Сè уште е критично кај битолско Лознани, во Општина Могила. Огнот продолжува да се шири, а пожарникарите и ноќеска ја продолжуваат битката со пожарот. Куќите до кои денеска се доближил огнот биле одбранети. Сепак, опасноста не помина. Пожарот сега се спушта од друг рид, а постои опасност да загрози и друго село. – Опасноста продолжува. Од другата страна, од другиот рид, огнот се спушта повторно. Таму има друга екипа од битолските пожарникари. ...

Состојбата со пожарот во атарот на село Лознани, Општина Могила е алармантна. Огнот се спушти до првите куќи. Линијата на огнот е долга со километри и во гаснењето на терен учествуваат битолските пожарникари, а активирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во видео од терен информира дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена голема ...