По повод Меѓународниот ден на белиот стап, Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија го истакнува значењето на ова незаменливо помагало за лицата со оштетен вид. Белиот стап не е само симбол за слепиот човек, туку и алатка која нему му овозможува независност, слобода и безбедност при движењето, се подвлекува во денешното соопштение. Со правилна употреба, белиот стап обезбедува три клучни функции. Прво, се наведува во ...

Во четврток, 17 октомври, свечено ќе биде отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато во Општина Дебрца. Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното, посочуваат. Отворањето ќе се одржи во 12 часот наспроти зградата на Општина Дебрца во село Белчишта. Креираме вредности кои ...

И покрај целта поставена од ЕУ во 2015 година, сите водни површини да бидат оценети како вода со добар квалитет, само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Според податоците од 19 земји-членки собрани од ЕЕА во 2021 година, околу 37 отсто од површинските води во Европа имаат барем добар еколошки статус, додека 29 отсто имаат добар хемиски ...

Oд денеска во Охрид отпочнуваат подготвителни активности за показната симулациска вежба која, припадници на МВР ќе ја реализираат на 17 овој месец кај каналот „Студенчишта“ во Охрид, а потоа на одредени точки во водите на Охридското Eзеро, информираат од СВР Охрид. Поради тоа, од денеска до 17 октомври, од 05 до 13 часот, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништата, ќе спроведат ...

Пред ГРК Охрид е најважниот натпревар сезонава. „Гладијаторите“ во мечот со романската екипа Потаиса Турда од 2 коло на ЕХФ Европскиот куп влегуваат со респект кон противникот, но и со оптимизам дека можат да остварат победа која ќе им овозможи предност пред реваншот. Треба да го оставиме поразот од Пелистер позади нас. Не очекува најважниот натпревар во Европа кој е награда за добриот пласман во лигата минатата сезона. Турда е добра екипа, но ...

Во периодот јануари – август 2024 година бројот на туристите е зголемен за 8,3 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 14,4 отсто. Зголемен е и бројот на ноќевањата за 5,3 отсто, кај домашните туристи за 2,6, а кај странските за 9,3 проценти. Бројот на туристите во август годинава бил 232 576. Од нив 48,6 отсто биле ...

Данскиот тенисер Холгер Руне тренираше со Шпанецот Рафаел Надал пред турнирот „6 Кингс Слем“. Не можев да барам повеќе, одличен тренинг, напиша Руне на своите социјални мрежи. Ревијалниот турнир ќе се одржи од 16 до 19 октомври во Ријад (Саудиска Арабија). На него ќе учествуваат и Србинот Новак Ѓоковиќ, Шпанецот Карлос Алкараз, Италијанецот Јаник Синер и Русинот Данил Медведев. Претходно, 38-годишниот Надал најави дека ќе се пензионира во ...

Не учат, не работат, а прашање е дали заработуваат на црно или само се надеваат на некакво вработување. Иако е неверојатно дека во подолг временски период не може да се дојде до работен ангажман, сепак Агенцијата за вработување евидентира 13.133 невработени лица коишто се пријавуваат осум или повеќе години, што ги прави стари и искусни чекачи. Чекачки има помалку, зашто повеќе од две третини се мажи. На тој пат се можеби и некои од оние што се ...

Пред денешното заседание на Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) во Луксембург, ќе се одржи Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ќе ги започне преговорите за членство во Унијата по првиот Кластер „Основни вредности“. Овој Кластер опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери. ...

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 22 степени. И во среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална ...

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес присуствуваше и имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП). На настанот на кој што беа претставени резултатите од истражувањето, Меџити истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање е подготвено ...

На 13.10.2024 во 20 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 19 годишно лице од Охрид. Тој претходно на спортско игралиште во охридската населба „Видобишта“ го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз малолетник од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 13.10.2024 во 03 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од ...

Бензините од полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизел-горивата се зголемува за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Литар БС-95 ќе изнесува 78 денари, БС-98 ќе чини 80 денари за литар, а дизелот ќе биде 70,5 денари. Според РКЕ, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денара и литар ќе чини 70,5 денари. Се зголемува и цената на мазутот за 0,473 денари па килограм ќе чини 44,507 денари. Со ...

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2025 година, ќе поддржи предлог идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик. Предлог ...

Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација Олександр Петраков ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на тамошната фудбалска федерација. Шеесет и седумгодишниот Украинец е отпуштен по вчерашниот пораз (0:2) од македонската репрезентација во 4. коло од Лигата на нации. Петраков ја водеше ерменската репрезентација од јануари 2023 година. Ерменците ги загубија шансите за првото место во групата 4 од Лигата Ц. Во следниот натпревар ...

Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања Ѓорчевска денеска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата за двојното убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски во Кривичен таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа. На почетокот од сведочењето Ѓорчевска сподели дека станот од зградата во која е извршено грабнувањето на Вања бил нејзин, наследен од татко ѝ, но се ...

Црвен крст Охрид традиционално ја организира кампањата за „Ден на борба против глад“ под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“ со цел поттикнување на граѓаните, компании, фирми, итн. активно да учествуваат во оваа хуманитарна акција. Оваа година Меѓународниот ден на борба против гладта 16 Октомври и Неделата на борба против гладта (16- 22 Октомври) ќе го одбележиме со активности насочени кон прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на ...

Во текот на минатата недела од 7 до 13 октомври тестирани се вкупно 198 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe 12 нови позитивни случаи, со намалување од 40,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,0% до 13,2%, просечно 4,3%. Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 3 градови. Најголем дел од ...

Советот на ЕУ усвои две нови директиви кои имаат за цел да им ги олеснат патувањата на лицата со посебни потреби низ територијата на Европската Унија, јави дописникот на МИА од Брисел. Станува збор за директивите за воведување на европска картичка за инвалидитет и на европска паркинг картичка за лицата со посебни потреби. Според Советот на ЕУ, овие картички ќе обезбедат пристап до посебни услови или повластен третман на лицата со посебни ...

Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.19 м.н.в што е за дванаесет сантиметри под просекот за септември (693.31 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 9 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 2 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в). Неделната ...

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На денешната расправа е предвидено да сведочат и роднини на велешанецот Жежовски, Ана Киркова и Тодор Кирков. Во судот се присутни обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. ...

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, денеска, во хотел Александар Палас ќе се презентираат резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го отвори првиот заменик ...

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на работната седмица времето ќе биде сончево ...

ГРК Охрид го забележа првиот пораз во Супер лигата оваа сезона. Во натпревар од 7 коло „Гладијаторите“ вечерва во Битола загубија од Еурофарм Пелистер 25:22, полувреме 14:09. Пелистер имаше водство во текот на целиот меч. Охрид во финишот внесе доза неизвесност намалувајќи на -2, но домаќинот не дозволи изненадување на крајот. Филип Кузмановски кај Пелистер постигна 10 гола, во редовите на Охрид најефикасни беа Мацуока и Ојлески со по 5 ...

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона. Победата, трета во серија за избраниците на селекторот Благоја Милески, ја навести Бојан Миовски со прекрасен гол во 72 минута, а ја потврди Исник Алими во 85 минута. Македонија уште на самиот почеток на дуелот на стадионот „Варгзен ...

Ноќеска во 02.10 часот во угостителски објект во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид прибеле 24-годишно лице од Скопје кај кое бил пронајден кокаин. Вчера во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во селото Белчишта, општина Дебрца, три лица физички а потоа и со дрвен предмет, нападнале 40-годишен охриѓанец. Иста така вчера, во 18.35 часот во село во општина Дебрца, полициски ...

Три дена по триумфот над Летонија во Рига во 3-0, македонската фудбалска репрезентација вечерва против Ерменија во Ереван ја очекува уште еден гостински натпревар во Лигата на нации во кој со нова победа ќе го обезбеди првото место во групата Ц4 и ќе обезбеди промоција во Б дивизијата. Избраниците на селекторот Благоја Милевски пред вечерашниот дуел на стадионот „Вазген Саргсјан“ со почеток во 18 часот се првопласирани на табелата со седум ...

Ракометарите на Охрид денеска во Битола му гостуваат на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер во дерби натпреварот од 7 коло во Супер лигата. Натпреварот се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот. „Гладијаторите“ се во серија од 6 победи на стартот од сезоната, а Е. Пелистер во мечот влегува по првиот освоен бод во Лигата на шампиони по 17 одиграни натпревари во елитата. На табелата води Алкалоид со 14 бода, ...

На денешен ден во 2003 година во Скопје почина Ѓорѓи Колозов, еден од најпознатите актери во Македонија. Дипломирал на тогашната Академија за драмска уметност, на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година. По дипломирањето, тој е во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност е резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ ...

Продолжениот празничен викенд донесе убаво време во кое уживаат бројните гости на ривиерата. И денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Охрид до 20 степени. Во наредните денови од УХМР најавуваат период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
79%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
90%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 12ᴼ
0.89
72%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
0.45
80%
1012
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52