Белград
0ᴼ /
0ᴼ
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска порача дека Буџетот за 2026 година е „развоен, реален и одговорен“, нагласувајќи дека граѓаните можат да бидат спокојни бидејќи државата е финансиски стабилна, сите обврски се покриени и пензиите и платите остануваат безбедни. Во гостувањето во емисијата Тема на денот на Сител, таа објасни дека проектирањето на буџетот претставувало сериозен предизвик поради обврската за фискална ...
Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот кој што му следува во судството согласно европските практики, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска. – Во 2025 година буџетот за судството изнесуваше 2,858 милијарди денари, а со ребалансот изнесува 2,748 милијарди денари. За следната ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан верува дека конфликтот во Украина би можел да заврши во блиска иднина, за која рече дека „нема шанси да го добие конфликтот со Русија“. „Мислам дека сме многу блиску до мир“, рече Орбан, додавајќи дека ако тоа се случи, Западот ќе мора да заземе единствен став, бидејќи во моментов нема консензус за украинското прашање. Додека американскиот претседател Доналд Трамп промовира мировни иницијативи, Орбан вели: „Европа ...
Минатата година, 47-годишен маж од Њу Џерси починал ненадејно по семеен пикник со хамбургери. Минатата година, 47-годишен Американец одеднаш паднал на подот во бањата и починал. Обдукцијата дури и не ја пронашла причината за смртта. Неколку месеци подоцна, неговата вдовица ја открила причината со помош на докторот. Бидејќи обдукцијата не дала никакво појаснување, вдовицата се обратила кај семејниот пријател и педијатар д-р Ерин Мекфили. ...
Во главниот град на Мексико вчера се одржаа жестоки протести што се организираа преку социјалните мрежи, против сѐ повисоката стапка на криминал, корупција и неказнивост, како и против владата на претседателката Клаудија Шајнбаум. Најмалку 120 луѓе се повредини во насилствата, голем дел од нив, дури 100 се полицајци, пренесе Би-Би-Си. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата што ја штитеше Националната палата, резиденцијата на ...
Украина ќе увезува гас од Грција за да го покривањето на зимските потреби, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, ветувајќи дека ќе обезбеди речиси 2 милијарди евра за компензација на руските напади врз домашното производство. – Денеска веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште еден пат за снабдување со гас за да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе. Веќе имаме договори за финансирање на ...
Македонскиот државјанин Ислами Месут (60), кој загина во страотната сообраќајна несреќа што вчера се случи на периферијата на Равена, бил почитуван и вреден човек, кој со своето семејство веќе 20 години живеел во италијанскиот град Луго, во општината Волтана. Несреќата се случи во близина на каменоломот Фосо Џијаја, каде директно се судрија два тешки камиона, при што Месут загина, а возачот на другиот камион е повреден. Според италијанските ...
Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул. Приведени се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со нив, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум. Семејството – мајка, татко и две деца од 3 и 6 години – на 9 ноември пристигнало во Истанбул од Германија, каде живеело. На 12 ноември сите ...
Аукциската куќа Фелцман од западна Германија се најде во центарот на скандал откако објави продажбата на предмети што им припаѓаат на жртвите од Холокаустот. Аукцијата, закажана за понеделник во Нојс, во близина на Дизелдорф, предизвика бура низ целиот свет. Меѓународниот комитет за Аушвиц (IAC) основан од преживеани од логорот на смртта Аушвиц апелираше до германска аукциска куќа да ја откаже продажбата на стотици артефакти од времето на ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено изутрина по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Подоцна во текот на денот ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде ...
На денешната комисиска расправа за Предлог буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков кој истакна дека со буџетот се предвидува раст на БДП, стабилизирање на инфлацијата, односно буџет кој одговара на потребите на граѓаните и овозможува подобри услови во повеќе области. – За 2026 како основен економски индикатор се предвидува раст на БДП од 3,8%, во четири последователни квартали имаме раст од 3%, значи ...
На булеварот Борис Трајковски во Скопје, вчера околу 23 часот, се судрија „фолксваген голф“ и „БМВ“, двете со скопски регистерски ознаки. „Голфот“ го управувал 56-годишниот С.Х. од Скопје, а „БМВ-то“ 28-годишниот Ф.П., исто така од Скопје. Ударот бил толку силен што возачот на „голфот“ починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош само ја потврдила неговата смрт. Повредени се неговите сопатници – 52-годишната Н.Х., 24-годишната ...
Во Штип е расчистено свирепо убиство што ја потресе јавноста – 74-годишниот Д.А. од Штип се соочува со кривична пријава за убиство и противправно лишување од слобода. Според истрагата на СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција, тој ја држел 79-годишната Б.Н. против нејзина волја во својот дом, а потоа ја усмртил со остар предмет и го закопал нејзиното тело во дворот. Случајот почнал да се одмотува на 24 октомври, кога сестрата на ...
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени. Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во ...
Откако претседателката Сиљановска-Давкова предложи задолжително планинарење во физичкото образование, граѓаните одговорија: „Има уште работа, госпоѓо претседателке!” Contents Предметот Физичко образование, според новата претседателска иницијатива, треба да вклучува планинарење. Инспирирана од државите каде што рекреативното планинарење е дел од филозофијата на здрав живот, Гордана Сиљановска-Давкова најави модернизација на наставната програма. ...
Одбраната на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по обвинувањата на Николовски за доделување земјоделско земјиште на Ана Стоилева, ќерка на притворениот директор на Платежната агенција, звучи како класична бирократска приказна: „Јас само потпишувам, не знаев на кого оди земјата.” Ова објаснување, всушност, не го ослободува министерот од одговорност – туку ја потврдува суштината на проблемот. Contents Одговорноста што се крие зад ...
Хамас се стреми да ја прошири контролата врз Газа, велат жителите, додека американските планови за идната администрација на територијата се обликуваат. Според неколку жители на Газа, групата сè повеќе го контролира протокот на стоки, одредува цени и наметнува такси, и покрај меѓународните барања да се разоружа и да се повлече. Откако минатиот месец стапи на сила прекинот на огнот, Хамас брзо ја врати контролата врз областите од кои Израел се ...
Нов лек против маларија развиен од „Новартис“ е исто толку ефикасен како и постојните третмани и може да помогне во борбата против растечката отпорност на лекови, соопшти компанијата оваа недела, презентирајќи ги резултатите од испитувањето во доцна фаза. Лекот, ганаплацид/лумефантрин, или ГанЛум, е развиен од компанијата и непрофитната организација „Лекови за маларија Венчр“. Беше повеќе од 97 проценти ефикасен во лекувањето на маларија во ...
Тајните мисии со беспилотни летала од Јужна Кореја во срцето на севернокорејската престолнина биле дел од планот на поранешниот јужнокорејски претседател да го потресе Ким Џонг Ун, тврдат јужнокорејските обвинители, откривајќи нови детали за заговорот. Се вели дека поранешниот јужнокорејски претседател го смислил заговорот пред неуспешниот обид за прогласување воена состојба. Јужнокорејските обвинители тврдат дека поранешниот претседател Јун ...
Во морето кај Сиетл, фока со црни дамки го спасила животот откако скокнала на палибата на чамец додека бегала од јато китови убијци. Неверојатниот миг го снимила фотографката Чарвет Друкер, а нејзините снимки за кратко време го обиколија светот, јави „Гардијан“. – Јадниче мое – се слуша гласот на Друкер на видеото. Додека животното јаде, таа му вели: – Добро си, само остани така, пријателе. Но, орките не се предале лесно. Изгледало како да се ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека неговата влада ќе ја тужи Европската Унија поради одлуката од минатиот месец за постепено запирање на увозот на руски гас, објавува британскиот весник „Гардијан“. „Не го прифаќаме ова очигледно нелегално решение кое е спротивно на европските вредности, кое Брисел го избра за да ја блокира владата на земја која не се согласува со него. Ова повеќе не се санкции, туку мерка на трговска политика. Ќе се ...
Израел го потврди приемот на останките од заложникот Мени Годард, кој беше убиен на 7 октомври 2023 година. Според мировниот договор, Хамас мора да врати уште 3 тела, откако веќе ги предаде сите 20 живи заложници. За секој мртов заложник, Израел ќе врати 15 палестински тела. Израел потврди дека екстремистичкото палестинско исламистичко движење Хамас во четвртокот ги предаде останките на уште еден израелски заложник, кој беше киднапиран во напад ...
Во населбата Бањица во Белград денеска се случи тешка сообраќајна несреќа кога автомобил, од непознати причини, излета од коловозот и директно удри во група улични продавачи кои стоеја покрај тротоарот, точно кај семафорите, објавија белградските медиуми. Видеата и фотографиите од местото на настанот покажуваат бел автомобил кој завршил на трева, потпрен на ограда, додека голем број луѓе се собрани околу него обидувајќи се да им помогнат на ...
Денеска стартуваа подготвителните активности за реконструкција на плоштадот „Крушевска Република“ со кој значително ќе се подобри изгледот на централниот дел на градот. Проектот за реконструкција предвидува ново партерно уредување со гранитни плочки. Ќе биде поставено модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување. Во теренски увид на просторот каде што ќе се одвиваат ...
Како што старееме, сите сакаме да се чувствуваме ментално свежи и бистри. Но, како всушност да го одржите вашиот ум фокусиран и остар, особено во брзиот живот? Познатиот британски лекар д-р Амир Кан, кој се соочува со ова прашање секој ден во својата пракса, открил пет научно засновани навики за кои е докажано дека помагаат во зачувувањето на менталната виталност, пишува Express. Д-р Кан истакнува дека физичката активност е корисна не само за ...
Трагична несреќа што се случи во раните утрински часови во четврток предизвика тага и шок во грчкиот град Лариса, кога 49-годишна сопственичка на пекара трагично починала додека работела. Локалните грчки медиуми јавуваат дека според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во миксер за тесто. И покрај брзата реакција на вработените и интервенцијата на лекарите од итната ...
Географска положба и пристаништата во Антверпен и Зебриж, низ кои минуваат милиони тони товар, ја направија Белгија „ветена земја“ за шверц на кокаин, хероин и синтетички дроги во Европа, оценува бриселскиот портал „Еурактив“. – Пристапот до длабоки води, постојаниот транзит на контејнери и слободите што ги нуди Шенген зоната, ја прават земјата сон за трговците со дрога и кошмар за органите за спроведување на законот, се наведува во анализата ...
Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницира измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра. Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена „што е можно побрзо“ за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година. Тоа во пракса ќе ...
Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски пристап кон одржлива практика, корпоративна одговорност и транспарентно управување. На вчерашната информативна и консултативна средба што се одржа во просториите на компанијата, беа разгледани приоритетните области од ESG доменот и беа споделени очекувањата, обврските и ...
Свети Николе/Скопје – Апсењето на петмина лица, меѓу кои и Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, еден ден по локалните избори, го отвора прашањето за селективната правда и политичката инструментализација на обвинителството. Додека Стоилев бил фатен на лице место со мито од 400 евра, како дел од договорени 50.000 евра, вистинското прашање е: зошто акцијата морала да почека изборите да завршат, и кој сега ...