Со богата и разновидна програма Национална установа Музеј „Д- р Никола Незлобински“ Струга ќе ги одбележи Европските денови на културното наследство. Денес со почеток во 14 часот ќе биде прикажана Ревија на етнолошки документарни филмови од Никола Евров- виш кустос етнолог во Спомен дом на браќа Миладиновци. Утре ќе се одржи едукативна работилница „Инсектариум“ со предавачите Данче Аџиоски, виш кустос биолог ботаничар и Сејмира Дибра Ќура, ...

Во Прилеп денеска започна дводневниот научен собир „Материјализација на мислата: идеолошките концепти зад културното наследство“ што го организира Институтот за старословенска култура од Прилеп, а на кој ќе учествуваат научници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција и САД. Обраќајќи се на отворањето на собирот д-р Александар Василески, директор на Институот за старословенска култура истакна дека темата се однесува на подлабоките значења на ...

Потребна е поголема грижа за архитектонското наследство за да се сочува за идните генерации. Ова го кажаа од Музејот на Македонија на денешното отворање на манифестацијата „Европски денови на културното наследство“ во врска со заедничката тема на годинашното одбележување, насловена „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото, врата кон иднината“. „Сметам дека треба да посветиме поголема грижа на архитектонското наследство, бидејќи тоа е ...