Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“ на која се наоѓа Аеродромот во Охрид. Тој посочи дека позитивната констатација од посетата е дека има зголемување на патниците на овој граничен премин, како и на сите гранични премини во рамки на Регионалниот центар – Запад. – За споредба со истиот период лани, оваа година имаме за околу 20% ...

Врховниот суд на САД привремено ја блокираше администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги депортира Венецуелците во притвор за имиграција, откако нивните адвокати изјавија дека се соочуваат со итна депортација без судска ревизија, што судот претходно го нареди. „На владата и е наредено да не ги депортира членовите на наводната група притвореници од Соединетите Држави до понатамошна наредба на овој суд“, рекоа судиите во кратката, ...

Високиот дипломат и Заменик министер за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, бил снимен на видео како го става во џеб златното пенкало за време на преговорите со САД во Оман. Сите учесници, според протоколот, добиле слични пенкала за користење за време на разговорите, објави Вај нет. Оман испрати дипломатски протест до Исламската Република Иран, со барање да го врати златното пенкало. Иранските опозициски медиуми јавуваат дека ...

Магистралниот пат Охрид – Св. Наум, еден од клучните туристички и сообраќајни правци во земјава, е во завршна фаза на рехабилитација, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски. Досега се завршени 19 километри од вкупната должина од 24,3 километри, од граничниот премин со Албанија до Пештани. Инвестицијата, вредна 11,6 милиони евра, е финансирана од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со реализацијата на овој проект, се ...

Повеќе од десет илјади верници учествуваа во поворката на Велики петок во чест на Крстниот пат во римскиот Колосеум во петокот вечерта. Симболичниот крст беше пренесен на 14 станици. Папата Франциско, кој водеше верски служби за закрепнување по тешка болест, напиша медитации во кои посочи дека на нашиот скршен свет му требаат искрени солзи. Тој ги повика верниците да ја разберат Божјата економија, која, за разлика од денешните економии на ...

Еквадор е во состојба на готовност поради наводен заговор за атентат на неодамна реизбраниот претседател Даниел Нобоа, објавија властите на таа латиноамериканска земја. Протечените извештаи на военото разузнавање, во кои се тврди дека атентаторите кои влегуваат во Еквадор од Мексико и други земји планираат да извршат „терористички напади“ врз шефот на државата, се појавија на социјалните мрежи оваа недела. „Најостро го осудуваме и отфрламе секој ...

Израел, наводно, размислува за ограничен напад врз иранските нуклеарни локации и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од планот, објави Ројтерс. Израелските власти, наводно, размислуваат за ограничен напад врз нуклеарни постројки за кои би била потребна помала поддршка од САД додека американските и иранските претставници се состануваат во Рим на уште една рунда разговори. Официјален Тел Авив не ја отфрли можноста за ...

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” ...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари призна дека разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за „Лајм“ изјави дека немало средба, но дека се слушнале телефонски. „Дали сте имале Средба со Али Ахмети или очекувате да имате?“ – Не, не, не. Имаше телефонски разговор и тоа е… – рече Арбен Таравари, претседател на АА. Алсат Телевизија уште на почетокот на април објави за телефонски разговор во траење од 40 минути меѓу Таравари и ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево, заедно со увидни екипи од МВР, изврши увид на местото на несреќата на патот Кичево-Гостивар каде што животот го загубија 3 лица во сообраќајна несреќа меѓу 3 возила, а осуммина се повредени, соопшти Јавното обвинителство на РСМ. Со цел утврдување на причините за несреќата, подигнати се траги од местото на несреќата, кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде ...

Стабилно и топло време нѐ очекува во сабота, со мала до умерена облачност во текот на денот. По свежото утро, денот ќе започне со сонце и слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Според прогнозата на УХМР, атмосферата ќе остане претежно стабилна низ целата земја, со исклучок на крајните источни планински предели, каде што попладне постојат услови за слаб локален дожд. Ветерот ќе го засили чувството на свежина, ...

Хрватската агенција за цивилно воздухопловство (ЦЦАА) соопшти дека неодговорната употреба на дрон ја загрозила безбедноста на авионите и спречила слетување на два патнички авиони, пренесува Дневник.хр. Како што се наведува во соопштението на CCAA, во непосредна близина на аеродромот во Дубровник при крајниот пристап за слетување на 13.04.2025 година, забележано е опасно приближување на дрон до патнички авион на приближна висина од 200 метри. ...

Атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо се случи на 15 мај 2024 година во Хандлова, мал град во централна Словачка. Напаѓачот Јурај Цинтула (71) пукал во Фицо додека се поздравувал со граѓаните по состанокот на владата. Фицо го погодиле четири куршуми, од кои два го погодиле во стомакот, еден во рамото, а еден куршум поминал веднаш покрај црниот дроб. Речиси една година по обидот за атентат врз премиерот Фицо, објавено е ново видео од тој ...

Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички прегледи преку „Мој термин“. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека постапката за преадаптација е речиси на самиот крај. Посочува дека планот е во првата фаза да се префрлат амбулантите од применото одделение, а потоа и останатите специјалистички амбуланти. – Наша цел е да се направи ...

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се надева дека по локалните избори ќе биде заокружен процесот на основање на институцијата во која би се обединиле надлежностите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе ...

Денеска се пронајдени телата на две лица кои беа пријавени за исчезнати за време на невремето во северна Италија, соопштија пожарникарите, со што бројот на жртви во областа се искачи на три. Телата на 64-годишен маж и неговиот 33-годишен син, чиј автомобил беше однесен од порој, се пронајдени во близина на Виченца во североисточната провинција Венето. Претседателот на провинцијата Венето, Лука Заија, изрази сочувство за жената која ги загуби ...

Животните кои се користат за забава на туристите на египетските пирамиди во Гиза се злоупотребувани и оставени да умрат во купишта ѓубре покрај огромните гробници. Снимките направени од организацијата ПЕТА го откриваат варварскиот однос на сопствениците на камили и коњи кон овие животни во близина на најпознатата знаменитост во Египет. Резултатите од нивната истрага беа откриени неколку дена откако беше објавено дека една жена од Холандија, која ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио за повлекување од преговорите доколку руската и украинската страна „наскоро“ не постигнат договор. Трамп рече дека Рубио е „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам за изгледите за постигнување договор. На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори: „Нема одреден број на денови, но сакаме ...

Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп. Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“. „Речиси 60 години по ...

Постара жена (80) паднала од шести кат во зграда во Екатеринбург на покрив на паркиран автомобил и преживеала. Според локалните медиуми, инцидентот се случил во повеќекатната зграда на улицата Белинског рано утрото на 15 април. Моментот на падот го снимила надзорна камера. На видеото се гледа дека жената го преживеала падот, по што дури се обидела сама да стане. Полицајците брзо пристигнале на местото на настанот и, според очевидци, разговарале ...

Поранешниот англиски фудбалер Џо Томпсон почина на 36-годишна возраст, објави денеска англискиот клуб Рочдејл чиј дрес го носеше на повеќе од 200 натпревари. Рочдејл објави дека Томпсон „почина од рак во четвртокот дома опкружен со своето семејство“. „Џо беше талентиран фудбалер, но и личност со многу љубов. Неговиот нескротлив дух беше инспирација за сите. Пред сè, тој беше добар сопруг и татко“, соопшти Рочдејл. На Томпсон, кој во јуниорските ...

Соединетите Американски Држави им претставија на сојузниците нацрт-предлог за мировен договор меѓу Русија и Украина, вклучувајќи рамковни услови за прекин на борбите и постепено олеснување на санкциите кон Москва во случај на траен прекин на огнот, пишува Блумберг, повикувајќи се на европски претставници запознаени со планот. Плановите на САД им беа претставени на европските сојузници и покрај предупредувањето од државниот секретар Марко Рубио, ...

Финска, која е членка на НАТО, внимателно ги следи руските воени активности во близина на границата на Алијансата, изјави заменик-началникот на Генералштабот на финските вооружени сили. Финска стана членка на НАТО во 2023 година откако Русија започна инвазија на Украина, со што стави крај на долгогодишната политика на неутралност со Шведска во корист на безбедносните гаранции што ги обезбедува воениот сојуз. Финска дели копнена граница долга ...

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли како „политичка манипулација и лага“ тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Кина и испорачува оружје на Русија. – Кина ги отфрла лажните обвинувања и политичките манипулации. Кина никогаш не испорачала смртоносно оружје на ниту една од страните во конфликтот – изјави на редовната прес-конференција Лин Џиан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни ...

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по првпат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување. Како што се ...

Додека обичните смртници постат и се воздржуваат на Велики петок, изгледа дека во Охрид некои “калуѓери” на локалната власт мрсно се гоштеваат со парчиња од јавниот буџет! Во времето кога целата нација се соочува со растечката сага околу финансиските и останатите криминални аномалии на здружението на граѓани АК “Охрид ТрчаТ”, на сцена стапува нов запрепастувачки заплет што би можел да го посрами и најдобриот сценарист на криминалистички серии. ...

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави денеска дека Вашингтон очекува до крајот на оваа недела да добие одговор од рускиот претседател Владимир Путин за предлогот за прекин на огнот во Украина. – Ќе го слушнеме нивниот одговор многу скоро, всушност оваа недела. Ние сакаме убиствата да престанат – рече Трамп на пресот со премиерката на Италија Џорџа Мелони во Белата куќа. Трамп, исто така, повторно зборуваше за украинскиот претседател ...

Младиот човек осомничен дека уби двајца и рани шест лица во пукање на Универзитетот во Флорида е син на полицаец! Полицијата соопшти дека осомничениот за нападот е Финкс Икнер, син на заменик шериф, и дека тој го користел оружјето на неговата мајка во ужасниот напад. Официјални лица рекоа дека мајката на осомничениот за пукањето е Џесика Икнер, заменик на шерифот на округот Леон, и дека тој „имал пристап до едно од нејзините оружја, кое било ...

Во руски ракетен напад врз Харков во североисточна Украина денеска наутро загинало едно лице, а 54 се повредени, изјави градоначалникот на градот Игор Терехов. Во нападот, според Терехов, се оштетни 15 станбени згради. И други области во Украина исто така биле под руски оган во текот на ноќта. Во напад на руско беспилотно летало врз североисточниот украински град Суми загина едно лице, а уште едно е повредено, изјави вршителот на должноста ...

Поранешниот градоначалник на општина Лозово, А.В. (48), и двајца скопјани, Т.Г. (51) и Л.Л. (68), добија кривична пријава поради основано сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување. Според истрагата, во ноември 2018 година, додека бил на функцијата, А.В. распишал јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица Октомвриска револуција. За најповолен понудувач било избранo правното лице од Студеничани, кое го назначило Т.Г. за ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
71%
1020
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
67%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.5
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
89%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
2.57
62%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
7.2
64%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
82%
1014
Currency

61.53

Currency

53.9615

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63