СДСМ повторно е без снимка за тврдењата дека шефот на македонската дипломатија во ТВ гостување изјавил дека преговорите за Бугарија се водат како „разговори под радарот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. „СДСМ денеска одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди. Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори ‘под радарот’. Денеска ...

Повеќегодишни пропусти на локалната власт стојат зад проблемот со водата во Гостивар, тврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Оценката Ангелов ја изнесе зборувајќи за чекорите кои биле преземени во кризната состојба. Претходно заедно со Кризниот штаб наполни чаша од јавна чешма за да покаже дека водата е безбедна за пиење. Зборувајќи за кризата со водата која претходеше во Гостивар, Ангелов истакна дека по ...

Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. – Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, настапи смртен исход – ...

Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана. Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со ...

Според информациите што ги објави „Дејли мејл“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез кои се венчаа на 11 август во Каскаиш, кај Лисабон, на интимната церемонија во нивниот нов дом, вреден околу 30 милиони фунти, не присуствувале мајката на Роналдо, Долорес Авеира, ниту неговите две сестри Елма и Катја и братот Хуго. На свадбата имало само четворица сведоци и децата на парот. Меѓу сведоците била сестрата на Георгина, Ивана, долгогодишниот ...

Новак Ѓоковиќ наскоро ќе ја раскаже својата приказна на начин на кој досега публиката не го видела. Документарниот филм „Novak Djokovic: The Wolf in Winter“ ќе биде достапен од 20 август ексклузивно на Prime Video, во повеќе од 240 земји. Филмот го режираше Џејсон Хехир, режисерот на познатата документарна серија „The Last Dance“ за Мајкл Џордан, а во него Ѓоковиќ зборува за моментите зад сцената, сомнежите, жртвите и постојаната борба да ...

Во текот на вчерашниот ден (13.8.2026 година) во периодот од 17 до 22 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, соопшти МВР. Казнети се 72 возачи. „Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, 8 на територија на СВР Велес, 7 на територија на СВР Куманово… Од ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишниот В.М. од Прилеп и 37-годишната Б.С. од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Според пријавеното, на 14 јуни 2026 година во Тетово, В.М., кој бил под дејство на алкохол, ја оставил Б.С. со нивното тримесечно бебе на улица. Потоа, според информациите од МВР, Б.С. ја превртела количката во која било бебето, при ...

Стојанче Ангелов прв наполни чаша со вода од јавна чешма во Гостивар откако претходно на прес конференција соопшти дека водата е безбедна за пиење по направените анализи. – Па и ладна била, убава, вкусна. Може да си наполнам една туба за Скопје? – рече Ангелов откако ја испија водата. ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Е БЕЗБЕДНА ЗА ПИЕЊЕ, СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ПРВ ЈА ПРОБА На гостиварци им се препорачува прво да ја истечат водата од чешмите Стојанче Ангелов ...

Новак Ѓоковиќ наскоро ќе ја раскаже својата приказна на начин на кој досега публиката не го видела. Документарниот филм „Novak Djokovic: The Wolf in Winter“ ќе биде достапен од 20 август ексклузивно на Prime Video, во повеќе од 240 земји. Филмот го режираше Џејсон Хехир, режисерот на познатата документарна серија „The Last Dance“ за Мајкл Џордан, а во него Ѓоковиќ зборува за моментите зад сцената, сомнежите, жртвите и постојаната борба да ...

Вработена во обезбедување на државна институција во Скопје пријавила дека била физички нападната од 48-годишна скопјанка, која потоа агресивно се однесувала и кон полициски службеник. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 13 август во 18:50 часот во СВР Скопје. Четириесет и двегодишната Б.П. од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, додека била на работното место како обезбедување на влез во државна институција, била физички ...

Хрватската полиција денеска околу 13:30 часот пронајде тело на едно лице за време на увидот на пожариштето во Омиш, соопшти Сплитско-далматинската полиција. На местото каде што е пронајдено телото ќе се спроведе истрага, која ќе ја води надлежниот државен обвинител со помош на полицијата. 📽️ СЕДУМ ЛИЦА СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ ПО ОГНЕНАТА СТИХИЈА ВО ОМИШ Повредени 36 луѓе, изгореа куќи, автомобили и чамци Досега не се објавени информации за ...

Двајца стриковци физички го нападнале 27-годишниот внук во дворот на семејната куќа во гостиварско, а потоа влегле во куќата и го нападнале и неговиот татко. Според пријавеното во полицијата, во нападот биле употребени и остри предмети. Случајот бил пријавен на 13 август во 23:30 часот во Полициското одделение Чегране. Дваесет и седумгодишниот жител на гостиварско пријавил дека околу 15:20 часот, во дворот од семејната куќа, поради ...

Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во реалниот сектор, а сега, како што и самиот кажа пред извесно време, невработениот Андреј Жерновски, се јави од говорница на СДСМ – веројатно да си го заработи партискиот паушал, инаку како би живеел фамилијарен човек, ако е невработен и нема извор на егзистенција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Андреј Жерновски. „И за да си го ...

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава од 62-годишен скопјанец дека бил измамен за повеќе од 7.000 евра, а потоа и физички нападнат и упатувани му биле закани. Според пријавеното во полицијата, О.С. во неколку наврати од оштетениот зел пари, наводно за посредување при обезбедување царинска документација за внесување патничко возило од странство. ...

Перез Хилтон, чие вистинско име е Марио Армандо Лавандеира Јуниор, и понатаму се опоравува во болница по тешката криза што ја доживеа на почетокот на август, кога се самоповредуваше во живо на Тик-ток, во неговиот дом во Мајами. По ова тој беше хоспитализиран и ставен под таканаречениот „Baker Act“, закон на Флорида кој овозможува лице во сериозна психичка криза да биде задржано за проценка и лекување. Неговата сестра Барбара Лавандеира во ...

Јавното oбвинителство ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој беше осомничен дека помогнал во сокривањето на пиштолот и на моторолите поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска (14) и Панче Жежовски (64). Причината е што по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела постапката. Станува збор за лице со иницијали З.Д., кое во судската постапка го спомена сега ...

На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека оваа година на сите универзитети има намалено околу 2.000 места, но уверена е дека сите ...

Водата во Свети Николе е безбедна за пиење, соопшти денеска градоначалникот Дејан Владев. По целосното санирање на дефектот на водоводната мрежа, согласно утврдените процедури, беа земени контролни примероци од повеќе мерни места за испитување на квалитетот и здравствената исправност на водата. „Со задоволство ве информираме дека резултатите од две последователни анализи потврдија дека водата од испитаните мерни места е здравствено исправна и ...

Пради огромниот пожар во Омиш и околината во текот на ноќта и во петокот, вкупно 40 повредели луѓе се згрижени во сплитската болница, од кои 14 се хоспитализирани, а 7 од нив се на респоратори. На респиратор е и една малолетничка на возраст од 17 години, која е тешко повредено, но нејзиниот живот не е во опасност. Меѓу повредените има и тешко повредени со изгореници и повреди од инхалација на чад, како и со искршеници при евакуацијата. ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека следува период на стабилно и потопло време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална ...

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. – Последните добиени резултати покажуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење – изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. На гостиварци им се ...

Само два дена по интимната венчавка со Георгина Родригез, Кристијано Роналдо (41) им се врати на тренинзите на Ал Наср со целосно нова боја на косата, која веднаш ги привлече погледите на фановите. Наместо вообичаената темна коса, Роналдо сега има впечатлива бакарно-златна нијанса. Роналдо промената ја покажа и самиот на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од тренингот во опремата на клубот. До фотографиите напиша само „Back“ и додаде ...

Русија ќе ги удвои напорите за уништување на сите ресурси што Западот ѝ ги обезбедува на Украина за поддршка на нејзината воена машина, а истовремено ја исклучува можноста за итен прекин на огнот – изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за државната телевизија. – Ќе користиме поостри методи за да уништиме сè што ја поттикнува воената машина на Киев од страна на Западот. И веќе го правиме тоа. Тие веќе ...

Вооружен маж, наводно, држел бремена жена како заложник, а потоа, бегајќи од полицијата, предизвикал потера низ сообраќајниот метеж во областа на Бостон, при што удрил и оштетил осум возила. Околу 7:20 часот наутро во средата, 12 август, полицијата на сојузната држава Масачусетс добила пријава дека лице за кое се сомнева дека е заложник се наоѓа во теренско возило (SUV) на северната страна на автопатот Interstate 93 во Квинси, Масачусетс, и ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 14 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 143,76 евра/mwh, додека на MEMO цената е 131,70 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 82,31 евра за мегават час, а на MEMO 101,38 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...

Пороен дожд, засилен ветер и грмежи има во околината на Струга и во околината на Струмица, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. УХМР денеска предупреди дека попладнево постојат услови за невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Услови за невреме, според објавената карта, има во поголем дел од земјата со исклучок на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово, Гостивар… Максималните температури ќе бидат во интервал ...

Според информациите што ги објави „Дејли мејл“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез кои се венчаа на 11 август во Каскаиш, кај Лисабон, на интимната церемонија во нивниот нов дом, вреден околу 30 милиони фунти, не присуствувале мајката на Роналдо, Долорес Авеира, ниту неговите две сестри Елма и Катја и братот Хуго. На свадбата имало само четворица сведоци и децата на парот. Меѓу сведоците била сестрата на Георгина, Ивана, долгогодишниот ...

Државата ќе ја плати милионската сметка за однесувањето на „заробеното правосудство“ во неговиот случај за Еуростандард банка, тврди Трифун Костовски. Бизнисменот Костовски на Фејсбук напиша дека е во интензивна комуникација со реномирана адвокатска канцеларија од Вашингтон и дека „според досегашните согледувања, предметот поврзан со стечајот на Еуростандард банка е зрел за поведување арбитражна постапка“. Но, пред предметот официјално да ...

Во Македонија до 13 часот денеска се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најголем број активни пожари има во различни шумски и рурални подрачја. Во Општина Студеничани, пожарот се шири на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активен пожар има и во Општина Македонски Брод, во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34