Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски на прес-конференција истакна дека во земјава ќе има влез и на нови авио компании за кои посочи детали ќе соопшти на почеток на следната недела. Тоа ќе значи 200 000 повеќе патници следната година. Ќе има и нови компаниии ...

Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Посочи дека државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи дека е неопходна и меѓуресорска соработка на повеќе министерства, невладини ...

До почетокот на следната летна сезона се очекува да биде ставен во функција поголемиот дел од автопатот Охрид – Кичево, делот од Врбјани и Арбиново до Охрид, со мал прекин кај селотот Ботун, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На прес-конференција по повод 100 дена од новата Влада, Николоски информира дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и средствата се одобрени. Според него, изведувачите ...

Нема одмор за “Гладијаторите”. По триумфот во езерското дерби претстојниот викенд ги очекува натпреварот со новајлијата во Супер лигата, РК Бисинов Фруит Ленд. Одиме на победа, за продолжување на серијата успеси во Супер лигата, вели ракометарот на ГРК Охрид, Никола Шипинкоски. Во сабота на гости ни доаѓа Бисинов. Една добра екипа со неколку искусни играчи, но со добар пристап се надевам ќе стигнеме до нова победа, додава Шипинкоски. ...

Три лица од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што изутрината се случила околу 7:50 часот во судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово. Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола. Сообраќајната несреќа се ...

Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси го освои 46. трофеј во кариерата. Аргентинецот со Интер Мајами станаа шампиони во регуларнито дел од сезоната во МЛС-лигата освојувајќи го трофејот „Supporters’ Shield“. Ноќеска на гостински терен, Интер Мајами го победи Колумбус Кру со 3:2 и ја обезбеди првата позиција на Истокот, со оглед на разликата од недостижни 11 бода во однос најблиските конкуренти на два меча пред крајот на регуларнито дел од ...

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински. Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници остануваат на функцијата до крајот на мандатот. Според ...

Северна Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК). Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пак, вели дека состојбата ...

Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети повторно на репертоарот утре, 4 октомври, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари. Улогите ги толкуваат актерите Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Резервации за претставата не се примаат, а билети може да се набават на билетарата која работи секој работен ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени Целзиусови. Во Охрид променливо облачно, попладне со услови за дожд. Минималната ...

ЈП „Охридски Kомуналец” на 4 октомври, петок, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.10 и У.З.6 Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 04.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон ...

“Гладијаторите” победнички минаа низ Струга. Во Езерското дерби, што се одигра попладнево во Струга, ГРК Охрид славеше убедливо 17:31 , за продолжување на победничката серија во Супер лигата која сега е 5 победи од 5 натпревари. Натпреварот го одбележа Градимир Чаневски со 20 интервенции. Статистика ГРК Охрид: Чаневски (20 одбрани-4 пенали), Ојлески 9, Андоновски 2, Матцуока 3, Јукич 2, Костов 3, Шафранко 2, Јотиќ, Кукоски, Крстевски 5, ...

Понеделник, 7 октомври, ќе биде христијански ден на пост и молитва за мир на годишнината од нападот на палестинската група Хамас врз Израел, рече папата Франциск на неговата денешна генерална аудиенција. Тој додаде дека претходно во недела ќе ја каже молитвата „Света Бројаница“ на Богородица. Со цел да ја повикам Богородица да даде мир, следната недела ќе одам во базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе ја кажам молитвата Света Бројаница и ...

Во петок, 4 октомври, на просторот на Самоиловата тврдина со почеток во 12:00 часот со пригоден настан ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил. Во рамки на настанот ќе биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Исто така предвиен е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо ...

Владата веќе ги утврди чекорите како ќе се справува со нелегалното онлајн коцкање, кое ќе биде нејзин примарен приоритет во наредниот период, бидејќи тоа е многу раширено кај младите во општеството, а наскоро ќе бидат претставени и активности што ќе бидат презмени, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Прво, нашите најмлади се зафатени од оваа болест без никаква контрола, ниту се знае дали користат туѓи лични карти, па ...

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на ...

Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац изјави дека на генралниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што тој смета, неговата антиизраелска пристрасност. Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел. Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува ...

Германскиот туроператор „Ер-ес-де“ ќе донесе 35.000 туристи следната година во земјава, почнувајќи од февруари. Како што најави денеска на заедничката прес-конференција со сопственикот на германската компанија Кристијан Франк, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека тоа за земјава ќе значи дополнителни 30 милиони евра директни трошења на овие гости кај нас, што заедно со сместувањето, транспортот и останатите трошоци, би можело да се дојде до ...

Во отчетот за работата на Министерството за локална самоуправа во изминатите сто дена, министерот Златко Перински истакна дека 100-те дена не биле лесни, но се почеток на долгорочен пат и, како што рече, нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини без селективен пристап. Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во ...

Потребата кај граѓаните на Охрид за ангажирање на негователи на стари лица е голема, па во оваа насока се зголемува и потребата од лица кои треба да се стекнат со сертификат потребен за извршување на овој работен ангажман. Од Црвен крст Охрид велат има обучено одредена бројка на луѓе, но потенцираат дека во тек е конкурсот на кој можат да се пријават сите заинтересирани лица да ги следат обуките, да се стекнат со сертификат и да бидат работно ...

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот Бобан Николовски ...

Судот во аргентинскиот град Сан Исидро дозволи телото на легендарниот фудбалер Диего Марадона да биде преместено во мавзолеј во изградба во центарот на Буенос Аирес, пренесува „Clarin“. Дозвола за пренесување на телото побарале ќерките на Марадона, Далма и Џанина. Бидејќи пренесувањето на телото се бара од хуманитарни и емоционални причини, а тоа е да им се дозволи на роднините и другите да дојдат и да изразат сочувство или да му оддадат почит ...

Ар шо ќе ме видиш брат кај ќе ме видиш. Една недела не сум излезен од по маркетиве. По цел ден пазарам. Море купви та требело та не. Јас ова евтинотија ја неам видено од ко постојт државава. Со ова поевтинвењево, со намалвење на маржава, немојш да не купвиш нешто. И пак парите ти останвет. Море алки, закачалки, ластици, мотуши, котуши. Шо ти не. Неможам да се донарадвам. Еф денес им зедов седум леба. Шо ќе јадет нек јадет шо не нек му фрлет на ...

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, за „несовесно работење во службата“, за како што информираат повреда на законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Како што соопштуваат од ОЈО, обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување на в.д. директорот. Иако Законот за основно ...

Време е за Езерско дерби! ГРК Охрид и гостува на Струга во меч во кој императив за „Гладијаторите” се трите бода. Свесни сме колку Езерското дерби е посебно за нас како клуб и колку пати се играло со неизвесност до самиот крај. Се надевам дека ќе го задржиме пристапот од минатиот меч кој се одигра викендов, без разлика што имаме помалку време за спремање, вели десното крило на ГРК Охрид, Наум Костов. Натпреварот се игра денес во спортската ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили. Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја. Како што се наведува во соопштението, имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот ...

Либански Хезболах утринава соопшти дека извршил серија напади врз Израел, вклучително и ракетен напад врз израелска касарна. ИДФ соопшти дека утринава од Либан кон северен Израел се лансирани околу 50 ракети. Поради истреланите ракети во градовите во горниот и западниот дел на Галилеја се слушаат сирени за предупредување од напад, а засега нема информации за повредени. Во три напади што се случија помеѓу 7:15 и 7:20 часот по локално време, ...

Во Струга од денеска до 4 октомври ќе се одржува Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2024“, чија цел е споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво. Конференцијата е посветена на унапредување и проширување на знаењата за методите, политиките и технологиите за производство на електрична енергија, одржлив развој и заштита на животната средина. Поканети се релевантни енергетски компании, ...

Во склоп на овогодишната програма за финансирање проекти од областа на културата од страна на Министерството за култура и туризам, во тек се истражувањата на Самуиловата Тврдина под раководство на археолог Анатоли Арнаудоски, виш кустос. Оваа година во тимот беа вклучени студенти од Универзитетот Гете од Франкфурт како и факултетот Саумптентон од Обидинетото Кралство. Фокусот беше ставен на новооткриената некропола од 12 век, фамилијарната ...

Времето денеска ќе биде студено во текот на утрото, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната од 19 до 25 степени. Во Охрид утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен. Според УХМР, во четврток ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52