Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат донесени други мерки. – Ние ќе ја следиме ситуацијата, ако случајно се зголемува инфлацијата, ќе ...

Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности. Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција посочи дека овој рок им е даден затоа што инспекторите од Пазарниот инспекторат утврдиле дека се ...

Неминовно е да се направи или нова истрага или реконструкција на настаните кога се грабнати и убиени Панче Жежовски (74) во Велес и Вања Ѓорчевска (14) во Скопје, побара денеска адвокатот Бојан Манев, бранител на третообвинетиот Боре Видевски. – Ова е фаза на постапката кога секој од обвинетите ја кажува својата верзија на приказната. На крајот, по исказите кои се дадени досега, по исказите кои беа дадени во Обвинителството, а кои беа читани на ...

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој на влез во државата на граничен премин Богородица при контрола на камион со стока од Турција наменета за македонска фирма, во фабричките празнини ...

Годинава рубљата зајакна во однос на доларот повеќе од која било друга валута, а растот на руската валута ја надмина и стапката на раст на вредноста на златото, кое традиционално е безбедно засолниште, пишува „Блумберг“. Рубљата зајакна во однос на доларот за 38% во вонберзанското тргување, а вредноста на златото во овој период се зголемила за 23%. Официјалниот курс на доларот во однос на руската национална валута, утврден од Централната банка ...

Француското Министерство за земјоделство се соочува со критики откако беше откриено дека предложило изборот на актери за реклама за органска храна да биде етнички мотивиран. Според мејловите што ги видел Политико, канцеларијата на секретарката за земјоделство Ани Женевар побарала од продукциската куќа да „фрли бела личност“ во првата снимка од рекламата. Иако во пораките не е прецизирана етничката припадност на актерот, во материјалите на ...

Голем број моќни Руси поврзани со Федералната служба за безбедност (ФСБ), како и профитери од војната во Украина, како и олигарси чии компании беа под санкции во последните три и пол години, добија српско државјанство надвор од стандардните процедури – со специјална одлука на Владата на Србија во која се наведува дека тоа е во „национален интерес“ на Србија, откриваат „КРИК“ и рускиот портал. На овој начин дури 204 Руси со посебна мерка станаа ...

Белата куќа соопшти дека Кина сега се соочува со царина од 245 отсто на увозот во САД „како резултат на нејзините одмазднички акции“, пренесува Њузвик. Медиумот пишува дека ова е уште една ескалација во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Оваа потенцијална царина е повисока од претходните економски мерки на САД против Кина. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џиан беше прашан за стапката од 245 ...

Обвинителството на Специјалниот суд во Хаг денеска соопшти дека официјално ја завршило доказната постапка против поранешниот водач на ОВК Хашим Тачи и неговите сообвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства во Косово и Албанија, 1998-99 година. Заедно со Тачи, обвинети се и Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за злосторства, кои вклучуваат повеќе од 100 убиства и тортура, врз Албанци, Срби и Роми во 40 нелегални притвори ...

Обвинителството во Берлин обвини 40-годишен лекар за палијативна нега, кој веќе бил во притвор, за убиство на 15 пациенти, изјави портпаролот на обвинителството. Според надлежните, обвинетиот без нивно знаење на жртвите им давал анестетик и мускулен релаксант, што потоа предизвикало нивна смрт, јавуваат странските новински агенции. Според обвинителството, мускулниот релаксант „ги парализирал респираторните мускули кај пациентите, предизвикувајќи ...

Париската полиција покрена истрага откако 29-годишна жена се задуши за време на криотерапија, а уште една жена беше пренесена на интензивна нега. Во понеделникот една жена починала, а друга била однесена на интензивна нега за време на криотерапија во градска теретана во Париз, пишува The Guardian. Во болница се пренесени и три лица кои им пружиле прва помош на жените, а уште 150 лица се евакуирани од зградата. Од досега прибраните информации се ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо е во официјална посета на Хрватска. Тој се сретна со премиерот Андреј Пленковиќ. На почетокот Пленковиќ рече дека поради туризмот се интензивира контактот меѓу Словаците и Хрватите, а со словачкиот колега разговараше за соработката и глобалната ситуација. „Посебно сум задоволен што потпишавме повеќегодишен договор во областа на културата“, рече хрватскиот премиер, заблагодарувајќи им се на министерката за култура ...

Жител на Крива Паланка пијан се забил со своето „хјундаи“ во бензинска станица на булеварот Србија во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Тој лажно се претставил како вработен на АНБ, додека при алкотестот му биле измерени 2,41 промили алкохол во крвта. „На 16.04.2025 во 02.30 часот на бул.„Србија” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(31) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично ...

Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединетите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди Владата на ОАЕ, изјави вицепремиерот Александар Николоски, кој е дел од владината делегација која е ...

На 23 април, следната среда, во 10 часот во Кривичниот суд ќе продолжи судењето за грабнувањата и суровите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74). Денешното рочиште е одложено поради здравствени проблеми на адвокатот Јовица Страшевски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо. По 23 април, следно рочиште е 28 април,во 10 часот. Судијата Ивица Стефановски информираше дека денеска добил поднесок од бранителот Страшевски, со ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) негира дека била компромитирана вчерашната акција за приведување на 7 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, иако државниот обвинител Љупчо Коцевски синоќа во телевизиско гостување соопшти за акцијата додека таа била во тек. – Не знам кого, што и зошто демантира МВР. Непобитен факт е дека државниот обвинител Љупчо Коцевски, својата изјава во телевизискиот настап на Телма ја даде ...

Додека обичните охриѓани се давеа во проблеми со неизградениот пливачки базен, една екипа “спасители” од висок профил одлучи да нурне длабоко – право во градскиот буџет. Јоне Станкоски, човекот кој со една нога гази по ходниците на Општина Охрид како раководител на секторот за општествени дејности, а со другата по стазите на “Охрид ТрчаТ”, очигледно решил дека не е доволно да се трча по копно кога може да се “плива” во пари. И така, како од вода ...

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“. На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка ...

По повод претстојните Велигденски празници, учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравачер приредија свечен Велигденски концерт. Публиката имаше можност да ужива во низа музички композиции на младите музичари, под менторство на нивните наставници. Во името на Општина Охрид на настанот присуствуваа Ана Крстеска, заменик градоначалник и советничките во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева Стојаносвска и Александра Настоска ...

Ако сакаме да го подобриме целокупното здравје, најдобро е да започнеме со нашите црева. Според нутриционистката Џесика Домингез, здравиот дигестивен систем е клучот за подобар имунитет, енергија и рамнотежа во телото. „Звучи комплицирано, но не е толку застрашувачко како што може да изгледа“, вели Домингез за Парад, истакнувајќи дека таа практикува три едноставни навики секој ден што ги одржуваат нејзините црева во врвна форма. Првиот совет е ...

Се смета за супернамирница, дури и за најсилниот познат антиоксидант денес. Ова грмушесто растение е отпорно на студ и разни штетници и е се почест избор во домашните градини. Неговите мали, темно сини бобинки зреат кон крајот на август и септември, но благодарение на способноста да се замрзнат, исушат или преработат во сокови, џемови и сирупи, тие се достапни во текот на целата година. Бобинките од аронија можеби нема да го воодушеват непцето ...

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов, пренесува БТА. Изјавата е дадена за време на работниот појадок во Софија со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО, посветен на напредокот на стратешкиот инфраструктурен проект. На средбата присуствуваа и министрите за регионален ...

Градежни инженери, возачи, работници во логистиката и во туризмот се најчестите огласи за вработување во Хрватска. За дел од работните позиции се нето плати изнесува и 3.000 евра, а се нудат и сместување, бонуси за продажба или флексибилно работно време. Градежните инженери се меѓу најбараните кадри, а огласите доаѓаат од повеќе локации во земјава. Во некои огласи за оваа позиција се нуди плата од 2.500 евра нето, со задолжителен услов пет ...

Одговорот на Кина на новите американски царини може да го попречи снабдувањето со важни лекови, покажа анализата на Ројтерс на податоците од кинеските регулатори. Пред околу две недели, американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни 34 отсто „реципрочни“ царини за увоз од Кина, со што вкупниот број се зголеми на 54 отсто. Кина возврати со царини од 34 отсто на американскиот увоз, а Вашингтон одговори со уште повисоки давачки. ...

Правно обврзувачкиот договор на СЗО има за цел да ја зајакне светската одбрана од нови патогени откако пандемијата Ковид-19 уби милиони во 2020-2022 година. Превентивни мерки Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за подготовка на светот за идни пандемии по повеќе од три години преговори, соопштено е во средата наутро. Предлогот наведува мерки за спречување идни пандемии и зајакнување на глобалната ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа, остро го критикуваше Доналд Трамп за неговото однесување со Администрацијата за социјално осигурување и предупреди дека сегашната администрација „го уништува системот од кој зависат милиони Американци“. „Прво пукаат, па нишани“ „Трамп и неговиот народ се обратија до владините институции со идејата на Силиконската ...

„Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, ‘движете се брзо и скршете сè’. И тие кршат сè по ред. Прво пукаат, а потоа нишанат“. Вака изјави поранешниот американскит претседател, 82-годишниот Џо Бајден, во неговиот прв јавен говор откако ја напушти Белата куќа. Пред присутните во Чикаго тој рече дека администацијата на Трамп го уништува системот на социјалната помош од кој зависат милиони ...

Можеби на прв поглед изгледа страшно, но во реалноста тоа е сосема природна и фасцинантна појава. Социјалните мрежи деновиве се преплавени со необични снимки од приморските градови во југоисточна Шпанија – вклучувајќи ги Кулера, Торевиеја и Ареналес дел Сол. Гледајќи ги синкавите маси што ги покриваа тамошните плажи, многумина се запрашаа дали се работи за медуза, ѓубре или можеби дури и оптичка илузија, објавија шпанските медиуми. Но, одговорот ...

Берлинскиот лекар за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, објави во средата берлинското државно правобранителство. „Во меѓувреме, претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку 15 пациенти во периодот од 2021 до 2024 година“, соопшти берлинското државно правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар е во истражен ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди американските претставници, кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина, да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. – Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со својата национална територија. За нас е црвена линија да не признаеме ниедна ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
8.75
47%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.66
52%
1024
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
60%
1025
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
7.72
56%
1019
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
7.04
61%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
90%
1025
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
3.58
43%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
39%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
9.77
37%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
38%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
51%
1025
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
68%
1014
Currency

61.53

Currency

53.8663

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63