Белград
0ᴼ /
0ᴼ
Грабеж како на филм во северна Франција, четворица напаѓачи со динамит го кренале во воздух сефот на поштата во градот Рубе и избегале со непозната количина пари. Во 8:30 часот наутро, кога поштата сè уште не била отворена, четири лица пристигнале пред зградата и поставиле динамит на надворешен сеф што се користи за депонирање готовина за банкоматите. По силната експлозија, напаѓачите го земале пленот и побегнале со возило во непознат правец, ...
Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски. На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. ...
Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвораат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 (Е-75), изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на панел дискусијата во рамките на ...
Основниот кривичен суд ќе преземе сè што е неопходно за да се обезбеди што е можно побрзо и поефикасно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираше денеска в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Даниела Димовска на брифинг за медиумите за техничките предизвици и организациската поставеност за текот на судењето. На брифингот присуствуваа и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и претседателот на Адвокатската комора ...
Не стивнуваат реакциите по објавувањето на видеото на кое се гледа лекарот Ненад Цоневски од Македонија, вработен на Воено-медицинската академија во Софија, како прегазува куче излегувајќи со возилото од зграда. Според бугарските медиуми, докторот Цоневски бил испрашуван во 3-та регионална станица на Полициската управа во Софија, по што бил ослободен. Против него е покрената постапка и привремено е суспедиран од работното место во ...
Како што OhridSky неколкукратно предупредуваше: Нелегалните активности на Макотен ДООЕЛ Гевгелија во казиното „Фламенго” во Охрид конечно доведоа до неизбежното – затворање на објектот на 30 ноември и отказ за целокупниот персонал Contents Охрид – Дојде и денот кој редакцијата на OhridSky го најавуваше уште од јуни 2025 година: казино „Фламенго” во Охрид, чиј сопственик е Макотен ДООЕЛ Гевгелија, ја става клучот на врата. На 30 ноември, ...
Организаторот работел без потребни лиценци, манипулирал со докази и учествувал во истрагата ОХРИД/СКОПЈЕ – Редакцијата на Охридскај објави детална правна анализа за мистериозното исчезнување на бугарскиот нуркач во Охридското Езеро, која открива шокантни детали за тоа како истрагата била водена со сериозни процедурални грешки, а организаторот на нуркањето, Љубомир Глигоров од Скопје, постапувал во спротивност со сите законски прописи за ...
Октомври 2025 година во Македонија помина под знакот на постудено и поврнежливо време од вообичаеното, покажува анализата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците, средномесечната температура се движела од 6,7 степени во Маврово до 14 степени во Гевгелија, што е за околу 1,8 степени пониско од просекот за истиот месец во периодот 1991–2020 година. На 24 октомври, во Демир Капија е измерена највисоката температура од 26,7 ...
Денес ќе биде пресвртница за четири знаци, велат астролозите. Што можат да очекуваат? Реток и моќен астролошки настан се случува денес на небото. Планетата Уран – позната како носител на неочекувани пресврти, револуционерни промени и чудесни исходи – повторно влегува во знакот на Бик, првиот земјен знак што владее со финансиите, материјалните вредности и безбедноста. Ова е посебен момент, бидејќи Уран нема повторно да го посети Бик до 2091 ...
Мајкл Бари, човекот кој стана славен откако точно го предвиде колапсот на американскиот пазар на недвижности во 2008 година, повторно предизвика внимание во светските финансиски кругови. Овојпат, познатиот инвеститор предупредува дека индустријата за вештачка интелигенција (АИ) се движи по опасна патека и дека сегашната еуфорија околу технолошките акции наликува на балон кој може да пукне. Бари, кој управува со инвестицискиот фонд Scion Asset ...
Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа и член 18 од Статутот, Советот на општина Охрид распишува КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски”, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година. Повелбите се доделуваат за ...
Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува: КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2025 година. Наградата ...
Со свечена академија „Охридска музичка антологија“ што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ вчеравечер започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид. Пред своите сограѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков. – Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со живот ја заработија слободата во која денес ние живееме. ...
По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и го проследи краткиот ...
Со богата свечена приредба која се одржа доцна попладнево во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник. Пред бројните родители и гости свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков. -Имам исклучителна чест и привилегија, да Ви се обратам во името на Општина Охрид и во свое лично име, и да искажам неизмерна среќа што денес сум меѓу вас да го одбележиме патронот на детската градинка „Јасна ...
Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе започнат да сообраќаат 55 нови автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес. „Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради ...
Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. Филмот е посветен на животот и делото на народниот херој Стефан Наумов – Стив, учесник во НОБ, кој загина во 1942 година во борба со бугарската полиција. За неговиот придонес, Наумов е прогласен за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 година, а неговото име останува ...
Бугарскиот парламент денеска донесе закон со кој рафинеријата на руската група Лукоил во Бургас, на Црното Море, се става под државна контрола. Ова е последица на санкциите на САД воведени во октомври против рускиот нафтен гигант, кои ја загрижија Владата на Бугарија дека поради санкциите таа руска рафинерија, најголемата компанија во Бугарија со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, би морала да се затвори. „Американските санкции, кои ...
Министерството за надворешни работи на Србија изрази изненаденост од коментарите на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по повод изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за продажбата на муниција на Европската Унија — дури и по цена таа да заврши во Украина. Захарова претходно денеска изрази надеж дека Србија ќе остане доследна на своите ветувања и нема да ја вооружува Украина, нагласувајќи ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека успехот на годишните нуклеарни вежби на Алијансата, одржани на почетокот на овој месец, влева апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на сојузот и покрај руските закани. – Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање – изјави Руте. Тој нагласи ...
Од јануари до септември годинава, за 9 месеци, на патарините низ Македонија се наплатени се 58 милиони евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта. Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесувал 401.971.971 денар (6,5 милиони евра). Во летните месеци, кога е највисока фреквенцијата на возилата, се наплатени 494.308.025 денари во август (8 милиони евра), 469.811.647 денари во јули и 399.325.680 денари во јуни. ...
Овој викенд успешно учествувавме на Саемот за туризам во Шумадија во Крагуевац, каде што ги претставивме нашите аранжмани и понуди за 2026 година. Искрено им благодариме на сите посетители за интересот, довербата и убавите разговори. Вашата поддршка ни дава мотивација да продолжиме да создаваме уште повеќе незаборавни патувања. ✨✈️ Со задоволство најавуваме дека и оваа година продолжуваме со нови идеи, нови дестинации и уникатни искуства за сите ...
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја. – Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач – рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска. Поранешниот ...
Фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп со затворени очи, снимени за време на официјален настан во Овалнaта соба, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи викендов, јави Си-Ен-Ен. Снимките, направени во четвртокот, го прикажуваат Трамп додека ја објавуваше владината одлука за намалување на цените на популарни лекови за слабеење. На неколку фотографии се гледа како претседателот ги држи очите затворени, а на други како се ...
Речиси еден милион жители на Филипините ги напуштиле своите домови пред налетот на супертјaфунот „Фунуон“, кој веќе носи силни ветрови и поројни дождови. Тоа се случува само неколку дена по катастрофалниот тајфун Калмаеги што однесе повеќе од 200 животи, јави ДПА. Националната агенција за справување со катастрофи објави дека над 900.000 лица се евакуирани од источните, централните и северните покраини кои се наоѓаат на патеката на тајфунот. Во ...
Едно лице загина и најмалку 8 се повредени во тежок судар на автомобил „цитроен“ и автобус рано утрово на Обреновачкиот пат, меѓу селата Умка и Остружница, јави РТС. Телото на возачот од „цитроенот“ било пронајдено покрај возилото, а според првичните информации од српските медиуми, токму тој можел да премине во спротивната сообраќајна лента во моментот кога наидувал автобусот на линија 860. На местото на несреќата интервенирале три екипи на ...
Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој трагично загинал во несреќата на железничката станица во Нови Сад, веќе осми ден штрајкува со глад пред српското Собрание. Нејзиниот протест се претворил во симбол на мајчинска упорност, бидејќи таа одбила да го прифати повикот за разговор со претседателот Александар Вучиќ и му порачала дека ќе го чека пред институцијата, јави „Блиц“. – Ако господинот претседател сака да разговара, нека дојде овде пред ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за првпат по шпекулациите за расправија со Владимир Путин, дал отворено интервју за агенцијата РИА новости. Со смирен тон и внимателен избор на зборови, тој порачал дека Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, иако „не со брзина каква што би сакале“, јави агенцијата. Интервјуто на Лавров доаѓа откако беа откажани средбите со неговиот американски колега во Будимпешта како можна рунда ...
Британската јавна телевизија ја тресе скандал по откритието дека нејзината емисија „Панорама“ го монтирала говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на начин што сугерирал дека тој директно ги поттикнал немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година,. Contents Тим Дејви, генерален директор на Би-би-си, и Дебора Тарнес, извршна директорка на Би-би-Си Њуз, си заминаа по серија жестоки критики за уреднички пропусти со материјалот, јави ...
Новоизбраниот градоначалник на Кичево Александар Јовановски, кандидат на Коалицијата „Твоја Македонија“ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари за, како што го нарече, историскиот успех на локалните избори. „Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници по целиот свет. Сакам длабоко од срце да Ви се заблагодарам за историскиот успех, за големата победа. Вие покажавте дека заеднички можеме многу. Им ...