Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е хоспитализиран откако беше спасен од давење во турското одморалиште Бодрум, објави онлајн изданието „Милиет“. Инцидентот се случил напладне во покраината Мугла, каде што Рамзан Кадиров бил на одмор во хотел со 5 ѕвездички. Според информациите, кратко по влегувањето во водата, чеченскиот лидер одеднаш почнал да мавта со рацете во обид да се спаси. Екипите на брзата помош брзо реагирале, а потоа го однеле Кадиров ...

Капацитетот на граничниот премин Прешево кон Македонија, еден од најпрометните гранични премини во Србија, наскоро би можел значително да се прошири, што ќе ги намали и метежот и времето на чекање. Тоа е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево, даден на јавен увид. Проширувањето вклучува реконструкција и изградба на патнички-царински и стоковно-царински терминал, како и сообраќајни решенија што ќе ...

Граничниот премин Прешево кон Македонија, еден од најфреквентните во Србија, наскоро ќе добие нов лик, нова структура и дури 23 сообраќајни ленти, што би значело крај на долгиот метеж и чекањето во редици, особено во летниот шпиц. Проширувањето е предвидено во Просторниот план на Зоната за посебна намена на граничниот премин Прешево, кој веќе е ставен на јавен увид до 30 јули, според информациите од српската Агенција за просторно планирање и ...

Министерството за здравство соопшти дека во изминатиот месец 80 граѓани оствариле средба со министерот за здравство Азир Алиу преку платформата „Отворен кабинет“. Досега е одговорено и постапено по 29% од поднесените барања, додека за дел од нив се потребни системски подобрувања, кои веќе се иницирани. За останатите случаи се формирани комисии со цел поефикасно решавање, се наведува во соопштението. Министерот Алиу утре ќе престојува во Штип ...

Додека земјата се соочува со летни горештини, вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани низ територијата на Македонија до денеска, 25 јули 2025 година, до 13:00 часот, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, шест се активни и се шират, четири се под контрола, додека четири се веќе изгаснати. Најсериозна е ситуацијата во југоисточниот и источниот регион, каде што пожарите беснеат по нискостеблести и мешани шуми, смрека и сува ...

Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што треба да се состане Комисијата за прашања на изборите и именувања и да донесе одлука за распишување јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија. Постапката за избор на нов член на ДКСК треба да започне најмногу десет дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска. Contents Пратеници од ...

Општина Карпош информира дека во вторник (29.07.2025) година со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување на надземниот премин „Влајко“ (во населбата Влае). Поради изведување на стручните мерења, се известуваат сите граѓани дека ќе биде воведена времена измена на сообраќајниот режим, која ќе се реализира во две фази. Во првата фаза се предвидува затворање на дел од сообраќајницата, односно булеварот ...

Активни се 15 пожари на отворен простор заклучно со 20.30 часот, од вкупно 28 евидентирани денеска. Два се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информира вечерва Центарот за управување со кризи, активни пожари има во општините Василево, Радовиш и Берово кај с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, два во Прилеп во с. Бешиште, Бешишки Рид, крак кон с. ...

Родителите на деветмесечно девојче ја спасиле својата ќерка од Дунав, но потоа се удавиле. Трагедијата се случила за време на семејно патување на неорганизирана плажа во Романија, каде што случајно биле однесени од силна струја. Романија била шокирана од веста за смртта на родителите на деветмесечно девојче, кое се удавило во Дунав откако ја спасило својата ќерка од давење. Според порталот „Антена обсерватор“, несреќата се случила пред два дена ...

Германија планира голема трансформација на својата одбранбена политика со поголеми инвестиции во воена технологија и стартапи. Таа го става развојот на вештачка интелигенција, беспилотни летала, автономни роботи, па дури и шпионски лебарки во преден план – сè со цел Германија повторно да стане водечка сила во европската одбрана. За помалку од три месеци на чело на владата, германскиот канцелар Фридрих Мерц започна радикална трансформација на ...

Starlink, сателитскиот интернет систем во сопственост на SpaceX, упати извинување за повеќечасовниот прекин што остави илјадници луѓе без интернет конекција од четврток до петок. Проблемите беа пријавени низ целиот свет, од САД и Германија до Зимбабве. Компанијата вели дека прекинот од 2,5 часа е предизвикан од „неуспех“ на внатрешните софтверски услуги. „Техничкиот проблем е решен и услугата Starlink е повторно онлајн“, објави официјалниот ...

Испакнати ребра и ‘рбет, пластични кеси наместо пелени… Ова се само некои од шокантните сцени од Газа, која е на работ на колективно гладување. Уште една срцепарателна фотографија од Газа го шокираше светот. Уште едно предупредување кое сè повеќе укажува дека во средината на 21 век, она што треба да биде цивилизација се урива. Фотографот Ахмед Ал Арини се обидува да ги долови моментите што светот едвај може да ги погледне. Тој неодамна ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не бил единствениот претседател кој му има испратено роденденско писмо на Џефри Епштајн. „Најголемото име во албумот“ бил Бил Клинтон, објави „Волстрит журнал“ во четвртокот, пренесе Гардијан. Писмото на поранешниот претседател се наоѓало заедно со речиси 50 други, меѓу кои и познати славни личности и бизнис-лидери. Contents Минатата недела, весникот објави дека Трамп напишал „развратно“ писмо до Епштајн, кој ...

Судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи долж границата меѓу двете земји продолжуваат и денеска, 25 јули, додека страните меѓусебно се обвинуваат за ескалирање на конфликтот во потенцијална војна. Камбоџанските власти упатија остри обвинувања кон соседен Тајланд, тврдејќи дека тајландските вооружени сили користеле забранета касетна муниција во пограничната област. Канцеларијата на камбоџанскиот премиер издаде соопштение во кое детално се ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека големата епидемија на вирусот чикунгунија се заканува да се прошири низ целиот свет, повикувајќи на итна акција за нејзино спречување. СЗО соопшти дека ги гледа истите рани предупредувачки знаци како за време на големата епидемија пред две децении и сака да спречи нејзино повторување. Чикунгунија е вирусна болест што ја пренесуваат комарците и предизвикува треска и силна болка во ...

JПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, изврши чистење и уредување на спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа, по иницијатива и барање на жителите. Со оваа активност се овозможуваат подобри услови за користење на салата и се придонесува за поквалитетен спортски и општествен живот во заедницата. Голема благодарност до мештаните за нивната проактивност! Продолжуваме заедно да работиме за поубава и поуредена Дебрца! Екипите на ЈПКД ...

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на државата не располага со точни податоци за спортските објекти кои се под негова надлежност и не е извршено запишување во јавните книги што создава ризик од незаконско постапување со државниот имот, констатирале ревизорите при извршената ревизија во ова јавно претпријатие. Во ревизорскиот извештај се наведува дека ревизорите не биле во можност да ги потврдат вредностите ...

Собранието вечерва во рамки на 63. седница со 79 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ ги усвои измените на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите за 2.000 денари. Како што се посочува во Законот, сите видови пензии, кои се исплаќаат во земјава, на 1 септември 2025 година и на 1 март 2026 година се усогласуваат на начин што вкупниот месечен износ добиен од процентот за ...

Времето и утре ќе биде претежно сончево и многу топло, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува максимална температура од 42 степени Целзиусови во Скопје, Велес, Демир Капија и во Гевгелија. Во Скопје, времето, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се симне до 21, а дневната ќе се искачи до 42 степени. ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Битола поднела кривични пријави против две жени – директорка и правничка во специјализирана болница, поради сомнение за финансиски криминал и злоупотреба на лични податоци. – СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи ...

Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, до недела, 27 јули, во нашата Република Македонија продолжува екстремно топлото време со екстремно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието и во Скопскиот регион. Повремено ќе засилува фенски ветер претежно од северен, а во западните предели од западен правец. Повеќе детали од метеопрогнозата на Славчо Попоски на ...

Скопје денес ја одбележува 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а над 3.000 беа повредени. Земјотресот ја разурна скоро третина од тогашната македонска престолнина и остави повеќе од 200.000 луѓе без покрив над глава. Во чест и сеќавање на жртвите, вечерва во 20 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена трајна изложба насловена „Скопје за време на земјотресот ...

Рано утрово продолжи потрагата по 16-годишното девојче кое вчера попладне исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, потврдија од Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Спасувачката акција, во која се вклучени припадници на МВР, специјалната единица „Волци“ на Армијата, како и полициски службеници од Полициската станица Велес, е повторно активна од утринава. Потрагата е засилена и ...

Законот за судски совет, кој е во владина процедура и за кој Венецијанската комисија даде позитивно мислење, е коренита реформа на системот кој мора да функционира во служба на граѓаните, а не на интересите на малкумина, вели министерот за правда Игор Филков во интервју за порталот Курир. – Јавноста е со право згрозена од скандалите и непотизмот во телото кое треба да биде чувар на судската независност. Она што го видовме од игнорирање на ...

Царинската управа продолжува со успешна пресретнувачка акција против шверцот и нелегалните активности на граничните премини и аеродромите низ Македонија. Само во последниот извештај, запленети се разновидни производи: дрога, брендирана облека, цигари, играчки, пари, па дури и тројца мигранти кои се обиделе илегално да влезат во државата. Интересен случај се случил на Меѓународниот Аеродром Скопје, каде мобилен царински тим открил 14 семки од ...

Неколку дена ова лето меѓу кои 10 јули, 22 јули и 5 август 2025 година ќе бидат пократки од стандардните 24 часа, предупредуваат научници од различни институции ширум светот. Причина за тоа е забрзаната ротација на Земјата, забележана со висока прецизност преку атомски часовници. Според пресметките, овие денови ќе бидат пократки за од 1,3 до 1,6 милисекунди, промена која не се чувствува на индивидуално ниво, но е крајно значајна за глобалните ...

Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери. Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики. Исто така се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам , култура. Градоначалникот го запозна ...

Во последните неколку години, зелениот напиток познат како мача стана основна состојка во трендовските кафулиња, профилите на Инстаграм, па дури и во козметичките рутини. Од мача лате и колачи до маски за лице и енергетски топчиња, мачата се чини дека е насекаде. Но, што е точно мача и зошто сите ја сакаат? Што е мача? Мачата е фин прав направен од специјално одгледувани и преработени листови од зелен чај. За разлика од класичниот зелен чај, кај ...

Еден пијалок е подобра опција од водата за време на високите летни температури, а сите го имаме во фрижидер. За време на летниот топлотен бран, пиењето доволно течности е клучно за избегнување на дехидрација, а водата е најчеста. Сепак, еден експерт откри кој пијалок е подобра опција од водата кога се борите со топлотен бран. Според д-р Наташа Фернандо од Медичекс, млекото ќе ве хидрира повеќе од водата, објавува Net.hr. Шеќерот, протеините и ...

Зголемената активност на стомачниот вирус е релативно нормална за ова време од годината, а инфекцијата започнува со симптоми како што се треска, малаксаност, болки во стомакот, повраќање и/или дијареја. Како што објаснува педијатарот Јелена Митровиќ за порталот N1, стомачните вируси претходно биле резервирани само за летните месеци, но сега ги имаме во поголема или помала мера во текот на целата година. „Најчести причини се Рота, Норо и Адено ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.37
84%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.86
91%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.92

Бакар

10.93

Цинк

3.04

Платина

62683.26

Рутениум

29192.88

Злато

139298.91

Паладиум

53788.20

Кобалт

58.42

Калај

43.15