Викендот во Македонија го започнавме со врнежи и тоа особено во западните и во северните предели, а пообилни врнежи локално имаше во западните предели од Македонија каде имаше и појава на локални грмежи. Во западните предели исто така утрово дуваше западен и југозападен ветер кој повремено засилуваше на интензитет. Во западните високи планински места со надморска височина од над 1800 метри имаше врнежи од снег ова утро и се формираше мала ...

Во утринските и претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно, при што повремен дожд се очекува претежно во западните и североисточните делови од земјава. Во текот на денот облачноста ќе се намали, па ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој наместа во западните делови повремено ќе биде засилен, со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се ...