Летовите на германскиот аеродром во Хановер беа привремено прекинати во среда вечерта откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, соопшти полицијата. Аеродромот беше затворен од 22:00 до 22:45 часот откако пилот пријавил дека видел дрон, изјави портпарол на полицијата за ДПА. Според првичните извештаи, дронот летал над блиската индустриска зона. Три авиони беа пренасочени, рече портпаролот. Другите авиони успеаја да слетаат и полетаат, ...

Нова оставка во СДСМ по заминувањето на потпретседателката Ана Чупевска. Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров и претседател на општинската организација Костадин Ацевски се повлече од функцијата и истовремено побара оставки од лидерот на партијата од целото раководство. – Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и ...

Претседателката на Општинската изборна комисија Антигона Сионов, денеска официјално му го врачи Уверението за избор на градоначалник на Општина Охрид, на досегашниот градоначалник Кирил Пецаков, за претстојниот четиригодишен мандат. – Од денeска започнува мојот втор мандат, заедно со мојот тим и администрацијата и секако на сите јавни претпријатија, основни и средни училишта, кои се дел од локалната самоуправа. Реализиравме многу проекти кои што ...

Евидентирани се вкупно 19.287 неважечки гласачки ливчиња во вториот круг на локалните избори за градоначалници, кој се одржа на 2 ноември во 33 општини. Овој број неважечки ливчиња е 5,6 отсто од сите употребени ливчиња. На гласање вчера излегоа вкупно 345.525 гласачи. Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња се неважечки, што е 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко. ...

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат не надминува 50 проценти, ниту во првиот круг, ниту во вториот круг, што ги прави осмите локални избори со најмала излезност од независноста на Македонија досега. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг за градоначалници одѕивот е 48,30% од вкупно регистрираните избирачи. Од 1.832.415 избирачи во Избирачкиот список, гласале 885.085 избирачи. Излезноста во ...

Денеска во Општина Охрид, Општинската изборна комисија ги додели уверенијата за избор на сите 23 советници кои беа избрани на Локалните избори 2025 година. По доделување на уверенијата, се одржа Конститутивната седница на Советот на Општина Охрид на која беа верификувани мандатите на советниците. Со 16 гласови „ЗА“ за Претседател на Советот беше избран Перчо Божиновски кој беше носител на советничката листа од ВМРО- ДПМНЕ. Божиновски ја ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера. Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1.013.357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1.777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424.923 или 41,93 отсто. Бројот на ...

Во текот на ноември ќе се одржат буџетските форуми на општината, на кои граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број идеи и предлози за развој на општината, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Тој денеска се сретна со раководителите на секторите во општината во врска со проектите што е предвидено да се реализираат во наредните 4 години. – Буџетските форуми поминаа одлично, со голема посетеност и заинтересираност од страна ...

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка и предложи мерка притвор за лице осомничено за разбојничка кражба. Инцидентот се случи на 19 октомври на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје. Според обвинителството, осомничениот со цигла го скршил стаклото на прозорец од спалната соба во куќата и влегол внатре. Додека пребарувал по собите, пронашол и одзел 1.580 евра и 2.000 денари. Кога се обидел да ја напушти куќата, бил ...

Професор Георги Гоце Дуртаноски, експерт за христијанска палеографија, денеска ѝ врачи на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во нејзиниот кабинет копија од Привилегијата издадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена. Со овој документ, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател. ...

Кога опортунизмот станува начин на живот Скопје – “Воопшто да не не чуди што со векови сме сонувале да имаме сопствена држава, таков ни е менталитетот, секогаш со власт, која и да биде.” Овие зборови, иако остри, отвораат една од најболните теми на македонското општество – хроничното приспособување кон секоја власт и губењето на сопствениот идентитет во процесот. Contents Векови наназад, од османлиското владеење, преку балканските војни, ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 155 седница ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 за избор на градоначалник во 29 општини и град Скопје, додека за три општини – Брвеница, Карпош и Шуто Оризари има приговори, кои ќе се разгледуваат денеска на јавна седница на ДИК во 14 часот. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори, со што Орце ...

Премиерот Христијан Мицкоски засега не планира реконструкција во Владата, туку само пополнување на испразнетите места на министрите. Неговиот фокус во следниот период ќе биде партискиот конгрес закажан за 6 декември во Кавадарци и промените во судско-обвинителската област. – А зошто да добие? Тоа не значи дека ќе има ресор повеќе. Тоа си е одлука на нашиот коалиционен партнер. Јас имам високо мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека ќе има ...

– Да ги направиме уставните измени, најдобри ќе бидеме и потоа да добиеме ново вето и повторно нови проблеми и тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони. Но, од она кое што е таму напишано јас сум исклучително задоволен, бидејќи нема назадување, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со оценките од Извештајот на ЕК. Мицкоски рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние ...

Случајот кој предизвика повеќе прашања отколку одговори На 9 август 2025 година во 13:15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено исчезнување кое предизвика низа прашања и сомнежи. И.Т. (52) од Република Бугарија исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца. Она што следеше беше дводневна медиумска конфузија со лажни објави дека нуркачот е пронајден, но сето тоа се покажа како едно ...

Денеска во спомен куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. -Во очи големиот празник, 23 Октомври во прекрасниот ...

Спанаќот, кој често се смета за симбол на здравјето, всушност може да биде најопасниот зеленчук на пазарот. Иако изгледа свежо, домашно одгледувано и полно со живот, неговите тенки листови апсорбираат пестициди како сунѓер, а дел од хемикалиите остануваат во него дури и по темелно миење или готвење. Поради помеката структура на листовите, спанаќот лесно задржува разни видови пестициди, а истражувањата покажуваат дека во просек, содржи повеќе од ...

Долга прошетка на ден е подобра за вашето срце од неколку кратки, особено ако обично не се движите многу, според ново истражување објавено во списанието „Анали на интерна медицина“. Идеално е да одите најмалку 15 минути без запирање, вели студијата. Тоа се околу 1.500 чекори по ред, што е добар тренинг за вашето срце, објавува Би-Би-Си. Многу луѓе се стремат кон 10.000 чекори на ден, но таа бројка всушност доаѓа од реклама за јапонски педометар ...

Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство на ...

Интеграцијата на нашата земја во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) покажува дека не само финансискиот систем во земјава, туку и целокупната економија е подготвена за предизвиците што ќе произлезат од делувањето во заедничката европска рамка, изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески на отворањето на Шеснаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, што оваа година се одржува под наслов „Преповрзување на ...

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,09 милијарди евра) , а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари (6,73 милијарди евра), додека ...

Од 1 ноември, Евротип го надградува најпопуларниот бонус на пазарот – Твој 777% Бонус станува уште подостапен за сите играчи! Од сега, бонусот започнува да се пресметува уште од 5 натпревари на тикет, што значи повеќе можности за добивка со секој тикет, уште од самиот старт. Повеќе возбуда, со секоја нова уплата. Оваа промена доаѓа како резултат на внимателно слушање на барањата од играчите – затоа што во Евротип, секогаш се стремиме да понудиме ...

Заклучно со 27 октомври 2025 година, истече законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски за третиот квартал од 2025 година. Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека дел од даночните обврзници сè уште не ги исполниле своите обврски, и покрај повеќекратните потсетувања и известувања од институцијата. – Според нашата евиденција, остануваат неподнесени 2.209 тримесечни и 146 месечни пријави, како и ...

Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави дека ќе укине голем број летови во Германија и Европа во својот летен распоред за 2026 година за да ги намали трошоците. Според распоредот што ќе важи од 29 март 2026 година, „Луфтханза“ повеќе нема да лета помеѓу Франкфурт и Тулуз или помеѓу Минхен и Талин. Се укинува и линијата Минхен – Овиедо. „Луфтханза“ исто така ќе понуди помалку домашни летови до своите главни центри во Минхен и Франкфурт, истакнувајќи ...

Предвидување на побарувачката и одржување на енергетската инфраструктура преку алгоритми како и пристап до лаборатории и обука за вештачка интелигенција, сајбер безбедност и автоматизација се новините дигитални иницијативи во енергетиката кои ги најави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој во обраќањето на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации” ...

Ноќта на вештерките се ближи, а Белата куќа ќе изгледа спектакуларно и овој октомври. Меланија Трамп ги откри декорациите за Белата куќа за оваа година, со што ја започна првата празнична сезона од 2020 година. Тикви и други есенски декорации ја внесоа Белата куќа во духот на празниците. Среде контроверзноста околу обемните градежни проекти на Белата куќа, Меланија се подготви за претстојната празнична прослава што ќе се одржи на само неколку ...

Најновата проценка на американските разузнавачки агенции покажува дека Русија не покажува знаци на компромис околу војната во Украина. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да посредува во мировни преговори, изјавија високи американски и конгресни претставници. Анализата, презентирана пред членовите на Конгресот претходно овој месец, покажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „порешителен од кога било“ да ја ...

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека Варшава не е информирана и не добила никаков сигнал како другите сојузници на источното крило на НАТО дека Соединетите Американски Држави (САД) ќе почнат да повлекуваат дел од своите војници. „Не добивме никакво известување што го добиваат другите земји дека САД ќе го намалат својот контингент во Полска. Полска и САД се железни сојузници“, рече министерот за одбрана во фабриката за ...

Кина „апсолутно нема“ да ја исклучи употребата на сила против Тајван, изјави во среда портпаролот на кинеската влада, користејќи многу поостар тон од неодамнешните извештаи на државните медиуми кои ветија „меко владеење“ ако островот се обедини со Пекинг. Кина, која го смета демократскиот Тајван за своја територија, никогаш не ја исклучила можноста за насилно „обединување“ на островот. Иако политиката ретко се споменува јавно, таа не беше ...

Луѓето се виновни за ширењето на опасните видови комарци, според нова меѓународна студија во која учествуваа научници од Универзитетот во Виена. Истражувањето открива алармантно зголемување на видовите кои, со помош на луѓето и глобалната трговија, стигнале до делови од светот каде што претходно не постоеле. Според студија објавена во престижниот магазин „Nature Communications“, 45 видови комарци се воведени во нови области, а 28 успешно се ...

weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.18
89%
1022
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
85%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1022
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1021
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1023
Currency

61.635

Currency

53.0901

Currency

70.1442

Currency

34.7756

Currency

37.9248

Currency

66.0202

Currency

7.50758

Currency

0.68307

Currency

0.34122

Currency

0.52527

Currency

1.25075

Currency

0.5921

Паладиум

45043.20

Кобалт

55.67

Родиум

258009.74

Никел

471217.42

Рутениум

29192.88

Платина

53335.15

Цинк

3.25

Алуминиум

2.86

Иридиум

145787.60

Калај

39.30

Злато

136226.64

Бакар

10.60