Автобусите на приватните превозници, вкупно 55, од понеделник ќе се вклучат во јавниот градски сообраќај во Скопје, а до Нова година ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Приватните превозници денеска беа на средба со Ѓорѓиевски. Паднал договор да се вклучат поинтензивно во градскиот превоз, а наталожените долгови да им бидат исплатени. Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, рече ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. Ова го соопшти Агенцијата, давајќи детали за сторениот прекршок. Според написот, на операторот му е изречена времена ...

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да си ги нарачаат учебниците. Оваа година „прогледав низ прсти“, следната година нема да прогледуваме низ прсти затоа што има систем, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска која повторно, одговарајќи на новинарски прашања во врска со недостигот на учебници во некои училишта, порача дека директорите треба да го ...

Возач од Турција направил хаос во скопска населба откако со автомобил „бмв 5“ удрил во неколку контејнери и паркирано возило „алфа ромео“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 22-годишниот М.А.А., кој имал привремен престој во Скопје, по несреќата избегал од местото, но полицијата брзо го пронашла и привела, јави МВР.МВР соопшти дека несреќата се случила на 8 ноември 2025 година околу 22:50 часот, на сервисната улица Матеја ...

Излизган камион на магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во едно од селата на трасата кон граничниот премин со Бугарија, предизвика застој на сообраќајот во траење од речиси еден час, од 14:10 до 15:00 часот, јави СВР Струмица. Според нивните информации, во сообраќајката нема повредени или загинати лица, а предизвикана е само материјална штета. Камионот, кој поради лизгавиот коловоз изгубил контрола, се испречил преку двете ...

Повеќе од четири ипол илјади тони отпад биле собрани во акцијата за чистење на Скопје што ја започна новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски веднаш по преземањето на функцијата. Во операцијата, која траела 72 часа, учествувале повеќе од две ипол илјади работници. – Освен што беа исчистени сите микролокации со контејнерите, го расчистивме и речното корито на Вардар, кој по долго време повторно тече нормално. Плоштадот „Македонија“ и кејот се целосно ...

Од комунистички кадар до вазал на ВМРО-ДПМНЕ Кога темното минато станува денешна реалност, тогаш сосема јасно е зошто наздуваме наместо да унапредуваме. На овие локални избори поранешниот претседател Бранко Црвенкоски во два наврати јавно се покажа зад кадрите на неговата творба ЗНАМ, со што остави јасна порака на која опција припаѓа. Од окорели комунист, социјалдемократ, во неговата вечна битка за тронот во СДСМ, постана вазал на ВМРО-ДПМНЕ. ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот охридски теквондист Ненад Целески, кој освои златен медал на Балканското теквондо првенство, кое се одржа неодамна во Дупница, Бугарија. Градоначалникот Пецаков му честиташе на младиот спортист за големиот успех и за достоинственото претставување на Охрид и Македонија на ова престижно натпреварување. Градоначалникот истакна дека ваквите резултати се голем мотив за младите охриѓани и ...

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА ...

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК – ОБРАЗОВЕН ДОДАТОК ЗА СТУДЕНТИ ...

Гастроезофагеалната рефлуксна болест – или ГЕРБ – е хронична дигестивна состојба во која желудочната киселина се враќа во хранопроводот, цевката што ги поврзува грлото и желудникот, предизвикувајќи горушица, болка во градите и тешкотии при голтање. Повеќе од 20 проценти од Британците ќе страдаат од ГЕРБ во одреден момент од својот живот – а на 1,5 милиони им е потребна долгорочна терапија со лекови за неа. Без третман, состојбата може да ...

Научниците го развија првиот тест на здивот во светот кој може да го открие ракот на панкреас во неговите најрани фази – пред да се појават симптомите. Напредната алатка анализира примероци од здивот за специфични хемиски соединенија кои укажуваат на присуство на болеста. Contents Тестот, кој трае само 30 секунди, би можел да биде достапен во ординациите на матични лекари низ Велика Британија во рок од пет години. Во тек е големо испитување на ...

Јогуртот е брз и практичен начин да ја збогатите вашата исхрана со калциум и протеини. Сè повеќе луѓе низ целиот свет ја користат оваа храна за да ја подобрат својата исхрана, а истражувањата покажуваат дека потрошувачката на јогурт значително се зголемила во последните четири децении. Порција обичен грчки јогурт содржи повеќе од 10 грама протеини и околу 111 милиграми калциум. Сепак, нутриционистите предупредуваат дека многу луѓе прават една ...

Во четириесеттите години, губењето тежина често станува дополнително напорно: хормоналните промени, побавниот метаболизам и помалку време за исхрана и тренинг лесно ве исфрлаат од ритам. Ставот кон храната и дневните рутини се менува, а чувството дека „сè правиме како што треба“ не мора да значи дека внесуваме толку колку што мислиме. Добрата вест е дека постојат практични решенија кои не бараат совршенство, туку конзистентност, објавува Индекс. ...

Постојат многу причини да се избегнува ултра-преработена храна, вклучувајќи ја и нејзината поврзаност со срцеви заболувања, дијабетес и дебелина, но новото истражување сугерира дека зголемениот ризик од рак на белите дробови е уште една причина за загриженост. Ултра-преработената храна содржи состојки кои „никогаш или ретко се користат во готвењето, или класи на адитиви чија функција е да го направат готовиот производ повкусен или попривлечен“, ...

Покрај тоа што даваат чувство на топлина и енергија, билни чаеви со вистинските состојки можат да го олеснат слабеењето и да придонесат за поздрав почеток на денот. Многу луѓе го започнуваат денот со кафе, но експертите истакнуваат дека одредени билни чаеви се подобар избор ако сакаме да започнеме со варење, да елиминираме вишок течности и да го забрзаме метаболизмот. Наутро, кога телото е најподготвено за природно чистење, пиењето на ...

Дури и умерени количини на дневно вежбање може да го забават напредувањето на Алцхајмеровата болест кај постари возрасни лица кои се изложени на ризик од развој на состојбата, велат истражувачите. Луѓето често се охрабруваат да прават 10.000 чекори дневно како дел од здрава рутина, но научниците откриле дека 3.000 чекори или повеќе се чини дека ги забавуваат промените во мозокот и когнитивниот пад што го доживуваат пациентите со Алцхајмерова ...

По успешната премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, која предизвика одличен прием кај публиката и бурни аплаузи, Националната опера и балет ја најавува следната изведба на ова ремек-дело, што ќе се одржи на 28 октомври 2025 година со почеток во 20.00 часот на големата сцена на МОБ. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша ...

Охрид денес се простува од уште една урбана легенда. Почина Владимир Ангеличин Жура, македонскиот новинар и публицист кој целиот свој живот го посвети на зачувување на охридското културно наследство. Contents Владо Жура, роден на 3 ноември 1946 година во Охрид, ја испиша најзначајната страница во документирањето на минатото на овој древен град. Неговата кариера започна уште како млад, кога во 1961 година стана уредник на Радио Охрид, позиција ...

Енергетската безбедност, нуклеарната технологија, инфраструктурното финансирање, природниот гас како нова карта на енергетска поврзаност во Европа и трансформацијата на енергетските системи во ерата на вештачката интелигенција се темите на Шестиот шестиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи на 6 и 7 ноември во Атина, соопшти Министерството за енергетика. Оттаму информираа дека на форумот на ...

Биткоинот падна под психолошко ниво од 100.000 долари за прв пат по повеќе од 4 месеци. Падот се случи откако инвеститорите се повлекоа од поризични средства поради растечката загриженост за одржливоста на вредноста на акциите поврзани со вештачка интелигенција. Најпознатата криптовалута во светот падна на 99.966 долари во еден момент, а денот го заврши со пад од 5% на 100.893 долари. Ова беше прв пат од 23 јуни биткоинот да се тргува под ...

Битката меѓу фармацевтските компании „Фајзер“ и „Ново Нордиск“ околу купувањето на компанијата за развој на лекови против дебелина „Мецера“ се засили денеска откако двете заинтересирани страни дадоа поповолни понуди. Американската корпорација „Фајзер“ ја зголеми својата понуда од првичните 7,3 милијарди долари на 8,1 милијарда долари, но самата „Мецера“ објави дека данскиот гигант „Ново Нордиск“ нуди 10 милијарди долари. Драматичната ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц за утре свика Самит за челик на кој ќе се договорат мерки за зајакнување на конкурентноста и отпорноста на германската челична индустрија. Повод за самитот е лошата состојба во индустријата и можноста ЕУ привремено да ги намали квотите за увоз на челик од Кина што негативно би влијаело на другите индустриски гранки во Германија. Со темата се занимава и студијата на Универзитетот во Манхајм кој оценува дека ...

Истрагата по еден од најдрските грабежи во легендарниот париски музеј Лувр откри шокантен безбедносен пропуст – лозинката за системот за видеонадзор била, ни повеќе ни помалку, Лувр. Францускиот весник Либерасион објави дека ревизиите на безбедносните системи на музејот откриле очигледни и загрижувачки проблеми. Една таква ревизија, спроведена во 2014 година од страна на француската национална агенција за сајбер-безбедност, покажала дека ...

Украина не ја брани Унгарија од никого, му порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот украинскиот колега, откако беше обвинет дека „ја поддржува Русија“ со блокирањето на пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Орбан вели дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо на Киев. – Украина не ја брани Унгарија од никого. Ние тоа не сме го барале, ниту ќе го бараме. Безбедноста на Унгарија ја обезбедуваат ...

Украина се соочува со „значаен ризик“ од прекини во греењето оваа зима поради руските воздушни напади кои во последните недели значително ја оштетија енергетската инфраструктура, предупреди денеска директорот на Украинскиот центар за енергетски истражувања, Олександр Харченко. – Нападите врз објектите за снабдување со греење веќе се случија и ќе продолжат. Не смееме да се залажуваме: ризикот е многу значаен – изјави Харченко на ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со постојаните членови на Советот за безбедност за одговорот на нуклеарните вежби на САД и ја оцени ситуацијата околу најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови како сериозно прашање. Рускиот претседател додаде дека Советот за безбедност ги анализирал изјавите дадени во владејачките кругови на САД, пренесуваат руските медиуми. Путин, исто така, ...

Поддржувачи на српските власти се собираат вечерва во близина на српскиот парламент и во Пионирски парк, спроти Собранието, а со ограда и голем кордон полиција во опрема за разбивање демонстранти, се раздвоени од граѓаните кои во близина ја поддржуваат Дијана Хрка, мајката на млад човек кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Хрка апелираше попладнeво до граѓаните, кои ја поддржуваат додека таа ...

Повеќе од 30 лица, 29 ученици и тројца наставници, се повредени во училиште во југозападна Германија, откако во училиштето бил испуштен иритирачки гас, соопшти локалната полиција. Инцидентот се случи денеска околу 11:30 часот во Алберт Швајцер Шуле (Albert‑Schweitzer‑Schule) во градот Шпизен-Елверсберг (Spiesen‑Elversberg), кој се наоѓа близу француската граница, југозападно од Франкфурт. Во моментот на инцидентот во зградата се наоѓале ...

Русија настојува да го освои Покровск, познат како „портата кон Доњецк“, од 2024 година како дел од обидот за освојување на целиот регион Донбас, каде што украинските сили сè уште контролираат околу 10 отсто од територијата, или 5.000 квадратни километри. За разлика од фронталните напади што Русија ги користеше против други градови, руските сили ги нападнаа Покровск и Купјанск од повеќе насоки за речиси целосно да ги опколат украинските војници, ...

weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.18
89%
1022
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
85%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1021
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1023
Currency

61.635

Currency

53.0901

Currency

70.1442

Currency

34.7756

Currency

37.9248

Currency

66.0202

Currency

7.50758

Currency

0.68307

Currency

0.34122

Currency

0.52527

Currency

1.25075

Currency

0.5921

Кобалт

55.67

Никел

471217.42

Родиум

258009.74

Иридиум

145787.60

Паладиум

45043.20

Калај

39.30

Алуминиум

2.86

Сребро

1861.11

Злато

136226.64

Цинк

3.25

Платина

53335.15

Рутениум

29192.88