
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Собрани со торжествена радост, соединети со вера во воскреснатиот Господ, денес го славиме најголемиот настан во историјата – Христовата победа над смртта! На овој Празник над празниците, во овој Ден на незаодната светлина, кога исчезнуваат сите граници меѓу земното и небесното, откако поклонички и смирено го изодивме патот на благословениот Велигденски пост, еве, радосно ја празнуваме победата на животот! Исправени во стамена послушност на ...
Скопјанец пријавил дека бил натепан откако добил на рулет додека играл во казино во Радишани, соопшти полицијата. На 16.04.2025 околу 23.45 часот во СВР Скопје, Е.С. од Скопје пријавил дека во казино во Радишани неколку лица, од кои едното го познавал, физички го нападнале и му одзеле пари. Според пријавеното, тој играл рулет и откако добил пари го удрил рулетот и го искршил стаклото. По тоа за кратко време бил повикан од вработениот во ...
Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. „Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. ...
Десетмина полицајци, вработени во Единицата за брзо распоредување, кои живееле надвор од главниот град, се осомничени дека примале пари од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од дома до работното место во Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ...
Премиерот Христијан Мицкоски во рамкитe на неговиот престој во Дубаи оствари повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар, основач и управен директор на Eagle Hills, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди кој е директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на ...
64-годишен жител на Битола пријавил дека бил измамен за вкупна сума од 22.500 евра, откако во текот на неколку месеци му исплаќал пари на жена која му ветувала разни услуги, меѓу кои и вработување на неговиот син и посредување при купување стан во Скопје. Според информациите од СВР Битола, измамата се случувала во периодот од септември 2024 до април 2025 година, а пријавената М.Л. (41) од Битола се претставувала дека работи во Министерството за ...
Стопанската комора на трговци на големо и мало за прехранбени производи, бара Министерството за економија да го продолжи рокот за онлајн објавување на цените на производите. Аптеките, пак, бараат да бидат изземени од обврската за објавување цени бидејќи не се обични трговци, туку здравствени установи. Тие според последните измени на Законот за потрошувачи имаат обврска да објават Ценовниците почнувајќи од утре во 10 часот. Од Комората велат дека ...
Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуваат во земјава, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Како што истакна Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сезонски, зависно од периодот во кој доспеваат и се користат. За оваа цел е веќе изготвен посебен календар ...
Косата не е само дел од нашиот изглед туку е дел од нашиот идентитет. Таа ја носи приказната на секојдневието, реагира на стресот, времето, начинот на живот. Понекогаш е сјајна и полна со живот, понекогаш сува и изморена. Но едно е сигурно дека со правилна нега, секоја коса може да изгледа и да се чувствува подобро. Во рамките на иницијативата што го покажува индивидуалниот пристап кон убавината, започнува и вистинската нега на косата. Не се ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одби да го поддржи планот на Израел за напад на иранските нуклеарни постројки. „Њујорк Тајмс“, цитирајќи високи американски претставници, пишува дека Белата куќа одлучила да им даде приоритет на дипломатските преговори со Техеран. Весникот пишува дека Израел планирал да ги изврши нападите во мај со американска помош. Лидерот на израелската Партија за национално единство, Бени Ганц, и ...
Три лица загинаа, а 30 други се ранети во денешниот руски напад врз градот Дњепар во областа Днепропетровск, меѓу кои и три деца – деветмесечно девојче и момчиња на возраст од шест и единаесет години. – Русите убија млада девојка во Дњепар – изјави Серхиј Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск, додавајќи дека во нападот е убиена и една постара жена. Според градоначалникот на Дњепар, Борис Филатова еден од „Шахедите“ за малку ќе удрeл во ...
Кина нема да посветува внимание, ако САД ја продолжат „играта со царинските бројки“ кога станува збор за царините, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи откако Белата куќа објави дека Кина се соочува со царини до 245% поради нејзините одмазднички мерки. Во документ објавен завчера, Белата куќа наведува дека вкупните давачки на Кина ја вклучуваат најновата реципрочна царина од 125 отсто, царина од дополнителни 20% за справување со ...
Додека Соединетите Американски Држави и Русија преговараат за прекин на огнот во војната во Украина, Москва планира да ја искористи американската компанија за храна Главпродукт, која Кремљ ја зазеде во октомври, за снабдување на својата војска, покажува документот што го видел Ројтерс. Главпродукт, кој сега е под раководство на рускиот државен агент Росимушчество, беше преземен од сопственикот на Лос Анџелес, Леонид Смирнов. Американскиот ...
Полицијата уапси тројца млади лица од Кондово кои синоќа украле пари од малолетници кои чекале автобус на Бит-пазар. Полицијата ги фатила за 5 минути по делото. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, соопшти полицијата. „На 16.4.2025 година околу 23.30 часот на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од село Кондово, Скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од ...
Обвинителството поднесе жалба за 2 годината затворска казна за возачот Менсур Пајазити кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово во август 2022 година. Според Обвинителството казната е ниска и бара повисока. Жалбата е поднесена и покрај тоа што Судскиот совет расчисти дека 2-годишната казна на повтореното судење е максималната што судијата Ељмедин Ферати можел да му ја пресуди на возачот Пајазити. Причина за тоа е ...
Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, потврди за Република неговиот адвокат Еленко Миланов. Тој објасни дека му е одреден нов 30-дневен притвор на истите околности како претходниот. – Се наведува тежината на делото, опасност од бегство, влијание на сведоци. На оваа одлука ќе доставиме жалба – нагласува Миланов. Државниот обвинител Љупчо Коцевски завчера нагласи деа министрите за економија издавале лиценци на ...
Постои обид од страна на Северна Македонија да ги претстави нормалните барања на Бугарија за нејзиното усогласување со европските критериуми како каприц на нашата земја, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова. – Тие се обидуваат барањата да ги претстават како билатерална блокада, што не е вистина – рече Јотова. Таа денеска во Софија ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос и ќе разговараат за проширувањето на ЕУ со ...
Од вкупно издадените 1507 платни налози во текот на изминатите два дена (15/16.04.) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 517 платни налози а по основ на непридржување до пропишаната брзина на движење беа евидентирани 259 прекршоци. Според статистичките бројки изречени се 103 прекршоци по основ на неносење сигурносен ...
Пролетта, иако е симбол на нов почеток, кај многу луѓе носи чувство на замор, безволност, па дури и вознемиреност. Сè почесто слушаме дека граѓаните се чувствуваат исцрпени, збунети, исплашени – и тоа не без причина. Политички тензии, постојани кризи, економска неизвесност и говор на омраза кој секојдневно се шири низ медиумите и социјалните мрежи – сето тоа влијае на нашето ментално здравје. За тоа како да ги препознаете овие симптоми и како да ...
Ако барате поздрава алтернатива за утринското кафе, експертите препорачуваат какао. Содржи теобромин, природен стимуланс сличен на кофеинот, но со поблаг ефект и без негативните ефекти на кафето. Какаото е богато со флавоноиди, кои ја подобруваат когнитивната функција, концентрацијата и го намалуваат ризикот од деменција. Тие исто така делуваат како антиоксиданси, борејќи се против штетните слободни радикали. Покрај тоа, какаото содржи ...
Европа минатата година се соочи со најраспространетите поплави од 2013 година, при што 30 отсто од речната мрежа на континентот беше погодена од значителни поплави, објавија научниците во вторникот, бидејќи климатските промени поттикнати од фосилните горива продолжија да поттикнуваат обилни дождови и други екстремни временски услови. Во поплавите во Европа во 2024 година загинаа најмалку 335 луѓе, а повеќе од 410.000 беа погодени, соопшти ...
Астрономите тврдат дека џиновската планета оддалечена 124 светлосни години од Земјата го обезбедила досега најсилниот доказ дека вонземскиот живот можеби напредува надвор од нашиот Сончев систем. Набљудувањата на вселенскиот телескоп Џејмс Веб на планетата наречена К2-18 б се чини дека откриваат хемиски отпечатоци од две соединенија за кои се знае дека ги произведува само животот на Земјата, пишува Гардијан. Откривањето на хемикалиите, диметил ...
Веќе во четврток трговците кои врши дејност трговија на мало треба да ги имаат подготвено ценовниците за објавување на своите веб-страници, а да можат граѓаните в петок, кога стапува во сила законската обврска за објавување на цените, потсети денеска на прес конференција министерот за економија Бесар Дурмиши. – Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи самите ќе можат да видат и да споредат во кој маркет има ...
Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. „Политиките коишто ги спроведуваме се насочени кон ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 април просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 83,02 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 87,77 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 40,86 евра за мегават час, а на MEMO 51,74 евра. Цената на природниот ...
Одделот за внатрешна безбедност на Соединетите Американски Држави објави дека Универзитетот Харвард ќе го загуби правото да запишува странски студенти доколку не ги исполни барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Секретарот за внатрешна безбедност Кристи Ноем вчера најави откажување на два федерални грантови за Харвард во вкупен износ од повеќе од 2,7 милиони долари. Ноем изјави дека испратила писмо до раководството на ...
Северна Кореја денеска се закани со неодредени мерки за одмазда, откако во вторникот, 15 април, американски бомбардери Б-1Б прелетаа над Јужна Кореја за време на заедничка воена вежба со јужнокорејските сили. Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата има за цел да ги демонстрира заедничките способности за одвраќање во момент кога се унапредува нуклеарната програма на Северна Кореја, пренесоа агенциите. САД и Јужна Кореја ...
Три лица загинаа, а 28 се ранети во руските напади врз реката Днепар во источна Украина синоќа, меѓу кои и четири деца, соопшти украинската служба за итни случаи. Локалниот гувернер Сергиј Лисак изјави дека меѓу загинатите има дете и една постара жена. Погодени се неколку куќи и службени згради, велат истите извори. Според градоначалникот Борис Филатов, оштетени се 15 објекти. Во претходниот руски напад на 10-ти април врз градот, кој го минува ...
Двајцата главни советници за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Марко Рубио и Стив Виткоф, во четврток во Париз ќе одржат состаноци со европски политичари и експерти за безбедност додека САД и Европа бараат заеднички пристап за ставање крај на војната во Украина и спречување на конфликт со Иран. Рубио и Виткоф ќе се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и со британски и германски официјални претставници, ...
Новинската агенција Ројтерс дошла до доверлив документ кој открива дека Кремљ наводно искористува американска компанија запленета во октомври и ја користи за снабдување на руски војници. Доколку наодите се покажат како вистинити, тоа може сериозно да ги загрози односите меѓу Москва и САД. Додека САД и Русија преговараат за ставање крај на војната во Украина, центарот на вниманието се сврте кон Главпродукт, американски производител на ...