Белград
1ᴼ /
0ᴼ
Авто-школите ја зголемија цената на обуките за 35% односно 8.500 денари. Новата цена важи од 1 ноември, а одлука за за поскапувањето ја донело Здружението на авто-школи. Според новите цени, обуката за возач од Б категорија од 24.500 денари е зголемена на 33.000 денари. Во цената како што е познато влегуваат 20 часови теоретската настава кои сега чинат 4.500 денари, практична настава од 36 мото часови кои сега чинат 28.500 денари. Дополнително ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе ги интервјуира пријавените кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Постапката за избор на претседател на ДКСК продолжува по завршувањето на Локалните избори, а Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. На последната седница на ...
Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и наКомисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во ...
Правосудниот систем претставува клучен столб на секоја демократска држава, а неговата ефикасност, капацитет и финансиска стабилност често се изложени на јавна дебата. Во Македонија ова прашање е особено актуелно во светло на реформите, кадровските промени и споредбите со европските стандарди. Прашањето за платите на судиите стана централна тема во овие денови. Според Здружението на македонските судии, значаен дел од судиите во основните судови ...
Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни. работи Панче Тошковски. „Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги ...
Во Македонија моментно ги реализираме најкрупните капитални проекти за изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионалниот развој, за економската стабилизација и за брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусија на Економскиот форум ...
Во Јапонија, децата учат за безбедност во сообраќајот преку практични, интерактивни демонстрации во наменски центри и во училиштата, а не само од учебници. Тие учествуваат во реални симулации на сообраќајни сценарија, учат како се однесуваат возилата и вежбаат преминување улици и користење пешачки премини под водство на безбедносни службеници. Овој интерактивен пристап, кој може да вклучува минијатурни улични поставки и демонстрации на судири во ...
Србија се соочува со еден од најтешките економски удари во последните години, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 500 % за сите земји што тргуваат со Русија. Новата мерка, според аналитичарите, може сериозно да го наруши увозно-извозниот баланс на Белград и да ја стави српската економија под невиден притисок. Американскиот претседател Доналд Трамп објасни дека санкциите се дел од поширока стратегија ...
Дијана Хрка, мајка на Стефан, една од 16-те жртви од уривањето на кровната покривка во Нови Сад, која штрајкува со глад веќе 16-ти ден, најави прес-конференција денес во 17 часот пред шаторот во Српскиот парламент, или Чациленда. „Србија, твој ред е. Во понеделник, 17 ноември во 17 часот, прес-конференција. Студенти, средношколци, работници, хорови, граѓани, дојдете и да се договориме. Не одам никаде оттука, ве поканувам сите на договор, без ...
Philip Morris BiH ги додаде никотинските кесички ZYN во своето портфолио на производи без чад наменети за возрасни. ZYN содржи никотин и ароми во комбинација со состојки за храна. Philip Morris International (PMI) верува дека најдобриот здравствен исход за пушачите е целосно да се откажат од пушењето. Сепак, податоците покажуваат дека само еден од десет пушачи успешно се откажува во рок од една година. За оние кои инаку би продолжиле да пушат, ...
Тригодишната кампања за воведување на вакцината против човечкиот папилома вирус (HPV) во земјите со ниски приходи спречи 1,4 милиони смртни случаи од рак на грлото на матката, објави во понеделник Глобалната алијанса за вакцини (GAVI). Се проценува дека 86 милиони девојчиња сега се заштитени од водечката причина за рак на грлото на матката, благодарение на координираните тригодишни напори на GAVI и земјите со ниски приходи“, соопшти ...
Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, е осудена на смрт од суд за злосторства против човештвото. Хасина нареди задушување на масовните студентски протести минатата година, во кои загинаа околу 1.400 луѓе. Хасина ја отфрли пресудата како политички мотивирана. Кривичен суд во Бангладеш денес ја прогласи поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, за виновна за злосторства против човештвото и ја осуди на смрт, објави британскиот ...
Експлозијата што оштети дел од железничката линија Варшава-Лублин беше „невиден чин на саботажа“ насочен кон безбедноста на Полска и нејзините граѓани, изјави во понеделник полскиот премиер Доналд Туск, нагласувајќи дека сторителите ќе бидат пронајдени без оглед на тоа кој стои зад нив. Инцидентот, кој се случи на една од клучните железнички рути кон Украина, доаѓа во време кога Полска и другите европски земји се соочуваат со бран палежи, ...
Денес се случува голем астролошки настан: Јупитер, планетата на среќата, експанзијата и значењето, ја започнува својата ретроградна положба во водниот знак Рак на 11 ноември 2025 година (на 25°09′). Ова отвора период што трае до 10 март 2026 година и нè поканува да забавиме, да застанеме и повторно да се поврземе со себеси. Овој циклус ја нагласува важноста на емоционалната зрелост, нежноста кон себе и довербата во внатрешното водство. Што значи ...
Астролозите велат дека крајот на ноември носи извонреден период за три знаци – време на длабоки емоции, нови почетоци и изненадувачки животни промени. Астролозите предвидуваат дека крајот на ноември ќе донесе посебна енергија што ќе биде најповолна за три знаци. Вибрациите на водата и огнот, влијанието на Сонцето во Шкорпија и движењето на Марс создаваат простор за љубов, поддршка и пробиви што можат да ги допрат и личните врски и животните ...
Во просториите на Општина Дебрца денес се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Дебрца. На седницата беа верификувани мандатите на советниците, со што официјално започна мандатниот период на новиот советнички состав. За претседадел на новиот советнички состав е избран Иван Стрезоски. Свое присуство на седницата имаа и учениците од хорoт при ООУ „Дебрца“, кои со изведба на неколку композиции ја збогатија свечената ...
Врз основа на Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој за 2025 година, од Г2 програмата за потикнување на развојот на туризмот, предвидено e субвенционирање на дел од уплатената туристичка такса, која ја уплаќаат физичките лица кои вршат угостителска дејност во општина Охрид. Согласно истата и донесениот Правилник за субвенционирање- (начинот и видот) на туристичката такса на вршителите на угостителска дејност ...
Секој од нас понекогаш се фаќа себеси како седи подгрбавено, со глава наведната над телефонот или компјутерот. Но, физиотерапевтите и невролозите предупредуваат дека оваа на прв поглед безопасна навика може да има изненадувачки последици за мозокот и концентрацијата. Популарната фраза што кружи на социјалните мрежи – „кога телото се наведнува, умот се повлекува“ – можеби е поедноставена, но зад себе има научна логика. Истражувањата покажуваат ...
На 12 ноември 2025 година, во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица, ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35. и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. Биеналниот проект со наслов „Колективна културна меморија: Постмеморија“, е кураторски концепт на д-р Ана Франговска, кој се фокусира на улогата на личната и колективната меморија во современата уметност. Препознавајќи ја важноста на ...
Во среда, на 19 ноември, Македонскиот народен театар ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Немцети Шиназ“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја”, соопшти театарот. – Ова гостување е повеќе од еднократен културен настан, и е ново поглавје во нашата меѓународна соработка. Унгарската публика ќе има можност да ја почувствува енергијата на „Ничија земја”, а ние со ист ентузијазам го очекуваме нивното ...
Сериозна паника за она што треба да го спроведат се изразува во обраќањето на судиите до премиерот Христијан Мицкоски, оцени Ѓорѓија Сајкоски во синоќешното гостување на ТВ Сител. – Во однос на писмото и како тие реагираат, мислам дека писмото е повеќе насочено кон самите нив, а не кон ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи со ваква реакција и со вакво писмо тие укажуваат дека кај нив се случува сериозна паника за она што треба да го спроведат – рече тој. Според ...
Истражителите ги откриваат најморничавите детали од убиството што ја потресе штипската и македонската јавност: 74-годишниот Д.А. е осомничен дека од љубомора и љубовни недоразбирања ја усмртил 79-годишната Б.Н., ја држел против нејзина волја во својот дом, а потоа ја заклал, ја распарчил и го закопал трупот во дворот. Главата и рацете сè уште не се пронајдени. Случајот почнал да се разоткрива на 24 октомври, кога сестрата на исчезнатата, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека е објавен јавниот повик преку кој секој студент ќе може да добие 15.300 денари за набавка на електронски уред, мерка што, како што истакна, претставува исполнување на владиното предизборно ветување. Мицкоски рече дека повикот е наменет за околу 55.000 студенти, кои од денеска можат да аплицираат. – Ги повикувам сите студенти да се пријават. Она што го ветивме, тоа и го реализираме. Секој студент ...
Во рамките на коалицијата траат разговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се утврдени ресорите со партенрерот ВРЕДИ во контекст на најавените промени во составот на Владата. Мицкоски, кој денеска беше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Гази Баба, прашан дали ќе има промени на ресорите чии први луѓе доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека партијата во овој момент е фокусирана на ...
Повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша, како и Центар Жупа ќе се одржат на 11 јануари 2026 година, – соопшти денеска во писмена изјава претседателот на Собранието Африм Гаши. Тој вели дека во, својство на претседател на законодавниот дом ја потпишал одлуката за распишување на изборите, во согласност со Уставот, Изборниот законик и соодветното законодавство. „Со стапувањето во сила на овој акт, ...
Зголемените буџетски вложувања за Воената академија и за секторот одбрана се во фокусот на предлог-буџетот за 2026 година, кој деновиве е пред пратениците во Собранието. Најавените средства, според пратеникот Драган Ковачки, треба да донесат посилна, помодерна и поквалификувана армиска структура. Воената академија е една од институциите што добива најголемо зголемување на средствата – дури 419 % повеќе во споредба со тековниот буџет. Ковачки ...
Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така што ...
Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски. Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на ...
Недела – работен ден Денес, заедно со претставници на Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични ситуации. Заедно со командирот Борко ...
Сојузот на синдикатите (ССМ) денеска побара минималната плата да се зголеми интервентно до крајот на годинава на 600 или 700 евра, повикувајќи се на анкета според која работниците во земјава. Владата, пак, се залага за зголемување на минималната плата според законските критериуми еднаш годишно во март, а за иннтервентно зголемување очекуваат да се договорат синдикаитте и работодавачите. Анкетата ССМ е направена на 11 и 12 овој месец на ...