Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, во четвртокот се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обид да ги спаси разговорите за прекин на огнот во Газа и да разговара за хуманитарната криза во енклавата, каде што набљудувачите велат дека се заканува глад. Contents „Најбрзиот начин да се стави крај на хуманитарната криза во Газа е Хамас да се предаде и да ги ослободи заложниците!“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп ...

Германија во петокот соопшти дека ќе испорача два системи за воздушна одбрана „Патриот“ на Украина, по договорот со САД дека Берлин ќе биде првиот што ќе ја добие најновата верзија на системот за возврат. Благодарение на обврската на САД, „Германија првично ќе ја поддржи Украина со лансери, а потоа и со дополнителни компоненти на системот „Патриот“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Бундесверот наскоро ќе испорача лансери ...

Заменик-директор на Државната служба за безбедност на храната и заштита на потрошувачите, Вадим Чајковски истакна дека инсектите станале значаен проблем во областите погодени од војна во Украина од почетокот на руската агресија во 2022 година. Инвазија на скакулци ја уништува јужна и источна Украина, загрозувајќи ги посевите во регионите Запорожје, Днепар, Херсон и Одеса. Експертите го поврзуваат тоа со климатските промени и катастрофата на ...

Мало девојче во Газа чудесно преживеа откако беше погодено во главата од куршум испукан од израелски дрон. На видеоснимка објавена на социјалните мрежи се гледа како докторите во болница го лекуваат повреденото девојче, додека куршумот сè уште се наоѓа заглавен во задниот дел од нејзиниот череп. Лекарите се во шок од невообичаениот случај и истакнуваат дека навистина е чудно што девојчето е живо, бидејќи вакви повреди вообичаено завршуваат ...

Дали некогаш сте помислиле дека постои фестивал каде што се собираат илјадници близнаци од целиот свет – облечени идентично, одговараат исто и се натпреваруваат кој е посинхронизиран? Токму тоа се случува секој август во Твинсбург, Охајо, а од денеска почнува фестивалот „Твин дејс“ (Twin Days Festival) кој слави јубилејни 50 години со богата програма, емоции и со нови изненадувања, објави списанието „Бикон“. Учесниците се охрабруваат да се ...

Со најновата извршна наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, примената на договорената општа царинска стапка од 15% за поголемиот дел од извозот на европски стоки во САД се одлага за 7 август, спротивно на очекувањата на ЕУ дека мерката ќе стапи на сила веќе од денеска. По постигнувањето на рамковниот трговски договор меѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Трамп во неделата, ЕУ најавуваше дека примената на ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата почнала со производство на најнови хиперсонични ракети и планира да ги распореди во Белорусија подоцна оваа година. Седејќи до белорускиот претседател Александар Лукашенко во Валамскиот архипелаг на езерото Лагода во Русија, Путин рече дека војската во Белорусија веќе избрала локации за распоредување на балистичката ракета со среден дострел Орешник. – Подготвителната работа е во тек ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица за учество во организирана злосторничка група која изработувала и дистрибуирала фалсификувани евра, потврдија од Обвинителството. На петмина им се става на товар кривичното дело „Фалсификување пари“, додека првообвинетиот и уште едно лице се теретат и за „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“. Според ...

Македонската судијка со знакот на ФИБА Ема Никочевиќ повторно судеше кошаркарски натпревар и започна ново поглавје, не само во кошарката и судењето, туку и во животот. Таа синоќа судеше пријателски натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија што се играше во СРЦ „Кале“. Тоа беа 40. минути со кои таа ги остави зад себе сите оние здравствени проблеми со кои се соочи во изминатиот период од почетокот на месец јуни. Два ...

Царинската управа во јули годинава реализира највисока месечна наплата на приходи, вкупно 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра. Како што соопшти денеска директорот Бобан Николовски, ова е историски успех што се должи на секојдневната напорна и тимска работа, на професионализмот и посветеноста, на дисциплината, но и на воспоставениот нов систем на вредности – чесност, одговорност и транспарентност. Според Николовски, раст на ...

Царинската управа во јули годинава реализира највисока месечна наплата на приходи, вкупно 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра. Како што соопшти денеска директорот Бобан Николовски, ова е историски успех што се должи на секојдневната напорна и тимска работа, на професионализмот и посветеноста, на дисциплината, но и на воспоставениот нов систем на вредности – чесност, одговорност и транспарентност. Според Николовски, раст на ...

Американските царини од 15 отсто не се конечни, продолжуваме да преговараме. Преговорите ќе бидат интензивирани во втората половина на август, кога ќе завршат летните одмори. До крајот на септември ќе видиме која стапка ќе биде дефинирана, а според Министерството за финансии можеме да одиме до 10 проценти, рече денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што истакна Николовски на прес-конференција, Македонија согласно ...

Управата за јавни приходи (УЈП) утврдила неправилности кај 52 од 154 фирми во кои извршила контрола во периодот од 21 до 27 јули 2025 година. Управата спровела вкупно 154 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, слаткарници, колонијали, продавници за облека и накит, месарници, цвеќарници, рибници, туристички агенции, хотел и други трговски објекти за продажба на мало. ...

На брегот на Охридското Езеро, во рамките на Националниот парк Галичица, се одвива тивка еколошка катастрофа што ја разоткрива длабоката нефункционалност на македонските институции. Еколошката катастрофа на Љубанишко Поле: Кога државата ја напушта природата, некогаш мирна обала на светското природно наследство, денес е претворено во нерегулиран камп каде владее анархија наместо заштита на природата. Македонската аномалија во светот Додека во ...

Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот од Тетово кон Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус. – Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош – се вели во првичната информација од СВР Тетово. ...

Океанско дно полно со школки, колонии бактерии што личат на мраз и полиња со цевчести црви – се само некои од примерите за чуден, екстремен живот снимен, снимен и фотографиран од експедиција до најдлабоките делови на океанот. Користејќи подморница со екипаж, кинески тим истражувачи нурна во океанските ровови во северозападниот дел на Пацификот и го сними животот на длабочина од повеќе од девет километри. Најдлабокиот морски ‘рбетник забележан ...

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ шеесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 05.08.2025 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. ...

Сè повеќе пациенти во Босна и Херцеговина се соочуваат со долгорочни и тешко објаснети симптоми кои медицината често не ги препознава како последица на инфекцијата со борелиоза. Специјалистот за заразни болести д-р Сајма Кркиќ Даутовиќ предупредува дека таканаречената хронична борелиоза не е мит, туку реалност што надлежните институции ја игнорираат, а симптомите честопати се мешаат со мултиплекс склероза, депресија, Хашимото синдром, тинитус ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека Владата ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година со цел унапредување на енергетската заштита и поддршка на граѓаните кои се соочуваат со социјални и здравствени предизвици. Со оваа Програма се обезбедуваат 42.300.000 денари од државниот буџет, наменети за директна финансиска поддршка за најзагрозените категории на граѓани, ...

Во првите пет месеци од 2025 година, туризмот во Македонија доживеа драматично зголемување, особено кога станува збор за посетите од странски туристи од Западна Европа. Анализата на Министерството за култура и туризам покажува пораст од 23,6% во бројот на странски туристи, како и раст од 18,7% во бројот на ноќевања, споредено со истиот период од 2024 година. Најголемото изненадување доаѓа од Франција, која бележи импресивен скок од 398% повеќе ...

Скопје од ноември ќе биде поврзано со нови европски метрополи – Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари и Келн. Ова го најави денес вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, по потпишувањето на договорот за новите пет редовни авиолинии што ќе стартуваат од скопскиот аеродром до крајот на 2025 година. – Утрово потпишавме договор за пет нови дестинации кои ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Овие авиолинии ќе значат повеќе ...

Романија е на чекор до изградба на еден од најголемите рудници за бакар и злато во Европа, „Долина Ровина“. Процедурите за проектот забрзаа откако тој се најде на листата на 47 стратешки проекти на Европската Унија, кои тежнеат да го направат континентот енергетски независен од трети страни. За рудникот да почне да се гради недостасува уште документот од проценката за влијанието врз животната средина, кој се очекува да биде изготвен во наредните ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ја оствари својата прва средба со претставникот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во земјава, Висар Перани. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Народната банка и ИФЦ во повеќе области, вклучително и во рамките на проектот на ИФЦ насочен кон унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување на финансиската вклученост во регионот. Проектот се спроведува ...

Во периодот од јануари до јуни во 2025 година во однос на истиот период во 2024 година вкупните остварени приходи во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се повисоки за 12,94%. Вкупните расходи во периодот јануари-јуни 2025 година изнесуваат 64.741,63 милиони денари и во однос на расходите во истиот период во 2024 година се повисоки за 13,88 проценти. Бројот на корисници на пензии е зголемен за 1.748 лица. За ...

На денешната седница за пратенички прашања во Собранието, пратеничката Драгана Бојковска му постави прашање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за капиталните инвестиции кои се однесуваат на општините од вториот повик од унгарскиот кредит, кои се проектите, какви се проектите и каков бенефит за граѓаните тие ќе носат. – Ова за прв пат се случува во Македонија, ваков тип на инвестиција која што од Владата директно ќе биде наменета за ...

Последователни потреси и денеска продолжија да го тресат рускиот Далечен Исток, еден ден откако силен земјотрес го погоди брегот на рускиот полуостров Камчатка, предизвикувајќи предупредувања за цунами за милиони жители долж Пацификот. Contents Два земјотреса на Пацификот Два потреса со јачина од 6 и 5,6 степени се регистрирани во Пацификот на оддалеченост од 164 и од 241 километар југоисточно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го предупреди „пропаднатиот“ поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, и го повика да „внимава што зборува“, откако Медведев го исмеа американскиот претседател на социјалните мрежи, објави Индепендент. Contents „Русија и САД речиси и да немаат бизнис заедно. Ајде така и да остане“, напиша Трамп на неговата социјална платформа Трут сошал, откако претходно ја критикуваше блиската врска меѓу Индија ...

Литванскиот премиер Гинтаутас Палуцкас денеска поднесе оставка по истрагата за неговото претходно работење, што предизвика граѓански протести на кои беше побарано да се повлече. Contents Литванскиот претседател Гитанас Науседа претпладнево соопшти за оставката на Палуцкас. Портпаролот на Палуцкас не одговори на барањето за коментар. Палуцкас, лидер на Социјалдемократите, ја презеде функцијата кон крајот на минатата година кога беше формирана ...

Неочекувана ситуација се случи во данското кралско семејство. Имено, кралицата Мери (53) почувствувала силна болка во бутот додека се среќавала со граѓаните на улиците на данскиот град Грастен и почнала да куца. Кратко потоа, ѝ била укажана медицинска помош. Овој непријатен момент се случил додека кралицата држела букет цвеќе што го добила од обожавател. Покрај неа, на собирот биле и нејзиниот сопруг, кралот Фредерик (57), ќерката принцезата ...

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска го обвини претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, дека е „премногу политички настроен“ за својата функција и оти изгубил милијарди американски долари. „Џером ‘Предоцна’ Пауел го направи тоа повторно! Тој е ‘предоцна’, и всушност, премногу лут, премногу глупав и премногу политички настроен за да биде претседател на Федералните резерви. Тој ја чини нашата земја билиони долари“, напиша ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.37
84%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.86
91%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1024
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
84%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
100%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Платина

62683.26

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Сребро

2105.58

Калај

43.15

Иридиум

145787.60

Злато

139298.91

Цинк

3.04

Паладиум

53788.20

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.92