
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата Вреди, Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими се одржа доцна попладнево во Владата. Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и за промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. „Граѓаните нема да бидат разочарани. Разговорите ...
Сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмил Јахоски, кој е осомничен за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е ослободен од притвор. На Јахоски му е определена мерка на претпазливост и му е одземена патната исправа. Апелација ја уважи неговата жалба, прифаќајќи парична гаранција и недвижен имот. „Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција ...
Во сржта на современото општество се случува тивка, но разорна инверзија на вредностите: неписмените ги тролаат писмените, а моќта се црпи исклучиво од функцијата добиена преку партиска книшка. Но што навистина настанува кога овој феномен станува општествена норма? Настанува систематско разградување на институциите. Кога на чело на образовни, културни или државни институции се поставуваат луѓе не според нивната стручност, туку според нивната ...
Израелската армија денеска нареди итна евакуација на жителите од околината на Меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана. „Ако не го напуштите подрачјето, ги загрозувате своите животи“, објави портпаролот на израелската армија, Авичај Адреи, на социјалните мрежи. Израелската армија вчера бомбардираше објекти на бунтовничкото движење Хути. При нападите врз клучното пристаниште Ходеида на Црвено Море, загина најмалку едно лице, а 35 се ...
Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц е избран за канцелар во вториот круг на гласање во Бундестагот, откако неговиот сојуз со социјалдемократите изненадувачки беше поразен во првиот обид. За шест гласа не успеа првиот обид Фридрих Мерц да биде избран нов канцелар на Германија утринава, 6 мај, во германскиот Бундестаг. Првпат во историјата на Германија се случува земјата да не избере канцелар. Неуспехот на Мерц веднаш да ја добие ...
Седумгодишно дете вчера ја прегазило сестра си со автомобил. Девојчето е тешко повредено, соопшти полицијата. „На 5.5.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општата болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 10-годишна малолетничка од од село Алданци, Крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот 7-годишен брат случајно го стартувал возилото форд галакси, со клучот кој бил на ...
На 9 и 10 мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меѓународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Организатор на овој престижен меѓународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ). Свеченото отворање ќе се одржи на 9 мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton, а конгресот ќе продолжи на 10 мај во ...
Веќе легендарната платформа за интернет-разговор на „Мајкрософт“ – Скајп (Skype) замина во историјата. Постоечките корисници на Скајп ќе можат бесплатно да се префрлат на Мајкрософт тимс (Microsoft Teams), користејќи ги нивните имиња и лозинки за најавување. Така, и нивните контакти и историјата на разговори ќе се префрлат на другата платформа. Исто така, треба да се напомене дека корисниците имаат рок до јануари 2026 година да ги префлат своите ...
Десет службени лица, меѓу кои тројца од Бирото за јавни набавки, се осомничени дека ја оштетиле подружницата АД ЕСМ-РЕК Битола за 2,9 милиони евра кршејќи елиминирајќи една од понудите за јавна набавка за ископ на јаловина во централата РЕК Битола, соопшти Основното јавно обвинителство Битола. „Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите ...
Воспоставување на соработка помеѓу Охридската локална самоуправа, конзуларните претставништва, бизнис секторот и промоција на професијата Конзул, беа целите на настанот „Конзулски мозаик“ кој се одржа денеска во Општина Охрид. На настанот свое обраќање пред присутните дипломати и гости имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. -Чест и задоволство ми е што денес сме собрани тука, во срцето на Охрид – градот кој како жив ...
Во насока на развој на локалната економија и зајакнување на родовата еднаквост во економските процеси, Општина Охрид успешно ја реализираше Обуката за поддршка на жени претприемачи, согласно објавениот Јавен повик. Во обуката беа вклучени жени и девојки од Охрид кои имаат намера да започнат свој бизнис или веќе водат сопствен бизнис не подолго од три години. Неколкудневната обука се реализираше во просториите на Касарна-Хаб, а нејзината цел беше ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на хрватскиот град Пула, Филип Зоричиќ денеска во Пула потпишаа Меморандум за пријателство и соработка. Со овој дипломатски документ, двете локални самоуправи се обврзуваат во рамките на своите можности и надлежности, да воспостават соработка во областите на делување и тоа: економија, култура, образование, туризам, наука и истражување, ИТ технологии, младински прашања, здравство и ...
Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ” бр.27/14,199/14,48/15,154/15,5/16,142/16,11/18 и Сл.Весник на РСМ бр.14/20,99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и соджината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведеување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за ...
Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC) ќе ја остави клучната каматна стапка непроменета на состанокот кој започнува денес и завршува в среда, е оценка на американските аналитичари. Претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, постојано го отфрла притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на клучната каматна стапка со цел да се стимулира економскиот раст. Како што објасни Пауел, централната ...
Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Фридрих Мерц да биде избран за следен канцелар на земјата во првиот круг гласање во парламентот. Лидерката на АфД, Алис Вајдел, рече дека резултатот, според кој на Мерц му недостигаа 6 гласа од потребното апсолутно мнозинство, ја покажал „слабата основа“ врз која е изградена коалицијата на конзервативниот лидер со социјалдемократите. – Мерц беше ...
Москва ќе одговори соодветно ако Киев продолжи со обидите да ја нападне Русија за време на Денот на примирјето во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. – Секако, иницијативата на претседателот Владимир Путин за привремен прекин на огнот за време на празникот е актуелна. И соодветните инструкции беа дадени од Врховниот командант. Но, тука сакам да ве потсетам на ...
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека речиси цела Европа води војна против Русија под нацистички знамиња. – Европа сега го поддржува отворено антирускиот режим на Зеленски кој организира факелијади, фрла борци со шеврони од нацистички дивизии на ракавите во мелница за месо и, исто како во операцијата „Незамисливо“, се заканува дека ќе ѝ нанесе стратешки пораз на Русија на бојното поле – рече Лавров на церемонијата на ...
Српската полиција во Обреновац трага по автомобил „фиат пунто“ кој го украл маж од бензинска пумпа, пренесува српски Телеграф. Во моментот на крабежот, во автомобилот имало 12-годишно девојче. Телеграф пренесува дека 26-годишна жена управувала со автомобилот на нејзиниот татко со девојчето во него, и застанала на бензинската пумпа. Во еден момент отишла да плати за гориво, оставајќи ги клучевите и девојчето во автомобилот, а непознат маж го ...
Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ. – Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков – изјави градоначалникот Ихор Терехов. Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска ...
Министерството за енергетика прифати амандмани поднесени од сите пратенички групи за Законот за енергетика. Се очекува тој да биде донесен во текот на месецов. Предлог-законот за енергетика, како едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ, го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии. Во фазата на второто читање остана разгледување на текстот на Дополнетиот предлог на закон за енергетика на седница ...
Интензивна соработка помеѓу двете министерства во областа на даночната политика и борбата со финансискиот криминал е договорена на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек, на која присуствуваа и директорите на УЈП Елена Петрова и на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски. Даночните управи, како што е договорено на состанокот во Министерството за финансии ...
СКОПЈЕ, ДЕНЕС – Во период кога цената на градежните материјали достигнува рекордни нивоа, две најголеми политички партии во земјава започнаа невидена инвестиција во “огради” и “оградувања”, создавајќи нов национален спорт. ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално повика СДСМ да се “огради” од својот член-наркодилер кој, замислете, се фотографирал со претседателот на партијата Венко Филипче. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изјави: “Бараме оградување по сите ...
Почнувајќи од јули, сите трговци на мало во Бугарија ќе бидат обврзани да ги прикажуваат цените во левoви и во евра, објави Новините. Оваа мерка ја потврди заменик-министерот за економија Николај Павлов кој нагласи дека конверзијата мора да се базира на фиксен девизен курс од 1,95583 лева за едно евро. Според законот за воведување на еврото двете валути мора да бидат јасно и прецизно претставени на сите ценовници, при што ниту едната не е ...
Изградбата на брза пруга на коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка“ на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој најавува изградба на брза пруга која во патничкиот сообраќај ќе се движи од 160 до 200 километри на час, а во карго превозот со максимална брзина до 120 километри на час. – Сакам да имаме пруга која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на ...
Украина лансираше повеќе од сто дронови на руска територија во ноќта помеѓу понеделник и вторник, насочени кон Москва и нарушувајќи го работењето на десетина аеродроми, соопштија руските власти. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пријави нови напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Според него, силите за воздушна одбрана собориле најмалку 18 дронови на пат кон Москва од различни насоки, објави Собјанин на Телеграм. Делови ...
Судијката на Обединетите нации и екс-удијка на Високиот суд на Уганда, Лидија Мугамбе (50), е осудена на шест години и четири месеци затвор во Велика Британија поради експлоатација на млада жена од Уганда како домашна робинка, пишува „Гардијан“. Пресудата ја донесе Оксфордскиот крунски суд, кој ја прогласи Мугамбе за виновна за повеќе кривични дела, вклучувајќи принудна работа, трговија со луѓе и заплашување сведок. Мугамбе, која спремала ...
Претседателот на Романија во оставка, Илие Боложан, го именуваше Каталин Предоју за в.д. премиер на земјата. Тој претпладнево го потпиша декретот за именување на Предоју за в.д. премиер на Романија кој ќе остане на функцијата до формирање на новата влада, објави Франс 24. Ваквиот потег на Боложан доаѓа по вчерашната оставка на премиерот Марсел Чолаку. Националниот политички совет на романските социјалисти одлучи партијата да ја напушти ...
Дали желбата на администрацијата на Трамп повторно да го претвори Алкатраз во затвор е изводлива? Колку би чинело тоа и зошто експертите се прашуваат што се случува? Алкатраз, познат и во американската јавност како „Карпата“, не е затвор со децении. Денес тоа е историски споменик што го посетуваат милиони туристи секоја година. Но, американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека затворот би можел повторно да се отвори и да се користи за ...
Палестинското исламистичко движење Хамас повеќе не гледа смисла во нови мировни преговори со Израел, изјави висок претставник на движењето, еден ден откако израелскиот кабинет за безбедност одобри план за проширување на воените операции во Газа. Тој ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел. „Нема смисла да се продолжуваат разговорите или да се разгледуваат нови предлози за прекин на огнот сè додека војната на гладот и ...
Еден од најпознатите ватиканисти, професорот по ватиканска геополитика, Пјеро Скијаци, разговараше со нашиот Борн Шмер за конклавата што започнува утре во Ватикан. Професорот Скијаци тврди дека оваа конклав ќе биде различна од другите. „Сега геополитиката е поважна од идеологијата. Честопати предвидуваме кој ќе биде следниот папа – нè интересира дали ќе биде традиционален или прогресивен. Но, сега тие категории се застарени бидејќи во меѓувреме ...