
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Инспекторите на агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спроведоа 617 вонредни контроли кај операторите со храна, соопштија од АХВ. „Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност. Пет од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека создава „привид на почитување на велигденскиот прекин на огнот“, велејќи дека Москва продолжи со нападите во текот на ноќта, откако рускиот претседател Владимир Путин објави еднострано привремено примирје во Украина. „На Велигденското утро можеме да констатираме дека руската армија се обидува да создаде општ впечаток за прекин на огнот, додека во некои области продолжува со ...
На Предлог-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, европратениците доставија вкупно 313 амандмани. Повеќето од нив дообјаснуваат или дополнуваат некои делови од документот, но има и такви со кои во извештајот се вметнуваат нови содржини или оценки. Contents Така, како што јави дописникот на МИА од Брисел, европратениците Емануил Фрагос и Галато Александрики од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека се надева дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор. „Се надеваме дека Русија и Украина ќе склучат договор оваа недела. Двете земји тогаш ќе почнат да склучуваат големи зделки со Соединетите Американски Држави и ќе заработат богатство“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social). Трамп минатата недела разговараше за прекинот на огнот со највисоките ...
Почина папата Франциск на 88- годишна возраст, јави италијанската новинска агенција АНСА. Веста ја потврди и Ватикан. „Утринава во 7.35 часот, бискупот од Рим, Франциско, се врати во домот на својот Татко. Целиот негов живот беше посветен на служење на Господ и Неговата Црква. Тој нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална љубов, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните. Со пример на ...
Хорхе Марио Бергољо беше избран за папа на 13 март 2013 година, изненади многу црковни набљудувачи кои го сметаа аргентинскиот свештеник, познат по неговата грижа за сиромашните, за аутсајдер. Тој се обиде да ја проектира едноставноста во голема улога и никогаш не ги зазеде раскошните папски станови во Апостолската палата што ги користеа неговите претходници, велејќи дека претпочитал да живее во заедница поради неговото „психолошко здравје“, ...
Велигденското примирје истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никаква наредба за негово продолжување, изјави за ТАСС портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Путин го објави прекинот на огнот вчера на средба со началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов. Тој изјави дека важи од 18 часот по московско време на 19 април до полноќ по московско време на 21 април – вкупно 30 часа. „Немаше други наредби“, одговори ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својата социјална мрежа Truth Social им го честиташе Велигден на сите, вклучувајќи ги, како што наведе, „и радикалните левичарски лудаци“. Тие, како што рече, се борат и планираат да ги вратат во САД депортираните „убијци, нарко босови, опасни затвореници, луди и добро познати членови на бандата МС-13 и тепачи на жени“. Американскиот претседател, исто така, им посака среќен Велигден на ...
Руско-американски вселенски екипаж се врати на Земјата денеска со вселенскиот брод „Сојуз МС-26“, објави руската вселенска агенција Роскосмос. По повеќе од 7 месеци поминати на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на Роскосмос Алексеј Овчинин и Иван Вагнер и астронаутот на НАСА, Доналд Петит се вратија на Земјата. Тројцата работеа во вселената од 11 септември минатата година. „Излезот од орбитата и спуштањето кон Земјата се одвиваше ...
По повод големиот христијански празник Велигден, Демократската унија за интеграција упатува најсрдечни честитки до сите верници од православната и од католичката вероисповед кои денес празнуваат, соопшти партијата. „Велигден е симбол на надежта, животот и победата на светлината над темнината. Тоа е ден што нè обединува околу универзалните вредности на љубов, солидарност и прошка. Во духот на заедништвото, ДУИ изразува почит кон сите христијански ...
Полицијата ноќеска уапси возач во Кавадарци затоа што возел пијан, изетал од патот и удрил во бандера. „Денеска (20.4.2025) во 02 часот на улицата Страшо Пинџур во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на ...
Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес. Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди. По укажаната прва помош е однесен е во Општата болница во Велес. Портпаролката на болницата Билјана Босилкова вели дека на момчето му се констатирани тешки повреди на главата и дека е во стабилна состојба. Поради сериозноста ...
Иран и САД по денешната втора рунда преговори за иранската нуклеарна програма во Рим, се согласија да ги продолжат контактите на експертско ниво во среда во Оман. – Преговорите беа конструктивни и напредуваат добро – оцени иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по четиричасовната средба со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во италијанската престолнина. Арагчи за иранската државна телевизија изјави дека преговорите ...
Голем контингент полицајци денеска беше распореден низ Германија во потрага по еден или повеќе осомничени во бегство, откако двајца мажи беа убиени вчера во централниот дел на земјата, соопштија полицијата и медиумите. Двајцата мажи кои беа пронајдени мртви вчера доцна попладне во областа Хесен пред една резиденција имале прострелни рани, соопшти полицијата. Се распоредува голем контингент сили, вклучително и униформирана полиција, полиција во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, којшто годинава во исти ден го слават сите граѓани од христијанска вероисповед во светот, упати честитка до поглаварите на Црквите во земјава: Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, до скопскиот бискуп и епарх струмичко-скопски на Католичката ...
По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите верници од православна и католичка вероисповед. – Воскресението Христово – Велигден е симбол на животот и новиот почеток. Во духот на овој величествен празник да си посакаме мир во душата, љубов во срцата и благослов во домовите. Нека светлината од велигденската свеќа ги осветли сите патишта по кои чекориме и нека биде наш ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитки до граѓаните од христијанска вероисповед, по повод Велигден. „Во овие светли денови на радост и духовна обновеност, дозволете ми од свое лично име и од името на Собранието да Ви ги честитам Велигденските празници. Велигденската порака е порака на надеж и обнова. Овој значаен празник е можност повторно да се потсетиме дека заедничките вредности како што се меѓусебното почитување, солидарноста ...
Празнични богослужби вечерва има во сите храмови на Македонската православна црква кои масовно беа исполнети со верници. Пред верниците беше прочитано Велигденското послание на Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, во кое тој повикува на мир, љубов, толеранција и чување на верата. „Чудесната вест, објавена од ангелот во тишината на празниот гроб, дека Христос воскреснал, до денешен ден допира до сето создание и постојано ...
Под влијание на циклонска активнот со центар над Медитеранот, од понеделник (21 април), па сѐ до самиот крај на следната седмица (недела 27 април), во земјата ќе има честа појава на врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Локално, пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Метеопрогнозерот Славчо ...
Почитувани православни верници, Во овој светол ден на Христовото Воскресение, Ви го честитаме големиот празник Велигден. Нека светлината на овој празник донесе радост и благослов во Вашите домови и срца. Нека чудото на Воскресението ја исполни Вашата душа со вера, надеж и љубов. Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Нека овој празник на животот и вечноста Ви донесе мир, здравје и семејна хармонија. Во духот на православната традиција, нека овој ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, објави велигденско примирје и запирање на сите воени операции, соопшти Кремљ. „Руската страна, водејќи се од хуманитарни причини, денеска од 18:00 часот (по московско време) до 00:00 часот меѓу недела и понеделник, прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени дејствија за овој период“, објавил Путин на денешната средба со началникот на Генералштабот Валери Герасимов. Путин истакнал ...
Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов, на денешната средба го информирал претседателот на Русија, Владимир Путин, дека руските сили повратиле повеќе од 99% од територијата на Курск што украинската војска ја зазеде за време на упадот во август минатата година, пренесуваат руските медиуми. – Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. ...
Собирот на вработени во РТС побара од раководството на јавниот сервис и од надлежните служби денеска итно да им се обратат и да дадат јасни насоки за работа за време на блокадата, јави МИА од Белград. „Доколку никој не ни се обрати во најбрз можен рок, ќе сметаме дека раководството се повлекло и не е во можност да раководи со јавниот медиумски сервис“, се вели во соопштението, објавено по состанокот на собирот на вработени. Се бараат и оставки ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази скептицизам во врска со едностраниот велигденски прекин на огнот, објавен денеска од претседателот на Русија, Владимир Путин. Во објава на социјалните мрежи оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не открива дали примирјето е прифатливо за Киев. „Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во ...
Истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е при крај и за многу краток период таа ќе биде завршена, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска беше во посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад. – Истрагата, која што се води од страна на Јавното обвинителство, сето она што е преземено досега е споделено со јавноста, истрагата сѐ уште е во тек. МВР постапува по насоки, добиени од ОЈО. Се надевам дека за максимално ...
Агенцијата за катастар на недвижности има амбициозна цел – да прерасне во модерна, целосно дигитализирана институција која ќе овозможи брзи, достапни и квалитетни услуги за сите граѓани. Во интервју за веб-порталот Скопје Инфо, директорот Иван Живковски посочува дека катастарот треба да биде гаранција на сопственоста, поддршка на урбанистичкото планирање и алатка за развој на инфраструктурата и на општеството во целина. Меѓу најголемите тековни ...
Во тек се вонредните контроли, а поинтензивно ќе се спроведуваат по Велигден и нема никакво одложување, вели заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, за спроведувањето на законската мерка со која трговците се обврзуваат на своите веб-страници да ги објавуваат цените на производите и секојдневно до 10 часот да ги ажурираат. Според Ристески, прво ќе стигнат опомените, а казните за неспроведувањето на мерката која започна вчера да ...
Повеќе од 90 луѓе во Газа беа убиени во израелските напади во текот на изминатите 48 часа, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа. Меѓу загинатите има најмалку 15 жртви во текот на претходната ноќ, меѓу кои и жени и деца, од кои некои се засолниле во зоната прогласена за хуманитарна, соопшти локалната болница. Израел ги засилува нападите низ Газа додека се обидува да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците и да се ...
Израел не ја отфрла можноста за напад врз иранските нуклеарни постројки во наредните месеци и покрај тоа што претседателот на САД, Доналд Трамп, му кажа на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, дека САД засега не се подготвени да поддржат таков потег. Ова го јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски функционер и на уште 2 лица запознаени со ова прашање. Израелските власти истакнаа дека ќе го спречат Техеран да се здобие со нуклеарно ...
Одличната соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи резултираше со овозможување 2 нови електронски услуги за граѓаните преку Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk., соопшти Министерството за дигитална трансформација. Станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица ...