
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка, информираат од ГФК Охрид. Посочуваат дека оставката била прифатена од раководството на клубот. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера, велат од ГФК Охрид. Џиџи на тренерската позиција во Охрид дојде на средина на јуни на местото на Александар Толески, а договорена беше ...
Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа при ЈП „Нискоградба“ изведува градежни активности на изведба на атмосферска канализација на пресекот од улиците „Петрино“ и „Кленоец“. Должината на трасата изнесува 425 метри, ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф315 и ф250. Градежниот зафат изнесува 3 901 622 денари и се реализира по налог на Фондот за комунален развој, ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 77,00 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 денари. Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се ...
Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период. Од УЈП денеска упатија апел навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден. Во моментов, системот на ...
Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.22 м.н.в што е за дванаесет сантиметри под просекот за септември (693.34 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 12 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 5 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в). Неделната ...
Во украинската офанзива врз рускиот Курски регион до 5 септември загинаа најмалку триесет и еден цивил, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми. Министерството додава дека до наведениот датум во операцијата на украинските сили се повредени 256 лица. Украина на 6 август ја изведе најголемата офанзива извршена на руска територија од Втората светска војна, наведуваат британските медиуми. ...
Во предворјето на црквата „Св. Софија“ вчеравечер младинците од Црвен крст Охрид ја изведоа театарска претстава „Приказна за една идеја“ со која ја одбележаа Неделата на Промоција на хумани вредности. Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини. Во рамки на истата годинава Црвен ...
Деновиве се изврши мапирање на велосипедските патеки во Општина Дебрца во рамки на проектот „Патеки на откривање” кој го спроведува Здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на Општина Дебрца, а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија. Со ова им се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно ...
Уште еден фантастичен викенд за ЏК Дрим Струга. Џудистите од клубот се закитија со три златни и еден сребрен медал на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера” во Бијељина, Р. Српска, БиХ каде што настапија со осум натпреварувачи. Златни медали освоија Анамарија Стојмиловска во категоријата У18, Дариан Ночески У13 и Мила Стојмиловска У13, додека сребрен медал освои Мила Стојанова У11. Петто место освоија Божидар Јуловски, Софиа Ноческа, Давид ...
Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври. Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе следниот ден откако владината одлука ќе излезе во Службен весник. Производите вклучени ...
Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува вечерва со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, а цената на билетот е 300 денари. Од Центарот за култура посочуваат ...
Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени. Во Охрид утрото посвежо, а преку ден сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени. Синоптичарите најавуваат период на ...
Пожар поладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот Градски плоштад. Пламенот избувна во оџакот на објектот, што благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти беше локализиран односно беше спречено ширење на пламенот. На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица, така што веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета. Нема повредени во пожарот. ...
Серија земјотреси претпладнево беа регистрирани на третиот крак на Халкидики, кај Света Гора, а најсилниот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоци од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес од 4,1 степен беше во морскиот дел на 11 километри југоисточно од градот Урануполи, следеа три помали меѓу 2,6 и 3,2 степени, а еден час подоцна и ...
Министерот за внатрешни работи на Стрбија , Ивица Дачиќ денеска изјави дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна, од локација во центарот на Белград на безбедна локација во Делиблатско песочиште, каде што ќе биде уништена. Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека станува збор за артилериска граната од калибар 305 мм, тешка повеќе од 280 килограми. Дачиќ ...
Утрово посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Охрид сончево со мала облачност. Според најавите, минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 22 степени. Слично време нѐ очекува и утре, ...
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. До карјот на годинава остануваат уште 100 дена. Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува ...
Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини. Оваа година, неделата ја одбележуваат со театарска претстава „Приказна за една идеја“ која ќе се изведе вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:00 часот. Преку оваа претстава, младите ќе ја истакнат значајната улога ...
Urban street car club од Охрид денес организира хуманитарна забава за собирање средства за помош на 21 годишниот Мухамед Максуд – Муки. Муки веќе 2 години боледува од многу ретка болест на бубрезите – Focal Segmental Glomerulosclerosis (FSGS), па потребно е да се направи трансплантација, а негов единствен донор е неговата самохрана мајка. За тоа да биде овозможено, потребни се 21.000€ кој што треба да бидат уплатени до 30.09.2024 . Како што ...
Знаењето е златната скала што води кон небото, знаењето е светлината што ни го осветлува патот низ животот и нè води во живот полн со вечна слава, со овие зборови претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски ја отвори 31. Балканска олимпијада по информатика (БОИ) во Охрид во организација на Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ) на која учествуваат информатичари од 15 земји. Општина Охрид ги препознава важноста и ...
Голем број верници од вчеравечер и во текот на денот се упатуваат кон црквата Успение на Пресвета Богородица-Каменско и останатите верски храмови за да запалат свеќа во чест на празникот Мала Богородица и да се помолат за здравје и среќа. Утрово и манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Калишта блесна во сиот свој сјај и ги отвори широко портите за верниците. Верниците се поклонуваат пред чудотворната икона на Богородица во црно, за ...
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави конкурсите за стипендии за студии од втор и трет циклус на високообразовните установи во државата за академската 2024-2025 година. Месечниот износ на стипендијата за постдипломски студии е 9.000 денари за девет месеци во годината. За докторски студии ќе се исплаќаат 18.000 денари месечно, во текот на целата година. Рокот за аплицирање е 1 ноември годинава. Вкупно 50 стипендии за ...
“Гладијаторите” славеа во вечерашниот натпревар од 3 коло од Супер лигата против Прилеп на гости 26:30. Најефикасен во редовите на Охрид беше словенечкиот интернационалец Гал Цирар кој постигна 8 гола, а Орјоникидзе даде 5. Статистика ГРК Охрид: Чаневски (2 одбрани), Ојлески 2, Андоновски, Мацуока, Јукиќ 5, Костов, Ристевски (2 одбрани), Бура, Шафранко 4, Кукоски 1, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски 1, Орјоникидзе 5, Бојаниќ 2, Цирар 8. Ова ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Сингапур. Во квалификациите попладнево тој го извозе најбрзиот круг за 1 минута 29,525 секунди. Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион Макс Верстапен имаше второто време (+0,203 секунди), додека трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,316). Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа во третиот сегмент, па квалификациите беа во прекин со црвени ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги посети и присуствуваше на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“, кои во овој период престојуваат во одморалиштето „Свети Стефан“ во Охрид во организација на Министерството за одбрана, информираат од Секторот за информации и комуникации на ова министерство. На средбата се разговараше за прашања што се од особена важност за ...
На 20.09.2024 во 00.15 часот на ул.„11 Септември“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 34 годишно лице од Кичево. Тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. На 20.09.2024 во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во с.Лакочереј, охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со ...
Првите индикатори во економијата со промената на власта се навистина изненадувачки позитивни во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата… наплатата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП и тоа охрабрува, вели премиерот Христијан Мицковски и посочува дека очекува покачување на платите во реалниот сектор. Одлуката на Централната банка за намалување на ...
Како дел од Европската недела на мобилност се одбележува Светскиот ден без автомобили, кој треба да ги инспирира граѓаните да замислат град предводен од луѓе, а не од автомобили. За ефикасно подигнување на свеста кај возрасните, ние започнуваме со најмладите, кои ќе водат со пример, демонстрирајќи како сите можеме да бидеме совесни и одговорни во заштитата на животната средина, велат од ООУ „Кочо Рацин“ Охрид. Во насока на оваа цел нашето ...
Капиталните инфраструктурни проекти што се реализираат во државава, а кои се од клучно значење за поврзување со земјите од Западен Балкан ги истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на министерскиот состанок на министрите за транспорт на Европската Унија. Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија. Како што информира Министерството ...
Најмалку 13 цивили загинаа денеска во израелски воздушен напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во населбата Ал Зејтун, јужно од градот Газа, јавуваат палестинските медиуми. Се додава дека десетици цивили претрпеле различни повреди во нападот на училиштето Ал-Фалах во истата населба. Израелската армија објави дека денеска извршила воздушен напад врз група оперативци на Хамас во командна просторија сместена во поранешно училиште во ...