Владата донесе две одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство, согласно последните измени на Законот за стокови резерви. На вчерашната владина седница донесена е одлука за набавка на 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв. Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.набавка на 2.400 тони оризова арпа од реколта ...
Најавениот откуп на оризова арпа за стокови резерви е најава која подолг временски период тапка во место. Земјоделците од кочанскиот регион велат оризовата арпа од претходната реколта стои во амбарите, откуп нема, па чекаат да започне откупот за стокови резерви. Велат ако се спои овогодинешниот со ланскиот ориз ситуацијата ќе биде алармантна. „Има и тоа многу. Мислам дека државата резервите кои треба да ги откупи нема да бидат задоволителни, ...