Неколку дронови од непознато потекло беа забележани синоќа над воената база во местото Марш-ан-Фамен во југоисточна Белгија, информира белгискиот министер за одбрана Тео Франкен во објава на Икс. Во објавата Франкен додава дека на истата локација и во саботата биле регистрирани слични четири до пет дронови. – Тоа најверојатно биле професионални управувачи со дронови кои мапирале одредени работи. Тоа не е дело на аматери, туку на искусни ...

Романија и нејзините сојузници во НАТО се информирани за плановите на САД да го намалат бројот на војници стационирани на источниот дел од Европа, вклучително и оние што ќе бидат распоредени во воената база „Михаил Когалничеану“ во Романија, соопшти романското Министерство за одбрана во среда. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно ги предупреди европските сојузници дека ќе мора да преземат поголема одговорност за ...

Двајцата независни кандидати за градоначалници на Могила и Македонски Брод, кои обезбедија пласман во вториот круг од локалните избори, јавно се откажаа од понатамошната трка, но Државната изборна комисија (ДИК) појаснува дека тоа нема да го спречи изборниот процес. Како што велат од ДИК, законот не препознава откажување во оваа фаза и нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња. Станува збор за Сашо Пивковски, кандидат на група избирачи во ...

Македонски Концепт со чувство на одговорност и посветеност кон иднината на Општина Дебрца, ја дава својата официјална поддршка на кандидатот за градоначалник Златко Силјаноски, предложен од коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот Силјаноски целосно ја прифаќа и поддржува локалната изборна програма на Македонски Концепт, која се темели на принципите на одговорно управување, развој на инфраструктурата и сообраќајно ...

Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали веќе има некаков резултат од ангажманот на институциите што Владата минатата недела ги испрати во контрола во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ или ќе се чека Обвинителството да преземе нешто. – Мислам дека таму ќе има разврска која ќе биде многу интересна да ја следите. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам ...

Со ставање на значката со амблемот на Струмица досегашниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на новоизбраниот Петар Јанков, со што од денеска тој и официјално е градоначалник на Струмица. Претпладнево Општинската изборна комисија му го врачи уверението од изборната трка. Јанков најави дека ќе се посвети на тоа чесно да го води градот. – Овие денови се планирани средби со раководителите и со директорите на ...

По првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, освојувајќи 33 општини и мнозинство во советите во најголемиот дел од нив, оценува партијата. Според Центарот за комуникации на партијата, вториот круг е нов предизвик, но нивните кандидати за градоначалници влегуваат во трката со значителна предност во 21 од вкупно 27 општини каде што изборниот процес продолжува. Од партијата посочуваат дека нивниот кандидат за градоначалник ...

Синоќа околу 21:40 часот, полициски службеници на подрачјето на општина Аеродром го привеле 35-годишниот Т.Ј. од Скопје, по пријава за физички напад во казино. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 21:30 часот, кога Т.Ј., заедно со уште едно лице, физички го нападнал 53-годишниот Д.М. од Струмица, кој престојувал во Скопје. По нападот, осомничениот се однесувал агресивно и кон полициските ...

Во пресрет на вториот круг од локалните избори, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, добил детална информација за актуелната безбедносна состојба и предизвиците со кои полицијата се соочува на терен. Во рамки на работната посета на Одделението за внатрешни работи во Кочани, Јанев одржал средба со раководството на сите градови каде што во недела ќе се гласа. – Нашата обврска е јасна – да обезбедиме мирен, безбеден и ...

Повеќе основни училишта во Куманово попладнево добиле дојави за наводно поставени експлозивни направи, потврдија од Општина Куманово. Полицијата веднаш реагирала, а сите ученици биле безбедно евакуирани од зградите. – Дојавата за бомба е испратена по електронски пат, нешто после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата – изјави ...

Времето денеска наутро ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе ...

Под влијание на Антициклон (поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и кај нас се до крајот на овој месец како и во првите денови од месец ноември во времето ќе биде стабилно, суво и сончево со повремена мала до умерена локална облачност. Наутро и во претпладневните часови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност. Деталната прогноза ...

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, против неговиот заменик и уште петмина вработени во АХВ за проневера во службата. „СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на АХВ, поради сомнение за сторено кривично дело Проневера во службата, по член 354 став 1 од Кривичниот законик и против Ф.М. поранешен ...

Поради изведување на завршни работи во дел на автопатот Охрид – Кичево ,кај клучката Подмоље, во наредниве три дена истата ќе биде затворена за сообраќај.Сите учесници во сообраќајот кој ќе се движат во правец Охрид – Струга ,ќе треба да се исклучат кај клучката Свети Еразмо,додека сите учесници во сообраќајот кој се движат од Кичево -спрема Струга,исклучувањето ќе можат да го направат на клучката Свети Еразмо.Овој времен режим на сообраќај ќе ...

Ситуацијата на германската економија во моментов е драматична и се соочува со натамошен пад доколку не се спроведат големи реформи, предупреди Клеменс Фуест, шеф на економскиот истражувачки институт ИФО со седиште во Минхен. – Германија е во економски пад со години. Додека владините трошоци продолжуваат да растат, приватните инвестиции опаѓаат. Ова го доведува во акутна опасност просперитетот на Германија, бидејќи помалку приватни инвестиции ...

Цената на нафтата се стабилизира на светските берзи, по скокот од околу 7% минатата недела предизвикан од санкции на САД против најголемите руски производители на нафта поради војната во Украина. Цената на барелот нафта брент на Лондонската берза изнесува изнесува 65,02 долари. Минатата недела барел на Лондонскиот пазар скокна за 7,6% на 65,94 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 6,9 проценти, на 61,50 долари. Цените ...

Едно лице е убиено, а шест се ранети во оружен напад за време на прослава на отворено на Универзитетот Линколн во Пенсилванија. Лицето кое пукало и го поседувало оружјето е приведено, а властите ја истражуваат можноста дека имало повеќе од еден напаѓач, но не веруваат дека постои активна закана за кампусот, изјави обвинителот на округот Честер, Кристофер де Барена-Саробе. – Немаме многу одговори за тоа што точно се случило. Она што можам да го ...

Москва беше цел на десетици напади со беспилотни летала синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој известуваше за ситуацијата во текот на целата ноќ. Според него, руските сили собориле 34 украински беспилотни летала што летале кон главниот град, пишува The Kiev Independent. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 беспилотни летала биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. ...

Американскиот сенатор Линдзи Греам синоќа изјави дека копненен напад на САД врз Венецуела е „реална можност“. – Мислам дека американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, е шверцер на дрога и дека е време да си оди. Претседателот Трамп рече дека Венецуела и Колумбија предолго се безбедни засолништа за наркотерористи – рече Греам вчера за Си-Би-Ес. Тој посочи дека американскиот ...

Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан, рече вчера американскиот претседател, Доналд Трамп, и тоа во време кога во Истанбул се оддржуваше вториот ден од мировните преговори. – Слушнав дека Пакистан и Авганистан започнаа разговори. Но, ќе го решам тоа многу брзо. Лидерите на Пакистан се одлични луѓе – рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Малезија. Трамп ја даде изјавата за време на потпишувањето на мировниот договор ...

Американски борбен авион и воен хеликоптер се урнаа во Јужнокинеското Море кратко време еден по друг по полетувањето од носач на авиони, соопшти вчера американската Пацифичка флота. Сите членови на екипажот се спасени и се во стабилна состојба, соопшти флотата во објавата на „X“, додавајќи дека причината за двата инцидента е под истрага. -Хеликоптерот MH-60R Sea Hawk се урна околу 14:45 часот по локално време вчера за време на рутинска операција ...

Денес преку денот, во текот на ноќта и утре претпадне ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер ќе има во западните и во северозападните делови. Најмногу дожд наврна на Попова Шапка и тоа 55 литри на метар квадратен. Утре (понеделник) попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Во Скопје, ...

Територијата на нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова и истиот условува во оие утрински часови да имаме обилни врнежи насекаде во нашата Македонија, Сепак најобилни врнежите се во западните предели од нашата Македонија. Повремено дува засилен до силен ветер од западен и од југозападен правец кој е најизразен во западните предели од нашата Македонија каде има и локална појава на грмежи. ...

Додека владината пропаганда се обидуваше да создаде илузија за дипломатски триумф, вистината од Палатата „Сент Џејмс” открива сосема поинаква приказна – еден во кој главните улоги им припаднаа на културните работници, а не на политичарите. Contents Кралот Чарлс III беше домаќин на прием на 21 октомври 2025 година во Палатата „Сент Џејмс” во Лондон, ден пред Самитот на лидерите на Западен Балкан. Но за разлика од она што пиар-машинеријата на ...

Денес, „Матица македонска“ ќе ја промовира новата книга од универзитетскиот професор, истражувач и писател Стефан Влахов-Мицов, „Земјата – база за космички експерименти“. Целта на оваа книга е да ги покаже специфичните космички експерименти врз земниот свет, нивното влијание врз „сапиенсот“ и неговите реакции, кои обезбедуваат целост и успех на тие експерименти. Промоцијата ќе се одржи со почеток во 12 часот, во мултимедијалниот центар „Матица ...

На големата сцена на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 часот. Диригент на оперетата е Бисера Чадловска, режијата на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е ...

Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори, изјави министерката за енергетика и рударство Сања Божиновска на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината. – Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од ...

Според официјалните податоци, од земјите од поранешна Југославија, Србија чува најмногу, дури 41 тони злато, по што следуваат Северна Македонија со седум тони, Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, објави хрватскиот RTL. Ако чувате злато во кутија за темните денови, можеби сега е време да го продадете, бидејќи златото никогаш не вредело повеќе. Можеби вреди да се почека малку подолго, бидејќи ...

Политиките на Владата за привлекување на авиолинии на скопскиот и охридскиот аеродром ги даваат своите резултати. Единеаест нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродрoм почуваат веќе од утре – изјави денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски. – Сo зимскиот распоред на летање веќе од утре 27 октомври од Охрид ќе се лета кон Базел – исклучително важна дестинација, бидејќи Охрид го отвораме не само за туристите од ...

Двајца мажи беа приведени синоќа како дел од истрагата за грабежот на накит од музејот Лувр во Париз, објавија денеска два извори блиски до истрагата на случајот, потврдувајќи ја информацијата за француските медиуми. Еден од осомничените беше уапсен на аеродромот Шарл де Гол во близина на Париз, додека се подготвувал да замине во странство, објави „Паризиен“ и неделникот „Пари-Мач“. Вториот беше уапсен кратко потоа во предградие на Париз, ...

weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.18
89%
1022
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
85%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1021
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1023
Currency

61.635

Currency

53.0901

Currency

70.1442

Currency

34.7756

Currency

37.9248

Currency

66.0202

Currency

7.50758

Currency

0.68307

Currency

0.34122

Currency

0.52527

Currency

1.25075

Currency

0.5921

Калај

39.30

Рутениум

29192.88

Платина

53335.15

Цинк

3.25

Бакар

10.60

Никел

471217.42

Сребро

1861.11

Злато

136226.64

Паладиум

45043.20

Иридиум

145787.60

Кобалт

55.67

Родиум

258009.74