Општина Охрид ги објави ранг листите на добитниците на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија. Стипендиите се доделуваат врз основа на претходно распишан Јавен повик, а се однесуваат на талентирани ученици и ученици кои живеат во потешки социјални услови во основните и средни училишта, стипендии за редовни ...

По извршените вонредни контроли на училиштата, градинките, јавните установи, спортските сали, домови на културата низ општините, истите се безбедни, граѓаните да бидат спокојни, истакна денес претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Орце Ѓорѓиевски. Инспекциите ќе продолжат и во наредниот период не само во објектите од јавен карактер, туку денес и како препорка ќе дадеме да се направат и строги контроли во сите ...

Во рамки на 22 коло од Супер лигата ракометарите на ГРК Охрид во среда гостуваат кај екипата на Алкалоид, кога ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел. Не очекува тежок натпревар кој за нас нема ништо да смени на табелата доколку го изгубиме, но може многу да добиеме ако победиме пред почеток на плеј-оф за самодоверба и добра атмосфера во екипата која ќе биде клучна во овој дел од првенството, вели специјалистот за одбрана во ГРК ...

Водостојот на Охридско Езеро е триесет сантиметри под просекот за март покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според мерењата нивото е на кота од 693.19 м.н.в., додека просекот за месец март изнесува 693.49 м.н.в. Нивото на езерото денес е 9 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и два сантиметри над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски утрово одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани. Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика. Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит ...

На 23.03.2025 во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 61 годишно лице од с.Оровник, охридско, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 23.03.2025 околу 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 21 годишно лице од с.Шум, струшко ...

Министерството за образование и наука (МОН) на 20.3.2025 година се обрати до општините кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. Како што посочуваат од МОН, локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни ...

Шеснаесет повредени во пожарот во Кочани заминуваат на домашно лекување, а се очекува враќање неделава на пациенти кои се лекуваат надвор од држвата соопшти на денешната прес конференција министерот за здравство, Арбен Таравари. Добра вест е дека испишуваме 16 пациенти, по сите направени анализи. Тие дома ќе продолжат да се лекуваат, а 30 ќе останат во болниците во Скопје. Се подготвуваме за прием на пациентите што се лекуваат надвор од ...

Најмногу дожд во последните 24 часа, до 7 часот утринава, наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. Во Охрид наврнаа 12 литри дожд на м2. Најмногу дожд по Лазарополе наврна во Маврови Анови 21 l/m2, 16 во Крушево, Попова Шапка, 10 Прилеп, Пожаране, Пожар-Радовиш, 9 Претор, Виница, Тополчани, 8 Струмица, 7 Берово, 6 Крива Паланка, Гевгелија, 5 Тетово, 4 Битола, Демир Капија, Кавадарци, 3 Скопје-Петровец, 2 Скопје-Зајчев Рид, ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ја известува јавноста за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците преку оваа страница се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите: лични податоци (име, презиме, матичен број, ...

Претежно облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен јужен ветер со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степени. Во Охрид претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. ...

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. На подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп ...

Во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, вчера избувнал пожар кој оштетил повеќе станови. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид на местото извршија полициски екипи, соопшти СВР Охрид. Исто така вчера, во крајезерскиот појас со трска помеѓу Струга и село Калишта, избувнал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. ...

Изминатиот викенд во Крушевац, соседна Србија беше одржано седмото коло од Опен Балкан купот на кое учество зедоа и охридските боксери од клубот “Алексо Огненовски”. Тие настапија со шест натпреварувачи и забележаа три победи и три порази. За Охриѓани победи извојуваа: Михаил Аврамоски, Петар Трајчески и Наум Стојаноски, додека поразени беа: Андреј Мајкиќ, Христијан Стојаноски и Димитар Ѓорески. Следното коло од Опен Балкан купот ќе се одржи ...

Здравствената состојба со повредените во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, 7 дена по трагичниот настан, засега е стабилна, изјави денеска на прес конференција Министерот за здравство Арбен Таравари. 7 дена по несреќата немаме нов смртен случај, посочи Министерот Таравари. Тој истакна дека во Македонија хоспитализирани се 55 пациенти и никој од нив не е интубиран. Надвор од земјава се лекуваат 115 повредени, од кои 5 се во ...

Ноќеска, 20 минути по полноќ, 00.20 на магистралниот пат Охрид – село Подмоље, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишен скопјанец, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Вчера, пак, во 15.35 ...

Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, во Охрид денеска на пладне на градскиот плоштад се одржа 60 минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Колани на 16 март, животот го загубија 59 лица, а следниот ден почина возач на брзата помош кој без одмор со часови пренесуваше жртви од трагедијата во која ...

Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над три илјади и до денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е веќе 427, објави синоќа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Гостувајќи во дневникот на Сител, Николоски најави дека во вторник ќе бидат објавени финалните бројки и ќе бидат објавени имињата на фирмите чии лиценци ...

Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри триумфираше на трката за Големата награда на Кина, што се возеше рано утрово по македонско време. Пијастри имаше одличен ден контролирајќи ја трката од почеток до крај. Втор на целта пристигна неговиот тимски колега Ландо Норис, а подиумот го комплетираше Џорџ Расел од Мерцедес. 5 laps to go ⌛#McLaren | #ChineseGP 🇨🇳 pic.twitter.com/yhNyGhTXMN — McLaren (@McLarenF1) March 23, 2025 Тоа беше неверојатен ...

Фудбалската репрезентација на Македонија славеше над Лихтенштајн во Вадуз 0:3 на отворањето на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Стрелци на головите за Македонија беа Александар Тртајковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски. Македонските репрезентативци победата ја посветија на семејствата на ѓртвите и повредените од трагедијата во Кочани. Во следниот меч Македонија на домашен терен во вторник ја пречекува ...

Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, во Охрид денеска на пладне на градскиот плоштад ќе се одржи 60 минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите. Во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Колани на 16 март, животот го загубија 59 лица, а следниот ден почина возач на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура во Охридскиот регион изнесува 4 степени, а максималната ќе достигне 14. И во понеделник не очекува слично време, променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се ...

Итна финансиска помош во износ од 150 илјади денари која ќе се реализира преку Црвениот крст ќе биде исплатена за секој настрадан во пожарот во Кочани, соопшти на денешната пред конференција директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски. Досега, 188 лица се згрижени и сместени. Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за ...

Група млади и хумани луѓе oд Кочани создадоа веб страна за донации за секое од децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани supportkocani.com со цел да се олесни пристапот за директни донации до семејствата на повредените. Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски. Собраните средства за ...

Двократниот светски шампион во бокс во тешка категорија и олимписки шампион Џорџ Форман почина во петокот на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Познат беше по неговиот страшен удар во рингот и скромноста надвор од него. Форман починал мирно, опкружен со членови на семејството. Роден и израснат во сиромашниот дел на Хјустон, Џорџ Форман се издигна од скромните почетоци и стана едно од најпочитуваните имиња во спортската историја. ...

Детското игралиште во Црногорци во очајна состојба. Според моменталната ситуација на терен игралиштето воопшто не е безбедно за децата, реагираат граѓаните. Голем дел од реквизитите се искршени, заштитната ограда е оштетена, а дополнително опасност претставува и столбот со електрична енергија. Дека игралиштето е доведено до вакав состојба од несовно однесување на граѓаните говори и фактот што игралиштето се гуши и во отпад. Покрај искршените ...

Пилотот на Мекларен Оскар Пијастри ја освои пол позицијата на во квалификациите за трката за големата награда на Кина, што се вози викендов. Австралијанецот оствари време од 1:31.591 м., втор беше Расел од Мерцедес со задоцнување од 0,082 секунди, а третото место во квалификациите го освои тимскиот колега на Пијастри, Ландо Норис. Актуелниот шампион Макс Верстапен ќе стартува четврти, а од петрата позиција ќе тргне возачот на Ферари Луис ...

Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински инспектори и во таа насока упатува јавен апел до сите сопственици на локали и други деловни објекти кои што вршат услужни и дејности од областа на угостителска, туристичка, услужна како и дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека ќе се започне ...

Во текот на март оваа година, заклучно со 21 март на територијата на Македонија имаше вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив шумски пожари беа 23 додека во останатите 461 пожар на отворен простор гореа висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума како и ѓубришта. Вчера имаше вкупно 28 пожари на отворен простор од кои 1 е сеуште активен а 27 се ...

Сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1018
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
86%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
100%
1019
weather icon

Софија

13ᴼ / 12ᴼ
0.7
45%
1019
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.61
88%
1019
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1019
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
79%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
100%
1017
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
92%
1018
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1017
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056