Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во викторијанската ера, ловот на крупен дивеч забележал метеорски пораст во популарноста, што се совпадна со британската колонизација на бројни региони, во таканаречената „Брканица за Африка“ и појавата на попрецизното огнено оружје, што ја галванизираше модата на собирање „егзотични“ трофеи. Понекогаш тие биле донирани во музеи, но примероците често биле наменети за приватни колекции, а суштествата што шетале низ огромниот африкански континент ...
Антипсихијатријата во прв план го става односот, а психолошките проблеми ги гледа како пукнатини во односот. Во тоа се разликува од психијатријата која во прв план го става таканаречениот „биолошки модел на личноста“ според кој причината за проблемите е – „некаде во мозокот“. Таткото на антипсихијатријата е шкотскиот психијатар, но покрај тоа и филозоф на феноменологијата и егзистенцијализмот – Роналд Леинг. Заслугата на Роналд Леинг е тоа што ...
Здружението Контрапункт (Скопје) и издавачката куќа Темплум (Скопје), распишуваат: КОНКУРС ЗА ТЕКСТ ЗА СЛИКОВНИЦА на тема ПОПРЕЧЕНОСТ. Текстот не треба да биде подолг од десет страници (окоу 3000 зборови). Текстот за сликовницата може да биде и за деца и за возразни. Наградата за најдобро оценетиот ракопис изнесува 1000 евра. Конкурсот ќе трае до 30 април 2023. Мејл адреса: templum.skopje@gmail.com Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 15 ...
Познавам многумина кои ќе кажат дека момчето со прекар Пеле, а со граѓанско име Едсон Арантес до Нашименто, било објект на сложени божествени одлуки. За таквото мислење малку материјал дал и самиот Пеле во својата автобиографија. Во градот што се вика Бауру, во државата Сао Паоло, според исповедта на самиот Пеле, една сцена од детството пресудила да се посвети на играњето фудбал. Односно, играта да му биде главна, а другите нешта да му бидат ...
Последниот концерт на Рјуичи Сакамото, беше глобален онлајн концерт, насловен „Рјуичи Сакамото: Свири пијано во 2022“( "Ryuichi Sakamoto: Playing the Piano 2022" - во режија на Норика Сора. После првичната дијагноза на рак, во јуни 2021, неговата физичка сила опаѓаше, и со тоа тој ги прекина сите планирани активности. „Немам повеќе физичка сила да оддржам концерт во живо. Можеби ова е последен пат на кој ќе свирам на овој начин.“ Концертот ...
Книгата што требаше јас да ја напишам, а која заради некое грубо недоразбирање ја потпишал Дејвид Винер ќе почекаше да биде спомената во моиве периодични појавувања на „Окно“, да не се враќавме пешки од „Артемио Франки“ таа сабота. Малку по интиуција, малку со џипиес, низ модерните улици и пустите сокачиња на обичната Фиренца му се прикрадовме на нашето старинско маало од зад грб, оддесно на Археолошкиот музеј и веќе опуштени пред силуетите на ...
Сторми Даниелс е актерка од филмови за возрасни која стана позната за пошироката јавност во САД и ширум светот откако поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп беше обвинет во четвртокот во Њујорк по кривични пријави кои произлегуваат од наводните пари платени на Даниелс за нејзиното молчење за да се избегне скандал пред изборите во САД во 2016 година. Даниелс стана позната по изјавата дека имала интимна средба со Трамп во 2006 година, откако ...
преземено од Дојче веле Парадигмата од насловот на овој текст не се однесува само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на СДСМ, како две најголеми партии од македонскиот блок. Одговорот, нема никаква дилема, е дека – може; но дали е возможно. Дали евентуалниот избор на Турчин на чело на ВМРО-ДПМНЕ би можел да биде глогов колец во националистичкото ткиво на партијата? Хипотетичкиот избор на ваква личност би ги довел во прашање сите митологии поврзани не само ...
Италијанскиот Сенат на почетокот на март гласаше против уредбата на Европската комисија за прекугранично признавање на истополовите родители. Со овој потег Италија ѝ се придружи на Вишеградската група што ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Аргументација на десницата која го предводеше гласањето против европската уредба е загриженоста дека признавањето на истополовите родители би можело да ја поткопа моменталната забрана на сурогат ...
Тишината околу мртвиот гулаб Кај пченкарното поле е лажлива. Под него се збираат инсекти, вооружените сили Во црна униформа. Над него кружи јастреб Пред да се сврти со склопени крилја. Мравките, командоси во марш, Копаат канал долж рбетот. Внатре, жиците ги вжештиле Нервозните црви кои ги јадат цревата на тлото. Од стомачното крзно летечките трговци (или се репортери) Разнесуваат порака во сите четири ветра: Мрша! Мрша! Само еден скакулец, ...
Цицкач-стискач (познат и како цицко-пицко) ѝ дофрлил на фолкс-вагина (која низ паркот се возела во малиот воз): „Олабавен ти е цицнтрегерот!“ „Функционанираш, цицко-пицко?! Цицка, инаку, моеш да му стиснеш само на братот гибач-пипач, за возврат, и толку!“, возвратила фолкс-вагина од вовчето. *** Цицкач-стискач, гибач-пипач, ракувач-подмачкувач и дркач-дудлач на клупа во парк ја оговарале фолкс-вагина. *** Фолкс-вагина грицкала пичос на клупа ...
Директно вклучување во работните групи по сите поглавја и кластери, широки и под тематски консултации и вклучување на поединци номинирани од граѓанските организации во некои групи, се моделите за учество на граѓанските организации во процесот на пристапувањето во Европската Унија, кои деновиве се дискутираа на различни форуми за дијалог за овие прашања меѓу Владата, Делегацијата на ЕУ и граѓанските организации. Во изјава за медиуми на еден од ...
Француската премиерка Елизабет Борн во четвртокот на 16 март излезе пред парламентот и изјави дека владата ќе го заобиколи гласањето во долниот дом и се повика на членот 49.3 од Уставот за да го озакони својот предлог за пензиски реформи. Откако претседателот Макрон го претстави предлог законот во јануари, милиони луѓе излегоа на улиците на протести ширум Франција. Предлог законот вклучува низа мерки, од кои најспорна е зголемувањето на ...
Како се менува врската помеѓу нашите тела и сеќавањата како што старееме? Уметникот Кејси Куран се занимава со ова прашање во новата серија кинетички скулптури под наслов "Carrion Blooms". Делата упатуваат на дегенерацијата и распаѓањето, анализирајќи го моментот на опаѓање на издржливоста на телото. „Сите можеме да се присетиме на оние денови кога нашата енергија се чинеше бескрајна. 24 часа, и во нив некако успевавме да натрупаме сè; работа, ...
Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Летно попладне и гласот што ми чита приказна. Која книга би ја нарекле книга на вашето растење? Растев бавно и долго и сето тоа сеќавање сега е некако развлечено низ времето. Не можам да издвојам една книга што би ја нарекол книга на моето растење. Почетоците сигурно би биле во првите одделенија на школо. Памтам дека многу ја сакав Големи и мали на Бошко Смаќоски, Приказни по телефон на Џани ...
„Смртта не е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“ Во принцип, Фуриозо не размислуваше особено за она што го сторил во текот на изминатите години. Еден ден се случи и тоа. Тогаш си помисли дека времето му поминало многу брзо – како вчера да беше кога заврши средно и почна да му помага во бизнисот на татко си Шикамото.Се сети на првиот ден и првите неколку часови додека се досадуваше во канцеларијата.Ако не се случеше да заминат на терен, сигурно ...
Еден од начините „црквата да одјебе“ е да почне да се перцепира како потенцијален извор на корупција во институциите и тоа не само во финансиска, туку и во одлучувачка смисла. А, секако и да се покаже со прст кон можна корупција кога црквата ќе се вмеша во општествени прашања. На возрасен човек не може да му се забрани да верува во бајките од железното доба, пошто нели тоа е лична работа и секој има право да се прави блесав колку сака. Но, ако ...
Деновиве на страниците на некои наши медиуми, во контекст на дебатата за македонско-бугарските односи, се спомена текстот на Штефан Требст од 1983 година, „Советскиот Сојуз и бугарско-југословенската контраверза за Македонија“, објавен во списанието „Компаративни студии за Југоисточна Европа“ . Станува збор за реномиран професор на универзитет во Лајпциг, историчар и славист кој говори македонски и бугарски јазик и кој се смета за добар познавач ...
Голи брда, едно полско патче и крај него Зајчешка шепа во грмушка, ветрот ја спуштил Од далеку тоа е сè што можеше да се види, брановидниот Пејзаж фокусиран во окото на орелот, Голи брда, едно полско патче и крај него Зајчешка шепа во грмушка, ветрот ја спуштил, Исчашен зглоб, во рака не би бил потежок од птиче Кое уште топло скока од тавата, Крвав како пленот на сивата птица грабливка врз трн на оскоруша, Ковче обвиткано со парченце крзно. Тоа ...
Иако скандинавските земји – Данска, Шведска и Норвешка – во многу аспекти се меѓу најпрогресивните, тие не се имуни на подемот на десничарскиот популизам. Најновата вознемирувачка вест дојде од Шведска, каде што екстремно десничарските Шведски демократи беа исклучително успешни на изборите во септември 2022 година. Во последните децении, десничарските популистички партии се во подем низ цела Западна Европа, чии најпознати претставници се ...
Одгледувањето на микрозеленчукот станува сѐ поголем тренд во светот. Тоа се всушност млади изданоци од зеленчук, а висината на билките за време на бербата е од 2,5 до 10 см, во зависност од видот. Овој млад зеленчук има интензивен вкус, се карактеризира со сочност и висока содржина на корисни материи. Мала количина микрозеленчук содржи многу витамини, минерали, влакна, амино киселини, хлорофил и белковини. Микрозеленчукот има 4 до 40 пати повеќе ...
Политичкиот епитет кој недвосмислено ја обележува нашата современост е „воук“ (woke). Се работи за еден од оние термини кај кои стабилноста на значењето е диспропорционална со леснотијата на употребата. Преземен е од афроамериканскиот вернакулар и со него иницијално се означувало предупредување на расна предрасуда и дискриминација. Денес со него манипулира десницата и го користи со намера поединците, групите или идеолошката атмосфера како такви ...
20. И очекував, и не очекував. Сепак малку ме изненади. Ми се замати пред очите, за малку не паднав. Отскокнав наназад, возвратив со лев, па со десен директ, и двапати промашив, но тој се повлече, а мене почна да ми се разбиструва. „Па, Врапче“, се смее мојот пријател Апаш, „не си баш така тврд како што мислиш.“ Молчејќи, полека појдов. Молскаа тупаници од двајцата околу глава, двајцата добивме по две-три парчиња. Се повлеков еден чекор, па ...
“When we start deceiving ourselves into thinking NOT that we want something or need something … but that it is a moral imperative that we do/have it, then is when we join the fashionable madmen.” Joan Didion self-righteous - having or characterized by a certainty, especially an unfounded one, that one is totally correct or morally superior „Што ако ти кажам дека можеш да добиеш 50 вежби ЗАСЕКОГАШ кои ми помогнаа да го оформам мојот задник како ...
Тело на мртов пес лежи Испружено на железничката пруга, фатено Во челуста на со креда нумерираните прагови. Колку повеќе гледаш, толку повеќе Неговото крзно се меша со прашината, со чакалот помеѓу островчињата свежа трева. А тогаш, флеката на неговиот живот конечно станува испрана. Превод: П. В. Durs Grünbein (1962 година, Дрезден) - германски поет, романсиер, есеист и преведувач. Накратко студирал театарски студии во Берлин и објавувал во ...
Филмот „Проток на луѓе“ на Аи Веивеи ги документира запрепастувачките размери на глобалната бегалска криза. За да го создаде својот нов документарен филм „Проток на луѓе“, кинескиот уметник и активист Аи Веивеи поминал цела година патувајќи низ 23 земји, следејќи ги патувањата на околу 65 милиони луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови за да избегаат од глад, климатски промени и долготрајни војни. Преминувајќи океани и посетувајќи ...
Питер Коке ван Аелст - Приказна за Свети Павле - Горењето на книгите во Ефес. “Реално немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование”, вели човекот кој самиот беше изненаден што станал министер за образование - Јетон Шаќири. Но, реалноста се разбира дека не е таква каква што министерот сака да ја прикаже. Апсолутно е нереално и апсолутно е неточно дека оваа држава, дури и ваква каква што е нема пари за учебници. ...
Србија во 2022 и 2021 година била светски првак според задолжувањата и приливот на капитал од Кина, пишува српскиот неделник „Недељник“. Србија земала вкупно 8,03 милијарди долари како кредити од Кина, вклучувајќи ги и кинеските инвестиции, со што нашиот северен сосед во изминативе две години се искачил на самиот врв во светот, се наведува во истражувањето „China Global Investment Tracker“ на Американскиот институт за претприемништво и ...
Кога маж во своите доцни четириесетти не знае што е ПМС, кога маж во своите рани четириесетти не знае што е и кога се случува овулација, кога маж со завршено високо образование, на астал изјавува дека до забременување може да дојде по пат на анален секс, кога повеќето после сите одгледани порн-хаб туторијали, не знаат да го лоцираат клиторисот, а камо ли да знаат што понатаму со него, кога се скандализираат од барањата на нивните партнерки за ...
Во наративот врз чија основа е изграден денешниот глобален економски систем штотуку дојде до неочекуван пресврт. Од крајот на Втората светска војна таканаречениот либерален меѓународен поредок подразбираше слободен проток на стоки, капитал и финансии, но изгледа дека на тоа време му се ближи крајот. Секој пазарен поредок е поддржан со наративи – приказни кои си ги раскажуваме за тоа како функционира системот. Тоа особено важи за глобалната ...