши се одвива непречено, а термин за поднесување барање во редовна постапка граѓаните добиваат за еден до два дена. Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, меѓу кои и патни исправи. Од Министерството за внатрешни работи велат дека, и покрај зголемениот број барања во летните месеци, постапката се ...
Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот ...
Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав. Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. „Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е ...
Италијанската пливачка Сара Кертис постави светски рекорд во полуфиналето на трката 50 метри грбно на Европското првенство во водени спортови во Париз. Деветнаесетгодишната Кертис патеката ја исплива за 26,63 секунди. Претходниот рекорд, поставен во октомври 2023 година од Австралијката Кејли МекКеон, беше 26,86 секунди на Светското првенство во Будимпешта. Во 2024 година, Кертис стана светска шампионка на кратки патеки во мешана штафета ...
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки. Во финалето, ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, побара од САД да ѝ продадат на Украина најмалку пет отсто од ракетите-пресретнувачи што ги имаат на залиха за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“, со цел земјата да се спротивстави на зачестените руски напади со балистички ракети. Во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен Зеленски изјави дека Украина во моментов добива само еден отсто од американските ракети-пресретнувачи за ...
Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на „Евросонг“, воведе нови правила со кои се предвидува земја што е вклучена во вооружен конфликт или се наоѓа во чувствителна геополитичка ситуација да не може да биде домаќин на натпреварот, дури и ако нејзиниот претставник победи. ЕБУ наведува дека целта е да се обезбеди безбедна и стабилна средина за изведувачите, делегациите и продукцискиот тим. Според новите правила, доколку победничката ...
Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк „Лура“, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. – ...
Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница со која ќе се одбележат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на Фејсбук и Јутјуб. Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август во ...
На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...
Парис Џексон повторно проговори за својот живот со Мајкл Џексон, овојпат во искрен разговор во подкастот „Call Her Daddy“. Ќерката на покојната музичка легенда откри детали за строгото и необично воспитување во детството, но истовремено нагласи дека нејзиниот татко го доживувала како свој најдобар пријател и како исклучително духовит човек. Таа раскажа дека во детството многу работи што на другите деца им биле секојдневие за неа биле награда. ...
Шест концерти на реномирани домашни и странски џез музичари ќе се одржат од вечерва до 16 август во рамките на новата програмска целина „Џез вечери“ на фестивалот „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечерите“ ќе се одржува на сцените во црквата „Света Софија“, нејзиното Предворје и на Долни Сарај, а на програмата се концерти на Крсте Роџевски, „Дине Донеф трио“, Националниот џез оркестар, Питер Сомуа, Нубаја Гарсија и британскиот состав ...
Европската Инвестициска Банка ги повика земјите-членки што поскоро да го испитаат својот геолошки потенцијал и да започнат проекти за нови рудници, следејќи го примерот на Финска и Шведска. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, од ЕИБ оценија дека Европа има значаен неискористен минерален потенцијал, но децениите изминати со недоволни инвестиции оставиле премалку геолошки ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти позицијата на крајот на август, додавајќи дека таа ќе остане „влијателен глас“ во Републиканската партија пред среднорочните избори во САД во ноември. Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“ изјави дека Ливит одлучила да ја напушти позицијата прес-секретар на Белата куќа за да „поминува повеќе време со своите деца и ...
Милиони луѓе ширум Европа вечерва го посведочија на еден од највпечатливите небесни спектакли во последните децении. Затемнувањето на Сонцето привлече огромно внимание, а погледите беа свртени кон небото од Исланд и Шпанија до земјите во кои феноменот беше видлив само делумно. Европската прес и фото агенција, ЕПА, објави импресивни фотографии од затемнувањето направени во различни европски држави. На една од фотките од регионот Леон во ...
Чави Ернандез е нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, соопшти Холандската фудбалска асоцијација. Шпанскиот стратег потпиша договор до 2030 година. Тој на селекторската функција го наследува Роналд Куман, кој поднесе оставка на 1 јули. Холандија го заврши настапот на Светското првенство во 2026 година по поразот од Мароко. Натпреварот заврши 1:1, а Мароканците славеа со 3:2 на пенали. Чави ја предводеше Барселона од 2021 до ...
Фудбалерите на Престон лајонс ѝ приредија нова радост на македонската заедница во Австралија. Клубот избори четвртфинале во Купот на Австралија со убедлива победа од 4:1 против Бранзвик Јувентус. Успехот дојде само четири дена по освојувањето на Докерти купот во сојузната држава Викторија. Бранзвик Јувентус поведе преку Нух Шехавдиќ во 26. минута. Но, Престон направи целосен пресврт уште пред паузата. „Лавовите“ израмнија со автоголот на ...
Времето в четврток, 13 август, ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени и ќе биде во интервал од 13 до 36 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Во Скопје времето ќе биде ...
Необична глетка го привлече вниманието на Белграѓани пред зајдисонце. Месечината помина пред Сонцето, а стотици љубопитни погледи беа свртени кон западниот хоризонт. Порталот Мондо, чија екипа го следела настанот, објави снимка од природниот спектакл. Многумина го избраа Калемегдан. Таму Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“ организираше заедничко набљудување на астрономскиот феномен. Делумното затемнување во Белград почна околу 19.26 часот. ...
Македонската поп-пејачка Каролина Гочева се вклучи во подигнувањето на свеста за значењето на органодарителството, испраќајќи силна порака за луѓето кои чекаат трансплантација и нова шанса за живот. Гочева сними видео во кое посочи дека, според статистиката што ја сподели, на секои девет минути ново име се запишува на листата на чекање за орган, а повеќе од 100.000 луѓе во секој момент се надеваат дека навреме ќе добијат трансплантација. ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва изјави дека пожарот во атарот на селото Рамни Габер во Општина Студеничани е сè уште активен и оти линијата на огнот е доста долга. Гасењето на пожарот ќе продолжи утре рано наутро. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али и додаде дека противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и околните ...